припадници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Jan 2023 21:20:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png припадници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Медиум од Албанија објавува: Високи македонски функционери и припадници од МВР вмешани во шверц со наркотоци! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medium-od-albanija-objavuva-visoki-makedonski-funktsioneri-i-pripadnitsi-od-mvr-vmeshani-vo-shverts-so-narkototsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medium-od-albanija-objavuva-visoki-makedonski-funktsioneri-i-pripadnitsi-od-mvr-vmeshani-vo-shverts-so-narkototsi/#respond Mon, 09 Jan 2023 21:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=785250

Високи македонски функционери и припадници од МВР вмешани во шверц со наркотоци, објавува албанската телевизија „ОРА ЊУЗ“. Како што „Ора Њуз“ вечерва објави станува збор за скандал во кој наводно се вмешани високи претставници на власта во Македонија. Имено, како што објавуваат од редакцијата на „Ора ТВ“, лице, познато за редакцијата, неколку снимени разговори од високи функционери на високи позиции во Македонија. Според истото кое ги поседува аудиоснимките поврзани со шверц на наркотици, првично кумуницирал со Трајче Заев, притоа информирајќи го за ситуацијта. Од друга страна откако Заев ја слушнал снимката му одговорил со кодирана порака на човекот кој што ги поседува аудиоснимките, објавува „Ора Њуз“. Според информациите кои ги поседува телевизијата, во аудиоснимките во шверцот со наркотици вмешани се високи функционери од коалицијата СДСМ-ДУИ, а истовремено и познати имиња од МВР. Како што информираат од истата ТВ, наводно постојат прислушкувани разговори, кои докажувале дека високи функционери дирекно интервенирале за да ја спречат операцијата превземена од странските агенции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medium-od-albanija-objavuva-visoki-makedonski-funktsioneri-i-pripadnitsi-od-mvr-vmeshani-vo-shverts-so-narkototsi/feed/ 0
Шест поранешни припадници на Армијата на БиХ уапсени поради воени злосторства врз цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shest-poraneshni-pripadnici-na-armijata-na-bih-uapseni-poradi-voeni-zlostorstva-vrz-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shest-poraneshni-pripadnici-na-armijata-na-bih-uapseni-poradi-voeni-zlostorstva-vrz-civili/#respond Tue, 13 Dec 2022 14:14:10 +0000 https://kurir.mk/?p=775043

Шест поранешни припадници на Армијата на Босна и Херцеговина денеска се уапсени на подрачјето на Сараево и Горажде под сомнение дека извршиле воени злосторства врз цивилното население, потврди Обвинителството на БиХ. Осомничените се членови на Вишеградската бригада на Армијата на БиХ, што дејствуваше во источниот дел на БиХ. Тие се осомничени за учество во злосторствата извршени во селото Јошаница кај Фоча. Во декември 1992 година, таму беа убиени 56 цивили од српска националност, меѓу кои и жени и деца. Во текот на истрагата беа собрани докази дека шестмината уапсени учествувале во нападот на селото, уништувањето имот и убивањето на цивили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shest-poraneshni-pripadnici-na-armijata-na-bih-uapseni-poradi-voeni-zlostorstva-vrz-civili/feed/ 0
САД со нови санкции за стотина припадници на режимот во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-novi-sankcii-za-stotina-pripadnici-na-rezimot-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-novi-sankcii-za-stotina-pripadnici-na-rezimot-vo-belorusija/#respond Tue, 09 Aug 2022 17:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=716211

