прилепска болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 14:07:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прилепска болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-otvoraat-operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-naodite-se-negativni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-otvoraat-operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-naodite-se-negativni/#respond Mon, 27 Feb 2023 14:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=805686

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби. - Врз основа на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација, стои во одлуката на Комисијата. Салите беа затворени пред 10-тина дена по случајот со прилепската пациентка, на која по зафат во гинеколошкото одделение ѝ се искомплицира состојбата и почина на скопските клиники. Инспекторатот направи вонреден надѕор и ја задолжи болницата да врши месечен бактериолошки мониторинг и будно да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции. - Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести, информираше деновиве Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Прилепското обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти, а сѐ уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-otvoraat-operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-naodite-se-negativni/feed/ 0
Смртта на пациентката во Прилеп по извршена киретажа е кулминација на системската негрижа за здравјето – реагира Платформата за родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrtta-na-patsientkata-vo-prilep-po-izvrshena-kiretazha-e-kulminatsija-na-sistemskata-negrizha-za-zdravjeto-reagira-platformata-za-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrtta-na-patsientkata-vo-prilep-po-izvrshena-kiretazha-e-kulminatsija-na-sistemskata-negrizha-za-zdravjeto-reagira-platformata-za-rodova-ednakvost/#respond Fri, 24 Feb 2023 10:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=804524

Платформата за родова еднаквост денеска преку писмено соопштение изрази сочувство до семејството на пациентката од Прилеп, која почина по извршена киретажа во болницата во овој град. Платформата најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт. -Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава – се вели во денешното соопштение потпишано од 28 граѓански организации. -Пациентката после изведена киретажа во Прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во Прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа – додаваат од Платформата. Иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Според организациите, овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација – велат од Платформата за родова еднаквост. Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно: Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп; Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата; Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrtta-na-patsientkata-vo-prilep-po-izvrshena-kiretazha-e-kulminatsija-na-sistemskata-negrizha-za-zdravjeto-reagira-platformata-za-rodova-ednakvost/feed/ 0
Во прилепската болница се чекаат резултати, извршена е вонредна дезинфекција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilepskata-bolnitsa-se-chekaat-rezultati-izvrshena-e-vonredna-dezinfektsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilepskata-bolnitsa-se-chekaat-rezultati-izvrshena-e-vonredna-dezinfektsija/#respond Thu, 23 Feb 2023 15:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=804254

Комисијата за интрахоспитални инфекции при прилепската градска болница „Борка Талески“ по денешниот состанок се огласи со соопштение во кое нагласува дека во Болницата се постапува според годишна програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции. Велат дека се два случаи за кои може да се каже дека спаѓаат во интрахоспитални инфекции. -Пријавени се вкупно два случаи кај кои може да се каже дека спаѓаат во интрахоспитални инфекции. Првиот случај е вадење на остеосинтетски материјал, во чиј изолат е најдена бактерија Serattia, рана чиста неинфицирана, а пациентот во добра здравствена состојба и излекуван е пуштен дома. Вториот случај е пациентка која е дојдена за експлоративна интервенција по што е пуштена дома и е вратена следниот ден со покачена телесна температура, по што тогаш е земена крв за хемокултура и притоа е најдена Staphilococcus epidermidis (бактерија која сите ја имаме на кожата), а двете последователни хемокултури се без наод. Уште пред добивање на наодот од микробиологија емпириски е почната комбинирана антимикробна терапија соодветна на антибиограмот. Пациентката беше пратена на лекување на терциерно ниво на клиниките во Скопје каде продолжија со соодветно лекување, но за жал случајот заврши летално. Други случаи за пријава на интрахоспитална инфекција во нашата болница нема, соопштуваат од Комисијата. Прилепската болница е темелно вонредено пречистена, дезинфицирана и во текот на денот очекуваат да стигнат неколку конечни наоди. - Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат редовно се прават месечни и тримесечни контроли со исправна микробиолошка состојба што е случај и сега. Комисијата за интрахоспитални инфекции секој ден одржува состаноци, ги разгледува резултатите и донесената одлука да се одложат операциите поради превенција, беше одлука на Комисијата, а не на надворешни контроли, како што сега по вонредните контроли и чиста состојба ќе бидат пуштени во работа. Болницата е темелно вонредено пречистена, дезинфицирана и по налог на комисијата за спречување и превенција на интрахоспитални инфекции ќе бидат пуштени операционите сали во работа со неколку конечни наоди кои се преработуваат и треба да стигнат во текот на денот, се вели во соопштението на Комисијата за интрахоспитални инфекции при приепската градска болница. Во меѓувреме се очекуваат резултатите од земените брисеви во операционите сали на гинекологија, хирургија и на ортопедското одделение, и од персоналот, како и наодот од обдукцијата за причините за смртта на 52-годишната пациентка која минатата недела по интервенција на одделението за гинекологија со компликации е пратена на скопските клиники каде починала. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска рече дека не сакаат да шпеекулираат додека стигнат резултатите и ги очекуваат наскоро. -Се додека не добиеме резултати не смееме да шпекулриаме што е причината за смртта на пациентката. Апелирам да се причекаат резултатите од обдукцијата и се надевам дека наскоро ќе имаме информација, ни изјави Младеновска. Прилепското обвинителство по допрен глас отвори предмет за состојбите со болницата. Почна да прибира информации и документација од здравствениот Инспекторат, од Болницата, а и полицијата да преземе дејствија за три случаи на лекување кои се искомплицирале. Операционите сали во прилепската болница осми ден се затворени, а итните случаи се праќаат во блиските регионални болници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilepskata-bolnitsa-se-chekaat-rezultati-izvrshena-e-vonredna-dezinfektsija/feed/ 0
Оформен предмет по допрен глас за смрт на пациенти во прилепската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oformen-predmet-po-dopren-glas-za-smrt-na-patsienti-vo-prilepskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oformen-predmet-po-dopren-glas-za-smrt-na-patsienti-vo-prilepskata-bolnitsa/#respond Wed, 22 Feb 2023 15:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=803771

Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во ЈЗУ Општа болница Прилеп – жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале. Според сознанијата, веднаш по овие случаи сите оперативни сали во болницата биле затворени. -Исто така, Основното јавно обвинителство Прилеп постапува и по добиена информација преку допрен глас за несовесно лекување на лице на возраст од 30 години на Одделот за неврологија при ЈЗУ Општа болница Прилеп. Пациентот наводно бил лекуван десетина дена со погрешна дијагноза, соопштија од Јавното обвинителство. Со цел да ги провери овие информации и евентуална кривична одговорност, надлежен јавен обвинител издаде барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат Прилеп и од ЈЗУ Општа болница Прилеп. Како што се посочува во соопштението, издадена е и наредба до МВР – ОВР Прилеп да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите. По извршените проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oformen-predmet-po-dopren-glas-za-smrt-na-patsienti-vo-prilepskata-bolnitsa/feed/ 0
Операционите сали во прилепската болница остануваат затворени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-ostanuvaat-zatvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-ostanuvaat-zatvoreni/#respond Wed, 22 Feb 2023 12:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=803694

Седми ден се затворени операциските сали во гинеколошкото, хируршкото и ортопедското одделение во прилепската болница. Минатата недела 52-годишна пациентка по интервенција на гинеколошкото одделение и по компликации, по еден ден е препратена на скопските клиники каде починала. Од четвртокот се затворени салите, а во петокот Државниот санитарен и здравствен инспекторат направил вонреден инспекциски надзор по информации од прилепскиот Центар за јавно здравје. Од Министерството за здравство, а и од Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата потврдија дека во примерок на хемокултура од починатата пациентка е пронајдена бактеријата стафилоколус епидермидис. Пријавена е интрахоспитална инфекција. - Од земениот примерок за хемокултура во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп е добиен позитивен изолат на Staphylococcus epidermidis. Пријавена е интрахоспитална инфекција. Во ЈЗУ ОБ со проширена дејност „Борка Талески“-Прилеп се затворени операциските сали од 16 февруари. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на ден 17.2.2023 по добиена информација од ЦЈЗ-Прилеп. Причините за смртта сè уште не се познати. Се чека извештај од патоанатомскиот наод. Телото е предадено за обдукција на Институт за патологија. Од одделението за епидемиологија на Центар за јавно здравје Прилеп извршен е епидемиолошки увид по појава на случај на пациентка кај која е извршена интервенција на одделот за гинекологија после кој се јавиле симптоми на сепса. Земени се примероци од нежива средина, испироци од раце на вработен здравствен персонал, извршени се вонредни здравствено-хигиенски прегледи, по што е препорачано затворање на операциските сали до добивање на резултатите од земените примероци. Итните хируршки интервенции се вршат во блиските регионални болници, стои во информацијата од Министерството за здравство. Се огласи и Комисијата за интрахоспитални инфекции при прилепската болница. - Кај пациентката по протокол се земени три последователни хемокултури од кои во првата хемокултура е најдено присуство на Staphylococcus epidermidis, а останатите две се негативни. По протокол уште пред добивањето на наодот од Микробиологија емпириски е отпочната комбинирана антимикробна терапија која беше соодветна на добиениот антибиограм од првата хемокултура. Наодот им беше соопштен на Клиниките на терцијарно ниво каде пациентката беше трансферирана и на кои беше ординирана и проширена соодветна антимикробна и останата терапија. Се чека обдукцискиот наод од Институтот за патологија, соопшти Комисијата. Операциските сали во болницата во Прилеп остануваат затворени додека Комисијата за интрахоспитални инфекции не ги заврши сите испитувања. Од прилепскиот Центар за Јавно здравје очекуваат до петок да бидат готови резултатите од бројните примероци земени од салите и од персоналот. Засега само се знае дека бактеријата е пронајдена во примерокот за хемокултура од пациентката која почина на скопските клиники, а за причините за нејзината смрт ќе се чека обдукцискиот наод.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-ostanuvaat-zatvoreni/feed/ 0
Четири лица во притвор: Извршиле грубо насилство во прилепската болница – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetiri-lica-vo-pritvor-izvrshile-grubo-nasilstvo-vo-prilepskata-bolnica-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetiri-lica-vo-pritvor-izvrshile-grubo-nasilstvo-vo-prilepskata-bolnica-eve-gi-detalite/#respond Tue, 19 Apr 2022 13:23:27 +0000 https://kurir.mk/?p=665421

