пристаништа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 19:52:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пристаништа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе од 70 бродови влегле во украинските пристаништа и покрај руската блокада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-70-brodovi-vlegle-vo-ukrainskite-pristanishta-i-pokraj-ruskata-blokada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-70-brodovi-vlegle-vo-ukrainskite-pristanishta-i-pokraj-ruskata-blokada/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=895937

Повеќе од 70 трговски бродови се упатиле кон украинските пристаништа на Црното Море и покрај руските воздушни напади врз пристанишните објекти, соопшти украинската морнарица. Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук денеска изјави дека обемот на извозот достигнал околу 1,5 милиони тони месечно. За време на меѓународниот договор со цел да се дозволи извоз на украинско жито, кој беше поддржан од Русија до јули, просекот беше 2,8 милиони тони житни производи месечно. Клучот за нагорниот тренд се пониските трошоци за осигурување, рече тој. Тие паднаа откако првите товарни бродови безбедно влегоа и излегоа од украинските пристаништа на Црното Море во септември, и покрај заканата од руско гранатирање. Украина го одржува бродскиот коридор и покрај руската поморска блокада. Русија ги оправда своите обиди за поморска блокада за да спречи увоз на оружје по морски пат во Украина. Откако почна инвазијата на Русија врз Украина пред повеќе од 20 месеци, дојде до застој во украинската поморска трговија. И покрај тековната војна, Обединетите нации и Турција посредуваа за таканаречениот „коридор за жито“ речиси 12 месеци. Целта беше да се олесни извозот на украинското жито за да се стабилизираат меѓународните цени на храната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-70-brodovi-vlegle-vo-ukrainskite-pristanishta-i-pokraj-ruskata-blokada/feed/ 0
Блокирани товарните бродови со украинско жито во пристаништата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blokirani-tovarnite-brodovi-so-ukrainsko-zito-vo-pristanishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blokirani-tovarnite-brodovi-so-ukrainsko-zito-vo-pristanishtata/#respond Wed, 02 Nov 2022 08:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=754283

Товарни бродови со украинско жито денеска беа блокирани во пристаништата бидејќи Москва побара гаранции за заштита на руската флота во хуманитарниот коридор во Црното Море за извоз на жито. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека „на коридорот за транспорт на жито му треба сигурна и долгорочна заштита“. - Русија мора јасно да сфати дека ќе добие остар глобален одговор на секоја мерка што го нарушува нашиот извоз на храна, рече Зеленски. Тој додаде дека тоа е „витално прашање за десетици милиони луѓе“. Рускиот претседател Владимир Путин вчера во разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека е „потребно“ од Киев да се добијат „реални гаранции за строго почитување на договорот од Истанбул, конкретно дека хуманитарниот коридор нема да биде употребен за воени цели“. Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина. Русија во саботата објави дека го „суспендира“ учеството во договорот откако го обвини Киев дека е одговорен за нападите со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим. Нападите беа извршени користејќи го „хуманитарниот коридор“ во Црното Море за извоз на украинско жито. Од друга страна, од Украина велат дека Русија користела лажен изговор за да не го спроведе договорот. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blokirani-tovarnite-brodovi-so-ukrainsko-zito-vo-pristanishtata/feed/ 0
Киев: Три украински пристаништа се деблокирани за транспорт на жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-tri-ukrainski-pristanishta-se-deblokirani-za-transport-na-zito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-tri-ukrainski-pristanishta-se-deblokirani-za-transport-na-zito/#respond Fri, 15 Jul 2022 05:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=705430

Пратеникот во Врховната Рада на Украина, Олексеј Гончаренко, соопшти дека за време на преговорите за извоз на жито, страните се договориле да деблокираат три украински пристаништа и да извезуваат производи од нив. – Според моите информации, претставници на Украина, Турција, Русија и ОН се договориле за можноста за деблокирање на нашите три пристаништа за товарење за време на преговорите за продолжување на извозот на украинското жито преку Црното Море. Станува збор за Одеса, Чорноморск и Јужни, напиша Гончаренко на Телеграм. Според него, житото се планира да се извезува од украинските пристаништа во конвои под услов „прекин на огнот во географските граници и некои операции за деминирање“]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-tri-ukrainski-pristanishta-se-deblokirani-za-transport-na-zito/feed/ 0
Британија забрани пристап на руските бродови на нивните поморски пристаништа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-zabrani-pristap-na-ruskite-brodovi-na-nivnite-pomorski-pristanishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-zabrani-pristap-na-ruskite-brodovi-na-nivnite-pomorski-pristanishta/#respond Mon, 28 Feb 2022 17:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=638190

