природа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Feb 2022 08:03:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png природа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Им требаат 100 години за распаѓање, НЕ фрлајте запалки во природата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/im-trebaat-100-godini-za-raspagjanje-ne-frlajte-zapalki-vo-prirodata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/im-trebaat-100-godini-za-raspagjanje-ne-frlajte-zapalki-vo-prirodata/#respond Fri, 11 Feb 2022 08:03:43 +0000 https://kurir.mk/?p=629953

Околу 350 милиони запалки секоја година завршуваат во природата, а се распаѓаат за 100 години. Не ги чувајте запалките кои не можат да се користат, но знајте дека тие не смеат да се фрлаат во пластични канти за рециклирање. Ако сте пушач, користете ги оние запалки што може да се полнат за да не создавате премногу отпад. Избегнувајте еднократни колку што е можно повеќе. Кибритите  се исто така поисплатливо и поеколошки решение. Ако користите запалки најчесто за цигари, откажете се од пушењето. Ова, покрај на природата, ќе ви помогне и навас за целокупното здравје, но и за вашиот изглед. Имено, секој пушач е голем загадувач на животната средина, од едноставна причина што во белите дробови вдишува помало количество чад од цигари, а најголемиот дел од него слободно се шири и лебди во својата околина. Овој чад ја загадува атмосферата, отпушоците од цигари често предизвикуваат шумски пожари и создаваат отпад кој тешко се распаѓа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/im-trebaat-100-godini-za-raspagjanje-ne-frlajte-zapalki-vo-prirodata/feed/ 0
Гутереш: Човештвото е во самоубиствена војна со природата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-choveshtvoto-e-vo-samoubistvena-vojna-so-prirodata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-choveshtvoto-e-vo-samoubistvena-vojna-so-prirodata/#respond Wed, 02 Dec 2020 09:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=437337

Нашата планета е скршена, му порача на светот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и предупреди дека „човештвото води самоубиствена војна со природата“. – Природата секогаш возвраќа и тоа го прави со голема сила и гнев, потсети Гутереш во интервјуто за Би Би Си и најави дека сака борбата против климатските промени да ја стави во основата на глобалната мисија на Светската организација. За време на својот говор за ситуацијата со животната средина на Земјата, Гутереш повтори дека е потребно да се намалат емисиите на штетните гасови за 45 проценти до 2030 година, во споредба со нивото на штетни гасови регистрирано во 2010 година. – Науката е јасна. Ако не ја намалуваме емисијата на штетни гасови предизвикани од согорување на фосилни горива за шест проценти секоја година до 2030 година, ситуацијата значително ќе се влоши. Апокалиптични пожари, поплави, циклони и урагани ќе станат наше секојдневие. Биодиверзитетот исчезнува, пустини се шират, океаните се дават во пластичен отпад. Ова е моментот на вистината за човештвото, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој потсети дека ЕУ, САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и 110 други земји се обврзаа да престанат да испуштаат штетни гасови до средината на овој век, но тој сака да види дека тој моментум ќе се претвори во акција. – Ние мора да склучиме траен мир со нашата планета Земја, рече Гутереш.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-choveshtvoto-e-vo-samoubistvena-vojna-so-prirodata/feed/ 0
Состојбата на природата во Европа е значително влошена, алармира ЕК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sostojbata-na-prirodata-vo-evropa-e-znachitelno-vloshena-alarmira-ek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sostojbata-na-prirodata-vo-evropa-e-znachitelno-vloshena-alarmira-ek/#respond Mon, 19 Oct 2020 14:11:12 +0000 https://kurir.mk/?p=418169

Извештајот за состојбата на природата во Европската uнија оваа година покажува дека животната средина и биодиверзитетот се значајно оштетени, Европската kомисија повикува на акција, јави дописничката на МИА од Брисел. Интензивното земјоделство, урбанизацијата, неодржливите методи на производство и експлоатација на природните ресурси, како и климатските промени, ловот и риболовот трајно и постојано го влошуваат биодиверзитетот на европскиот континент, ова во кратки црти е заклучокот на последниот извештај на Европската агенција за животна средина објавена денеска. Посебно погодени се одредени видови на птици, а највисока стапка на лош статус на конзервација имаат слатководните риби, пред сѐ поради промените во состојбите на водите како и поради инсталација на хидроцентрали. Извештајот потенцира дека иберискиот рис, шумските ирваси и видрите се соочуваат со подобрување на условите откако беа воведени посебни програми за нивна заштита во рамки на програмите на ЕУ. Европската Комисија алармира и го повикува земјите членки итно да преземат мерки за спречување на натамошна деградација на природата и биодиверзитетот преку целосна имплементација на нејзините стратегии за животна средина и земјоделство. -Повторно гледаме многу јасно дека го губиме нашиот витален систем на заштита на животот. Осумдесет и еден отсто од заштитените живеалишта се во лоша состојба во ЕУ. Мораме итно да ги исполниме заложбите од стратегијата на ЕУ за биодиверзитет за да го смениме трендот на уништување, во полза на природата, на луѓето, на климата и на економијата, изјави еврокомесарот за животна средина, Виргиниус Синкевичиус. Директорот на Европската агенција за животна средина, Ханс Брејнинкс, од своја страна побара удвојување на напорите во политиките на заштита на природата и поголема амбициозност во борбата против климатските промени, посебно во областа на енергијата и транспортот. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sostojbata-na-prirodata-vo-evropa-e-znachitelno-vloshena-alarmira-ek/feed/ 0
Децата кои минуваат повеќе време в природа, имаат посилен имунитет, еве и зошто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/decata-koi-minuvaat-povekje-vreme-v-priroda-imaat-posilen-imunitet-eve-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/decata-koi-minuvaat-povekje-vreme-v-priroda-imaat-posilen-imunitet-eve-i-zoshto/#respond Thu, 15 Oct 2020 13:32:51 +0000 https://kurir.mk/?p=416828

