прислушкување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 12:29:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прислушкување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Смени во грчката полиција поради скандалот со прислушувањето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeni-vo-grchkata-politsija-poradi-skandalot-so-prislushuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeni-vo-grchkata-politsija-poradi-skandalot-so-prislushuvaneto/#respond Thu, 26 Jan 2023 12:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=792299

За „ноќ на чистки“ во грчката полиција пишува „Катимерини“ во своето електронско издание, најавувајќи пензионирање или отпуштање синоќа на голем број високи раководители кои имале контроверзна улога во аферата со прислушувањето на грчките политичари од страна на разузнавачки служби. Со одлука на министерот за цивилна заштита, Такис ​​Теодорикакос, генерал-потполковник Константинос Скумас останува на чело на грчката полиција. Јоргос Јанинас и Јоргос Канелос, кои беа на важни позиции во антитерористичката единица и во службата за безбедност во регионот на Атика, заминуваат во пензија со чин генерал-полковник. На нивно место во ист ранг беа унапредени Елефтериос Гарилас и Спирос Склавос. На располагање и надвор од редовна должност се поставени 14 поранешни високи полициски службеници со чин генерал-мајор. Меѓу нив се поранешниот началник на главниот полициски оддел на Атика, Манолис Дурветакис, началниците на полициските служби во Тракија и Источното Егејско Море, Пасхалис Сиритудис и Лефтерис Дурудус, началникот на дирекцијата за специјални сили Јоргос Балас и други. Уште петмина генерал-мајори се пензионираа, меѓу кои Илиас Косивакис, шеф на Службата за внатрешни истраги и Никос Цецикас, шеф на Дирекцијата за управување и анализа на информации. Весникот пишува дека промените во полициската команда имаат за цел да испратат порака дека поединци кои имале дури и сомнителна улога во скандалот со прислушувањето, како шефови на чувствителни служби, припаѓаат на минатото на грчката полиција. Поради оваа афера, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, достави до Парламентот барање за недоверба на Владата на премиерот Киријакос Мицотакис. Гласањето треба да се одржи утре.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeni-vo-grchkata-politsija-poradi-skandalot-so-prislushuvaneto/feed/ 0
Како да знаете дали некој Ви го прислушкува телефонот: Експерти откриваат сигурносни знаци дека некој Ве следи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-znaete-dali-nekoj-vi-go-prislushkuva-telefonot-eksperti-otkrivaat-sigurnosni-znaci-deka-nekoj-ve-sledi-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-znaete-dali-nekoj-vi-go-prislushkuva-telefonot-eksperti-otkrivaat-sigurnosni-znaci-deka-nekoj-ve-sledi-2/#respond Wed, 27 Jul 2022 08:38:44 +0000 https://kurir.mk/?p=710686

Сигурно барем еднаш во животот сте помислиле дека некој ви го следи телефонот. Технологијата измина долг пат, но затоа следењето и прислушувањето никогаш не било полесно, особено на мобилен телефон. Хакерите можат да дознаат апсолутно сè за вашиот живот! Со следење на GPS сигналите, тие можат да знаат каде одите на шопинг и други локации што редовно ги посетувате. Откако ќе соберат доволно информации, можат да ги продадат на Dark Web или да ги користат за кражба на идентитет, што не е невообичаено овие денови. За тоа сведочат бројни случаи ширум светот. Затоа, важно е да ги препознаете сигналите што ги испраќа мобилниот телефон во случај некој да ве следи: Телефонот сам се ресетира – Доколку мобилниот почне сам да се рестартира, тоа може да биде знак дека е хакиран – објаснуваат експертите за безбедност на уредите поврзани на интернет. Додаваат дека злонамерната програма вметната на каков било начин најчесто доаѓа во „конфликт“ со други апликации, па телефонот се „расипува“. Телефонот драстично забави Вашиот уред одеднаш забави и ве нервира? Вистина е дека секој телефон, iOS или Android, со текот на времето губи брзина и капацитет, но ако тоа се случи во комбинација со други „симптоми“ од оваа листа, секако не е добро. Слушате необични звуци Ако слушнете ехо, статични звуци или кликање, тоа може да биде знак дека некој ги слуша вашите повици. Експертите објаснуваат дека