Примож Глиха – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 16:34:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Примож Глиха – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Словенец е нов селектор на фудбалската репрезентација на Косово https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/slovenets-e-nov-selektor-na-fudbalskata-reprezentatsija-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/slovenets-e-nov-selektor-na-fudbalskata-reprezentatsija-na-kosovo/#respond Tue, 04 Jul 2023 16:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=852640

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) одлучи денеска да го именува Словенецот Примож Глиха за нов селектор на косовската репрезентација, јави дописникот на МИА од Приштина. Одлуката е донесена на денешната седница на Извршниот комитет (ИК) на ФФК, на која за помошници на Глиха, кој треба да го води Косово во натамошните квалификации за Европско првенство што 2024 година ќе се одржи во Германија, се именувани Африм Товрљани, Арбнор Морина, Ахмет Беселица и Томас Ричардс. Во соопштението на ИК на ФФК се напоменува дека сите членови на новиот тим водачи на репрезентацијата и досега биле дел од екипата внатрешни тренери на „Дарданите“, како што се нарекува косовскиот национален фудбалски тим. - ИК на ФФК одлучи водството на Дарданите да му го довери на внатрешниот тим тренери, кои се веќе ангажирани во националните екипи. Тие воедно ќе останат во екипите на возрасните групи кои ги водат, но ќе се ангажираат за да му помогнат на селекторот Глиха во А-репрезентацијата, се вели во соопштението. Глиха доаѓа на чело на косовската репрезентација на местото на Французинот Ален Жирес, кој беше разрешен поради слабите резултати во досегашните квалификации за ЕП 2024.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/slovenets-e-nov-selektor-na-fudbalskata-reprezentatsija-na-kosovo/feed/ 0