принцеза Дијана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 07:39:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png принцеза Дијана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откриена тајна во фотографиите на Дијана и Чарлс: Поради комплекс на сегашниот крал, убавицата требало да ги следи ОВИЕ правила (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-tajna-vo-fotografiite-na-dijana-i-charls-poradi-kompleks-na-segashniot-kral-ubavitsata-trebalo-da-gi-sledi-ovie-pravila-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-tajna-vo-fotografiite-na-dijana-i-charls-poradi-kompleks-na-segashniot-kral-ubavitsata-trebalo-da-gi-sledi-ovie-pravila-foto/#respond Mon, 18 Sep 2023 07:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=878986

Кралот Чарлс Трети и неговата прва сопруга, покојната принцеза Дијана, често беа фотографирани заедно за време на нивниот 15-годишен брак, а официјалните фотографии доловуваат сè, од нивната свршувачка до раѓањето на нивните два сина, принцот Вилијам и принцот Хари. Но, сега на многу од нив се појави еден необичен детал кој ги збуни кралските фанови, а тоа е висината на кралот Чарлс. Неколку фотографии од монархот и покојната принцеза, која трагично почина во 1997 година,  покажуваат дека неговото височество е неколку сантиметри повисоко од Дијана, но во реалноста тие биле со иста висина, точно 178 сантиметри. Принцезата Дијана често носеше чевли кои беа рамни или со многу мала потпетица за да не се надвиваат над нејзиниот тогашен сопруг, па дури мораше внимателно да ги избира чевлите за венчавка за да се осигура дека не е премногу висока. Но, и покрај нивната висина, Чарлс на многу фотографии изгледа значително повисок од Дијана. Сега еден од обожавателите сподели серија токму такви фотографии на социјалните мрежи, по што многумина се огласија во коментари и зборуваа за овој необичен детаљ. „Затоа секогаш ја наведнуваше главата надолу. Носеше рамни или многу ниски потпетици“, „Неговото височество можеби стоеше на кутија“, заклучија некои од нив. Според една статија објавена на The Society Pages, ова може да има врска со општествените очекувања дека мажите треба да бидат повисоки од жените. „Тие обично беа поставени за да остават впечаток дека е значително повисок од неа или барем за да го прикријат фактот дека не е. Обидот да се направи Чарлс да изгледа повисок е општествена посветеност на идејата дека мажите се повисоки и жените се пониски. Кога нашите сопствени тела и нашите партнери не го следат ова правило, понекогаш ќе се потрудиме да ја зачуваме илузијата“, објаснила професорката на Оксидентал колеџот Лиза Вејд.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-tajna-vo-fotografiite-na-dijana-i-charls-poradi-kompleks-na-segashniot-kral-ubavitsata-trebalo-da-gi-sledi-ovie-pravila-foto/feed/ 0
ФОТО: Фустан на принцезата Дијана оди на аукција, се очекува да се продаде за 400.000 евра https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-fustan-na-printsezata-dijana-odi-na-auktsija-se-ochekuva-da-se-prodade-za-400-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-fustan-na-printsezata-dijana-odi-na-auktsija-se-ochekuva-da-se-prodade-za-400-000-evra/#respond Thu, 07 Sep 2023 10:06:39 +0000 https://kurir.mk/?p=875666

Црвениот фустан на принцезата Дијана, дизајниран од Брус Олдфилд, е даден на аукција во Беверли Хилс со почетна цена од 25.000 долари. Дијана долгиот црвен свилен фустан го носела  со бисерен ѓердан и сатенски чевли. Го носела во неколку наврати, двапати во 1989 година и еднаш на 18 ноември 1991 година на светската премиера на филмот „Hot Shots!“ во киното Одеон на плоштадот Лестер во Лондон. Долгиот црвен фустан има рачно изработен преден дел. Собран е, со дискретно деколте. Во средишниот дел фустанот е тесен и ја истакнува фигурата. Од колковите, фустанот нежно паѓа на подот, а хоризонталните набори се извиваат од средниот шев и се протегаат кон грбот, пишува „Дејлимејл“. Додека моменталната највисока понуда е 25.000 долари, се проценува дека фустанот ќе се продаде за меѓу 200.000 и 400.000 долари на аукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-fustan-na-printsezata-dijana-odi-na-auktsija-se-ochekuva-da-se-prodade-za-400-000-evra/feed/ 0
ДЕНОТ КОГА СВЕТОТ ПЛАЧЕШЕ: 26 години од смртта на принцезата Дијана https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/denot-koga-svetot-placheshe-26-godini-od-smrtta-na-printsezata-dijana/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/denot-koga-svetot-placheshe-26-godini-od-smrtta-na-printsezata-dijana/#respond Thu, 31 Aug 2023 07:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=872807