САД денеска воведоа нови рестриктивни мерки за повеќе високи белоруски службеници и стотина други службеници на двегодишнината од почетокот на масовните протести во Белорусија. Санкциите се поради „вклученост во широки нарушувања на човековите права, селективно задржување на мирни демонстранти… поткопување на демократските институции и неизбежната транзиција кон демократија“, се наведува во денешното соопштение на државниот секретар Ентони Блинкен. Санкциите се воведуваат на датата кога пред точно две години имаше избори во Белорусија за кои меѓународната заедница со консензус потврди дека беа фалсификувани, а на кои деценискиот диктатор Александар Лукашенко прогласи победа. Ова предизвика масовни протести низ целата земја. – Белорускиот народ демонстрираше исклучителен отпор за оддржувањето на продемократското движење две години, а по цена на големи лични жртви, се вели во соопштението. Се наведува дека белоруската дијаспора во странство повикува на демократија, дека над 1,200 политички затвореници се наоѓаат неправедно зад решетки во земјата, но и дека во затвор се безброј обични граѓани на Белорусја. – Мирните повици за демократија беа пресретнати со невидена брутална сила и консолидрани репресии од страна на режимот на Лукашенко. Некои од најистакнатите санкционаирани службеници се Николај Карпианков, заменик министер за внатрешни работи и командант на внатрешната војска и Димитриј Балаба, команант на специјалните трупи ОМОН. – САД го поддржуваат народот на Белорусија во неговите стремежи за демократска, суверена и просперитетна иднина. Ќе бараме одговорност за нарушените човекови права од режимот на Лукашенко, и ќе ги поддржуваме напорите за документација на нарушувањата, а виновните да бидат повикани на одговорност, изјави Блинкен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-novi-sankcii-za-stotina-pripadnici-na-rezimot-vo-belorusija/feed/ 0
Прес на припадници на Азов од „Азовстал“: Нашето предавање би било подарок за непријателот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pres-na-pripadnici-na-azov-od-azovstal-nasheto-predavanje-bi-bilo-podarok-za-neprijatelot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pres-na-pripadnici-na-azov-od-azovstal-nasheto-predavanje-bi-bilo-podarok-za-neprijatelot/#respond Sun, 08 May 2022 13:34:14 +0000 https://kurir.mk/?p=673620

Припадниците на полкот Азов, кои се наоѓаат во челичарницата „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, денеска одржаа онлајн прес-конференција. На јавноста преку Јутјуб и се обратија заменик-командантот на Азов, Свјатослав Паламар и поручникот Илија Самоленко. Паламар изјави дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и се обидуваат да ја освојат. Тој додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од „Азовстал“. – Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето е неприфатливо за нас. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да се биде заробен, за мене значи мртов, истакна поручникот Илија Самоленко. – Ние се бориме против агресорите, непријателот кој носи терор во Украина, против нивното варварство, додаде Самоленко. Заменик командантот на Азов, Свјатослав Паламар нагласи дека украинските војници во „Азовстал“ ќе се борат додека се живи. – Ќе продолжиме да се бориме додека сме живи за да се спротивставиме на руските окупатори, истакна Паламар, повикувајќи на итна евакуација на ранетите соборци: „Немаме многу време, Русите интензивно гранатираат“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pres-na-pripadnici-na-azov-od-azovstal-nasheto-predavanje-bi-bilo-podarok-za-neprijatelot/feed/ 0
Поднесен обвинителен акт против осум лица, припадници на ИСИС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-osum-lica-pripadnici-na-isis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-osum-lica-pripadnici-na-isis/#respond Wed, 23 Jun 2021 13:26:27 +0000 https://kurir.mk/?p=527094

