принц филип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Oct 2021 13:45:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png принц филип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прво официјално обраќање на кралицата Елизабета по смртта на принцот Филип https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvo-oficijalno-obrakjanje-na-kralicata-elizabeta-po-smrtta-na-princot-filip/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvo-oficijalno-obrakjanje-na-kralicata-elizabeta-po-smrtta-na-princot-filip/#respond Sun, 03 Oct 2021 13:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=572270

Кралицата Елизабета Втора прв пат имаше јавно обраќање по смртта на сопругот, принцот Филип. Кралицата отпатува во Шкотска на свечено отворање на парламентот во Единбург, па им се обрати на членовите на парламентот. -Денес е ден кога можеме да славиме оние кои додоа неверојатен придонес кон животот на другите луѓе во Шкотска, локално или национално, за време на Ковид-19 пандемијата. Веќе зборував за својата вечна наклонетост кон оваа прекрасна земја и многу среќни спомени кои не’ врзуваа со принцот Филип. Често се вели дека луѓето се тие кои го прават местото, истакна кралицата. Војводата од Единбург, принцот Филип почина на 9 април годинава во замокот Виндзор во Англија на 99 годишна возраст. Со кралицата Елизабета Втора беа во брак 73 години. Имаат четири деца, осум внуци и десет правнуци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvo-oficijalno-obrakjanje-na-kralicata-elizabeta-po-smrtta-na-princot-filip/feed/ 0
На кралицата Елизабета минатата недела и беше врачена роза од Единбург за да го одбележи 100-от роденден на принцот Филип https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kralicata-elizabeta-minatata-nedela-i-beshe-vrachena-roza-od-edinburg-za-da-go-odbelezi-100-ot-rodenden-na-princot-filip/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kralicata-elizabeta-minatata-nedela-i-beshe-vrachena-roza-od-edinburg-za-da-go-odbelezi-100-ot-rodenden-na-princot-filip/#respond Thu, 10 Jun 2021 07:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=521350

Минатата недела, на кралицата и беше дадена роза од Единбург за да го одбележи 100-от роденден на војводата. Розата беше подарена од Кралското хортикултурно друштво, чија покровителка е Кралицата. Именувана во спомен на војводата, розата е засадена во источната градина во замокот Виндзор. Во 1956 година Неговото кралско височество ја основа наградата Војвода од Единбург, која тој ја опиша како „Направи сам комплет за растење“. Фондот ќе им даде можност на уште еден милион млади луѓе, од сите околности и потекла, да постигнат награда DofE. Секоја купена роза ќе помогне да се воспостават нови центри на DofE, да се продлабочи постоечката поддршка и да се обучат уште илјадници лидери и волонтери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kralicata-elizabeta-minatata-nedela-i-beshe-vrachena-roza-od-edinburg-za-da-go-odbelezi-100-ot-rodenden-na-princot-filip/feed/ 0
Што пишува во тестаментот на принцот Филип? Зад него остави 35 милиони евра, кој ќе ги наследи? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-pishuva-vo-testamentot-na-princot-filip-zad-nego-ostavi-35-milioni-evra-koj-kje-gi-nasledi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-pishuva-vo-testamentot-na-princot-filip-zad-nego-ostavi-35-milioni-evra-koj-kje-gi-nasledi/#respond Mon, 17 May 2021 08:34:28 +0000 https://kurir.mk/?p=511223

