прислушувани разговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Jan 2021 12:21:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прислушувани разговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тајно пришлушувани српскиот претседател Вучиќ и неговата фамилија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-prishlushuvani-srpskiot-pretsedatel-vuchikj-i-negovata-familija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-prishlushuvani-srpskiot-pretsedatel-vuchikj-i-negovata-familija/#respond Sat, 23 Jan 2021 12:21:55 +0000 https://kurir.mk/?p=458925

На дисковите што му беа предадени на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, снимени се 660 минути на негови незаконски прислушувани разговори, вклучително и оние со неговиот син Данило и неговиот брат Андреј, пишуваат Новости. Работната група на Министерството за внатрешни работи, која собира информации по наредба на Обвинителството за организиран криминал, во случајот со прислушувањето на шефот на државата и членовите на неговото семејство, во петокот продолжи да испрашува припадници на полицијата и досега се сослушани околу 50 припадници на МВР. Клучен актер во оваа афера, барем засега, освен поранешниот државен секретар на Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која одбива да биде ставена на полиграфско испитување, е и Дејан Миленковиќ-Багзи, нејзин најблизок соработник и поранешен началник на Службата за специјални истражни методи на Управата за криминалистичка полиција, пренесуваат Новости. Според неофицијалните информации на Новости, Дејан Миленковиќ-Багзи се согласил на полиграф и го поминал овој тест, односно докажал дека не лаже за настаните во оваа служба, во времето кога бил на нејзино чело. Тој, наводно, потврдил дека имало тајни мерки за прислушување без судски наредби. -Имало и случаи кога се правеа транскрипти од тајни разговори кои се носеа на Дијана Хркаловиќ, без да бидат запишани во официјалните полициски документи, изјави соговорникот на Новости. Пред две недели, Вучиќ објави дека има докази дека бил прислушуван година и пол, дека станува збор за директен обид за државен удар и дека во прислушувањето „несомнено е дека учествувал и странски фактор“, додавајќи дека не ги обвинува странците, „кога пред сè се замешани наши“. -Ова дојде до мене, бидејќи имаше чесни полицајци кои ми ги донесоа, кажа Вучиќ, кој додаде дека му биле доставени дискови на кои биле снимени неговите прислушувани разговори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-prishlushuvani-srpskiot-pretsedatel-vuchikj-i-negovata-familija/feed/ 0
Бомбите продолжуваат да се слушаат, станаа извор на манипулации и оцрнување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bombite-prodolzuvaat-da-se-slushaat-stanaa-izvor-na-manipulacii-i-ocrnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bombite-prodolzuvaat-da-se-slushaat-stanaa-izvor-na-manipulacii-i-ocrnuvanje/#respond Thu, 16 Aug 2018 15:39:38 +0000 https://kurir.mk/?p=88674

Нелегално снимените разговори или популарните бомби продолжија да се слушаат денеска во Основен суд 1, со што продолжи судењето на случајот „Титаник“.  На овој начин продолжи праксата на оцрнувања и манипулации и разгорување на ниски страсти. Овој пат наместо СДСМ, Судот истите ги овозможи да се чујат пред јавноста. На почетокот на рочиштето адвокатите на обвинетите се повикаа на јасната законска обврска дека докази не можат да бидат копии доколку тие не се оверени и споредени со оргиналот. Адвокатите посочуваат дека Законот јасно и недвосмислено кажува дека доказ е само оргинален документ, снимка или слично, или копија од нив доколку е споредено и оверено дека е идентично со оригиналот. Понудените креирани снимки од телефонски разговори не се оргинални снимки, ниту пак обвинителството и покрај многуте апели до сега, приложи доказ дека снимките кои се копии се споредени со оригиналот и дека се веродостојни. И покрај сето ова разговори се слушаа. Во содржината на самите разговори не можеше да се забележи ништо спорно ниту незаконски. Па така во еден од нив помеѓу Јанакиески и Протоѓер се говори дека треба да се укаже и амбасадорите да се вклучат во кампањата на ДИК за ушишување, односно пријавување на припадниците на дијаспората за гласање. Веднаш во про владините портали тоа беше пренесено дека и амбасадорите се носеле "за уши", иако таква работа не се кажува никаде. Во извесен момент завладеа и досада во судницата бидеји ништо спектакуларно не се случуваше, за разлика од насловите и манипулациите што се ширеа на провладините медиуми. Впрочем совршено јасно е дека и тоа е целта на ваквата приземна кампаања]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bombite-prodolzuvaat-da-se-slushaat-stanaa-izvor-na-manipulacii-i-ocrnuvanje/feed/ 0