Британскиот секретар за транспорт Грант Шапс им нареди на сите поморски пристаништа во Велика Британија да не им се дозволли пристап на руските бродови, како одговор на инвазијата на земјата на Украина. Наредбата за забрана се однесува на „секој брод за кој тие имаат причина да веруваат дека е во сопственост, контролиран или управуван од кое било лице поврзано со Русија“ или на списокот со санкции, „со руско знаме; регистриран во Русија“, објави тој на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-zabrani-pristap-na-ruskite-brodovi-na-nivnite-pomorski-pristanishta/feed/ 0
Негативни резултатите од тестовите направени на атинските пристаништа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/negativni-rezultatite-od-testovite-napraveni-na-atinskite-pristanishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/negativni-rezultatite-od-testovite-napraveni-na-atinskite-pristanishta/#respond Tue, 18 Aug 2020 12:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=392190

Негативни се резултатите од направените над 300 молекуларни тестови за Ковид-19 на атинските пристаништа на туристи кои се враќаа од одмор на грчките острови, јави дописничката на МИА од Атина. Тестирањето беше спроведено во неделата по иницијатива на Периферијата Атика, од каде што соопштуваат дека не бил откриен ниту еден позитивен случај, а паралелни најавуваат дека од денеска, секојдневно ќе земаат примероци за молекуларни тестови на најголемото грчко пристаниште Пиреас. Објаснуваат дека доброволно ќе се тестираат, сите оние кои ќе пристигнат на пристаништето со сомнителни симптоми на коронавирусот, како што се температура или кашлица, а акцентот ќе биде ставен на туристите кои се враќаат од островите кои имаат голем број случаи на Ковид-19. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/negativni-rezultatite-od-testovite-napraveni-na-atinskite-pristanishta/feed/ 0
Од 1 август шест грчки пристаништа отворени за крузери https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-avgust-shest-grchki-pristanishta-otvoreni-za-kruzeri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-avgust-shest-grchki-pristanishta-otvoreni-za-kruzeri/#respond Tue, 28 Jul 2020 08:55:28 +0000 https://kurir.mk/?p=382474

Преку информативен допис до Меѓународното здружение на крузери и три големи компании кои работат со крстарења, министерот за туризам на Грција Харис Теохарис, официјално соопшти дека од 1 август 2020 година, шест грчки пристаништа ќе бидат отворени за крузери, јави дописничката на МИА од Атина. За бродовите за крстарење отворени ќе бидат пристаништата на островите Родос, Крит и Крф, во Волос, на Пелопонез, како и најголемото грчко пристаниште Пиреас. По првото закотвување на некое од овие шест пристаништата, крузерите ќе имаат можност да пристапат до било кое друго грчко пристаниште вклучено во нивната програма. -Сите бродови за крстарење се добредојдени во Грција за да им понудат уникатно искуство на патниците, напишал Теохарис во писмото, соопштуваат од грчкото Министерството за туризам. Објаснил дека здравствените процедури и протоколи што ќе се применуваат под надзор на грчките власти се врз основа на објавените стандарди на Европската унија. Паралелно, министерот за туризам на Грција, побарал од најголемите меѓународни туристички агенции за крстарење, на нивните клиенти, да им препорачаат патување во Грција и по завршувањето на летната сезона. -Тековната сезона се продолжува до крајот на годината, потенцирал Теохарис во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-avgust-shest-grchki-pristanishta-otvoreni-za-kruzeri/feed/ 0
Порошенко: Да им се забрани на руските бродови да влегуваат во пристаништа на САД и ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-da-im-se-zabrani-na-ruskite-brodovi-da-vleguvaat-vo-pristanishta-na-sad-i-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-da-im-se-zabrani-na-ruskite-brodovi-da-vleguvaat-vo-pristanishta-na-sad-i-eu/#respond Sat, 08 Dec 2018 14:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=137539

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара од меѓународната заедница да им забрани на руските бродови да влегуваат во пристаништа на територијата на САД и земјите од ЕУ. Тој во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ истакна дека Русија го блокира пловењето во Керченскиот Теснец, што има големи економски последици за Украина. – Токму од таа причина е потребно да им се забрани на руските бродови да влегуваат во американските и европските пристаништа, додава Порошенко. Тој нагласи дека Киев е подготвен да соработува по тоа прашање со сите партнери кои се заинтересирани. Три украински воени бродови на 25 ноември нелегално ја преминале руската државна граница пловејќи од Црно Море во Керчанскиот теснец кон Азовско Море. Бродовите се запленети и уапсени се сите членови на екипажот, меѓу кои и припадници на безбедносните служби на Украина.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-da-im-se-zabrani-na-ruskite-brodovi-da-vleguvaat-vo-pristanishta-na-sad-i-eu/feed/ 0