примислав димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Sep 2022 17:28:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png примислав димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од важен началник до советник за сообраќај: Примислав Димовски деградиран, МВР не се огласило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-vazen-nachalnik-do-sovetnik-za-soobrakjaj-primislav-dimovski-degradiran-mvr-ne-se-oglasilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-vazen-nachalnik-do-sovetnik-za-soobrakjaj-primislav-dimovski-degradiran-mvr-ne-se-oglasilo/#respond Wed, 28 Sep 2022 17:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=738666

Примислав Димовски е сменет од началник на Единицата за интервентна полиција, дознава Фокус. -Според нашите информации тој е деградиран и поставен за советник за сообраќај, пишува порталот. Се очекува одговор од Министерството за внатрешни работи зошто Димовски е сменет и кој ќе биде на негово место. Димовски беше командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, а во 2019  година беше назначен за началник на новата Единица на интервентна полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-vazen-nachalnik-do-sovetnik-za-soobrakjaj-primislav-dimovski-degradiran-mvr-ne-se-oglasilo/feed/ 0
Димовски доби нов мандат за претседател на Боксерската федерација https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dimovski-dobi-nov-mandat-za-pretsedatel-na-bokserskata-federacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dimovski-dobi-nov-mandat-za-pretsedatel-na-bokserskata-federacija/#respond Wed, 26 Feb 2020 07:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=308858

На Изборно собрание на Боксерската федерација на Македонија одржано во текот на вчерашниот ден, досегашниот претседател, Примислав Димовски доби едногласна доверба од делегатите да ја предводи федерацијата и во следните четири години. На Собранието присуствуваа 28 делегати и сите едногласно одлучија Примислав Димовски да биде прв човек на БФМ. – Се заблагодарувам на довербата, сакам да потенцирам дека ова ќе биде втор и последен мандат согласно законот. Ќе се вложам максимално боксот во Македонија да се развива, ќе барам да се работи според правилата, сите клубови да имаат услови за подобра работа, да имаме стабилност како и досега, репрезентацијата да ги ужива сите услови за добра работа, да нема неизвесност, изјави Димовски по реизборот. Едногласно е избран и новиот Управен одбор, нови челнови се Фатон Асани, Душко Сачкарски, Самет Саливески и Петре Неделковски. Во составот на УП се уште и Горан Трајановски, Ден Дончев, Блажо Донев и Фатон Салиху кој воедно е реизбран за потпретседатен на федерацијата, соопштија од БФМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dimovski-dobi-nov-mandat-za-pretsedatel-na-bokserskata-federacija/feed/ 0
Република: Незаконски унапредувања, стотици разрешувања и Примислав Димовски на чело на ЕИП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/republika-nezakonski-unapreduvanja-stotici-razreshuvanja-i-primislav-dimovski-na-chelo-na-eip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/republika-nezakonski-unapreduvanja-stotici-razreshuvanja-i-primislav-dimovski-na-chelo-na-eip/#respond Tue, 31 Dec 2019 16:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=284378

Примислав Димовски, досегашен командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, е назначен за началник на новата Единица на интервентна полиција што денеска беше промовирана во полицискиот центар во Ѓорче Петров. За негови помошници, неодфицијално дознава „Република“, поставени се тројца негови соработници од единицата „Алфа“. За началници на одделене поставени се Г., Б.Р. Г.П., М. Л., И.П., а еден од петте помошници-началници на одделение кои се унапредени за три скалила е Д.Н. Новата единица што ќе работи во состав на Секторот за внатрешни работи ќе делува на територијата на град Скопје е формирана со спојување на досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“ и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт. На нејзината промоција присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој рече дека оваа реформа била неопходна со цел да има што поголем број полициски службеници на улица. -Очекуваме безбедноста во овој поглед се зголеми, да имаме поголемо присуство на униформирани полициски службеници на територија на градот Скопје, да бидат тука и блиски со граѓаните да работат за спречување на секаков вид можен криминал и тоа впрочем низ анализите покажува дека секаде каде се формирани овие единици имаме значително намалување на криминалитетот во тие градови, рече Спасовски. Додаде дека Единицата ја формирале на основа на моделот на интервентната полиција во Загреб, Хрватска. -Сметам дека токму денеска, пред Новата 2020 година беше идеален момент да ја промовираме оваа Единица, да се презентира на јавноста дека овие припадници на Единицата се навистина подготвени да се соочат со секаков предизвик и ризик во делот на безбедноста, рече Спасовски.   -Структуирана врз основа на проценетите потреби на СВР Скопје, но и врз основа на практиките на истородните полициски единици во земјите од ЕУ, Единицата, односно нејзините припадници ќе бидат фокусирани на остварување на работни задачи во посеопфатно и потемелно одржување на јавниот ред и мир, пред сѐ во делот на ефикасно спротивставување на сите облици на уличен криминал, особено кога е во прашање лоцирањето, справувањето и лишувањето од слобода на опасни, вооружени лица, истакна министерот Спасовски. Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски уште ноќеска објави дека ноќеска Оливер Спасовски поделил стотици решенија за прераспределување во МВР. Во текот на ноќта стотина вработени добиле нови решенија за распоредување на нови работни места со цел на техничкиот министер од опозицијата да му се намали капацитетот за битка со криминалот и корупцијата, тврди Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Новата илегална систематизација според него била направена и со решенија кои биле изготвени надвор од МВР. Операцијата за доделување решенија за работа при што вработени биле повикувани од дома започнала ноќеска, но траела и во текот на денот. Република ексклузивно објавуvа едно такво решение за распоредување на полицац на пониско работно место издадено со денешен датум.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/republika-nezakonski-unapreduvanja-stotici-razreshuvanja-i-primislav-dimovski-na-chelo-na-eip/feed/ 0
МВР тврди: Користењето на службеното возило од страна на Димовски е заради службени задачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-tvrdi-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo-od-strana-na-dimovski-e-zaradi-sluzbeni-zadachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-tvrdi-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo-od-strana-na-dimovski-e-zaradi-sluzbeni-zadachi/#respond Tue, 14 Aug 2018 11:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=87759