тоа ретко се случува, бидејќи хакерите усовршиле бројни техники, но внимавајте на квалитетот на звукот за време на разговорите кога сте во мирна средина или сами. Уредот е тајно вкоренет Станува збор за рачно отстранување на ограничувањата на производителот, за да може да се пристапи до заштитените делови на уредот и да се инсталира програма за шпионирање. „Не можете сами да го забележите ова. Побарајте Cydia за iOS или SuperUser за Android. Може да се случи и сами да се појават на вашиот екран“, велат експертите. На телефонот му треба премногу време за да се исклучи Обрнете внимание ако на телефонот му треба подолго време за исклучување од вообичаено. „Кога ќе го притиснете копчето за исклучување, уредот мора да ги заврши сите задачи што ги започнал. Ова значи и испраќање податоци на трета страна, односно хакер, што значително го зголемува времето на исклучување“, открива Readers Digest. Мобилниот често се прегреева Дали забележавте дека уредот е „жежок“ во последно време? Ова може да биде знак дека е хакиран. Злонамерна програма што работи континуирано, без да сфатите, доведува до прегревање. Секако, има и други причини поради кои телефонот се прегрева, а причина за тоа би можела да биде батеријата. Уште две причини за кои треба да се грижите и кои би можеле да бидат знак дека телефонот ви е хакнат се брзото празнење на батеријата и постојаното „пржење“ на интернетот, т.е. пакет на податоци. Што можете да направите? Првото нешто што треба да направите е да го ресетирате телефонот. „Звучи неверојатно, но некои апликации и софтвер за следење се потпираат на тоа што никогаш не го рестартирате телефонот. Со овој едноставен потег ќе ги запрете хакерите“, рекол споменатиот извор. Антивирусните апликации можат да помогнат, но ако ги имате не значи дека сте заштитени. – Исклучете ги GPS-от и локацијата кога не ви требаат, бидејќи тоа спречува трето лице да ја знае вашата локација. Исто така, важно е редовно да го ажурирате телефонот и да ги бришете апликациите со кои не сте запознаени – се заклучува во написот. Ако ништо од ова не помогне, тогаш ресетирањето е во ред, но ресетирањето на хардверот и чувањето само на најосновните копии на податоци – фотографии, видеа, пораки, содржината на апликацијата Notes и други работи што не се од системска природа – велат сајбер-експертите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-znaete-dali-nekoj-vi-go-prislushkuva-telefonot-eksperti-otkrivaat-sigurnosni-znaci-deka-nekoj-ve-sledi-2/feed/ 0
Како да знаете дали некој ви го прислушкува телефонот: Експерти откриваат сигурносни знаци дека некој ве следи! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-znaete-dali-nekoj-vi-go-prislushkuva-telefonot-eksperti-otkrivaat-sigurnosni-znaci-deka-nekoj-ve-sledi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-znaete-dali-nekoj-vi-go-prislushkuva-telefonot-eksperti-otkrivaat-sigurnosni-znaci-deka-nekoj-ve-sledi/#respond Tue, 26 Jul 2022 19:40:26 +0000 https://kurir.mk/?p=710516

Сигурно барем еднаш во животот сте помислиле дека некој ви го следи телефонот. Технологијата измина долг пат, но затоа следењето и прислушувањето никогаш не било полесно, особено на мобилен телефон. Хакерите можат да дознаат апсолутно сè за вашиот живот! Со следење на GPS сигналите, тие можат да знаат каде одите на шопинг и други локации што редовно ги посетувате. Откако ќе соберат доволно информации, можат да ги продадат на Dark Web или да ги користат за кражба на идентитет, што не е невообичаено овие денови. За тоа сведочат бројни случаи ширум светот. Затоа, важно е да ги препознаете сигналите што ги испраќа мобилниот телефон во случај некој да ве следи: Телефонот сам се ресетира – Доколку мобилниот почне сам да се рестартира, тоа може да биде знак дека е хакиран – објаснуваат експертите за безбедност на уредите поврзани на интернет. Додаваат дека злонамерната програма вметната на каков било начин најчесто доаѓа во „конфликт“ со други апликации, па телефонот се „расипува“. Телефонот драстично забави Вашиот уред одеднаш забави и ве нервира? Вистина е дека секој телефон, iOS или Android, со текот на времето губи брзина и капацитет, но ако тоа се случи во комбинација со други „симптоми“ од оваа листа, секако не е добро. Слушате необични звуци Ако слушнете ехо, статични звуци или кликање, тоа