Британската принцеза Дијана, поранешната сопруга на британскиот престолонаследник принцот Чарлс, загина на 31 август 1997 година, во сообраќајна несреќа во тунелот Понт де ал Алма во Париз. Со неа беа и Доди Ал-Фајед и менаџерот за безбедност на хотелот Риц-Париз, Анри Пол, кој возел изнајмен „мерцедес-бенц“. По нив возеле папараци кога нивниот автомобил удрил во столб во тунелот. Ниту еден од четворицата патници во автомобилот не носел појас. Принцезата Дијана во тоа време беше најпопуларната жена во светот, а нејзините приватни фотографии вредеа милиони. Затоа папараците не сакаа да ја остават на мир дури и кога лежела мртва во болницата во Париз, тврди нејзиниот личен возач Колин Тебут, кој пред три години првпат проговори за трауматските настани во Париз. Тестовите покажале дека Хенри Пол бил под дејство на алкохол додека возел и имал три пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното. За да ги избегне папараците возел со голема брзина.  Таа ноќ Дијана починала од добиените повреди во сообраќајна несреќа. Многумина сè уште веруваат дека била убиена. Една од теоорите е дека непосредно пред нејзината трагична смрт  Дајана му напишала писмо на својот батлер Пол Бурел дека ќе биде убиена во сообраќајка. Таа пред несреќата неофицијално го промовирала Пол од батлер во нејзин доверник и пријател. Бурел во својата книга, Royal Duty, пишува дека Дијана му рекла дека ќе го напише ова писмо, наведувајќи: „Ќе му ставам датум и сакам да го задржиш. За секој случај“. Таа го ставила писмото во плик. Пол го чувал пликот, во кое стоело името на човекот кој планирал да ја убие. „Мирор“ објави дел од писмото, но, плашејќи се од тужби, името на убиецот не било објавено во јавноста. „Седам на моето биро, копнеејќи некој да ме прегрне и да ме охрабри да бидам силна и да ја држам главата високо. Оваа посебна фаза од мојот живот е најопасна“, напишала Дијана во писмото. Таа објаснила во писмото дека некој планира да ѝ ги расипе сопирачките на автомобилот. Објаснила дека некој планира да го расчисти патот за нејзинот брак со Чарлс. Според некои теории, принцезата била убиена од непријатели на семејството Фајед. Името на Мохамед ал-Фајед постојано се поврзува со теории на сомнителни зделки, поткуп на членовите на парламентот, па дури и трговија со оружје. Многумина веруваат дека главна цел на несреќата била Доди. А, присуството на принцезата било совршен начин да се сврти вниманието од вистинскиот мотив. Една од теориите е дека Дијана била бремена и дека таа носела дете на Доди. Потенцијалниот брак со него би бил непријатен за многу луѓе, особено за кралското семејство. Ваквата теорија ја изнел Крис Лафајет, поранешен вработен во списанието „Пари мач“, кој исто така напишал книга за Дијана. Книгата излезе на десетгодишнината од смртта на принцезата, а во неа Лафајет објаснува колку луѓе би биле погодени од можната бременост на Дајана. Некои сметаат дека Доди веќе бил тајно верен со Дијана. Некои, пак, тврдат дека Дајана била бремена од нејзиниот поранешен љубовник, кардиохирургот од пакистан Хаснат Кан. Француски новинар цитирал таен документ од архивата на една париска болница, кој бил доказ дека во моментот на нејзината смрт принцезата била бремена десет недели. Во тие моменти, Дијана со Доди била само еден месец. Дури и истакнати пакистански семејства, кои биле остро против врската на Кан со Дијана, се вклучени во теориите на новинарите. Тоа што книгата е објавена точно на десетгодишнината од смртта на принцезата, става сомнеж дека станува збор за обид да заработат пари од трагедијата. Постојат исто така и теории дека смртта на Дијана, нешто слично како и трагичната судбина на голем број славни лица, е лажирана. Некои се сомневаат дека принцезата и Доди ја режирале својата несреќа и смрт, за да можат да се повлечат на приватен остров и да живеат изолирани од сите. Според психолозите, ваквите теории се сосема природни, бидејќи кога заминува лице од такво значење за луѓето, нормално е неговата смрт да биде доведена во прашање, бидејќи е тешко да се стави крај на една легенда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/denot-koga-svetot-placheshe-26-godini-od-smrtta-na-printsezata-dijana/feed/ 0
Доаѓа нов документарец за принцезата Дајана со досега невидени снимки и интервјуа https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/doaga-nov-dokumentarets-za-printsezata-dajana-so-dosega-nevideni-snimki-i-intervjua/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/doaga-nov-dokumentarets-za-printsezata-dajana-so-dosega-nevideni-snimki-i-intervjua/#respond Sun, 30 Jul 2023 17:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=861779

