природен раст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Jul 2021 07:54:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png природен раст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија со негативен природен прираст: Лани 6.724 повеќе починати од родени, починале и 108 доенчиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-so-negativen-priroden-prirast-lani-6-724-povekje-pochinati-od-rodeni-pochinale-i-108-doenchinja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-so-negativen-priroden-prirast-lani-6-724-povekje-pochinati-od-rodeni-pochinale-i-108-doenchinja/#respond Fri, 02 Jul 2021 05:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=530794

Во Македонија минатата година се родиле 19 031, а умреле 25 755 лица, со што е евидентиран негативен природниот прираст од 6724 луѓе. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија, минатата година во градските подрачја живородени се 11 258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 773 или 40.8 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.8 години, а 28.4 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 година, а во селските подрачја 25.9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.2 години. Во градските подрачја умреле 15 948 лица или 61.9 %, а 9 807 лица или 38.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28.5 %, а најмало Вардарскиот Регион со 8.1 %. Во градските подрачја има 64 умрени доенчиња, додека во селските подрачја 44. Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.1 година, а во селските 73.6 години. Природниот прираст е негативен и изнесува -4 690 лица во градските подрачја и -2 034 лица во селските подрачја. Само Скопскиот регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст. Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.6 % имаат преселбите од село во град наспроти меѓуградските преселби со 8.7 %. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 50.9 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.2 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 785 лица, а најмало во Југoисточниот Регион, односно -129 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-so-negativen-priroden-prirast-lani-6-724-povekje-pochinati-od-rodeni-pochinale-i-108-doenchinja/feed/ 0