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, извршиле грубо насилство врз двајца оштетени –  еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар. Тие најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetiri-lica-vo-pritvor-izvrshile-grubo-nasilstvo-vo-prilepskata-bolnica-eve-gi-detalite/feed/ 0
Прилепската болница го троши последниот мазут, просториите се затоплуваат со грејни тела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskata-bolnica-go-troshi-posledniot-mazut-prostoriite-se-zatopluvaat-so-grejni-tela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskata-bolnica-go-troshi-posledniot-mazut-prostoriite-se-zatopluvaat-so-grejni-tela/#respond Thu, 10 Feb 2022 13:29:20 +0000 https://kurir.mk/?p=629676

Прилепската болница работи со минимални количества мазут и ги троши последните количества. Просториите во болницата се затоплуваат со грејни тела. Според Кети Смилеска, директорка на прилепската општа болница со проширена надлежност, ваквата состојба е поради доцнењето на испораката на мазут од добавувачот. Во болницата се хоспитализирани 60- тина пациенти, од кои половината се со Ковид-19 во инфективното одделение, но Смилеска вели дека просториите се топли. Таа се надева дека сепак, денеска да се реши ситуацијата. – Не можам да кажам од кои причини доцни испораката на мазутот од добавувачот. Тендерот е навреме завршен, ние немаме никакви долгови, но доцни испораката од добавувачот. Просториите ги дозатоплуваме со грејни тела и исчекуваме и се надеваме денеска да стигне мазутот. Имаме хоспитализирани околу 60 пациенти, од кои 30 се со ковид во инфективното одделение. просториите се топли, вели Смилеска. Прилепската болница дневно троши до 1,2 тона мазут. Во болницата очекуваат, но сѐ уште е неизвесно, денеска да се реши ситуацијата и да добијат мазут за загревање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskata-bolnica-go-troshi-posledniot-mazut-prostoriite-se-zatopluvaat-so-grejni-tela/feed/ 0
Се намалува бројот на хоспитализирани во прилепската болница, но зголемена е потребата од кислородна поддршка https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-namaluva-brojot-na-hospitalizirani-vo-prilepskata-bolnica-no-zgolemena-e-potrebata-od-kislorodna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-namaluva-brojot-na-hospitalizirani-vo-prilepskata-bolnica-no-zgolemena-e-potrebata-od-kislorodna-poddrshka/#respond Fri, 11 Dec 2020 14:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=442122

