примирје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 14:19:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png примирје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сè уште е далеку примирјето помеѓу Израел и Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-e-daleku-primirjeto-pomegu-izrael-i-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-e-daleku-primirjeto-pomegu-izrael-i-hamas/#respond Tue, 10 Oct 2023 14:19:32 +0000 https://kurir.mk/?p=887532

Додека нападите од двете страни не губат на интензитет, расте бројот на жртвите од двете страни во судирот помеѓу Израел и Хамас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека израелската воена кампања е само почеток на постојана војна, а Хамас ја отфрла можноста за преговори и размена на затвореници. Израел денеска бомбардираше цели на Хамас во Појасот Газа, а премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди дека израелската воена кампања е само почеток на постојана војна. Додека во Тел Авив се огласија сирените за воздушен напад од територијата на Појасот Газа. Нетанјаху вети дека ќе го „промени Блискиот Исток“, додека стравувањата од регионален конфликт растат поради судирите на либанската граница и очекувањата за израелска инвазија врз Појасот Газа, сиромашна територија со 2,3 милиони луѓе. Хамас вчера ја отфрли можноста за преговори за размена на затвореници со Израел бидејќи „воената операција сè уште е во тек“. Подоцна се заканија дека ќе убиваат заложници секој пат кога Израел ќе изврши напад врз цивилна цел без предупредување. Во судирите досега загинаа над 900 Израелци, а повеќе од 2.000 се повредени, додека при израелските напади загинаа 687 Палестинци, а повредени се над 2.900. Најмалку 35 Палестинци, меѓу кои и 10 деца, како и петмина Израелци загинаа во новите судири меѓу Израел и Палестинците, соопштија здравствените власти, пренесува Би Би Си. На 7 октомври, еден ден по 50-годишнината на арапско-израелската војна во 1973 година, стотици милитанти на Хамас го нападнаа Израел. Исламистите со седиште во Газа истрелаа илјадници ракети кон Израел и употребија експлозиви и булдожери за да ја пробијат оградата околу блокираната палестинска енклава. Користејќи мотоцикли, пикап камиони, параглајдери и брзи чамци, милитантите влегоа во Израел, гаѓајќи ги градовите меѓу кои Ашкелон, Офаким и Сдерот. Хамас соопшти дека истрелал 5.000 ракети во офанзивата што ја нарече „Операција поплава Ал Акса“. Вооружените напаѓачи извршија масакр и на музички фестивал на кој присуствуваа стотици млади Израелци и странци во близина на Кибуц Реим, во близина на Газа. На фестивалот „Супернова“ загинаа 270 луѓе. Израел соопшти дека Хамас зел повеќе од 150 заложници. Тие вклучуваат најмалку 11 Тајланѓани, двајца Мексиканци и непознат број Американци и Германци. На 8 октомври Израел му објави војна на Хамас, а министерот за одбрана Јоав Галант вчера нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа односно го прекина снабдувањето со електрична енергија, со вода, со храна и со гас. За израелската кампања наречена Железни мечеви Израел почна мобилизација и повика 300.000 резервисти. Нетанјаху вети дека ќе ги претвори во „урнатини“ засолништата на Хамас во Појасот Газа. Армијата соопшти дека „повеќе или помалку ја вратила контролата над границата“ со Појасот Газа, еден ден