природно културно наследство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Jul 2019 05:58:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png природно културно наследство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Законот за управување со природното и културното наследство во Охрид пред пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-upravuvanje-so-prirodnoto-i-kulturnoto-nasledstvo-vo-ohrid-pred-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-upravuvanje-so-prirodnoto-i-kulturnoto-nasledstvo-vo-ohrid-pred-pratenicite/#respond Wed, 10 Jul 2019 05:57:08 +0000 https://kurir.mk/?p=216919

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја продолжи 104. седница, која ја почна вчера. Пратениците денеска ќе расправаат по преостанатите точки, а меѓу нив се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и двата по скратена постапка и во второ читање. Овие два закони ќе се најдат пред пратениците на пленарна седница, откако денеска претходно ќе поминат во матичната Комисија за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија. На дневен ред е и Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион во прво читање, кој вчера помина на Комисијата за култура. Новиот закон за управување со природното и културното наследство е согласно советите и условите што УНЕСКО ги истакна во последниот извештај, а законот вчера не расправата во матичната Комисија не беше поддржат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Образложението беше дека предвидениот мораториум и за градба во Охрид и слични мерки, можеле да се спроведат и со постоечкиот закон. Забелешки имаше и во однос на составот на советот, што треба да се формира согласно предлогот. Според опозицијата, законот ги амнестира градоначалниците од одговорност. Според пратениците од СДСМ законот треба да се донесе што е можно поскоро бидејќи Охрид се наоѓа во страшна состојба и УНЕСКО бара реална разработка на план за справување со големата криза, а одговорноста за таа состојба треба да се бара кај сите. Комисиската расправа беше прекината поради почеток на пленарната седница и дополнително ќе биде закажана. На дневен ред на 104. седница е и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-upravuvanje-so-prirodnoto-i-kulturnoto-nasledstvo-vo-ohrid-pred-pratenicite/feed/ 0