Режисерот кој во 2017 година монтирал делови од неговиот разговор со еден од најстарите пријатели на принцезата, Џејмс Колтурст, во документарниот филм „Diana in her own words“, подготвува два документарни филма – за Дијана и за кралот Чарлс. Станува збор за американскиот режисер Том Џенингс, добитник на Еми: тој неодамна се пофали дека во претходниот филм за трагично убиената принцеза од Велс, не открил се. „Имаме уште шест часа видео снимки“, рече режисерот на телевизискиот фестивал во Монте Карло. Тоа се, имено, разговорите што Џејмс Колтурст ги водел со Дајана во 1991 година, по нејзин налог, во палатата Кенсингтон, додека нејзиниот брак со Чарлс се распаѓал, пишува Дејли Мејл. Режисерот подготвува уште поотворени документарни филмови – еден за Дијана, а друг за нејзиниот поранешен сопруг, кралот Чарлс, кои би можеле „радикално да ја сменат монархијата“. Неговиот проект за Дијана ќе ја опфати нејзината врска со членовите на нејзиното семејство – вклучувајќи ја и нејзината маќеа, втората сопруга на нејзиниот татко, Рајна Спенсер, ќерката на писателката на романси, Барбара Картланд. Отпрвин не се согласуваа, но подоцна маќеата стана една од блиските пријателки на принцезата. Но, вториот проект на Џенингс за кралот може да ја засени новата приказна за Дијана и нејзиниот однос со членовите на англиското кралско семејство Спенсер. „Најдовме неверојатни снимки од принцот од Велс во тоа време и сегашен крал“, рече тој, додавајќи дека поминал месеци просејувајќи низ, како што вели, милји празни снимки. Особено му се допаднало видеото во кое идниот крал „се бори“ со гајдите. Вели дека урнебесниот момент го потсетил на Монти Пајтон. Проучувајќи го ликот и делото на Чарлс III. тој се уверил себеси дека е способен значително да ја промени монархијата. „Го гледам како мост помеѓу минатото, каде што е неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, и иднината, каде што е Вилијам“, рече режисерот, кој верува дека монархијата е пред возбудливи промени. „Не би ме изненадило да го видам кралот на Англија како држи политички говор за пет години“, заклучил Том Џенингс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/doaga-nov-dokumentarets-za-printsezata-dajana-so-dosega-nevideni-snimki-i-intervjua/feed/ 0
Омилениот појадок на Лејди Ди којшто го јадела барем 3 пати неделно: Цел ден била сита, а поради него никогаш немала вишок килограми https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/omileniot-pojadok-na-lejdi-di-kojshto-go-jadela-barem-3-pati-nedelno-tsel-den-bila-sita-a-poradi-nego-nikogash-nemala-vishok-kilogrami/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/omileniot-pojadok-na-lejdi-di-kojshto-go-jadela-barem-3-pati-nedelno-tsel-den-bila-sita-a-poradi-nego-nikogash-nemala-vishok-kilogrami/#respond Fri, 14 Jul 2023 07:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=856540