може да биде знак дека некој ги слуша вашите повици. Експертите објаснуваат дека тоа ретко се случува, бидејќи хакерите усовршиле бројни техники, но внимавајте на квалитетот на звукот за време на разговорите кога сте во мирна средина или сами. Уредот е тајно вкоренет Станува збор за рачно отстранување на ограничувањата на производителот, за да може да се пристапи до заштитените делови на уредот и да се инсталира програма за шпионирање. „Не можете сами да го забележите ова. Побарајте Cydia за iOS или SuperUser за Android. Може да се случи и сами да се појават на вашиот екран“, велат експертите. На телефонот му треба премногу време за да се исклучи Обрнете внимание ако на телефонот му треба подолго време за исклучување од вообичаено. „Кога ќе го притиснете копчето за исклучување, уредот мора да ги заврши сите задачи што ги започнал. Ова значи и испраќање податоци на трета страна, односно хакер, што значително го зголемува времето на исклучување“, открива Readers Digest. Мобилниот често се прегреева Дали забележавте дека уредот е „жежок“ во последно време? Ова може да биде знак дека е хакиран. Злонамерна програма што работи континуирано, без да сфатите, доведува до прегревање. Секако, има и други причини поради кои телефонот се прегрева, а причина за тоа би можела да биде батеријата. Уште две причини за кои треба да се грижите и кои би можеле да бидат знак дека телефонот ви е хакнат се брзото празнење на батеријата и постојаното „пржење“ на интернетот, т.е. пакет на податоци. Што можеш да направите? Првото нешто што треба да направите е да го ресетирате телефонот. „Звучи неверојатно, но некои апликации и софтвер за следење се потпираат на тоа што никогаш не го рестартирате телефонот. Со овој едноставен потег ќе ги запрете хакерите“, рекол споменатиот извор. Антивирусните апликации можат да помогнат, но ако ги имате не значи дека сте заштитени. - Исклучете ги GPS-от и локацијата кога не ви требаат, бидејќи тоа спречува трето лице да ја знае вашата локација. Исто така, важно е редовно да го ажурирате телефонот и да ги бришете апликациите со кои не сте запознаени - се заклучува во написот Readers Digest. Ако ништо од ова не помогне, тогаш ресетирањето е во ред, но ресетирањето на хардверот и чувањето само на најосновните копии на податоци - фотографии, видеа, пораки, содржината на апликацијата Notes и други работи што не се од системска природа - велат сајбер-експертите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-znaete-dali-nekoj-vi-go-prislushkuva-telefonot-eksperti-otkrivaat-sigurnosni-znaci-deka-nekoj-ve-sledi/feed/ 0
МНР на Србија собра докази дека претседателот Вучиќ бил прислушкуван нелегално https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mnr-na-srbija-sobra-dokazi-deka-pretsedatelot-vuchikj-bil-prislushkuvan-nelegalno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mnr-na-srbija-sobra-dokazi-deka-pretsedatelot-vuchikj-bil-prislushkuvan-nelegalno/#respond Wed, 20 Jan 2021 15:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=457642

По налог на Обвинителството за организиран криминал, работната група на Министерството за внатрешни работи сослушала голем број луѓе и собрала докази што укажуваат на тоа дека претседателот Александар Вучиќ и членовите на неговото семејство биле незаконски прислушувани, соопштија од МВР, јави дописникот на МИА од Белград. -Во согласност со член 27 став 2 од Законот за организација и надлежности на државните органи во сузбивање на организиран криминал, тероризам и корупција, соопштуваме дека известувањата добиени од лица осомничени дека се поврзани со случајот со прислушувањето на претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, доставени се на понатамшна надлежност до Обвинителството за организиран криминал, се наведува во соопштението на МВР. Се додава дека Работната група на Министерството за внатрешни работи продолжува да работи по барање на Обвинителството за организиран криминал. Министерот за внатрешни рабори Александар Вулин изјави дека детално го информирал претседателот Вучиќ за резултатите од досегашната предистражна постапка. Пред две недели, Вучиќ објави дека има докази дека бил прислушуван година и пол, дека станува збор за директен обид за државен удар и дека во прислушувањето „несомнено е дека учествувал и странски фактор“ , додавајќи дека не ги обвинува странците, „кога пред се се замешани наши“. -Ова дојде до мене, бидејќи имаше чесни полицајци кои ми го донесоа, кажа Вучиќ, кој додаде дека му биле доставени дискови на кои биле снимени неговите прислушувани разговори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mnr-na-srbija-sobra-dokazi-deka-pretsedatelot-vuchikj-bil-prislushkuvan-nelegalno/feed/ 0
