природен гас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 12:12:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png природен гас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Намалена потрошувачката на природен гас во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalena-potroshuvachkata-na-priroden-gas-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalena-potroshuvachkata-na-priroden-gas-vo-grtsija/#respond Tue, 17 Oct 2023 12:12:43 +0000 https://kurir.mk/?p=889814

Во првите девет месеци од годинава, потрошувачката на природен гас во Грција се намалила за 15,38 отсто во споредба со истиот период лани, согласно податоците од Националниот оператор за пренос на гас (ДЕСФА), намалување кое според компанијата се должи на благата зима, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот јануари - септември 2023 година, домашната потрошувачка на природен гас во земјата достигнала 38,07 терават часови од 44,98 терават во истиот период лани. Намалувањето на домашната потрошувачка, според ДЕСФА резултираше со пропорционално намалување за 13,69 отсто во споредба со лани на увезеното количеството на природен гас во Грција од терминалот за течен природен гас во Ревитуса, што воедно останува и главната порта за увоз во конкретниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalena-potroshuvachkata-na-priroden-gas-vo-grtsija/feed/ 0
Сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас да достават понуди до крајот на денот, повика Бектеши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-shto-imaat-moznost-da-snabduvaat-so-priroden-gas-da-dostavat-ponudi-do-krajot-na-denot-povika-bekteshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-shto-imaat-moznost-da-snabduvaat-so-priroden-gas-da-dostavat-ponudi-do-krajot-na-denot-povika-bekteshi/#respond Mon, 26 Dec 2022 10:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=780512

На јавниот повик на ЕСМ досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Преку транспарентна постапка, посочи Бектеши, кој ќе има подобра понуда, кој ќе ги има обезбедено количините, секако дека тој ќе победи на јавниот повик. –  Најважно од се е граѓаните и индустријата да бидат во континуитет снабдувани со природен гас, вклучително и работата на топланите, изјави Бектеши. Од 1 јануари, нагласи Бектеши, ќе имаме снабдување со природен гас за граѓаните, индустријата и институциите. – Нашите компании се повикани да конкурираат на јавните повици, кои се транспарентни и отворени. Не можеме да продолжиме 30 години да имаме само еден снабдувач. Уценување нема, има само диверзификација и реализација на определбите како држава во делот на пазарна економија, изјави Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашања за закупот на капацитетите на интерконекторот во Бугарија, Бектеши рече дека како Министерство немаат намера да се мешаат на тоа какви одлуки се носат во другите држави за закуп на капацитети, нагласувајќи дека интерес на Министерството е диверзификација во делот на снабдување со природен гас. – Тоа е пазарна економија. Кој ќе даде подобра понуда, тој ќе биде снабдувач и на топланите и на индустријата. Сабајлево имавме консултативен состанок со ЕСМ, НЕР и РКЕ, изјави Бектеши. Прашан за дефектот во РЕК „Осломеј“ и дали настанот е поврзан со увезениот јаглен, Бектеши рече дека во РЕК „Осломеј“ и во РЕК „Битола“ се увезува јаглен согласно квалитетот кој е побаран во јавниот повик на ЕСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-shto-imaat-moznost-da-snabduvaat-so-priroden-gas-da-dostavat-ponudi-do-krajot-na-denot-povika-bekteshi/feed/ 0
Откриено ново наоѓалиште на природен гас во Ексклузивната економска зона на Кипар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrieno-novo-naogjalishte-na-priroden-gas-vo-ekskluzivnata-ekonomska-zona-na-kipar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrieno-novo-naogjalishte-na-priroden-gas-vo-ekskluzivnata-ekonomska-zona-na-kipar/#respond Wed, 21 Dec 2022 12:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=778611

Министерството за енергетика, трговија и индустрија на Кипар соопшти дека успешно завршиле дупчењата во Блокот шест во Ексклузивната економска зона и било откриено ново, трето по ред, наоѓалиште на природен гас, јави дописничката на МИА од Атина. -Дупчењето изведено со бродот „Tungsten Explorer“ на оддалеченост од 162 километри од брегот на Кипар и на длабочина во водата од 2.300 метри, покажа постоење на колона на чист природен гас од 105 метри, со количества, кои според прелиминарните проценки изнесуваат вкупно две до три трилиони кубни стапки (Tcf), соопштија од надлежното кипарско Министерство. Истражувањата ги водеа операторот „Eni Cyprus Limited“ и „Total Energies EP Cyprus B.V“, а компаниите, заедно со Министерството „ги разгледуваат начините за забрзување и оптимално искористување на откритијата во Блокот шест“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrieno-novo-naogjalishte-na-priroden-gas-vo-ekskluzivnata-ekonomska-zona-na-kipar/feed/ 0
ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-za-noemvri-kje-nabavi-priroden-gas-od-makpetrol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-za-noemvri-kje-nabavi-priroden-gas-od-makpetrol/#respond Tue, 25 Oct 2022 10:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=750136