Принцезата Дајана и денес е синоним за дама со борбен карактер која не трпела бесмислени ограничувања, па поради тоа е инспирација на многу од дамите. Таа секогаш прекрасно изгледала, имала витка линија, а нејзините модни комбинации и натаму се копираат. За да ја задржи својата прекрасна форма, таа се грижела за исхраната, а омилениот појадок многу ѝ помогнал да остане сита и згодна. Имено, шефот на кујната Дарен Мекгрејди во една прилика кажал дека најмалку три пати неделно наутро принцезата јадела грав. Немојте да се чудите зошто тоа за Велика Британија е целосно нормално. Со тоа јадење принцезата сакала да јаде и еден грејпфрут, да се напие шолја кафе и чаша сок од портокал и тоа било сѐ пред да оди во теретана. „Сакаше грав затоа што некој ѝ кажал дека има малку јаглехидрати, малку масти и протеини, што е одлично за некој којшто вежба“, изјавил шефот на кујната Мекгрејди. Инаку, гравот се служи со јајца, колбаси, сланина и печурки и заедно го прават омилениот традиционален англиски појадок. Анета Константинидес, новинарка на „Insider“, го пробала омилениот појадок на принцезата Дајана и потоа ѝ било јасно зошто принцезата јадела баш грав пред тренинг. „Баш како и Дајана, открив дека печениот грав е одличен начин да се наполните со „гориво“ пред да одите на тренинг. Вообичаено го јадам со печени јајца и некое фета сирење (сепак сум од Грција). Додавам една лажица авокадо доколку имам. И гравот секогаш го јадам со многу лут сос и свеж, мелен, црн бибер. Гравот има одличен вкус“, открила таа. Ни за Дајана не се варел грав наутро, туку таа го јадела оној од конзерва, а тој го пробала новинарката Анета. „За загревање на гравот потребни ви се само две и пол минути и здрав е. За појадок користам половина лименка која има 150 калории, девет грама протеини и нула грама масти“, вели новинарката. Како изгледал тренингот на Лејди Ди? Степ аеробик којшто е популарен во последните 2 декади на минатиот век, како и кардио вежби, биле неизоставен дел од тренингот на принцезата. Покрај тоа таа практикувала и трчање и долги прошетки кои особено ги сакала. Како мајка на две момчиња, таа не дозволувала да го запостави вежбањето. Интересно е тоа што Џени Ривит ѝ ја всадила љубовта кон ролерите кои често ги возела. Секој кој барем еднаш се обидел, знаел колку се тие добри за затегнување на мускулите, пред сѐ нозете, а поради одржување на рамнотежа ангажирани се и рацете, односно цело тело. Таквата активност исто така е многу забавна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/omileniot-pojadok-na-lejdi-di-kojshto-go-jadela-barem-3-pati-nedelno-tsel-den-bila-sita-a-poradi-nego-nikogash-nemala-vishok-kilogrami/feed/ 0
Го вратила за да и направат соодветни обетки и повеќе никогаш не го добила – историскиот ѓердан на принцезата Дијана оди на наддавање https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-vratila-za-da-i-napravat-soodvetni-obetki-i-poveke-nikogash-ne-go-dobila-istoriskiot-gerdan-na-printsezata-dijana-odi-na-naddavane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-vratila-za-da-i-napravat-soodvetni-obetki-i-poveke-nikogash-ne-go-dobila-istoriskiot-gerdan-na-printsezata-dijana-odi-na-naddavane/#respond Tue, 16 May 2023 09:34:36 +0000 https://kurir.mk/?p=834716

Ѓердан и обетки од бисер што ѝ припаѓале на покојната британска принцеза Дијана и коишто таа ги носела на еден од нејзините последни јавни појавувања, ќе бидат понудени на аукција во јуни. Имено, Лејди Ди во јуни 1997 година присуствуваше на изведба на „Лебедово езеро“ на Британскиот национален балет во „Ројал Алберт хол“ во Лондон. Ѓерданот содржи платина, седум бисери од Тихиот Океан и 178 дијаманти. Нејзините фотографии од таа вечер го обиколија светот. Накитот е дело на златарницата „Гарард“ во Лондон, а во дизајнот учествувала и Дијана. По балетот, таа го вратила, за во „Гарард“ да може да ѝ направат и пар соодветни обетки. Но, во меѓувреме, таа загинала во Париз. Комплетот познат како „Лебедово езеро“ ќе биде понуден на наддавање во хотелот „Пјер“ во Њујорк на 27 јуни. Дијамантите вкупно имаат вредност од над 50 карати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-vratila-za-da-i-napravat-soodvetni-obetki-i-poveke-nikogash-ne-go-dobila-istoriskiot-gerdan-na-printsezata-dijana-odi-na-naddavane/feed/ 0
ИСПЛИВА ТАЈНА СТАРА 37 ГОДИНИ – принцезата Дијана била уапсена и тоа со оваа личност која ја мразела целото кралско семејство од дното на душата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ispliva-tajna-stara-37-godini-printsezata-dijana-bila-uapsena-i-toa-so-ovaa-lichnost-koja-ja-mrazela-tseloto-kralsko-semejstvo-od-dnoto-na-dushata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ispliva-tajna-stara-37-godini-printsezata-dijana-bila-uapsena-i-toa-so-ovaa-lichnost-koja-ja-mrazela-tseloto-kralsko-semejstvo-od-dnoto-na-dushata-foto/#respond Thu, 23 Mar 2023 12:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=815446