Во Прилеп се намалува притисокот за прегледи во Инфективното одделение и на хоспитализираните пациенти од Ковид-19, но бројките сѐ уште покажуваат дека е потребна заштита и внимателност, соопштуваат од прилепската градска болница. Според директорот на болницата Драган Богојески,  овие денови се хоспитализирани помал број пациенти, но поради тоа што повеќето се повозрасни, имаат проблем со кислородот, па на 70 насто е зголемен бројот на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. -Моментално, во петте ковид-одделенија на прилепската гадска болница се хоспитализирани и се лекуваат 105 пациенти. Она што е карактеристично  во последниот период е зголемениот број на пациентите на кислородна поддршка. Ако во октомври и почетокот на ноември беа 50 насто на килосордна поддршка, сега процентот е зголемен на 70-ина насто и во моментов имаме 71 пациент на кислородна поддршка, изјави Богојески. Тој смета дека можеби сето се должи на тоа што во последно време се примаат повозрасни пациенти со ниска сатурација на кислород. -Можеби тоа се должи на фактот дека во последно време се примаат пациенти од повозрасните категории, каде и претходно, можеби, не била добра сатурацијата со килород во организмот. Повеќето од новопримените пациенти имаат пониска сатурација и мора да се постават на кислородна поддршка, вели Богојески. Помалиот број на прегледи го следи фактот и на намалувањето на хоспитализираните пациенти. – До пред една недела бројот на хоспитализирани беше помеѓу 120 и 130 пациенти. Сега, неколку дена бројката е под 120, за во моментов се 105 хоспитализирани. Но проблемот е што дел од пациентите се повозрасни, со потешка клиничка слика, вели Богојески. Прилеп е меѓу градовите со поголем број починати лица. Претходното деноноќие имаше шест починати граѓани. – Во последната недела-две главно се примаат пациенти од повозрасните групи, со потешка клиничка слика, со недоволна сатурација и тоа е причината за поголем број смртни случаи во овие две недели. Поради овие причини, во речиси сите ковид-оддленија има по еден до двајца пациенти со потешка клиничка слика. Поради ниската сатурација, и покрај сите напори со медикаментозната поддршка и терапијата што се дава, се развива пневмонија која е не може да ја санираме, објаснува Богојески. Болницата почна да употребува брзи тестови за дијагностицирање на Ковид-19. Од Министерството доби околу 300 брзи теста и помагаат за брзо контстатирање на Ковид-19 и пациентите не лежат долго во собите за изолација. Во прилепската болница во моментов има околу 30 слободни кревети за хоспитализација на пациентите. Охрабрува дека бројот на оздравени е поголем од бројот на хоспитализирани пациенти. Во Прилеп се активни 920 случаи, а од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 3 500 лица заболени од Ковид-19. Досега починале околу 160 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-namaluva-brojot-na-hospitalizirani-vo-prilepskata-bolnica-no-zgolemena-e-potrebata-od-kislorodna-poddrshka/feed/ 0
Директорот на прилепската Болница изгуби нерви заради прашањата на Алфа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-prilepskata-bolnica-izgubi-nervi-zaradi-prashanjata-na-alfa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-prilepskata-bolnica-izgubi-nervi-zaradi-prashanjata-na-alfa/#respond Tue, 24 Nov 2020 14:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=433798

„Трагајќи по потврда на информацијата, објавена од проф. д-р Дејан Трајковски дека Прилеп според процентот на новозаразени пациенти станува нов Вухан, а кој изнесува 60 насто од тестираните, директорот на прилепската Болница д-р Драган Богоески изгуби нерви и целосно ја загуби контролата, па вербално и со висок тон, пред бројни сведоци, се нафрли на нашата екипа. Тој освен што одби да одговори на поставеното прашање, се закани и дека во иднина влезот во Болницата за нашата телевизија, многу лесно може да биде забранет“, пренесува телевизија Алфа. - Политички поени да прајте од Алфа..Ти реков, повеќе нема тебе да ти давам интервју, рекол д-р Драган Богоески, директор на Болницата. Целиот текст може да го прочитате на АЛФА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-prilepskata-bolnica-izgubi-nervi-zaradi-prashanjata-na-alfa/feed/ 0
Скандал: Прилепската болница споделува партиски настани на СДСМ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-prilepskata-bolnica-spodeluva-partiski-nastani-na-sdsm-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-prilepskata-bolnica-spodeluva-partiski-nastani-na-sdsm-foto/#respond Tue, 04 Feb 2020 22:13:22 +0000 https://kurir.mk/?p=299388

Наместо да се грижи за пациентите, прилепската болница покажува повеќе грижа за партијата СДСМ. Имено, на својот Фејсбук профил, Општата болница во Припел споделува партиски настани на СДСМ. Дали двете страни имаат ист администратор или лицето кое ја води страната на болницата е вработено од партијата па вака се оддолжува, не е познато. Но, со сигурност е скандалозно да се направи ваков потег.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-prilepskata-bolnica-spodeluva-partiski-nastani-na-sdsm-foto/feed/ 0