Принц Ендрју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jun 2022 10:49:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Принц Ендрју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Принцот Вилијам настојува принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-vilijam-nastojuva-princot-endrju-da-bide-trajno-i-celosno-otstranet-od-kralskiot-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-vilijam-nastojuva-princot-endrju-da-bide-trajno-i-celosno-otstranet-od-kralskiot-zivot/#respond Tue, 21 Jun 2022 10:49:27 +0000 https://kurir.mk/?p=693605

Принцот Вилијам настојува неговиот веќе јавно отфрлен чичко, војводата од Јорк, принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот и должностите, додека младиот наследник за британскиот престол се подготвува да преземе поголеми одговорности пред можната смрт на неговата 96-годишна баба – кралицата. Во низа написи на „Дејли мејл“ во пресрет на 40-от роденден на принц Вилијам, познатиот „кралски известувач“ Ребека Инглиш цитира извори кои велат дека Вилијам е „на иста страна“ со неговиот татко кога станува збор околу намалување на бројот видни членови на кралското семејство и дека тој не гледа никакво враќање за Ендрју, кој беше обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка и поврзаност со сексуалниот напасник Џефри Епстин. Војводата од Јорк, принцот Ендрју (62) е трето дете и втор син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Тој е деветти во низата наследници за британскиот престол. „Тој (принцот Вилијам, б.п.) се чувствува многу решен за ова и ако беше до него, ќе настојуваше работите да се случат многу побрзо отколку што се случуваа“, како што вели неименуван негов пријател за весникот. И друг извор додава дека внукот на кралицата има строги ставови за војводата од Јорк. „Тој верува дека неговото настојување во обидот да се држи до јавна улога е многу опасно за институцијата (кралското семејство, б.п.). Тој (принцот Вилијам), да зависеше од него, одамна ќе ‘го исфрлеше’ (принцот Ендрју). Тој разбира дека кога се работи за мајка и син, таа состојба е сложена, но искрено мислам дека тој само посакува да исчезне од очите на јавноста“, појаснува неименуваниот извор. Според наводите, Вилијам е и „во жалост“ поради уништената врска со Хари, но „многу е близок со своите братучетки Беатрис и Јуџини“ (ќерките на принцот Ендрју), и смета дека е „многу добро“ што тие имаат „свои семејства и кариери“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-vilijam-nastojuva-princot-endrju-da-bide-trajno-i-celosno-otstranet-od-kralskiot-zivot/feed/ 0
Принцот Ендрју остана без титулата почесен граѓанин на Јорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-endrju-ostana-bez-titulata-pochesen-gragjanin-na-jork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-endrju-ostana-bez-titulata-pochesen-gragjanin-na-jork/#respond Thu, 28 Apr 2022 06:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=668949

Северниот англиски град Јорк му ја одзеде титулата почесен граѓанин на британскиот принц Ендрју. Локалните советници гласаа за укинување на титулата на вториот син на кралицата Елизабета Втора, која му беше доделена во 1987 година. – Титулата почесен граѓанин на нашиот прекрасен град им се доделува на оние кои го претставуваат најдоброто од Јорк. Несоодветно е принцот Ендрју на каков било начин да биде поврзан со нашиот град, истакна градскиот советник Дарил Смејли. Ендрју во февруари се спогоди со Вирџинија Џуфре, која го обвини за сексуално злоставување кога била тинејџерка. Шеесет и двегодишниот Ендрју не призна вина, кога се согласи на вонсудско спогодување и не е обвинет за кривично дело. Во случајот на Џуфре се најде и пријателството на принцот со покојниот Џефри Епштајн, финансиер и сексуален престапник, кого Вирџинија исто така го обвини за сексуално злоставување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-endrju-ostana-bez-titulata-pochesen-gragjanin-na-jork/feed/ 0
Принцот Ендрју ја плати отштетата кон Вирџинија Џуфре https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-endrju-ja-plati-otshtetata-kon-virdzinija-dzufre/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-endrju-ja-plati-otshtetata-kon-virdzinija-dzufre/#respond Wed, 09 Mar 2022 10:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=643915