Децата кои почесто си играат во природа и на зелени површини, имаат посилен имунитет, покажуваат нови истражувања. Научниците веруваат дека тоа се случува затоа што на нивната кожа и во системот за варење се развиваат микроби различни од оние кај деца кои минуваат помалку време или воопшто не си играат на зелени површини, на пр., в шума и слично. Така, во западниот свет, сѐ поголем е бројот деца кои имаат автоимуни заболувања, како што се астма, дијабетес тип 1, воспаленија на цревата и мултиплекс склероза. Се претпоставува дека главната причина за ова е тоа што децата се сѐ помалку изложени на микроби, што порано не беше случај. Последицата е – недоволен развој на имунитетот. – Кога ги видовме резултатите, бевме изненадени од тоа колку им е зајакнат имунитетот. Нашето истражување може да помогне во осмислување превентивни мерки за намалување на епидемија на имунолошки заболувања, смета д-р Аки Синконен од финскиот Институт за природни извори, кој ги предводеше истражувањата. И претходни испитувања покажаа поврзаност меѓу изложеноста на микроби и развој на имунитетот. Истражувачите сега само потврдуваат дека е можно подобрување на имунолошкиот систем на децата ако се промени животната околина на децата од урбаните средини. Новото истражување опфати 75 деца во два града во Финска, што е релативно мал број. Тоа е објавено во списанието „Сајенс адвенсес“. Д-р Грејм Рук од Колеџ универзитетот во Лондон смета дека ова и сличните истражувања се залог за иднината и имаат огромна важност за децата, нивниот имунитет и тоа како престојот в природа влијае врз сѐ ова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/decata-koi-minuvaat-povekje-vreme-v-priroda-imaat-posilen-imunitet-eve-i-zoshto/feed/ 0
Дали е подобро да вежбате во природа или во теретана? Еве што велат експертите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-e-podobro-da-vezbate-vo-priroda-ili-vo-teretana-eve-shto-velat-ekspertite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-e-podobro-da-vezbate-vo-priroda-ili-vo-teretana-eve-shto-velat-ekspertite/#respond Tue, 18 Aug 2020 10:54:19 +0000 https://kurir.mk/?p=392094

Кога станува збор за тренинг, луѓето се поделени на оние кои сакаат да вежбаат сами и оние кои сакаат групно тренирање, а исто така и на оние кои повеќе би сакале да го направат својот тренинг во теретана и оние кои сакаат да го прават тоа во природа. Ваквите избори, пред сè, зависат од тоа што вежбата е наменета да постигне. Но, без оглед, истражувањето покажа дека вежбањето на отворено често има подобри резултати отколку вежбање во затворено, особено кога станува збор за вашето ментално здравје. Истражувањата спроведени во Јапонија докажаа дека редовното поминување време во природата го намалува нивото на кортизол, хормон на стрес, за 15 проценти. Позитивниот ефект се зголемува кога е вклучена физичка активност. Луѓето кои редовно шетаат по природа се порелаксирани, помирни и имаат помал ризик кога станува збор за страдање од депресија и вознемиреност. На сличен начин, се покажало дека луѓето што вежбаат по природа имаат поголема желба повторно да тренираат од оние кои вежбаат во спортски сали. Но, освен фактот дека вежбањето во природа има корисен ефект врз менталното здравје и емоциите, добро е и за човечкото тело и физичкото здравје. Истражувањата покажаа дека луѓето кои вежбаат во природа можат да вежбаат подолго и повеќе, без да се чувствуваат слаби и да имаат вртоглавици и дека нивното тело побрзо се враќа во нормала. Иако за експертите е сосема јасно дека за некои посакувани резултати им е потребна салата, повеќето од нив претпочитаат да вежбаат по природа. Затоа, ако можете да го прилагодите вашиот тренинг на природата, направете го тоа не само заради вашето тело, туку и заради вашата ментална состојба. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-e-podobro-da-vezbate-vo-priroda-ili-vo-teretana-eve-shto-velat-ekspertite/feed/ 0
НБА и Здружението на играчи се согласија за поголемо осигурување при сериозни повреди https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-i-zdruzenieto-na-igrachi-se-soglasija-za-pogolemo-osiguruvanje-pri-seriozni-povredi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-i-zdruzenieto-na-igrachi-se-soglasija-za-pogolemo-osiguruvanje-pri-seriozni-povredi/#respond Fri, 31 Jul 2020 10:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=384275

Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Здружението на играчи на лигата постигнаа договор со кој ќе бидат обезбедени 2,5 милиони долари осигурување при повреди на крајот на кариерата, објави „ЕСПН“. Осигурувањето ќе ги покрие повредите добиени на теренот, вклучително и КОВИД-19. Покрај тоа, исплатата ќе биде во прилог на приходите од договорот и опфаќа активни играчи до 35-годишна возраст. Претходно се плаќаше приближно 312,000 американски долари, според американското издание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-i-zdruzenieto-na-igrachi-se-soglasija-za-pogolemo-osiguruvanje-pri-seriozni-povredi/feed/ 0
Природата сепак контролира сè – напуштено село претворена во зелена оаза https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prirodata-sepak-kontrolira-se-napushteno-selo-pretvorena-vo-zelena-oaza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prirodata-sepak-kontrolira-se-napushteno-selo-pretvorena-vo-zelena-oaza/#respond Sun, 26 Jul 2020 21:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=381595

Напуштенотокинеско село Хоутуван на островот Шенгшан, со текот на времето станало прекрасна зелена оаза. Поледнете! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prirodata-sepak-kontrolira-se-napushteno-selo-pretvorena-vo-zelena-oaza/feed/ 0
ФОТО: Природата повторно докажа дека му пркоси на човекот – неверојатни слики од опожарената Австралија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-prirodata-povtorno-dokaza-deka-mu-prkosi-na-chovekot-neverojatni-sliki-od-opozarenata-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-prirodata-povtorno-dokaza-deka-mu-prkosi-na-chovekot-neverojatni-sliki-od-opozarenata-avstralija/#respond Tue, 14 Jan 2020 11:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=289426

Фотографиите кои ќе ги видите во продолжение се само уште еден доказ дека природата го има последниот збор и покрај се’ му пркоси на човекот. Пожарите во Австралија, кои започнаа со подметнување, а потоа беа разгорени и проширени од високите температури и ветерот уништија огромна растителна површина. Екологистите, надлежните и љубителите на природата наоѓаат начини што поскоро да и помогнат на земјата да ги врати зелените површини, а во меѓувреме самата природата се погрижи да го направи своето. По околу две недели минати од пожарите, се забележани нови растенија. Сивилото и црнилата кои ги оставија пожарите, почнуваат да ја добиваат бојата на природата. Доктор Кимберли Симпсон, експерт за противпожарна екологија на Универзитетот во Шефилд објаснува дека ваквата појава е можна бидејќи овие растителни видови се подложни на чести пожари години наназад, па создале своевиден еволутивен притисок и развиваат брзо закрепнување по горењето. Пронајден е и начин како да им се помогне на преживеаните животни со храна, но и да се регистрира нивниот број. Повеќе за тоа прочитајте ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-prirodata-povtorno-dokaza-deka-mu-prkosi-na-chovekot-neverojatni-sliki-od-opozarenata-avstralija/feed/ 0
Кога природата ќе му се одмазди на човекот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koga-prirodata-kje-mu-se-odmazdi-na-chovekot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koga-prirodata-kje-mu-se-odmazdi-na-chovekot/#respond Sat, 02 Nov 2019 08:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=259094