Мебелот од Камчев бил озвучен: Катица Јанева договарала рекети додека некој постојано ја слушал? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mebelot-od-kamchev-bil-ozvuchen-katica-janeva-dogovarala-reketi-dodeka-nekoj-postojano-ja-slushal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mebelot-od-kamchev-bil-ozvuchen-katica-janeva-dogovarala-reketi-dodeka-nekoj-postojano-ja-slushal/#respond Wed, 21 Aug 2019 17:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=232043

Ексклузивниот мебел за домот на Катица Јанева, подарок од близок родина на бизнисменот Орце Камчев, пристигнал со дополнителна опрема – апаратче за прислушување, тврдат извори од истрагата, пренесува Република. Неофицијално, во каучот, двоседот и фотелјите, кои специјалната обвинителка ги добила на подарок од осомничениот, сокриена била и буба за прислушување. Наводно, со уредот биле следени разговорите што Јанева ги водела во својот дом, но и нејзините телефонски разговори од фиксен и мобилниот телефон, пишува порталот. Денеска обвинителството наложи конфискација на мебелот добиен како подарок од сопственик на фирма, која е близок роднина на инволвиран во случај кој го води СЈО. Како што тврди изворот, се работи за мебел од фирмата на сестрата на осомничениот во „Империја“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mebelot-od-kamchev-bil-ozvuchen-katica-janeva-dogovarala-reketi-dodeka-nekoj-postojano-ja-slushal/feed/ 0
ОТА следи 159 комуникации- Меѓу нив и поврзани со „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ota-sledi-159-komunikacii-megju-niv-i-povrzani-so-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ota-sledi-159-komunikacii-megju-niv-i-povrzani-so-reket/#respond Fri, 19 Jul 2019 12:05:06 +0000 https://kurir.mk/?p=220169

Оперативно-техничката агенција – ОТА во моментов активно следи 159 комуникации, а постои можност некои од нив да се поврзани со најновиот случај „Рекет“, изјави денеска директорот на ОТА, Зоран Ангеловски. Во посета на ОТА денеска беше собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, со која претседава пратеникот Емил Димитриев. ОТА од почетокот на годината следела 258 комуникации, од кои 159 се се уште активни. Следењето на комуникациите е максимално безбедно и не може да случи истекување на разговорите, беше истакнато на денешната прес-конференција по посетата. На прашањето дали од тие 159 активно следни комуникацвии има и такви за случајот „Рекет“, Ангеловски нагласи дека ОТА нема увид во идентитетот на лицата што се следат. – Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви, изјави Ангеловски. Димитриев нагласи дека нивната главна цел е комуникациите да бидат покриени со соодветна судска наредба. Истакна дека се во исчекување на потпишување договор за ангажирање ИТ експерт, кој е веќе селектиран. Комисијата само врши избор и тој е направен пред два месеци, се чека потписот на претседателот на Собранието. За сите следени комуникации, Комисијата утврдила дека ОТА поседува уредна судска наредба. Ангеловски истакна дека ОТА се залага за максимална транспаретност и контрола во својата работа. -Внатрешни контроли правиме на еден месец. Се е максимално чисто и максимално транспарентно. Работиме законски по судска наредба, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ota-sledi-159-komunikacii-megju-niv-i-povrzani-so-reket/feed/ 0
Сè уште се молчи кој и зошто ги прислушкувал обвинителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-se-molchi-koj-i-zoshto-gi-prislushkuval-obvinitelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-se-molchi-koj-i-zoshto-gi-prislushkuval-obvinitelite/#respond Fri, 15 Mar 2019 08:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=174987