Принцот Ендрју ѝ ја плати финансиската отштета, по спогодбата, на Вирџинија Џуфре, со што формално завршува граѓанската тужба против него покрената во САД, според судските документи. Судот во Њујорк во вторникот го потпишал решението со коешто се означува последната фаза од решавањето на случајот со сексуалниот напад за кој Џуфре го обвини британскиот принц. Сумата што ја платил војводата од Јорк во договорот од минатиот месец не е откриена, но според судските документи, секоја страна „ќе ги сноси сопствените трошоци и такси“. „Принцот Ендрју никогаш немал намера да го омаловажи ликот на г-ѓа Џуфре и прифаќа дека таа настрадала како жртва на злоупотреба и на неправедни јавни напади“, се вели во документот. Во заеднички претходен документ, адвокатите наведоа дека спогодбата вклучува непозната сума пари и дека војводата од Јорк има намера да направи значителна донација на сметка на добротворната организација на обвинетата, којашто се залага за поддршка на жртвите на насилство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-endrju-ja-plati-otshtetata-kon-virdzinija-dzufre/feed/ 0
Отфрлена молбата на принцот Ендрју за прекинување на процесот за сексуален напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otfrlena-molbata-na-princot-endrju-za-prekinuvanje-na-procesot-za-seksualen-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otfrlena-molbata-na-princot-endrju-za-prekinuvanje-na-procesot-za-seksualen-napad/#respond Wed, 12 Jan 2022 16:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=618541

Американски судија денеска го одби барањето на принцот Ендру да се откаже од тужбата за сексуален напад, што е поведена против овој член на британското кралско семејство. Француските медиуми пренесуваат дека со оваа одлука на судијата Луси Каплан, од судот во Њујорк, се дава зелено светло за продолжување на случајот. Њујоршкиот судија во својата одлука наведува дека молбата на Ендрју да се отфрли граѓанската тужба поднесена од Вирџинија Џуфре е „отфрлена во сите аспекти“. Џуфре тврди дека Епштајн ја нудел за сексуални услуги на негови богати и влијателни партнери, меѓу кои и на принцот Ендру, тврдење кое вториот син на кралицата Елизабета Втора постојано и категорично го негира. Минатата недела, адвокатите на Ендрју го повикаа судијата Каплан да ја отфрли тужбата, повикувајќи се на договорот што Џуфре го потпишала во 2009 година со починатиот финансиер Џефри Епштајн. Адвокатот на Ендрју, Ендрју Бретлер, изјави дека Џуфре „се откажала од своите права“ да гони други обвинети во врска со наводните сексуални престапи на Епштајн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otfrlena-molbata-na-princot-endrju-za-prekinuvanje-na-procesot-za-seksualen-napad/feed/ 0
На принцот Ендрју му е забрането да вечера со кралското семејство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-princot-endrju-mu-e-zabraneto-da-vechera-so-kralskoto-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-princot-endrju-mu-e-zabraneto-da-vechera-so-kralskoto-semejstvo/#respond Tue, 12 Oct 2021 07:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=577518

Британското кралско семејство му забрани на војводата од Јорк, принцот Ендрју да јаде со својот постар брат – војводата од Велс, принцот Чарлс и други членови на семејството. Покрај тоа, војводата, кому му се суди за сексуален напад, на гозбата по повод празникот на полковниците на Армијата, беше замолен повеќе да не ја претставува Гренадерската гарда, и беше побарано да го напушти настанот пред да почне вечерата, пренесува „Сан“. Тој, сепак, на крајот присуствуваше на вечерата како приватно лице. Гласноговорникот на „Кларенс хаус“ истакна: „Гренадерската гарда е претставена од регионалниот генерал-потполковник Роланд Вокер“. Вирџинија Робертс го тужи вториот син на кралицата за наводна сексуална злоупотреба врз неа кога таа била тинејџерка. Робертс тврди дека била жртва на трговија на педофилот милијардер Џефри Епстин – поранешен пријател на војводата, и била сексуално злоупотребена од војводата Ендрју во Лондон, кога имала 17 години – малолетничка според американскиот закон. Британскиот престолонаследник, деветти во редот, постојано ги отфрла обвиненијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-princot-endrju-mu-e-zabraneto-da-vechera-so-kralskoto-semejstvo/feed/ 0
Синот на кралицата Елизабета осомничен за сексуална злоупотреба https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-na-kralicata-elizabeta-osomnichen-za-seksualna-zloupotreba/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-na-kralicata-elizabeta-osomnichen-za-seksualna-zloupotreba/#respond Tue, 10 Aug 2021 11:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=548736