Принцезата Дијана е запаметена како личност која ја сакаше целиот свет, а со својот изглед, однос кон луѓето и постапки вечно ќе биде во срцата на сите генерации. Војвотката од Јорк која беше и најдобра другарка на принцезата до нејзината смрт, неодамна во една емисија откри анегдота за својата моминска вечер во 1986-та година. Имено открила дека таа и принцезата Дијана биле маскирани во полицајки и дека отишле во еден ноќен клуб. -Секако за да одите во ноќен клуб со принцезата од Велс мора да се маскирате... седнавме и келнерот ни рече: „Простете, но ова е клуб за забава, а ние не служиме полицајци тука“. Меѓутоа бевме толку многу уверливи што го убедивме обезбедувањето да го испразни клубот, а тоа и се случи. А потоа Дијана сама се разоткри признавајќи и на една жена дека има исти таков фустан каков што носела таа во клубот. Сара ја потсетила дека се полицајки, но веќе било доцна. -И тогаш нас не уапсија, раскажува Фергусон. -Бевме во задниот дел од комбето и ги ставивме свршеничките прстени на другата рака, а Дијана само забележала отворен чипс кој земала да го јаде, вели Сара. Потоа полицаецот и рекол дека не може да го јаде, а откако дознале кој се немало што да прават освен да ги пуштат да се до забавуваат. Инаку војвотката од Јорк и поранешна сопруга на британскиот принц Ендру, Сара Фергусон со години беше една од најомразените членови на британското кралско семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ispliva-tajna-stara-37-godini-printsezata-dijana-bila-uapsena-i-toa-so-ovaa-lichnost-koja-ja-mrazela-tseloto-kralsko-semejstvo-od-dnoto-na-dushata-foto/feed/ 0
Се омажи внуката на принцезата Дијана – свадбената церемонија се случи на место кое е несекојдневно за венчавки https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-omazhi-vnukata-na-printsezata-dijana-svadbenata-tseremonija-se-sluchi-na-mesto-koe-e-nesekojdnevno-za-venchavki/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-omazhi-vnukata-na-printsezata-dijana-svadbenata-tseremonija-se-sluchi-na-mesto-koe-e-nesekojdnevno-za-venchavki/#respond Thu, 23 Mar 2023 10:06:09 +0000 https://kurir.mk/?p=815361

Лејди Амелија Спенсер (30), внука на покојната принцеза Дијана се омажи, неполни три години по свршувачката со Грег Малет (30). Лејди Амелија Спенсер рече „да“. Манекенката, внука на Лејди Дијана, се омажи за своето момче Грег Малет кој ја запроси пред три години. Церемонијата се одржа во Јужна Африка, срцето на Амелија, каде убавицата помина добар дел од своето детство откако нејзините родители, Чарлс Спенсер и Викторија Ајткен се разведоа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Greg Mallett (@gregmallett)

Амелија, всушност, со нејзината близначка Елиза, нејзината постара сестра Кити и најмладиот од куќата Луис, пораснаа во Кејп Таун и отсекогаш сонувала да ја прослави својата венчавка во земјата која отсекогаш била дом за неа. И така беше. Церемонијата се одржа на поранешната фарма Ла Кот која датира од 1698 година, во која сега се наоѓа одморалиште, во градот Франшхук, на околу 75 километри од Кејп Таун.
Не протече никаква индикреција за фустанот на невестата или за забавата, а фотографиите (засега) останаа строго доверливи. Она што е сигурно е дека не било нешто особено претерано: Ла Кот фармата може да прими најмногу 102 гости.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-omazhi-vnukata-na-printsezata-dijana-svadbenata-tseremonija-se-sluchi-na-mesto-koe-e-nesekojdnevno-za-venchavki/feed/ 0
СРАМЕН ПОТЕГ НА КАМИЛА ПАРКЕР: Постапката на новата кралица се смета за нејзино најголемо промашување во историјата – ЕВЕ ЗА ШТО СЕ РАБОТИ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sramen-poteg-na-kamila-parker-postapkata-na-novata-kralica-se-smeta-za-nejzino-najgolemo-promashuvanje-vo-istorijata-eve-za-shto-se-raboti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sramen-poteg-na-kamila-parker-postapkata-na-novata-kralica-se-smeta-za-nejzino-najgolemo-promashuvanje-vo-istorijata-eve-za-shto-se-raboti-foto/#respond Wed, 21 Sep 2022 06:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=735503