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, која почина на 9 април, за време на смртта бил „тежок“ со околу 30 милиони фунти (околу 35 милиони евра), но малку се знае за тоа кој ќе го наследи неговото богатство. Затоа се зголемува притисокот врз Владата да ја објави волјата на војводата од Единбург, за деталите за неговото лично богатство да не остане тајна, пишуваат британските медиуми, додавајќи дека притисокот доаѓа од Домот на лордовите. Дејвид Меклар, експерт за кралското семејство, вели дека тестаментот на принцот Филип треба да се третира како последна желба на секој британски граѓанин. Тој за „Сан“ изјави дека повиците за детали се валидни затоа што тие можат да „спречат измама“ во кралското семејство. Иако помина повеќе од еден месец откако принцот Филип почина во замокот Виндзор, малку се знае за тоа кој ќе го наследи неговото богатство. Единствената гласина е дека коњите ќе ги наследе неговата внука Лејди Луиз. Луиз (17), наводно, покрај животните ќе го наследи и пајтонот на Филип, бидејќи обожавала да вози со својот дедо во неа. Покрај тоа, малку е познато на јавноста за тоа што Филип го имал во сопственост, како и за тоа што секој може да наследи. Меклар претходно изјави дека верува оти целиот имот што Филип го оставил од себе најверојатно ќе го наследи кралицата, со која војводата беше во брак 73 години. - Главно се прави на тој начин, сопружниците наследуваат. Во тој случај, тие не се обврзани да плаќаат данок - рече тој. Министерот за правда претходно рече дека наследниците можат да побараат содржината на тестаментот да не биде објавена во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-pishuva-vo-testamentot-na-princot-filip-zad-nego-ostavi-35-milioni-evra-koj-kje-gi-nasledi/feed/ 0
ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА ПРИНЦОТ ФИЛИП – еве што стои во официјалниот извештај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrina-prichinata-za-smrtta-na-princot-filip-eve-shto-stoi-vo-oficijalniot-izveshtaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrina-prichinata-za-smrtta-na-princot-filip-eve-shto-stoi-vo-oficijalniot-izveshtaj/#respond Wed, 05 May 2021 08:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=505750

Според официјалниот извештај, принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, починал од старост. Палатата Бакигем претходно објави дека војводата од Единбург „замина мирно“ на 9 април, во замокот Виндзор, без да открие детали за неговата смрт. Британските медиуми сега имаа пристап до официјалните извештаи во кои се наведува дека принцот Филип починал од старост и дека нема други болести или повреди што влијаеле на трагичниот исход. Во извештајот не се споменува дури и проблемот со срцето, поради кој принцот Филип беше опериран на почетокот на годината, кога мина скоро еден месец во болницата. Медиумите наведуваат дека лекарот може да ја наведе возраста како причина за смрт во случај пациентот да има над 80 години и да се влоши општата состојба на пациентот. Да потсетиме, војводата беше пуштен од болница во март, а последните денови ги помина со кралицата во замокот. Тој беше погребан на 17 април, а неговите најблиски го испратија на вечно почивање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrina-prichinata-za-smrtta-na-princot-filip-eve-shto-stoi-vo-oficijalniot-izveshtaj/feed/ 0
Медиумите пишуваат: Кој ќе го наследи богатството на принцот Филип? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mediumite-pishuvaat-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-na-princot-filip/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mediumite-pishuvaat-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-na-princot-filip/#respond Thu, 22 Apr 2021 08:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=500685

По погребот на принцот Филип, британските медиуми пишуваат за неговото наследство. Принцот зад себе оставил богатство кое се проценува на 10 милиони фунти. Дел од него го заработил додека работел во морнарицата, а не треба да се заборави и дека како член на кралското семејство заработувал околу 400.000 фунти годишно. Покрај ова, со кралицата вложувал во недвижности, акции, уметнички колекции и ретки книги Кралското семејство не ја откри содржината на тестаментот на принцот, а единствено што е познато е дека неговата кочија и понито ќе ги наследни внуката Луис, 17-годишната ќерка на принцот Едвард, која со дедо и' ја делеле страста кон коњите. Дел од неговиот имот ќе наследат неговите четири деца принцовите Чарлс, Едвард и Ендру и принцезата Ана, меѓутоа најголемиот дел се претпоставува, ќе и припадне на кралицата Елизабета Втора. Иако се очекуваше дека неговатата титула ќе ја наследи принцот Едвард, сепак таа  ќе му биде доделена на Чарлс, кој ќе ја проследи до Едвард кога ќе стане крал. Освен тоа, целиот имот кој по смртта на Филип ќе го добие кралицата од неа ќе го наследи Чарлс, па така тој ќе биде оној кој на крај ќе добие најголем дел од богатството на таткото. Британските медиуми пишуваат и дека најверојатно дел од имотот принцот Фиип оставил за хуманитарните организации кои ги поддржувал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mediumite-pishuvaat-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-na-princot-filip/feed/ 0
Меган Маркл не присуствуваше на погребот на принцот Филип https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/megan-markl-ne-prisustvuvashe-na-pogrebot-na-princot-filip/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/megan-markl-ne-prisustvuvashe-na-pogrebot-na-princot-filip/#respond Sat, 17 Apr 2021 17:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=498605

Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што се собраа учесниците на поворката, меѓу кои принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој дојде без неговата сопруга Меган Маркл. Меган Маркел не присуствуваше на погребот на принцот Филип, но пронајде начин како да му одаде почит. Имено, таа оставила рачко напишана порака на венецот за принцот Филип во капелата Свети Ѓорѓи на ден на неговиот погреб. Британскиот принцип Филип попладнево е погребан во капелата на замокот Виндзор. Кралицата Елизабета Втора се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје, поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/megan-markl-ne-prisustvuvashe-na-pogrebot-na-princot-filip/feed/ 0
Погребан британскиот принц Филип https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogreban-britanskiot-princ-filip/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogreban-britanskiot-princ-filip/#respond Sat, 17 Apr 2021 16:06:15 +0000 https://kurir.mk/?p=498579

Британскиот принцип Филип попладнево е погребан во капелата на замокот Виндзор. Кралицата Елизабета Втора се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје, поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели. Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот беше преместен од приватната капела во салата, од каде започна поворката. Луѓето, кои не учествуваа во поворката, заминаа кон капелата нешто по девет часот. Телото на принцот беше положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и беше пренесено на местото за почивање. Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што се собраа учесниците на поворката, меѓу кои принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој дојде без неговата сопруга Меган Маркл. Би-Би-Си објави дека во капелата, принцовите Хари и Вилијам седат еден спроти друг, односно Хари седи сам од едната страна, додека Вилијам седи со сопругата и децата. Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваа во поворката се војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство. Поворката стигна до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот се одржа национално едноминутно молчење. Церемонијата на погребот беше предводена од деканот на Виндзор, Дејвид Конер, а благословот го даде архиепископот од Кантербери, Џастин Велби. Конер рече дека „долгиот живот на Филип бил благослов за сите“ и дека луѓето биле „инспирирани од лојалноста на Филип кон кралицата, службата на нацијата и Комонвелтот, од неговата храброст, цврстина и верба“. Архиепископот Велби прочита дел од евангелието на Јован, цитирајќи го Исус Христос: „Јас сум воскресението и животот. Оној што верува во мене ќе живее. Кој живее и верува во мене, никогаш нема да умре”. Гостите, вкупно 30, седеа на оддалеченост од два метра, со маски. Хор од само четири члена ги пееше делата избрани од војводата од Единбург. На крајот на службата, телото на принцот беше сместено во кралската крипта во капелата. На ковчегот на принцот е положен неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogreban-britanskiot-princ-filip/feed/ 0
ФОТО: Погребна церемонија на принцот Филип, едноминутно национално молчење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-pogrebna-ceremonija-na-princot-filip-ednominutno-nacionalno-molchenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-pogrebna-ceremonija-na-princot-filip-ednominutno-nacionalno-molchenje/#respond Sat, 17 Apr 2021 15:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=498567

Во капелата на замокот Виндзор во тек е погребот на принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали. Кралицата Елизабета Втора ќе се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје, поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели. Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот беше преместен од приватната капела во салата, од каде започна поворката. Луѓето, кои не учествуваат во поворката, заминаа кон капелата нешто по девет часот. Телото на принцот беше положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и беше пренесено на местото за почивање. Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што се собираат учесниците на поворката, меѓу кои принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој дојде без неговата сопруга Меган Маркл. Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваат во поворката се војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство. Поворката стигна до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот се одржа национално едноминутно молчење. Архиепископот од Кантербери ќе ја води службата, а гостите, вкупно 30, ќе седат со почит на оддалеченост од два метра, со маски. Хор од само четири члена ќе ги пее делата избрани од војводата од Единбург. На крајот на службата, телото на принцот ќе биде сместено во кралската крипта во капелата. На ковчегот на принцот е положен неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-pogrebna-ceremonija-na-princot-filip-ednominutno-nacionalno-molchenje/feed/ 0
Церомонијата ја испланирал сам, денеска ќе биде погребан принцот Филип https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ceromonijata-ja-isplaniral-sam-deneska-kje-bide-pogreban-princot-filip/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ceromonijata-ja-isplaniral-sam-deneska-kje-bide-pogreban-princot-filip/#respond Sat, 17 Apr 2021 10:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=498470