Министерството за внатрешни работи преку соопштение се огласи во врска со објавата на „Независен“ дека првиот човек на единицата „Алфи“ со службено возило заминал на викенд во Охрид. -Во врска со информациите кои излегоа во некои медиуми за наводо прекршување на Наредбата за користење на службени возила во МВР, Ве информираме  дека Примислав Димовски –началник  на Единицата за прв одговор и интервенција - АЛФА согласно Наредбата,  а во врска со Правилникот за распределба , користење ,одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи има право на 24 часовно користење на службеното возило. МВР е запознаено со движењето и користењето на возилото во дадениов случај  од страна на началникот и Ве информираме дека истото е направено заради извршување на службени задачи, се вели во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-tvrdi-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo-od-strana-na-dimovski-e-zaradi-sluzbeni-zadachi/feed/ 0
„Независен“ објавува нов скандал: Шефот на Алфите со службено возило на викенд во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisen-objavuva-nov-skandal-shefot-na-alfite-so-sluzbeno-vozilo-na-vikend-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisen-objavuva-nov-skandal-shefot-na-alfite-so-sluzbeno-vozilo-na-vikend-vo-ohrid/#respond Tue, 14 Aug 2018 07:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=87633

На денот кога Владата треба да го разреши Лазо Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, чија ќерка со службен џип на Министерството за внатрешни работи замина на летување во Грција, МВР го стресе уште еден сличен скандал, пишува „Независен“. Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“, изминатиот викенд со службен автомобил „шкода“ престојувал во Охрид, каде што, наводно, требало да присуствува на свадба кај ќерка на негов пријател во еден од угостителските комплекси до езерото. До редакцијата на „Независен весник“ пристигнаа фотографии на кои се гледа спорното возило снимено во Охрид. -Во МВР вчера побараа прашањето да им го доставиме по електронски пат, но одговор не добивме до затворањето на бројот. Го контактиравме и Димовски, но тој ни рече дека не смее да зборува со новинари без да добие дозвола од неговите надредени. Неговите блиски ни потврдија оти тој навистина бил во Охрид, но демантираат дека присуствувал на свадба, односно дека природата на неговата посета била приватна. Од друга страна, според нив, Димовски бил еден од десетината началници во МВР што имале овластувања да патуваат со службено возило кога сакаат (24 часа на ден) и каде што сакаат низ Македонија, пишува „Независен“. Функционери во МВР, пак, потврдуваат дека тој може да оди каде што сака, но нема овластување да работи надвор од Скопје, освен доколку не добие посебен налог од неговите претпоставени - во случајов, началникот на скопската полиција Тони Јакимовски поради што е проблематичен неговиот излет во Охрид. Имено, пред четири години, „Алфа“ доби статус на посебна единица за прв одговор и интервенција во рамки на СВР (Сектор за внатрешни работи) Скопје поради што овластувањата важат исклучиво на територијата на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisen-objavuva-nov-skandal-shefot-na-alfite-so-sluzbeno-vozilo-na-vikend-vo-ohrid/feed/ 0