Принс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Apr 2021 10:43:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Принс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пет години по неговата смрт, излегува нов албум на Принс https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pet-godini-po-negovata-smrt-izleguva-nov-album-na-prins/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pet-godini-po-negovata-smrt-izleguva-nov-album-na-prins/#respond Fri, 09 Apr 2021 10:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=494775

Издавачката куќа „Сони“ објави дека следниот албум на Принс – „Welcome 2 America“ ќе излезе на 30 јули, пет години од смртта на познатиот американски музичар. Албумот од 2010 година е пронајден во студиото на поп-пејачот во Минеаполис, Минесота, САД. Во таа просторија се наоѓаат голем број демо-снимки, недовршени песни и снимки во живо. Принс почина на 21 април 2016, на 57 години. Вешто ја одржуваше легендата за неговото скриено музичко богатство додека беше жив. Во 2014 година, музичарот рече дека никогаш не им ги давал своите најдобри песни на издавачите. Американската телевизиска мрежа Си Би Ес имаше пристап до збирка од 12 песни и в недела ќе му посвети емисија за тоа. Во својата најава за новиот албум, „Сони“ ја цитираше изјавата на Принс од 2010 година: „Светот се напнува поради дезинформации. Визијата за иднината на Џорџ Орвел е тука. Ние си должиме на самите себе да останеме цврсти во нашата верба да ги надминеме тешките времиња кои претстојат“. Покрај албумот, ќе биде објавен и неговиот концерт во Лос Анџелес од 2011 година. Принс или „детето од Минеаполис“ беше еден од најголемите музичари во 80-те и 90-те години на минатиот век, со хитови како „Cream“ и „Kiss“ во коишто вметнува рифови со гитари со поетски стихови и ритам на фанк. Многумина сметаат дека неговиот најголем хит е „Purple Rain“. Тој е автор на стотици песни и добитник на шест музички Греми награди и еден Златен глобус, како и престижниот Оскар за оригинална песна „Purple Rain“ за филмот „Пурпурен дожд“ од 1985 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pet-godini-po-negovata-smrt-izleguva-nov-album-na-prins/feed/ 0
Гитара на Принс и рачно напишани текстови на „Битлс“ одат на аукција https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gitara-na-prins-i-rachno-napishani-tekstovi-na-bitls-odat-na-aukcija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gitara-na-prins-i-rachno-napishani-tekstovi-na-bitls-odat-na-aukcija/#respond Tue, 05 May 2020 07:05:18 +0000 https://kurir.mk/?p=341699

Гитара што на почетокот на кариерата ја користел Принс, како и неколку светски познати текстови на „Битлс“, рачно напишани од Пол Макартни, се меѓу предметите коишто се ставени на аукција на големата продажба на музички артефакти. Аукциската куќа Џулиен’с окшнс вчера објави дека аукцијата ќе се одржи на 19. и 20 јуни на Беверли Хилс во Лос Анџелес, Калифорнија. Еден од најпривлечните предмети за наддавање е сината „облак” гитара специјално направена за Принс 1984 година. Се предвидува дека тoа ќе достигне цена меѓу 100.000 и 200.000 долари. На продажба ќе се најде и неговото надалеку познато виолетово одело, приврзок и чифт чизми. Страница со рачно напишани работни верзии за песната на „Битлс“ – „Maxwell’s Silver Hammer”, од албумот „Abbey Road” од 1969 година, се очекува да достигне цена меѓу 200.000 и 300.000 долари. На наддавањето ќе има и лични предмети на Мадона, Мајкл Џексон, Витни Хјустон, Џони Кеш, Џим Морисон, „Ролинг стоунс“, „Квин“ и Дејвид Боуви. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gitara-na-prins-i-rachno-napishani-tekstovi-na-bitls-odat-na-aukcija/feed/ 0
Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obozavateli-na-prins-baraat-istraga-za-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obozavateli-na-prins-baraat-istraga-za-negovata-smrt/#respond Thu, 20 Sep 2018 19:27:18 +0000 https://kurir.mk/?p=103305

Илјадници обожаватели на американскиот музичар Принс, кој почина во 2016 година од предозираност со лекови против болки, побараа од федералните власти повторно да покренат истрага за неговата смрт. Петицијата ја потпишаа над 6.000 лица и беше упатена до Канцеларијата на американскиот јавен обвинител. Организаторите на петицијата наведуваат дека повеќе нешта околу смртта на музичарот се уште не се докрај разјаснети. Принс почина на возраст од 57 години, а во неговиот организам беа пронајдени многу високи концентрации на фентанил, аналгетик 100 пати посилен од морфиум. Освен тоа при истрагата во неговиот дом беа пронајдени стотина други лекови против болки од кои бил зависен со години. Властите по речиси двегодишна истрага соопштија дека не нашле докази врз основа на кои би покренале тужба. Во меѓувреме семејството на Принс поднесе тужба против неговиот личен лекар Мајкл Шуленберг за несооветно лекување на музичарот. Освен Шуленберг со тужбата е опфатена и болницата во која лекарот работел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obozavateli-na-prins-baraat-istraga-za-negovata-smrt/feed/ 0
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/naslednicite-na-prins-podnesoa-tuzba-tie-mozea-da-ja-sprechat-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/naslednicite-na-prins-podnesoa-tuzba-tie-mozea-da-ja-sprechat-negovata-smrt/#respond Tue, 24 Apr 2018 18:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=45576

Наследниците на американскиот музичар Принс поднесоа тужба против болница во Илиноис и против синџирот аптеки „Волгринс“. Тие тврдат дека овие здравствени институции можеле да ја спречат смртта на музичарот, доколку поставеле точна дијагноза и го лекувале неговото предозирање неколку дена пред да почине. Според тужбата, лекарот и болничкиот аптекар не го испитале детално случајот, ниту пак се осигурале дека музичарот ќе ги добие соодветните совети. Наследниците тужат и двајца аптекари кои неправилно му издавале лек на Принс. Принс (57) беше пронајден мртов во неговиот дом на 21 април 2016 година. Официјално причина за неговата смрт е предозирање со фентанил, кој е 50 пати посилен од хероинот. Смртта на музичарот ја шокираше светската јавност, бидејќи тој одржуваше имиџ на чист и вегетаријански начин на живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/naslednicite-na-prins-podnesoa-tuzba-tie-mozea-da-ja-sprechat-negovata-smrt/feed/ 0