откако нареди евакуација на сите жители. По нападот од Појасот Газа врз Израел немири избувнаа и на окупираниот Западен Брег, каде вкупно загинаа 15 Палестинци. Хамас ги повика „борците на отпорот на Западниот Брег“, како и во „арапските и исламските народи“ да се приклучат на битката. Имаше и дводневни судири меѓу израелските сили и Хезболах во пограничната област меѓу Либан и Израел. Либанската шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, на 8 октомври лансира проектили и отвори артилериски гранати кон северен Израел „во знак на солидарност“ со офанзивата на Хамас. Хамас ги повика „борците на отпорот на Западниот Брег“, како и во „арапските и исламските народи“ да се приклучат на битката. Израелската армија соопшти дека возвратила со артилериски оган и елиминирала голем број вооружени осомничени кои ја преминале границата од Либан и дека нејзините хеликоптери извршиле напади во областа. Израел синоќа изврши уште еден напад врз Појасот Газа, концентрирани на бегалскиот камп Џабалија. Според последните информации, военото крило на Хамас, односно бригадата „Ал Касам“, објави дека го предупредиле Израел да го насочи нивниот воен брод, кој се наоѓа покрај брегот. Новинарскиот синдикат во Појасот Газа соопшти дека тројца палестински новинари се убиени во израелски воздушен напад. САД ветија „цврста и непоколеблива“ поддршка за Израел, а претседателот Џо Бајден во неделата нареди „дополнителна поддршка“ за нивниот клучен сојузник. Американската морнарица премести борбена група носач на авиони во источниот Медитеран за да го зајакне одвраќањето против новите актери кои се приклучуваат на конфликтот. Во заедничката изјава објавена од Белата куќа во понеделникот, САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија го осудија нападот и ја истакнаа нивната целосна поддршка за Израел. Иран постојано ги негира наводите дека имал улога во нападот на Хамас, откако „Волстрит џурнал“ објави дека помогнал во планирањето и дал „зелено светло“ на палестинската група. Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи рече дека поддржувачите на Израел „не се во право“ кога го обвинуваат Иран дека стои зад нападот на Хамас. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш „најостро“ го осуди нападот на Хамас врз Израел и повика на „дипломатски напори за да се избегне поширок пожар“. Тој рече дека е „длабоко вознемирен“ од најавата за опсада и предупреди дека и онака лошата хуманитарна ситуација во Газа „само експоненцијално ќе се влоши“. Русија вчера соопшти дека создавањето на палестинска држава е „најсигурното“ решение за мир во Израел и дека само борбата против тероризмот нема да обезбеди безбедност. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој силно ја поддржува палестинската кауза, ги повика двете страни „да го поддржат мирот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-e-daleku-primirjeto-pomegu-izrael-i-hamas/feed/ 0
Паравоените сили во Судан објавија еднострано примирје по повод Курбан Бајрам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paravoenite-sili-vo-sudan-objavija-ednostrano-primirje-po-povod-kurban-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paravoenite-sili-vo-sudan-objavija-ednostrano-primirje-po-povod-kurban-bajram/#respond Tue, 27 Jun 2023 16:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=850206

