природни катастрофи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 May 2023 09:08:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png природни катастрофи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извештај: Поради војната и природните катастрофи рекордни 71 милион луѓе интерно раселени во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-poradi-vojnata-i-prirodnite-katastrofi-rekordni-71-milion-luge-interno-raseleni-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-poradi-vojnata-i-prirodnite-katastrofi-rekordni-71-milion-luge-interno-raseleni-vo-2022-godina/#respond Thu, 11 May 2023 09:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=832996

Минатата година во светот е забележан рекордно висок број од 71,1 милиони внатрешно раселени лица. Ова е последица на војната во Украина, но и на природните катастрофи, покажува денеска објавениот извештај на Центарот за мониторинг на внатрешно раселени лица и Норвешкиот совет за бегалци. Бројот на внатрешно раселени лица од 71,1 милиони во светот претставува зголемување од 20 отсто во споредба со 2021 година, се вели во извештајот. До крајот на 2022 година, 5,9 милиони луѓе биле принудени да се преселат во Украина поради руската инвазија, со што вкупниот број на внатрешно раселени лица поради конфликти и насилство ширум светот достигна 62 милиони, што претставува зголемување од 17 отсто во споредба со претходната година. Сирија има 6,8 милиони луѓе раселени поради конфликтот по повеќе од десет години граѓанска војна. Бројот на раселени лица во земјата на крајот на 2022 година поради природни катастрофи, како што се поплави и глад достигна 8,7 милиони, што е зголемување за 45 отсто во споредба со 2021 година. Терминот внатрешно раселени се однесува на лица кои се принудени да се движат во границите на својата земја, а во извештајот на Центарот за следење на внатрешно раселените лица не се наведени лицата кои се преселиле во други земји. Агенцијата за миграции на ОН соопшти дека за само неколку недели оваа година, поради конфликтот во Судан меѓу армијата и ривалската паравоена група, околу 700.000 луѓе се внатрешно раселени во таа земја. Центарот за следење на внатрешно раселените лица го наведе временскиот феномен Ла Ниња, кој се случува трета година по ред, како главен фактор за раселување на населението поради катастрофи во 2022 година. Феноменот доведе до рекордно раселување поради поплавите во Пакистан, Нигерија и Бразил и најтешката суша во Сомалија, Кенија и Етиопија, се вели во извештајот. Во 2022 година, голем број конфликти и природни катастрофи се совпаднаа, што доведе до раселување во размери што досега не се видени, рече Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-poradi-vojnata-i-prirodnite-katastrofi-rekordni-71-milion-luge-interno-raseleni-vo-2022-godina/feed/ 0
Природните катастрофи предизвикале околу 115 милијарди долари осигурени загуби од 2022 година до денес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prirodnite-katastrofi-predizvikale-okolu-115-milijardi-dolari-osigureni-zagubi-od-2022-godina-do-denes/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prirodnite-katastrofi-predizvikale-okolu-115-milijardi-dolari-osigureni-zagubi-od-2022-godina-do-denes/#respond Thu, 01 Dec 2022 10:15:11 +0000 https://kurir.mk/?p=769376

Природните катастрофи предизвикаа околу 115 милијарди долари осигурени загуби од 2022 година до денес, надминувајќи 100 милијарди долари втора година по ред, процени денеска швајцарскиот гигант за реосигурување Swiss Re. -Ураганот Иан и другите екстремни временски настани како што се зимските бури во Европа, поплавите во Австралија и Јужна Африка, како и градот во Франција и во САД резултираа со околу 115 милијарди долари осигурени загуби од природни катастрофи до денес, се вели во соопштението на Swiss Re. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prirodnite-katastrofi-predizvikale-okolu-115-milijardi-dolari-osigureni-zagubi-od-2022-godina-do-denes/feed/ 0
Истражување: Денешните деца ќе преживеат поголеми природни катастрофи во споредба со нивните дедовци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-deneshnite-deca-kje-preziveat-pogolemi-prirodni-katastrofi-vo-sporedba-so-nivnite-dedovci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-deneshnite-deca-kje-preziveat-pogolemi-prirodni-katastrofi-vo-sporedba-so-nivnite-dedovci/#respond Mon, 27 Sep 2021 11:28:43 +0000 https://kurir.mk/?p=568859

Децата ширум светот ќе доживеат повеќе горештини, поплави и суши во животот отколку нивните баби и дедовци, се наведува во студијата на организацијата Спасете ги децата (Save The Children). – Денешните деца во просек ќе доживеат седумпати повеќе топлотни бранови и речиси трипати повеќе поплави, суши и уништени посеви поради забрзување на климатските промени, се истакнува во студијата. Истражувањето укажува дека луѓето во земјите со низок и среден приход ќе бидат најтешко погодени, при што децата во Авганистан најверојатно 18 пати повеќе ќе страдаат од топлотни бранови од денешните возрасни, а децата во Мали ќе претрпат десетпати повеќе уништување на посевите. Во студијата, реализирана од Спасете ги децата во соработка со климатолозите на Слободен универзитет во Брисел, се истакнува дека децата родени на почетокот од 21 век ќе доживеат екстремни временски настани во споредба со лицата родени во 60-тите години од 20 век. Резултатите од истражувањето објавени се во „Сајнс магазин“ (Science Magazine). – Климатската криза во суштина е криза за правата на децата истакна извршниот директор на Спасете ги децата, Ингер Ашинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-deneshnite-deca-kje-preziveat-pogolemi-prirodni-katastrofi-vo-sporedba-so-nivnite-dedovci/feed/ 0
Природните катастрофи минатата година ги чинеле САД 306 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prirodnite-katastrofi-minatata-godina-gi-chinele-sad-306-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prirodnite-katastrofi-minatata-godina-gi-chinele-sad-306-milijardi-dolari/#respond Tue, 09 Jan 2018 09:41:38 +0000 http://kurir.mk/?p=8052

Американската Државна управа за океани и атмосфера соопшти дека во САД лани имало 16 природни катастрофи, кои причиниле штета поголема од една милијарда долари, а толку имало и во 2011 година. Досега рекордна штета од природни катастрофи беше 215 милијарди долари во 2005 година. Во извештајот се наведува дека само ураганот Харви, кој ја погоди државата Тексас, предизвикал штета во износ од 125 милијарди долари. Шумските пожари кои го зафатија западниот дел на САД, земјата ја чинеле околу 18 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prirodnite-katastrofi-minatata-godina-gi-chinele-sad-306-milijardi-dolari/feed/ 0