АД ЕСМ од „Макпетрол“ ќе ги набави неопходните количини на природен гас за работа на топланите во ноември. Како што информираат од компанијата, на тендерот за набавка на гас добиле официјална понуда само од Макпетрол поради што се одлучиле гас за ноември да набават од македонската компанија. -За гасот имаме официјална понуда од Макпетрол. Втората понуда од странската компанија е информативна, треба да ја комплетираат со сите податоци и да ја испратат во официјална форма. За ноември за топланите ќе набавиме количини од Макпетрол, информираа денеска од АД ЕСМ за МИА. Рокот за доставување на понудите н тендерот на АД ЕСМ за набавка на природен гас за потребите на топалните во Скопје и евентуално за работа на ТЕ-ТО заврши во петокот, но од компанијата оставија време до денеска за евентуално да не пристигне некоја понуда по пошта. Од ЕСМ планираа да набават природен гас за следните шест месеци, односно за целата грејна сезона за топланите, но и за когенеративната електрана ТЕ-ТО доколку имаше понуда со прифатлива цена на природниот гас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-za-noemvri-kje-nabavi-priroden-gas-od-makpetrol/feed/ 0
ЕСМ од вторник ќе соопшти кој се јавил на тендерот за снабдување со природен гас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-od-vtornik-kje-soopshti-koj-se-javil-na-tenderot-za-snabduvanje-so-priroden-gas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-od-vtornik-kje-soopshti-koj-se-javil-na-tenderot-za-snabduvanje-so-priroden-gas/#respond Fri, 21 Oct 2022 14:15:09 +0000 https://kurir.mk/?p=749111

АД ЕСМ по празникот ќе соопштат кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите. Како што велат од компанијата, се уште чекале да бидат доставени понудите, па потоа ќе ги разгледале и од вторник ќе ја информирале јавноста кој се се пријавил. Понудите компаниите требаше да ги достават до вчера. ЕСМ претходно го повика Макпетрол да достави до нив нова понуда за гас, откако компанијата соопшти дека навремено не добила побарување од ЕСМ за гас поради што не ги платила потребните количини до нивниот доставувач Гаспром за ноември. Според најавите, имаше уште две компании кои беа заинтересирани да достават понуда на тендерот за снабдување со природен гас за ноември годинава за потребите на топланите, а постоеше можност понудите да бидат за целата грејна сезона, вклучително и за работата на когенеративната постројка ТЕ-ТО. Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вчера во изјава за медиумите рече дека доколку нема прифатливи понуди на тендерот се подготвуваат топланите да работат на дизел.(МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-od-vtornik-kje-soopshti-koj-se-javil-na-tenderot-za-snabduvanje-so-priroden-gas/feed/ 0
Србија привремено го забранува извозот на природен гас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-privremeno-go-zabranuva-izvozot-na-priroden-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-privremeno-go-zabranuva-izvozot-na-priroden-gas/#respond Mon, 17 Oct 2022 10:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=746393

Владата на Србија денеска донесе одлука за привремена забрана за извоз на природен гас до крајот на месецот, со цел да се обезбеди безбедно снабдување на домашниот пазар и да се спречат можни штети за стопанството и граѓаните. Одлуката е донесена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг на природен гас предизвикан од нарушување на глобалниот енергетски пазар“, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-privremeno-go-zabranuva-izvozot-na-priroden-gas/feed/ 0
Франција почна со испораките на природен гас за Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-pochna-so-isporakite-na-priroden-gas-za-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-pochna-so-isporakite-na-priroden-gas-za-germanija/#respond Thu, 13 Oct 2022 10:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=744695

Франција почна со испораките на природен гас за Германија откако изврши технички прилагодувања на гасоводот што ги поврзува соседните држави, соопштено е од францускиот оператор „GRTgaz“. Сега гасот се транспортира директно преку единствената гасна интерконективна точка меѓу двете земји во близина на селото Нидергајлбах, во југозападна Германија. - Во новонастанатата енергетска ситуација поврзана со војната во Украина, Франција покажува солидарност со својот германски сосед со непосредните испораки гас, се посочува во соопштението. Првично преку границата ќе поминуваат 31 гигават-часови дневно, од максималните сто гигавати колкав што е дневниот капацитет на интерконтекторот. Техничките зафати врз гасоводот беа неопходни оттаму што првично системот беше изведен исклучиво за пренос на гас од Германија кон Франција, што наложи модификација на инсталацијата. Техничкото приспособување на системот за пренос на гас во двете насоки беше иницирано по драстичното намалување на испораките руски гас за Европа. Според договорот меѓу двете земји, за испорачаниот гас Франција од Германија ќе добива електрична енергија за време на критичните зимски месеци. Дури 30 од 56-те нуклеарни реактори во Франција се исклучени поради одржување, голем дел од нив со критични знаци на истрошеност и оштетувања настанати од корозија. Тоа предизвика значајни проблеми во електроснабдувањето во земјата чиј електросистем во голема мера зависи токму од производството струја во нуклеарните централи. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера најави дека наредните неколку седмици повторно ќе бидат оперативни 40 реактори, 46 до крајот на јануари. Меѓутоа, таквите планови може да ги пореметат штрајковите на вработените во нуклеарните централи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-pochna-so-isporakite-na-priroden-gas-za-germanija/feed/ 0
Пад на цената на природниот гас во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-cenata-na-prirodniot-gas-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-cenata-na-prirodniot-gas-vo-evropa/#respond Mon, 10 Oct 2022 08:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=743429