Лидерот на паравоените сили за брза поддршка во Судан Мохамед Хамдан Дагало рано утринава објави едностран прекин на огнот по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, кој почнува утре, јави ДПА. Сепак, суданската армија се уште не соопшти дали ќе објави и прекин на огнот. Кон крајот на минатата недела ескалираше конфликтот меѓу Силите за брза поддршка и суданската армија, кој започна во средината на април. Од почетокот на конфликтот има бројни пријави за сексуално насилство, грабежи и разни видови напади. Досега, конфликтот меѓу завојуваните фракции во Судан принуди речиси 600 илјади луѓе да побегнат во соседните земји Египет, Чад, Јужен Судан и Централноафриканската Република. Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации денеска предупреди дека бројот на луѓе кои бегаат од конфликтот може да надмине еден милион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paravoenite-sili-vo-sudan-objavija-ednostrano-primirje-po-povod-kurban-bajram/feed/ 0
Нови борби во Судан по завршувањето на примирјето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-sudan-po-zavrshuvaneto-na-primirjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-sudan-po-zavrshuvaneto-na-primirjeto/#respond Sun, 11 Jun 2023 09:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=844567

Во Картум, веднаш по завршувањето на 24-часовното примирје, утринава продолжија борбите. Жителите на Картум се разбудија од звуците на артилерија и борби во неколку населби на главниот град, изјавија очевидци. Судирите продолжија десет минути по завршувањето на 24-часовниот прекин на огнот за кој преговараа саудиските посредници, кој започна во 6 часот наутро во саботата. Гранатирање со тешка артилерија се слушнало во Картум и во Омдурман, предградие на главниот град, а забележано е и пукање од различни видови оружје на улицата „Ал Хаја“ во јужниот дел на Картум. Новото примирје, кое според очевидците во голема мера беше почитувано, им даде одмор на жителите на Картум за време на кој тие можеа да се снабдат со намирници или да избегаат од главниот град. Речиси два месеца, Картум е зафатен од вооружен конфликт што доведе до тешка хуманитарна криза. Конфликтот избувна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) на генералот Мохамед Хамдан Дагло. Претходно договорените примирја генерално беа прекршени веднаш по нивното стапување во сила. Повеќе од 1.800 луѓе загинаа во војната, според организацијата ACLED, специјализирана за собирање информации во конфликтните зони, додека според ОН, има два милиона раселени лица и бегалци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-sudan-po-zavrshuvaneto-na-primirjeto/feed/ 0
САД и Саудиска Арабија ги повикуваат завојуваните страни во Судан да го продолжат примирјето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-saudiska-arabija-gi-povikuvaat-zavojuvanite-strani-vo-sudan-da-go-prodolzhat-primirjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-saudiska-arabija-gi-povikuvaat-zavojuvanite-strani-vo-sudan-da-go-prodolzhat-primirjeto/#respond Sun, 28 May 2023 15:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=839781

САД и Саудиска Арабија ги повикаа завојуваните страни во Судан да го продолжат прекинот на огнот кој истекува утре. Суданската армија и бунтовничките сили, кои се борат за контрола на Судан од средината на април, со посредство на САД и Саудијците се согласија на еднонеделен прекин на огнот минатата недела. Сепак, овој прекин на огнот, како и оние пред него, не ги запре борбите во главниот град Картум и низ целата земја. Во денешното заедничко соопштение, САД и Саудиска Арабија повикаа на продолжување на примирјето, кое истекува во понеделник во 21:45 часот по локално време. „Иако примирјето не е целосно, неговото продолжување ќе ја олесни испораката на итно потребната хуманитарна помош за суданскиот народ“, се вели во соопштението. Во него се повикува и воената влада на Судан и ривалските сили да го поддржат продолжувањето на преговорите за пролонгирање на примирјето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-saudiska-arabija-gi-povikuvaat-zavojuvanite-strani-vo-sudan-da-go-prodolzhat-primirjeto/feed/ 0
Постигнат договор за седумдневно примирје во Судан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-za-sedumdnevno-primirje-vo-sudan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-za-sedumdnevno-primirje-vo-sudan/#respond Wed, 03 May 2023 16:07:40 +0000 https://kurir.mk/?p=830244

Шефот на суданската армија, генерал Абдел Фатах ал Бурхан и водачот на паравоените сили за брза поддршка (РСФ), Мохамед Хамдан Далаго, денеска се договорија за седумдневно примирје. Прекинот на огнот ќе почне од утре, 4 мај, соопшти Министерството за надворешни работи на Јужен Судан. Британските медиуми пренесуваат дека двете страни се согласија да назначат претставници за мировните преговори, на што инсистираше јужносуданскиот претседател Салва Киир. Властите на Јужен Судан претходно понудиле да посредуваат во преговорите меѓу конфликтните страни. Борбите во Судан влегоа во третата недела и досега се убиени повеќе од 500 лица, додека околу 100.000 мораа да ја напуштат земјата, објавија претходно Обединетите нации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-za-sedumdnevno-primirje-vo-sudan/feed/ 0
Во Судан договорено 24-часовно примирје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudan-dogovoreno-24-chasovno-primirje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudan-dogovoreno-24-chasovno-primirje/#respond Tue, 18 Apr 2023 12:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=824983

