приштина-белград – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jun 2023 16:31:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приштина-белград – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стано: Ниту Белград ниту Приштина го потврдија пристигнувањето во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-nitu-belgrad-nitu-prishtina-go-potvrdija-pristignuvaneto-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-nitu-belgrad-nitu-prishtina-go-potvrdija-pristignuvaneto-vo-brisel/#respond Mon, 19 Jun 2023 16:31:01 +0000 https://kurir.mk/?p=847515

Портпаролот на ЕУ Петер Стано денеска изјави дека датумот на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти се уште не е одреден бидејќи ниту една од страните се уште не го потврдила учеството. „Немаме информации за тоа освен некои јавни неконструктивни оценки. ЕУ очекува двете страни да ја прифатат поканата и да дојдат на разговори за да се надмине актуелната ситуација“, рече Стано на прес-конференцијата. Тој додаде дека изнаоѓањето излез од ситуацијата на Косово е пред се во интерес на луѓето кои живеат таму и во централна Србија. „ЕУ внимателно ја следи ситуацијата и дали постои желба за разрешување или ескалација на ситуацијата. Имаме редовен месечен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ) закажан за следниот понеделник, а ова прашање ќе биде на дневен ред, рече Стано. Тој истакна дека поканата за средба на еврокомесарот за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, е шанса Вучиќ и Курти да ја покажат својата конструктивност и подготвеност за решавање на ситуацијата. „Таа средба нема да биде организирана за да се расположи Брисел, туку да се разговара за иднината на народот на Косово и Србија. Незаинтересираноста сигурно ќе доведе до последици кои ќе ги погодат граѓаните, а одговорноста е исклучиво на премиерот Курти. и претседателот Вучиќ.И никој друг“, рече Стано Тој посочи дека за среќа немало нови ескалации во последните неколку дена, но додаде дека нема индиции за деескалација. „Тука сме да им помогнеме и да ги советуваме како да ја смират ситуацијата, но на крајот таа одлука е на нив“, изјави Стано. Тој додаде дека ЕУ во моментов е фокусирана на постигнување средба меѓу Белград и Приштина, каде ќе се најдат решенија за деескалација на ситуацијата, а не на смислување казнени мерки. „Однесувањето на двете страни ќе се следи на два важни состаноци – состанокот на Европскиот совет и состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург во понеделник и секако ќе влијае на понатамошниот европски пат на Косово и Србија, но во моментов сме фокусирани за деескалација на ситуацијата на терен и изнаоѓање одржливо политичко решение“, заклучи Стано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-nitu-belgrad-nitu-prishtina-go-potvrdija-pristignuvaneto-vo-brisel/feed/ 0
Дијалог Белград-Приштина: Мирослав Лајчак по видео средбата со Александар Вучиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dijalog-belgrad-prishtina-miroslav-lajchak-po-video-sredbata-so-aleksandar-vuchikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dijalog-belgrad-prishtina-miroslav-lajchak-po-video-sredbata-so-aleksandar-vuchikj/#respond Sun, 12 Jul 2020 12:05:34 +0000 https://kurir.mk/?p=374525

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по видео средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека дијалогот Белград-Приштина е вратен на вистинскиот пат. – Драго ми е што можам да кажам дека по самитот во Париз и денешната средба, дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, по 20 месеци се врати на вистинскиот пат, изјави Лајчак. Тој рече дека на состанокот биле договорени главните елементи на процесот и агендата на следната средба, што ќе се одржи во живо во четврток во Брисел. Видео конференцијата меѓу Белград, Приштина и преговарачот на ЕУ траеше околу 2,5 часа. Одржани се билатерални консултации на двете страни со министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот претставник Мирослав Лајчак. Лајчак им се заблагодари на двете страни за нивната конструктивна посветеност за време на денешната видео-средба. Во Брисел оценуваат дека состанокот е „успешно завршен“, иако се очекуваше дека можеби ќе трае подолго. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dijalog-belgrad-prishtina-miroslav-lajchak-po-video-sredbata-so-aleksandar-vuchikj/feed/ 0