природни науки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 13:32:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png природни науки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средношколецот Андреј Доневски од Куманово ќе учествува на Светската олимпијада по природни науки во Тајланд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoletsot-andrej-donevski-od-kumanovo-ke-uchestvuva-na-svetskata-olimpijada-po-prirodni-nauki-vo-tajland/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoletsot-andrej-donevski-od-kumanovo-ke-uchestvuva-na-svetskata-olimpijada-po-prirodni-nauki-vo-tajland/#respond Tue, 05 Sep 2023 13:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=874827

Ученикот Андреј Доневски од Куманово обезбеди учество на Светската олимпијада по природни науки, која ќе се одржи во Тајланд. Сега гимназијалец, претходно ученик во основното „Кочо Рацин“ во Куманово, Доневски ќе учествува во тимот од државата на Светската олимпијада по природни науки, која ќе се одржи во Тајланд во текот на декември, годинава. Како што појаснува ученикот, за учество на олимпијадата ги поминал сите натпревари, општинскиот, регионален и државен натпревар под менторство на професорот по физика во „Кочо Рацин“, Жаклина Пешевска. – Очекуваме успех и целиме кон злато, вели Андреј. За учество на олимпијадата, како што нагласи, заедно со целиот тим ќе почне веднаш со подготовки на Природно математичкиот факултет. Најдобрите во државата по предметите физика, хемија и биологија учествуваа во два селекциски круга од каде Андреј после вториот круг се пласираше на четвртото место и избори место во шестчлениот македонски тим за олимпијада. Во текот на целото школување младиот кумановец уште од четврто одделение учествува на натпревари по математика, физика, биологија, хемија, информатика, учество во фото-секција, учество во училишниот тим по кошарка, одбојка и атлетика и друго. Добитник е на повеќе награди и признанија, последно трето место на државен натпревар по програмирање, трета награда на државен натпревар по математика и бронзен медал на јуниорска македонска математичка олимпијада, -учество на светскиот натпревар организиран од страна на Microsoft и стекнати меѓународни сертификати. – Проблем за учеството се финансиите кои треба да бидат обезбедени заради подмирување на трошоците на целиот тим за натпреварот. Ќе се обидеме преку донации или спонзорства да обезбедиме средства, затоа што самиот билет е скап. Ќе побараме поддршка од локалните и државните институции, вели родителот на Андреј, Горан Доневски. Андреј, дотогаш ќе се подготвува и како ученик во природно математичката насока во кумановската гимназија „Гоце Делчев“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoletsot-andrej-donevski-od-kumanovo-ke-uchestvuva-na-svetskata-olimpijada-po-prirodni-nauki-vo-tajland/feed/ 0
Сребро и бронза за македонски ученици на Олимпијадата по природни науки во Доха https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srebro-i-bronza-za-makedonski-uchenici-na-olimpijadata-po-prirodni-nauki-vo-doha/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srebro-i-bronza-za-makedonski-uchenici-na-olimpijadata-po-prirodni-nauki-vo-doha/#respond Thu, 12 Dec 2019 08:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=276423

Македонски ученици освоија сребрен и бронзен медал на 16. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (физика, хемија и биологија) што се одржа во Катар од 3 до 12 декември. Во конкуренција меѓу 400 учесници од 70 земји, сребрен медал освоија  Никола Спировски, деветтоодделенец во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје и Мајкл Георгиевски, прва година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци, кој за време на државните натпревари оваа пролет беше основец во кавадаречкото ООУ „Гоце Делчев“. Бронзен медал освоија Емилија Николовска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Григор Прличев“  во Охрид, Стефан Дрмач, прва година во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје, кој на државните натпревари беше основец во „Песталоци“, и Матеј Гелев, ученик во осмо одделение во ООУ „Блаже Конески“ во Велес. Во тимот од шест најдобри ученици по природни науки во земјава беше и Теона Кировска, ученичка во прва година во средното училиште „Кочо Рацин“ во Свети Николе, која беше деветтоодделенка во ООУ „Гоце Делчев“ за време на домашните натпревари. – Ова е досега најголем успех на екипа од Македонија на меѓународен престижен натпревар, вели проф. д-р Боце Митревски, еден од водачите на македонскиот тим во Доха, координатор за IJSO и поранешен претседател на Друштвото на физичарите на Република Македонија. До учеството на Олимпијадата во катарската престолнина, шесте македонски ученици ги поминаа општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, во периодот од февруари до мај 2019 година. Шеесет и пет ученици што покажале најдобри резултати на државните натпревари во основните училишта беа поканети да учествуваат на Првиот селекциски натпревар за Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2019. На натпреварот учествувале 38 ученици од кои 14 ученици се пласирале за Вториот селекциски натпревар на кој се избрани шестемина ученици да ја претставуваат земјава на Олимпијадата во Доха. Учениците беа подготвувани на Природно-математичкиот факултет во Скопје, од септември до крајот на ноември 2019 година. Покрај Боце Митревски, водачи на тимот беа и Марина Стојановска и Лозенка Иванова, сите вработени на ПМФ. Митревски им се заблагодари на општините кои помоигнале, на Фондот за иновации и технолошки развој за обезбедените авионски билети и на Агенцијата за млади и спорт кои поддржаа тројца учесници и се надева, како што вели, дека тие ќе го променат својот правилник за поддршка на млади таленти. -Тие ученици имаат потреба од лаборатории, опрема за изведување вежби и мерења, потрошен материјал за тие лаборатории, наставници кои континуирано посетуваат обуки, пари за котизација, авионски билети, солидна подготовка за меѓународни натпревари. Едноставно разбирање, поддршка и помош, наведува Митревски. Следната, 17. јуниорска олимпијада по природни науки ќе се одржи во Франкфурт во декември 2020 година]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srebro-i-bronza-za-makedonski-uchenici-na-olimpijadata-po-prirodni-nauki-vo-doha/feed/ 0