Ривалските судански команданти се согласија на 24-часовно примирје, почнувајќи од вечерва, соопшти војската, откако американскиот државен секретар Антони Блинкен ги повика двете страни по жестоките борби во Картум во кои беше пукано врз американски дипломатски конвој. Примирјето ќе започне во 18 часот и нема да трае подолго од договорените 24 часа, изјави воениот генерал Шамс ел Дин Кабаши, член на владејачкиот воен совет на Судан. Блинкен одржа одвоени разговори со началникот на армијата и шефот на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), во чија борба за власт се убиени најмалку 185 луѓе низ целата земја, уривајќи го меѓународно поддржан план за транзиција кон цивилно владеење по децении автократија и воена контрола. Водачот на РСФ, генералот Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, чие место на живеење не е објавено од почетокот на борбите, рече дека РСФ одобрила 24-часовен прекин на огнот за да се обезбеди безбедно минување на цивилите и евакуација на ранетите. Во објава на Твитер, Хемедти соопшти дека „разговарал за итни прашања“ со Блинкен и дека се планирани дополнителни разговори. РСФ, исто така, објави соопштение во кое вели дека води континуирана битка за враќање на „правата на нашиот народ“ во, како што ја нарече, нова револуција. Блинкен истакна дека првичните извештаи сугерираат дека нападот врз американскиот претставник бил извршен од сили поврзани со РСФ, нарекувајќи ја акцијата „непромислена“. Тој рече дека целиот американски персонал е безбеден по инцидентот, нарекувајќи ги заканите кон американските дипломати „целосно неприфатливи“. Нагласувајќи го ризикот што долготрајниот конфликт го претставува за регионалната стабилност, Кабаши рече дека две соседни земји се обидуваат да пружат помош на РСФ. Тој не ги идентификуваше земјите. Во повеќе региони во земјата од саботата се водат борби. Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соопшти дека е речиси невозможно да се обезбедат хуманитарни услуги во главниот град. Се предупредува и дека здравствениот систем во земјата е во опасност од колапс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudan-dogovoreno-24-chasovno-primirje/feed/ 0
ЕУ повикува на примирје во Јемен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-povikuva-na-primirje-vo-jemen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-povikuva-na-primirje-vo-jemen/#respond Mon, 12 Dec 2022 16:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=774536

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија дека ситуацијата во Јемен е катастрофална од хуманитарна гледна точка и дека е потребно примирје што поскоро. Ова е дел од заклучоците на министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел. Тие изразуваат “крајна загриженост“ за “катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Јемен каде над 70 отсто од населението има потреба од хуманитарна помош, а над половина од населението е соочено со акутна прехранбена несигурност. ЕУ повторно изрази поддршка за напорите на Обединетите Нации и специјалниот пратеник на ОН, Ханс Грундберг, кој ја води мисијата на олеснување помеѓу страните во конфликтот. ЕУ ги повикува Хутите да се откажат од своите “максималистички“ позиции и конструктивно да работат со господинот Грундберг. -Советот ја истакнува огромната важност повторно да се воведе и да се продолжи примирјето, стои во заклучоците. ЕУ исто така ја повтори својата посветеност за единството, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Јемен. Во Европската Унија се оценува дека меѓународната поддршка за Јемен не е доволно финансирана вклучително во хуманитарниот и развојниот дел. ЕУ вели дека е подготвена да ја зголеми асистенцијата и да помогне во реконструкција на земјата откако ќе биде изнајдено трајно решение за конфликтот во Јемен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-povikuva-na-primirje-vo-jemen/feed/ 0
Ереван и Баку договорија примирје, СБ на ОН денеска повторно заседава за ескалацијата на ситуацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-i-baku-dogovorija-primirje-sb-na-on-deneska-povtorno-zasedava-za-eskalacijata-na-situacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-i-baku-dogovorija-primirje-sb-na-on-deneska-povtorno-zasedava-za-eskalacijata-na-situacijata/#respond Thu, 15 Sep 2022 07:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=733043

