прирачник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Dec 2020 09:35:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прирачник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судиите од НБА нема да можат да посетуваат барови, ресторани и јавни настани https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sudiite-od-nba-nema-da-mozat-da-posetuvaat-barovi-restorani-i-javni-nastani/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sudiite-od-nba-nema-da-mozat-da-posetuvaat-barovi-restorani-i-javni-nastani/#respond Thu, 10 Dec 2020 09:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=441323

Раководството на НБА издаде прирачник за здравје и безбедност на 158 страници на тимовите во лигата. Според „ESPN“, овие правила се пропишани да се почитуваат не само од играчи и тренери, туку и од судии. Така, во текот на сезоната 2020/21, судиите не смеат да посетуваат: барови и клубови, забавни и спортски настани, јавни сали, бањи и базени. Судиите ќе бидат тестирани на коронавирус исто како и кошаркарите. Лигата исто така има намера да подготви нов распоред што ќе им овозможи на судиите да го намалат бројот на летови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sudiite-od-nba-nema-da-mozat-da-posetuvaat-barovi-restorani-i-javni-nastani/feed/ 0
Изработен прирачник за заштита на градежните работници од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izraboten-prirachnik-za-zashtita-na-gradeznite-rabotnici-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izraboten-prirachnik-za-zashtita-na-gradeznite-rabotnici-od-kovid-19/#respond Thu, 09 Apr 2020 09:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=329575

Синдикатот на работниците од градежништвото, индустријата и проектитањето заедно со Македонското здружение за заштита при работа изработи „Водилка за безбедност и здравје при работа во градежништвото за превенција од коронавирусот“. Во прирачникот се содржани основните препораки и мерки за заштита од коронавирусот кои треба да ги почитуваат работодавачите и работниците во градежништвото. Меѓу другото се препорачува редовно одржување на личната хигиена, носење на заштитна опрема, држење на социјална дистанца, редовна дезинфекција на облеката, алатот и работниот простор, ограничување на непотребното движење меѓу локациите, контејнерите и канцелариите, како и обезбедување на посебен буџет во компанијата кој ќе биде наменски користен за справување со пандемијата. Како и во сите останати сектори, така и во градежништвото се очекуваат загуби заради ограничувањата на работната сила, затварање на градилиштата и можните болни работници. – Проблемот е навистина голем и трпи последици по економијата и работниците. Мораме да се бориме заеднички, бидејќи токму секторот градежништво е еден носечки столб во економијата и главен двигател на бруто домашниот производ. Статистиката вели дека опфаќаме број од над 50 илјади вработени во секторот и затоа мора да внимаваме да не дојде до колапс, велат од Синдикатот. Прирачникот ќе биде достапен на веб страниците на Сојузот на синдикати на Македонија и на Македонското здружение за заштита при работа, како и на Фејсбук и Јутјуб каналите]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izraboten-prirachnik-za-zashtita-na-gradeznite-rabotnici-od-kovid-19/feed/ 0
Работилници и прирачник за новинарите во насока на квалитетен попис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnici-i-prirachnik-za-novinarite-vo-nasoka-na-kvaliteten-popis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnici-i-prirachnik-za-novinarite-vo-nasoka-na-kvaliteten-popis/#respond Fri, 01 Nov 2019 15:20:39 +0000 https://kurir.mk/?p=258919

Со цел да се создадат услови за квалитетен попис Сојузот на здруженија „Македонската платформа против сиромаштија“ започна низа активности во кои ќе бидат опфатени и новинарите. Од Тетово, Сојузот ги започна серијата работилници и советувања со новинари, а во тек е и создавање на прирачник со кој ќе можат да се служат медиумските работници околу спроведувањето на пописот како најголема статистичка операција. – Сфативме дека новинарите се сојузници во целата работа и многу малку во изминатиот период се отвора стручна дебата и дискусија околу што навистина е пописот и што навистина ќе донесат резултатите од него. „Македонската платформа против сиромаштија“ (МППС) е стратешки партнер на Фондот на Обединетите нации за население со канцеларија во Скопје во делот на развој на популациони политики и ние секако се залагаме тие да бидат што поквалитетни и да ги намалат јазовите во нееднаквост и намалување на сиромаштијата и сметаме дека еден квалитетен попис ќе помогне во креирање на политики базирани на докази, изјави Билјана Дуковска, претседателка на МППС. Професорката Јасна Бачовска-Недиќ од Правниот факултет во Скопје потенцираше дека прирачникот ќе помогне новинарите преку известувањето за пописот на јавноста и пренесат за важноста од процесот на попишување. – Прирачникот е едукативен за процесот на попис. Сметавме дека е потребен прирачник бидејќи самиот попис е проблематичен, повеќе исполитизиран отколку колку што е статистичка операција потребна за нашето оптештество. Со прирачникот новинарите ќе имаа проширено знаење кои се глобалните препораки за попис, што е попис како критеруми за влез во ЕУ, кои се важни и кои не се прашања околу статистиката поврзани со интергацијата, истакна професорката. Работилниците ќе продолжат и по другите региони на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnici-i-prirachnik-za-novinarite-vo-nasoka-na-kvaliteten-popis/feed/ 0