Јавното обвинителство сè уште молчи кој и зошто ги прислушкувал обвинителите цели две години. Речиси четири месеци изминаа од објавувањето на скандалот во кој беше објавено дека обвинителството било прислушкувано од септември 2016-та година, а јавноста сè уште чека на одговорите кој и зошто прислушкувал. Нејасно е зошто истрагата за прислушкувањето на обвинителите кое започнало од септември 2016-та година, откако Оливер Спасовски беше технички министер тапка в место и кој ја кочи целата работа. Во јавноста се појавија сериозни индиции дека можеби власта е таа која ја кочи целата работа со уцени и притисоци од снимените материјали. Ддури и  обвинителот Сашо Рајчев потврди дека истрагата речиси и да не е започната. Тој на прашање за истрагата изјави дека најпрви се вештачат хард дисковите од  обвинителството за организиран криминал и корупција за да се провери дали и таму било снимано, а дури потоа ќе се истражува Јавното обвинителство. - Сега  вештакот е фокусиран на хард дисковите на организиран криминал, затоа што во ова зграда неспорно е дека имаме снимени разговори. Прво да го завршиме организиран криминал  а потоа преминуваме на проверки за неовластеноста во снимањето и после евентуално во прислушкувањето  доколку имаме пристап на тие разговори неовластено од надвор, изјави Рајчев. Тој со оваа изјава практично и потврди дека воопшто не е ни започната истрагата за прислушувањето на обвинителството. За притисоците и заканите од страна на власта кон судството и обвинителството предупредуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека власта прати порака дека судиите и обвинителите ги имаат во рака, со снимани разговори, уценети, им требаат покорни на политичките наредби, додека правдата се заобиколува затоа што од 2-ри септември 2016- та година министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од СДСМ, еден период како технички, а потоа како полнозначен министер во владата на Заев. - Ако имало прислушкување тоа е во целиот период додека овој човек е министер и во целиот мандат на оваа влада на Заев. Значи согласно засега достапните информации ова прислушкување се случувало во целиот период додека Заев е премиер, Спасовски министер, а Верушевски советник во Владата, истиот тој советник добро познат од аферата Големото уво и бомбите на Заев. И клучното прашање е кој располага сега со разговорите на обвинителството и судството, кој ги држи уценети, кое обвинителство сега ќе ги истражува разговорите за да утврди кој диктира обвиненија и суди неправда (секако не смее тоа да биде политизираното СЈО), какви разговори има и дали поради тие разговори премиерот Заев предвреме ги погодуваше точните пресуди и висини на казни. Дали поради тие разговори одредени судии се исплашени, па судат во неразумно време, се кршат процедури, закони, правила, дали поради тие разговори одредени обвинители го амнестираат вистинскиот криминал?,  потенцираше Мицкоски. Со одолговлевкувањето на истрагата и тоа што речиси 4 месеци ништо не е сработено за да се открие кој и со кои цели прислушкувал и што има на тие материјали сè повеќе се потврдуваат тезите на Мицкоски дека целиот случај е конструкција на власта која има за цел да ги држи судството и обвинителството како заложници за кога и да посака да може да ги користи во партиски цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-se-molchi-koj-i-zoshto-gi-prislushkuval-obvinitelite/feed/ 0
Во моментов во Македонија се прислушкуваат 188 телефони- Најголем дел по барање на УБК и БЈБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-momentov-vo-makedonija-se-prislushkuvaat-188-telefoni-najgolem-del-po-baranje-na-ubk-i-bjb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-momentov-vo-makedonija-se-prislushkuvaat-188-telefoni-najgolem-del-po-baranje-na-ubk-i-bjb/#respond Thu, 14 Mar 2019 15:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=174771

Уредите на агенцијата ОТА во моментов снимаат разговори од над 180 телефонски броеви. Нивното следење е со наредба од Врховниот суд и основните судови а најголем дел по барање на Управата за безбедност и контра-разузнавање како и Бирото за јавна безбедност. Тимот на ОТА брои 22-ца вработени.Директорот на агенцијата вели дека во следниот период е можно вработување на уште неколкумина но и дека со постојната бројка се покриени сите работни позиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-momentov-vo-makedonija-se-prislushkuvaat-188-telefoni-najgolem-del-po-baranje-na-ubk-i-bjb/feed/ 0