По спроведена сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против петмина жители на Куманово и тројца скопјани. Според дејствијата опишани во Обвинителниот акт, Б.Г.(28), Р.А.(31), С.И(31), А.С.(21) и Ј.К.(25) сториле кривично дело – Терористичка организација од член 394-а ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, обвинетиот Б.Ф. (33) сторил едно кривично дело – Терористичка организација од член 394-а ст.2 во врска со ст.1 и едно кривично дело – Служба во непријателска војска од член 322 став 1 од Кривичниот законик, Д.А. (21) е обвинет дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 ст.1 од Кривичен законик и обвинетиот И.М.(23) сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. ​Во периодот од 2019 и 2020 година, на територијата на нашата земја, обвинетите Б.Ф., Б.Г., Р.А., С.И., А.С. и Ј.К., станале припадници на злосторничка организација – терористичка организација „ќелија“со основи на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС, создадена во почетокот на 2019 година од страна на претходно обвинетиот Б.А. Прифаќајќи го криминалниот план на злосторничката организација – терористичка група „ќелија“ секој од нејзините членови имал конкретни задачи, па така обвинетите Б.Ф. и Б.Г. добивале конкретни задачи од обвинетиот Б.А., при што му обезбедувале логистичка поддршка и имале задача, заедно со уште тројца претходно обвинети, да обезбедат патничко моторно возило со кое ќе го пренесуваат и објекти во кои ќе го држат оружјето, муницијата и воената опрема, да изработуваат импровизирани експлозивни направи, собирале информации за движење и вршеле опсервирање на објекти и локации. Обвинетите Р.А., С.И. и А.С., како припадници на групата учествувале и во активности на собирање и обезбедување на информации од значење за целите на терористичката група и вршеле опсервирање на објекти и локации. Обвинетиот Ј.К. пак, вршел собирање, едитирање и титлување на преводи, од арапски на албански јазик, на видеа од боиштата во Сирија и Ирак и од извршените терористички напади во Франција и Шпанија, како и снимки во кои се прикажува начинот на изработка на експлозивни направи, на извршување напад врз лица, на безбедно користење на интернет апликации за комуникација и снимки со декапитација на жртвите на ИСИС/Исламска држава, со што овозможил пристап на поголем број на луѓе до ваквите радикални содржини. Врз основа на доказите прибавени во истрагата, обвинителството дојде до сознанија дека обвинетиот Б.Ф., како граѓанин на Република Македонија, во периодот од 4.05.2014 година до 2.06.2014 година, за време на вооружен судир активно учествувал во активностите во непријателската вооружена формација терористичка организација Исламска држава – ИСИС, каде во евиденциите на ИСИС е заведен како борец. Воедно, во спроведената истражна постапка обвинителството утврди дека во текот на 2020 година во Куманово, обвинетиот Д.А. неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Застава“ со калибар 7.62 мм, што неовластено го продал на претходно обвинетиот В.А., а во истиот период во с.Табановце, Кумановско, обвинетиот И.М. неовластено држел огнено оружје – автоматска пушка со калибар 7.62 мм, автоматски пиштол „Шкорпион“ со калибар 7.65 мм, кое оружје им е забрането на граѓаните и огнено оружје – марка „Застава“ со калибар 7.62. Со опишаните дејствија обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар. Имајќи ги предвид мотивот за сторувањето на делата, односно создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните, како и тоа дека се уште постојат околностите врз основа на кои била определена и продолжувана мерката притвор, а особено фактот дека постои опасност обвинетите доколку останат да се бранат од слобода да ги повторат кривичните дела што им се ставаат на товар, со Обвинителниот акт, предметниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и Посебен предлог. Во предлогот заради обезбедување на присуство на обвинетите и непречено водење на кривичната постапка, се предлага на судот мерката притвор спрема шестмина обвинети да биде продолжена, додека за двајца обвинети е предложено мерката притвор да биде заменета за поблага мерка – куќен притвор.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-osum-lica-pripadnici-na-isis/feed/ 0
Повеќе од 100 припадници на американската Национална гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на Бајден позитивни на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-100-pripadnici-na-amerikanskata-nacionalna-garda-koi-ja-obezbeduvaa-inauguracijata-na-bajden-pozitivni-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-100-pripadnici-na-amerikanskata-nacionalna-garda-koi-ja-obezbeduvaa-inauguracijata-na-bajden-pozitivni-na-kovid-19/#respond Sat, 23 Jan 2021 08:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=458832

Меѓу 100 и 200 припадници на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурација на американскиот претседател Џозеф Бајден се позитивни на коронавирусот, соопштил американски официјален претставник. Службеникот, кој се согласи да зборува под услов да остане анонимен, рекол дека бројот на заразени може да биде многу поголем, бидејќи тој ден во градот имало 25.000 припадници на безбедносните сили. Тој напомена дека тоа е сепак мал број на заразени, земајќи предвид колку војници биле присутни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-100-pripadnici-na-amerikanskata-nacionalna-garda-koi-ja-obezbeduvaa-inauguracijata-na-bajden-pozitivni-na-kovid-19/feed/ 0
Забранети посетите на Тачи и припадниците на ОВК во притворот во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabraneti-posetite-na-tachi-i-pripadnicite-na-ovk-vo-pritvorot-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabraneti-posetite-na-tachi-i-pripadnicite-na-ovk-vo-pritvorot-vo-hag/#respond Tue, 24 Nov 2020 07:13:18 +0000 https://kurir.mk/?p=433463