Во текот на ноќта на 21 август 1986 година, селаните кои живеат во близина на африканското езеро на Ниос слушнале необична грмотевица… Иако е старо само околу 400 години, за вулканското езеро Ниос, северозападен Камерун, долж границата со Нигерија, со децении кружат многу митови за тоа како лоши духови живеат во него. Она што се случи докажа дека имало вистина во предупредувањата во приказните што ги држеле децата подалеку од езерото – под мирната површина на Ниос се криела навистина голема опасност. Тоа е приказна на Џозеф Нкваин, еден од ретките кој ја преживеал најнеобичната природна катастрофа во историјата. „Не можев да зборувам. Останав без свест. Не можев да ја отворам устата, затоа што тогаш почувствував нешто страшно… Ја слушнав мојата ќерка чудно за`рка, многу ненормално… Додека се приближував до нејзиниот кревет… се распаднав и паднав… Сакав да кажам нешто, но гласот не можеше да излезе… Мојата ќерка веќе беше мртва“, рече тој. По необичниот татнеж, во таа судбоносна летна ноќ, езерото се претвори во фонтана, која исфрлаше вода неколку стотици метри во воздухот. Тогаш се формираше голем облак над езерото – се формираше од чад што излегуваше од езерото. Облакот постојано растеше, сè додека не достигна висина од околу 100 метри. Во меѓувреме, преплашените селани ги напуштија своите домови за да ја откријат причината за бучавата, објави Сајнс Алерт. Тежок облак ја прекри целата долина полна со населби. Луѓето паѓаа насекаде – на патот, во нивниот двор, во полињата. Додека едни само изгубија свест, други, во болка и во обид да дојдат до здив, умираа само за неколку минути. Во двете села најблизу до езерото преживеаја само четири лица. Таа кобна ноќ, езерото Ниос одеднаш испушти голем облак јаглерод диоксид (СО2), кој задуши 1746 луѓе и повеќе од 3500 животни во околните градови и села. Тоа е првпат во историјата природата да предизвика задушување на толку голем број луѓе и животни. До 23 август, облакот исчезна и преживеаните почнаа да се будат по речиси 36-часовна несвестица. Што знаеме и што не знаеме Научниците заклучиле дека езерото Ниос испуштило огромна количина јаглерод диоксид околу 21 часот, а бидејќи ЦО2 е потежок од воздухот, наскоро потонал во низините, покривајќи сè со чаршаф токсичен гас, со дебелина од 50 метри. Обично, тие тони и тони СО2 биле „задржувани“ во езерото, но се чини дека во тој момент нешто мистериозно пробило секаква бариера. „Вулканските гасови кои потекнуваат од земјата под езерото се раствораат со текот на времето и стануваат концентрирани во најдлабоката вода, а тропските температури формираат еден вид „капак“ на топла вода над онаа студената. Не е јасно како се разбива таа бариера, а причини можат да бидат разни – од земјотреси, лизгање на земјиштето, вулкански ерупции, пороен дожд…“, објаснува научникот Дејвид Бресан. Во отсуство на подобро научно објаснување, теоретичарите на заговор повеќе веруваат во тврдењата на некои локални жители дека ерупцијата била активирана со тајни тестирања бомби, спроведени од израелската и камерунската влада. За да се спречи повторување на овој грозен настан, во езерото беа инсталирани цевки што од дното го извлекуваат ЦО2, а во 2011 година беа поставени уште дополнителни две, бидејќи се појави загриженост дека веќе инсталираните не извлекувале доволно јаглерод диоксид од езерото Ниос – најсмртоносното езеро во светот. Денес езерото сè уште претставува опасност, затоа што неговиот ѕид константно слабее. Само еден земјотрес може да го урне поранешниот кратер на вулканот, а водата ќе ги поплави околните села, ослободувајќи огромни количини смртоносен гас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koga-prirodata-kje-mu-se-odmazdi-na-chovekot/feed/ 0
Пешачењето во природа го менува нашиот мозок https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/peshachenjeto-vo-priroda-go-menuva-nashiot-mozok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/peshachenjeto-vo-priroda-go-menuva-nashiot-mozok/#respond Fri, 30 Nov 2018 17:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=134308

Прошетката во парк има моќ да го опушти нашиот мозок, но и да го подобри нашето ментално здравје. Ова е наведено во новото истражување за ефектите на мозокот од физичките активности во природа. Најголем дел од нас денес живеат во град и немаат толку можности да излезат надвор во зелени, природни простори како претходните генерации. Тоа значи дека живеењето во град придонесува за повеќе стрес, анксиозност и депресија, како и други пореметувања на мозокот. Истражувањето спроведено на Универзитетот Стенфорд во рамки на интердисциплинарната програма за животна средина покажало дека волонтерите кои пешачеле почесто околу кампусот на универзитетот како дел од ова истражување имале повисоко ниво на внимание и се чувствувале посреќни отколку оние кои биле дел од градскиот сообраќај, во истото време. Истражувањето било спроведено на тој начин што оние кои пешачеле во природа го правеле тоа сами, без друштво и без музика со бавно одење. Веднаш по пешачењето тие се враќале во лабораторијата на универзитетот каде била следена нивната мозочна активност и кои пополнувале прашалник (пред и по пешачењето). Тоа покажало дека оние кои пешачеле во градот, во густиот сообраќај немале промени во нивната мозочна активност. Но, кај оние кои пешачеле во тивкиот и зелен простор биле забележани значајни подобрувања во нивното ментално здравје. Ваквите податоци покажуваат дека природните средини имаат едноставен, но и брз ефект на подобрувањето на нашиот мозок, но и нашето расположение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/peshachenjeto-vo-priroda-go-menuva-nashiot-mozok/feed/ 0