Изгледа дека новата кралица продолжува да ја копира Лејди Ди секогаш кога ќе добие прилика… Не стивнува интересот за настаните за време на повеќедневната кралска церемонија за проштавање со Елизабета Втора. Сето ова ја врати во центарот на интерес смртта на принцезата Дијана, која многу поддржувачи на круната ја поврзуваат со не толку одличниот однос со покојниот владетел. Општо е познато дека принцезата од Велс не била сакана од таа институција, но таа и денес е популарна меѓу народот. Таа ги воодушевуваше сите со своето однесување и ставови, но и со својот безвременски стил, кој многу дами се обидуваат да го копираат. И верувале или не, меѓу нив е и Камила Паркер! Имено, таа се претстави како голема пријателка на Дијана, па дури и нагласи колку е среќна што ја нашла вистинската личност како Чарлс. Сепак, се чинеше дека вистината е сосема поинаква. Бидејќи гласините се шират со децении, Камила наводно не била добар избор за престолонаследник. Но, таа очајно сакаше да придобие почит кај луѓето и не и беше непознато да го копира стилот на принцезата од Велс, не надевајќи се дека тоа ќе има само спротивен ефект. Поточно, лавина од коментари предизвика нејзиното појавување во црна креација, која неодоливо потсетуваше на познатиот одмазднички фустан на Дијана. Често се забележуваат сличности во стајлингот на членовите на кралското семејство со модните избори на Лејди Дијана, а Меган Маркл исто така неколку пати и оддаде почит. Но, овој пат не ги доживеа критиките кои Камила Паркер мораше да ги издржи. Непотребно е да се каже дека овој потег на Меган беше поздравен од многумина, посочувајќи дека во некои моменти изгледа како да има слична судбина како нејзината свекрва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sramen-poteg-na-kamila-parker-postapkata-na-novata-kralica-se-smeta-za-nejzino-najgolemo-promashuvanje-vo-istorijata-eve-za-shto-se-raboti-foto/feed/ 0
ОВА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ПАТ КОГА КРАЛИЦАТА ГО ПРЕКРШИЛА ПРОТОКОЛОТ: Сè се случило на погребот на принцезата Дијана, сите велат со овој чин и оддала огромна почит (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-edinstveniot-pat-koga-kralicata-go-prekrshila-protokolot-se-se-sluchilo-na-pogrebot-na-princezata-dijana-site-velat-so-ovoj-chin-i-oddala-ogromna-pochit-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-edinstveniot-pat-koga-kralicata-go-prekrshila-protokolot-se-se-sluchilo-na-pogrebot-na-princezata-dijana-site-velat-so-ovoj-chin-i-oddala-ogromna-pochit-video/#respond Tue, 13 Sep 2022 09:11:01 +0000 https://kurir.mk/?p=732044

Кралицата сртого се држела до сите протоколи - но тогаш направила нешто неочекувано. Во 1997 година, на погребот на принцезата Дијана, кралицата Елизабета го прекршила кралскиот протокол - кога ковчегот поминувал покрај неа, таа ја наведнала главата. Тоа беше прв и единствен пат кралицата јавно да се поклони на друга личност, пишуваат медиумите и додаваат дека со овој чин и оддала почит не само на Дијана, туку и на својот народ. Кралицата Елизабета излезе од вратите на палатата, чекаше и гледаше како ковчегот на Дијана обвиен со знаме го носат во Вестминстерската опатија. Коментатор на БиБиСи истакна дека овој потег е „уште едно отстапување од кој било познат протокол“. Кралицата Елизабета почина на 8 септември 2022 година во замокот Балморал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-edinstveniot-pat-koga-kralicata-go-prekrshila-protokolot-se-se-sluchilo-na-pogrebot-na-princezata-dijana-site-velat-so-ovoj-chin-i-oddala-ogromna-pochit-video/feed/ 0