Поранешните политички и воени лидери на ОВК, кои се приведени од Специјалниот суд во Хаг, можат само преку видо врска да комуницираат со членовите на своите семејства, а никој не може физички да ги посети. Оваа информација ја потврди Специјалниот суд во Хаг. -Посетите во притворската единица во моментов не се можни поради ограничувачките мерки поради коронавирусот. Со цел да се олесни редовниот контакт со семејството, овозможени се средби преку видео врски, изјави портпаролката на Специјалниот суд, Ангела Грип, пренесена од „Косово онлајн“. Седум поранешни политички и воени лидери на ОВК се обвинети за серија злосторства, од заплашување на сведоци, до убиства и лошо постапување. На списокот на обвинети се Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Саљих Мустафа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabraneti-posetite-na-tachi-i-pripadnicite-na-ovk-vo-pritvorot-vo-hag/feed/ 0
Чулев им се заблагодари на граѓаните за нивното поведение и им одаде признание на сите припадници на МВР за ангажираноста и справувањето со кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-im-se-zablagodari-na-gragjanite-za-nivnoto-povedenie-i-im-odade-priznanie-na-site-pripadnici-na-mvr-za-angaziranosta-i-spravuvanjeto-so-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-im-se-zablagodari-na-gragjanite-za-nivnoto-povedenie-i-im-odade-priznanie-na-site-pripadnici-na-mvr-za-angaziranosta-i-spravuvanjeto-so-krizata/#respond Wed, 27 May 2020 11:25:34 +0000 https://kurir.mk/?p=350693

Утрово во пет часот официјално престана да важи одлуката на Владата која се однесуваше на ограничувањето на движењето на граѓаните, а која беше донесена со цел спречување на ширење на коронавирусот. Почнувајќи од 22-ри март, околу 70 дена граѓаните во различни периоди од денот имаа обврска да останат во своите домови и најголемиот дел од нив го направија тоа. Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција во МВР а посветена на сумирањето на резултатите и активностите од работењето на полицијата во изминатиот период од воведувањето на рестриктивните мерки за сузбивање на епидемијата на “ковид 19“. Оценувајќи дека граѓаните во најголем дел ги почитуваа мерките на Владата, и заблагодарувајќи се на таквото граѓанско поведение и поддршка, министерот Чулев истовремено им оддаде признание и на сите припадници на МВР, особено потенцирајќи ја улогата и активностите на припадниците на униформираната полиција. “Министерството за внатрешни работи успеа брзо да се екипира, реорганизира и веднаш да ги стави на располагање сите своите капацитети во улога на заштита на здравјето на секој поединец и затоа сум бескрајно горд, среќен и задоволен“, истакна Чулев. Рекапитулирајќи го изминатиот речиси три месечен период министерот Чулев нагласи дека – “МВР беше ангажирано во контрола на спроведување на одлуките на Владата, понатаму во контрола на лицата во изолација и самоизолација, обезедувањето на државните карантини, спроводот на лицата кои преку хуманитарните конвои се враќаа во нашата држава“, рече Чулев. Притоа тој презентираше статистички показатели од сработеното: “кога станува збор за почитување и спроведување на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните во оваа прилика ќе споменам дека заклучно со денес вкупно 4783 граѓани не ја почитувале одлуката на Владата за ограничување на движењето, од нив вкупно 3110 се приведени од страна на полициските службеници. Вкупно до сега од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени вкупно 2632 кривични пријави за 3137 дела против 3412 сторители. Најголемиот дел од оваа бројка отпаѓа на територијата на главниот град и територијата на СВР Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните на општините кои потпапаѓаат под секторите за внатрешни работи Велес и Куманово“. Во однос на мерките за почитување на самоизолација и изолација министерот Чулев истакна дека се поднесени – вкупно 127 кривични пријави за 156 кривични дела против 169 сторители, а вкупно 5030 лица до сега се спроведени во државен карантин. Исто така тој посочи дека во врска сообврската за носење на лична заштита до сега се констатирани се вкупно 1973 прекршоци, а пак дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР во изминатиот период постапувал по 57 случаи за говор на омраза поврзан со “ковид 19“, при што до сега до Основното јавно обвинителство поднесени 33 известувања и две кривични пријави. На крајот министерот Чулев констатираше дека грешки и пропусти секогаш се можни – “ некогаш грешевме ние, а некогаш граѓаните. Но, од грешките учиме и сме во можност да се подобруваме и да го подобруваме работењето на полицијата во заедницата што е една од клучните и стратешки приоритети на Министерството за внатрешни работи“. Министерот Чулев порача дека и покрај намалувањето на рестриктивните мерки насочени кон справување со пандемијата, сепак неопходно е и натаму да се задржи потребното ниво на одговорност и дисциплина и да се почитуваат мерките и одлуките на Владата кои се однесуваат на користење на задолжителна заштитна опрема, забрана за групирање и држење на дистанца, и дека МВР и понатаму останува посветено на контрола на овие одлуки и заштита на здравјето и животот на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-im-se-zablagodari-na-gragjanite-za-nivnoto-povedenie-i-im-odade-priznanie-na-site-pripadnici-na-mvr-za-angaziranosta-i-spravuvanjeto-so-krizata/feed/ 0
КОД: Нов огромен скандал го тресе МВР – припадници од министерството шпиунирале во странски земји? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kod-nov-ogromen-skandal-go-trese-mvr-pripadnici-od-ministerstvoto-shpiunirale-vo-stranski-zemji-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kod-nov-ogromen-skandal-go-trese-mvr-pripadnici-od-ministerstvoto-shpiunirale-vo-stranski-zemji-video/#respond Sun, 15 Dec 2019 21:48:16 +0000 https://kurir.mk/?p=277957

