прислушувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 09:07:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прислушувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анкета: 64 отсто од Грците не веруваат дека премиерот и владата не се поврзани со прислушувањата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-64-otsto-od-grcite-ne-veruvaat-deka-premierot-i-vladata-ne-se-povrzani-so-prislushuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-64-otsto-od-grcite-ne-veruvaat-deka-premierot-i-vladata-ne-se-povrzani-so-prislushuvanjata/#respond Tue, 22 Nov 2022 09:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=764594

Над шест од десет анкетирани, односно 64 отсто, одговориле негативно на прашањето дали ги убедила изјавата на грчкиот премиер дека Владата и тој лично не се поврзани со следењата на телефоните преку малициозен софтвер, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина. На конкретното прашање, позитивно одговориле само 18 проценти, а исто толку рекле дека не знаат или одбиле да одговорат. За „кошничката за домаќинствата“, односно конкретните категории производи во супермаркетите чии цени треба да останат непроменети или да имаат минимално зголемување, речиси половина од анкетираните (49 отсто) рекле дека вклучените производи не ги покриваат нивните основни потреби. На политичката сцена, владејачката Нова демократија и понатаму е во предност пред опозициската СИРИЗА со 7,3 отсто. Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“ била спроведена од 10 до 18 ноември 2022 година со вклучени 1.000 граѓани со право на глас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-64-otsto-od-grcite-ne-veruvaat-deka-premierot-i-vladata-ne-se-povrzani-so-prislushuvanjata/feed/ 0
Ципрас: Мицотакис е виновен за прислушувањата и се крие https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cipras-micotakis-e-vinoven-za-prislushuvanjata-i-se-krie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cipras-micotakis-e-vinoven-za-prislushuvanjata-i-se-krie/#respond Fri, 11 Nov 2022 12:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=759194

Господинот Мицотакис, наместо да се преправа дека е огорчен, треба да дојде во Парламентот и да даде одговори, а господинот Мицотакис се крие, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Стар“, говорејќи за случајот со прислушувањата и додаде дека „виновните се кријат, не невините“, јави дописничката на МИА од Атина. Посочи дека Мицотакис, „веќе четири месеци откако изби скандалот, се повикува на доверливоста на информациите и крие клучни сведоци“, но и дека постојат индикации и коинциденции, кои кога постојано се повторуват „завршуваат како доказ за вина и не се само коинциденции“. На прашањето дали додека тој беше премиер бил користен софтверот Предатор, рече дека нема информации, но не ја исклучува таа веројатност. -Сега имаме нешто друго. Овде немаме работење на нелегален софтвер од приватно лице, како што можеби беше случај во минатото, туку имаме работење на нелегалниот софтвер во соработка со центар кој имаше поврзаност со Националната разузнавачка служба и премиерската палата, каде што политички шеф на овој центар беше самиот премиер, истакна лидерот на СИРИЗА. Ципрас се осврна и на пратеничкото прашање упатено до грчкиот премиер по објавениот текст во весникот „Документо“ со листата со 33 лица кои биле следени со софтверот Предатор и прашува дали паралелно биле прислушувани и од Националната разузнавачка служба, но истакна дека Мицотакис одбива да одговори во Парламентот. -Се појавува оваа листа. Во ред. Оваа листа мора, или да се демантира со податоци или да се разјасни. Односно, ако оваа листа е лажна, тој што ја објави да ги сноси законските одговорности или ако оваа листа е вистинита, тогаш мора да се дадат одговори, рече Ципрас. Повтори дека има поставено четири услови „за враќање на довербата во политичката клима“, односно предлага да се прекине работата на Предатор и да се забрани неговата продажба и набавка, земјата да оди на избори со општо прифатен дирекор на Националната служба за разузнавање (ЕИП) и со друг обвинител задолжен за ЕИП. -Овие моменти се критични за демократијата и кредибилитетот на политичкиот систем.И ова, треба сите да го сфатат, порача Ципрас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cipras-micotakis-e-vinoven-za-prislushuvanjata-i-se-krie/feed/ 0