Во капелата на замокот Виндозр денеска ќе се одржи погребот на принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали. Кралицата Елизабета Втора ќе се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели. Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот е преместен од приватната капела во салата, од каде ќе започне поворката. Луѓето, кои не учествуваат во поворката, ќе заминат кон капелата нешто по девет часот. Телото на принцот ќе биде положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и ќе биде пренесен на местото за почивање. Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што ќе се соберат учесниците на поворката, меѓу кои се принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој доаѓа без неговата сопруга Меган Маркл. Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваат во поворката се војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство. Поворката ќе стигне до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот ќе се одржи национално едноминутно молчење. Архиепископот од Кантербери ќе ја води службата, а гостите, вкупно 30, ќе седат со почит на оддалеченост од два метра, со маски. Хор од само четири члена ќе ги пее делата избрани од војводата од Единбург. На крајот на службата, телото на принцот ќе биде сместено во кралската крипта во капелата. На ковчегот на принцот ќе се положи неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ceromonijata-ja-isplaniral-sam-deneska-kje-bide-pogreban-princot-filip/feed/ 0
ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ – познато како и каде ќе седи кралицата за време на погребот, а еве го и списокот на лицата кои ќе присуствуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posledni-podgotovki-poznato-kako-i-kade-kje-sedi-kralicata-za-vreme-na-pogrebot-a-eve-go-i-spisokot-na-licata-koi-kje-prisustvuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posledni-podgotovki-poznato-kako-i-kade-kje-sedi-kralicata-za-vreme-na-pogrebot-a-eve-go-i-spisokot-na-licata-koi-kje-prisustvuvaat/#respond Fri, 16 Apr 2021 13:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=498162

Последните подготовки за погребот на сопругот на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип завршија денеска во замокот Виндзор . Церемонијата ќе биде поскромна поради пандемијата на коронавирусот, иако тоа ќе ја рефлектира неговата долга кариера во воената и јавната служба. Полицијата патролирапред замокот, а реки од луѓе носат венци. Телевизиските компании од целиот свет зазедоа позиции пред историската кралска резиденција западно од Лондон за погребот на највисокиот член на кралското семејство од погребот на мајката на кралицата во 2002 година. Поради пандемијата со коронавирусот, плановите за погреб брзо беа променети, бидејќи владините упатства го ограничуваат бројот на гости на само 30. Но, Бакингемската палата посочува дека церемонијата ќе ја рефлектира доживотната врска на принцот Филип со британската морнарица. - Тоа ќе ја одрази воената прецизност и мислам дека ќе биде, пред сè, прослава на убавиот живот, рече генералот Ник Картер. - Мислам дека тоа ќе покаже и колку вооружените сили го сакаа и почитуваа, изјави тој за Би-Би-Си. Принцот Филип, кој беше во брак со кралицата 73 години, почина на 9 април на 99-годишна возраст откако помина еден месец во болница поради проблеми со срцето и инфекција. Палатата објави список со гости во четвртокот и откри дека принцовите Вилијам и Хари нема да одат зад ковчегот еден до друг. Меѓу нив ќе биде и нивниот братучед Питер Филипс, синот на принцезата Ана. Церемонијата започнува со поворка во 2.40 часот по локално време (15.40 часот по средноевропско време) и национално минутно молчење во 15 часот. Сите гости, вклучително и Кралицата, која следната недела ќе наполни 95 години, ќе носат маски, ќе седат одделно и ќе ја почитуваат физичката оддалеченост. Кралицата ќе седи сама. Четиричлениот хор на погребот ќе пее композиција избрана од самиот принц, а службата ќе трае 50 минути. Меѓу 30-те гости ќе бидат принцот престолонаследник Чарлс, неговата втора сопруга Камила и уште три деца на кралицата и осум внуци со нивните сопруги. Ќе бидат присутни и децата на починатата сестра на кралицата принцезата Маргарет и тројца братучеди на Филип од Германија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posledni-podgotovki-poznato-kako-i-kade-kje-sedi-kralicata-za-vreme-na-pogrebot-a-eve-go-i-spisokot-na-licata-koi-kje-prisustvuvaat/feed/ 0