Нов неверојатен скандал кој го открива емисијата Код на Снежана Лупевска ги тресе Владата и МВР. Оперативци на МВР вршеле шпионски акции во странство за потреби на странска држава. Аферата со шпионски камперски возила на УБК може да има далекусежни последици во македонските евроинтеграции. Кoд дознава дека повеќе припадници на МВР биле во тајна мисија во странски земји. Нивна задача се до пред неколку месеци била со лажен идентитет и со помош на специјална техника да шпионираат надвор од границите на службата и државата – во земји членки на Европската Унија или НАТО. Задачата им била следење, снимање, собирање податоци за лица. Во извештајот на служби на МВР според извор на КОД стои и дека се користени возила со уреди за следење за кои биле користени камп возила со светла боја и скопски таблички но таблиците биле фалсификат. Но сето ова тајните агенти не го вршеле за македонската тајна служба – матичната УБК, туку за служба пријателска на петтата управа со која има долгогодишна соработка. Код вечерва ќе открие што крие одземеното досие од претресот кај Фросина Ременски осомничена во случајот Рекет? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kod-nov-ogromen-skandal-go-trese-mvr-pripadnici-od-ministerstvoto-shpiunirale-vo-stranski-zemji-video/feed/ 0
Белгија ќе прими 10 деца на припадниците на ИД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-kje-primi-10-deca-na-pripadnicite-na-id/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-kje-primi-10-deca-na-pripadnicite-na-id/#respond Thu, 12 Dec 2019 19:17:43 +0000 https://kurir.mk/?p=276794

Судот во Брисел и нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија од припадничките на Исламска држава, кои имаат белгиска националност. Децата, на возраст од седум месеци до седум години, морално е да бидат доведени во Белгија во рок од шест недели нареди судот. Тие во моментов се наоѓаат во бегалскиот камп Ал-Хол во североисточна Сирија, кој е под контрола на Курдите. Ако Владата не даде конзуларна помош и административни документи за децата тогаш ќе биде казнета со 5.000 евра по дете. Белгискиот министер за правда, Коен Гинс изјави оти Владата е подготвена да ги земе деца се додека не мора да ги доведе во Белгија и нивните мајки. Минатиот месец судот побара од владата во рок од 75 дена да ја врати жената, чиј сопруг се борел за ИД, и нивните две деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-kje-primi-10-deca-na-pripadnicite-na-id/feed/ 0