На британскиот принц Ендрју ќе му се суди во Њујорк за наводна сексуална злоупотреба на жена која тврди дека била „најмена“ за секс кога била малолетничка, со посредство на починатиот американски финансиер Џефри Епстин. Во обвинението поднесено до Окружниот суд во Менхетн, се наведува дека Вирџинија Џуфре е тужителка во случајот против обвинетиот, „Принцот Ендрју, војводата од Јорк“. Џуфре тврди дека била „редовно злоупотребувана од Епстин и ангажирана за други моќни мажи, заради сексуална експлоатација. – Еден таков моќен човек беше обвинетиот, принцот Ендрју, изјави Џуфре. Според жалбата, Ендрју сексуално ја злоупотребил во стан во Лондон – сопственост на девојката на Епстин, Гислејн Максвел. Тоа се случило пред повеќе од 20 години, кога наводната жртва имала под 17 години. „Епстин, Максвел и принцот Ендрју ја принудиле тужителката, која во тоа време била малолетна, да има секс со принцот Ендрју против нејзина волја“, се наведува во обвинението. Принцот Ендрју (61) категорично ги отфрли обвинувањата дека имал секс со Џуфре и рече дека не се сеќава дека ја сретнал. Но, овие тврдења го нарушија угледот на британското кралско семејство. Ендрју, вториот син на кралицата Елизабета Втора се повлече од кралските должности во 2019 година поради неговото претходно пријателство со Епстин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-na-kralicata-elizabeta-osomnichen-za-seksualna-zloupotreba/feed/ 0
„Подалеку од моите деца“: Кејт Мидлтон му забрани на принцот да се доближи до Џорџ, Шарлот и Луис https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/podaleku-od-moite-deca-kejt-midlton-mu-zabrani-na-princot-da-se-doblizi-do-dzordz-sharlot-i-luis/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/podaleku-od-moite-deca-kejt-midlton-mu-zabrani-na-princot-da-se-doblizi-do-dzordz-sharlot-i-luis/#respond Fri, 26 Jun 2020 06:19:26 +0000 https://kurir.mk/?p=363183

Откако кралското семејство беше потресено од скандал кон крајот на минатата година во кој 60-годишниот принцот Ендрју беше поврзан со сексуална афера предводена од починатиот Џефри Епштајн, американски финансиер осуден за сексуален предатор, многу членови на најпознатото семејство на Велика Британија му свртеа грб на принцот. Една од нив, според National Enquirer, е сопругата на принцот Вилијам, 38-годишната Кејт Мидлтон, која како мајка на три мали деца, беше особено вознемирена од информациите дека Ендрју е вмешан во секс скандал со малолетни деца. Според медиумите, во моментот кога Кејт дознала за поврзаноста на принцот со аферата, таа започнала хистерично да вика, а потоа му забранила да се приближува кон нејзините деца, шестгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и двегодишниот принц Луис. Иако обвинувањата не се официјално потврдени, 60-годишниот војвода од Њујорк беше виден само во близина на децата во неколку наврати, а нивните родители во тоа време беа со нив.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/podaleku-od-moite-deca-kejt-midlton-mu-zabrani-na-princot-da-se-doblizi-do-dzordz-sharlot-i-luis/feed/ 0
Принцот Ендрју во спор поради наводен долг од пет милиони фунти https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-endrju-vo-spor-poradi-navoden-dolg-od-pet-milioni-funti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-endrju-vo-spor-poradi-navoden-dolg-od-pet-milioni-funti/#respond Fri, 08 May 2020 15:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=343633

Британскиот принц Ендру е во судски спор поради наводниот долг од 5 милиони фунти што требало да им го плати на продавачите на луксузната планинска куќа во модерното скијачко одморалиште Вербиер на швајцарските Алпи, објави „Ле Темпс“. Според францускиот весник, војводата од Јорк и неговата поранешна сопруга Сара, војвотката од Јорк, купиле луксузна вила во Вербиер во 2014 година, но не ја исполниле својата договорна обврска да ги исплатат продавачите во целост најдоцна до декември 2019 година. Портпаролот на британскиот принц потврди дека имало спор меѓу двете страни, но одби да даде дополнителни детали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-endrju-vo-spor-poradi-navoden-dolg-od-pet-milioni-funti/feed/ 0