Благодарение на меѓународните напори Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот што стапи на сила од синоќа во 20 часот по локално време, изјави денеска секретарот на ерменскиот совет за безбедност Армен Григорјан. -Благодарение на напорите на меѓународната заедница, се договоривме за прекин на огнот со Азербејџан од 20 часот на 14 септември, рече Григоријан во интервју за ерменската телевизија, пренесе Тасс. Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН. Средбата ќе се одржи на барање на Ерменија, а Советот за безбедност на ОН вчера на консултациите зад затворени врати расправаше за ситуацијата на границата меѓу овие две земји, додека денешната седница ќе биде отворена за јавноста. Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно Карабах, меѓусебно се обвинуваат дека доцна вечерта на 12 септември почнале серија гранични судири. Според ерменскиот премиер Никол Пашинијан, во овие судири загинале 105 ерменски војници, додека азербејџанското Министерство за одбрана јави за 50 убиени азербејџански војници, јави Тасс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-i-baku-dogovorija-primirje-sb-na-on-deneska-povtorno-zasedava-za-eskalacijata-na-situacijata/feed/ 0
Етиопија прогласи хуманитарно примирје во Тиграј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-proglasi-humanitarno-primirje-vo-tigraj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-proglasi-humanitarno-primirje-vo-tigraj/#respond Thu, 24 Mar 2022 16:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=652795

Владата на Етиопија денеска прогласи „неограничено хуманитарно примирје“ во завојуваниот регион Тиграј, наведувајќи дека тоа е неопходно за непречено доставување помош во областа. -Владата ја повикува донаторската заедница да го удвои својот дарежлив придонес за ублажување на ситуацијата и ја повторува својата посветеност да работи со релевантните организации за да се забрза обезбедувањето хуманитарна помош за оние на кои им е потребна, се вели во соопштението. Во соопштението се додава дека силите од Тиграј мора да возвратат со примирје за да се подобри хуманитарната ситуација во регионот. Владата ги повика борците лојални на водачите на пребеганите сили од Тиграј „да се откажат од сите акти на понатамошна агресија и да се повлечат од областите што ги окупираа во соседните региони“. Засега не е јасно дали хуманитарниот прекин на огнот е чекор кон сеопфатен прекин на огнот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-proglasi-humanitarno-primirje-vo-tigraj/feed/ 0
Договорено ново примирје во Мариупол, евакуацијата треба да почне во 11 часот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dogovoreno-novo-primirje-vo-mariupol-evakuacijata-treba-da-pochne-vo-11-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dogovoreno-novo-primirje-vo-mariupol-evakuacijata-treba-da-pochne-vo-11-chasot/#respond Sun, 06 Mar 2022 08:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=641835

Ново привремено примирје е прогласено во Мариупол со цел да се овозможи евакуација на цивилното население, откако вчерашното траело само половина час, според локалните власти. Примирјето ќе биде на сила од девет до 20 часот по македонско време, а извлекувањето на дел од 450.000 жители треба да почне во 11 часот. Русија и Украина вчера првпат договорија да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од Мариупол и Волноваха. Тоа требаше да биде придружено од привремен прекин на огнот, при што беше кажано дека жителите на Мариупол имаат само пет часа за да го напуштат градот, по точно одредена маршрута кон северозападниот град Запорожје. Сепак, евакуацијата беше одложена, зашто, како што кажаа локалните власти, руските сили продолжиле да го бомбардираат градот. Владимир Путин, пак, ги обвини Украинците дека ја саботирале евакуацијата. Мариупол веќе со денови е под опсада на руските сили и интензивно се гранатираше, при што беше предупредено дека му претстои хуманитарна катастрофа, бидејќи во градот нема вода, струја, греење, лекови и мобилни врски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dogovoreno-novo-primirje-vo-mariupol-evakuacijata-treba-da-pochne-vo-11-chasot/feed/ 0