Цената на природниот гас во Европа денеска се намали за 5,05 отсто, покажуваат податоците на Лондонската берза ИЦЕ. Гасот за испорака во ноември во центарот ТТФ во Холандија се тргуваат по 148,23 евра за мегават час или за околу 1.440 долари за 1.000 кубни метри. Утрово берзата беше отворена на 148,25 евра за мегават час, потоа забележа пад на 144 евра за мегават час, по што цената се врати и достигна 166 евра за мегават час. Во петокот вечерта берзата затвори со цени од 156,21 евро за мегават час, околу 1.520 долари за 1.000 кубни метри. Податоците од берзата укажуваат дека од 28 септември до сега е забележан тренд на постепено намалување на цената на природниот гас во Европа. Цената на гасот својот максимум го забележа на 26 август – 346,52 евра за мегават час или околу 3.500 долари за 1.000 кубни метри. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-cenata-na-prirodniot-gas-vo-evropa/feed/ 0
Утре состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-sostanok-so-kompanijata-za-nabavka-na-priroden-gas-shto-ja-posochi-mickoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-sostanok-so-kompanijata-za-nabavka-na-priroden-gas-shto-ja-posochi-mickoski/#respond Thu, 06 Oct 2022 17:54:01 +0000 https://kurir.mk/?p=742085

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и со Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на утрешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. И Бектеши, како што рече, ќе учествува на средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава,а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата. Состанок со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела. -Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас, истакна Бектеши во Дневникот на ТВ Сител. Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО. -Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите.Средбата нема да биде во Скопје, туку надвор од Северна Макдонија. Ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана за понудата и за тоа како течеа преговорите, подвлече Бектеши. Во однос на разговорите со Србија, тој оцени дека се блиску до договор. -Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди, рече министерот. Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија. -Но, тоа не тереба да биде на штета на Буџетот. Затоа ќе се склучи договор за најдобрата понуда. Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците, рече Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-sostanok-so-kompanijata-za-nabavka-na-priroden-gas-shto-ja-posochi-mickoski/feed/ 0
Агенцијата за енергетика на Словенија побара од потрошувачите да внимаваат на потрошувачката на природниот гас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/agencijata-za-energetika-na-slovenija-pobara-od-potroshuvachite-da-vnimavaat-na-potroshuvachkata-na-prirodniot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/agencijata-za-energetika-na-slovenija-pobara-od-potroshuvachite-da-vnimavaat-na-potroshuvachkata-na-prirodniot-gas/#respond Tue, 12 Jul 2022 07:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=703688

Од потрошувачите во Словенија е побарано како мерка на претпазливост, да внимаваат на потрошувачката на природниот гас. Словенечката Агенција за енергетика објави ниво на рано предупредување како дел од кризниот план за информирање на јавноста за можни прекини во снабдувањето во иднина, во случај на намалено снабдување со гас од Русија, јави словенечката новинска агенција „СТА“. Во моментов непречено е снабдувањето со гас за Словенија и снабдувањето на потрошувачите, наведува Агенцијата за енергетика. Засега не се знае дали ќе има прекин. Министерот за инфраструктура Бојан Кумер рече дека тоа е само „фаза за рано предупредување“, бидејќи испораките на гас за Словенија продолжуваат непречено. – Испораките на природен гас се на ниво од минатата година, испораките се вршат врз основа на однапред склучени договори и не очекуваме проблеми на краток рок, рече тој. Минатата година вкупната потрошувачка на природен гас во Словенија се зголеми за шест отсто на 10.163 гигават-часови, што е најголема вкупна потрошувачка од 2010 година, соопшти Агенцијата за енергетика. Вкупната потрошувачка е зголемена за сите корисници на гас. Потрошувачката на домаќинствата што сочинува околу една третина од вкупната потрошувачка, се зголемила за речиси 12 отсто, додека потрошувачката вон категоријата домаќинства се зголемила за повеќе од девет отсто во споредба со 2020 година, јави „CTA“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/agencijata-za-energetika-na-slovenija-pobara-od-potroshuvachite-da-vnimavaat-na-potroshuvachkata-na-prirodniot-gas/feed/ 0