пристап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Aug 2020 14:28:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пристап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Активистите на „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ го блокираа пристапот на камионите со отпад https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktivistite-na-stop-rusino-chist-vozduh-za-gostivar-go-blokiraa-pristapot-na-kamionite-so-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktivistite-na-stop-rusino-chist-vozduh-za-gostivar-go-blokiraa-pristapot-na-kamionite-so-otpad/#respond Sun, 02 Aug 2020 14:28:54 +0000 https://kurir.mk/?p=385227

Триесетина активисти од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ и граѓани од околните населби денеска го блокираа пристапот на камионите кои носат отпад на регионалната депонија. Тие со жив штит застанаа локалниот пат од Дона Бањица кон месноста Русино и најавија дека блокадата ќе трае наредните десеттина дена. Активистите по поставувањето на блокадата ги истакнаа и барањата кои доколку се исполнат ќе ги прекинат блокадите. Засега е неизвесно каде ќе се транспортираат околу 40 тони комунален отпад од гостиварската општина. – Со оглед дека локалната власт не ги зеде предвид нашите барања и по извесен период се решивме на овој чекор. Нашите барања се три: да се запре горењето на ѓубриштето Русино кое сè уште гори, тлее и чади; да се стават камери и обезбедување со што ќе се спречат или идентификуваат подметнувачи на пожарите и општината да побара помош до надлежните институции за санација и затворање на ѓубриштето Русино и одредување нова локација и изградба на регионална депонија согласно ЕУ стандардите, изјави Десо Матески од Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“. Во близина на рампата која е поставена од порано, активистите имаат направено мини-камп во кој ќе дежураат за да спречат поминување на камиони со отпад. Местото го обезбедува и полицијата. Матески се пожали дека врз него и други активисти, деновиве се вршеле притисоци за да се откажат од блокадите. Тој бил принуден, како што вели да го пријави во полиција директорот гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ по упатени закани. Од полицијата потврдија дека Исак Љазами директорот на ЈП Комуналец денеска е повикан на разговор во врска со пријава против него и за целосно расчистување на случајот. Тој ги негираше обвинувањата дека се заканувал и тоа го изјавил во разговорот во ОВР Гостивар. – Пријавата против мене е неоснована и не сум упатил никакви закани. Јас лично ја поддржувам иницијативата сакам овој проблем да се реши. Во разговор со одговорните во полиција побарав да преземат соодветни мерки и да овозможат поминување на камионите на претпријатието кон депонијата и да спречат евентуални инциденти, изјави Љазами по разговорот во ОВР Гостивар. Според него, блокадата на камионите со комунален смет може да предизвика проблеми, со оглед дека се работи за количина од околу 40 тони колку се собираат на дневно ниво. Неподигањето на сметот во летниот период претставува и дополнителн ризик по здравјето на луѓето. Состојбата со регионалната депонија Русино во последниве два месеци стана актуелна откако гореше отпадот и граѓаните се жалеа на загаден воздух и лоша миризба. Под притисок на јавноста, локалната власт организираше јавна дебата на која учествуваа и претставници на повеќе државни и локални институции. Повеќето од граѓаните во дискусиите ги критикуваа властите дека недоволно се грижат за здравјето на луѓето и дека наметнуваат решенија кои се штетни и неодржливи на подолг рок. Повеќето беа недвосмислени во барањето, депонијата да се затвори. Првиот човек на општина Гостивар, Арбен Таравари кажа дека локалната власт веќе презела чекори. – По дебатата дојдовме до заклучок дека Русино ќе биде отворено само за отпадот од општина Гостивар. За ваквиот исход им најавив и на колегите од Врапчиште и Маврово Ростуше да не праќаат камиони со отпад, рече Таравари. Тој напомена дека во наредниве денови ќе се разгледаат можностите за да се организира и референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Русино и натаму ќе опстои како регионална депонија. Еко активистите и поддржувачите на Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ најавија доколку не дојде до промена и исполнување на нивните барања ќе ја продолжат блокадата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktivistite-na-stop-rusino-chist-vozduh-za-gostivar-go-blokiraa-pristapot-na-kamionite-so-otpad/feed/ 0
Над 1.000 вработени во Твитер, наводно, имале пристап до туѓи профили https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nad-1-000-vraboteni-vo-tviter-navodno-imale-pristap-do-tugji-profili/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nad-1-000-vraboteni-vo-tviter-navodno-imale-pristap-do-tugji-profili/#respond Fri, 24 Jul 2020 09:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=380741

Двајца поранешни вработени во Твитер тврдат повеќе од илјада вработени во компанијата и компаниите со коишто таа соработува, годинава имале пристап до внатрешни алатки кои овозможуваат измени во поставките за кориснички профил, а со тоа и контрола над него. Сѐ ова на Твитер ќе му ја отежнува одбраната од обвинувањата за одговорноста за минатонеделното хакирање, сметаат познавачи. Твитер и ФБИ во овој миг ги истражуваат пропустите што им овозможија на хакери да објавуваат пораки од автентични профили, како што се оние на Џо Бајден, Бил Гејтс, Елон Маск и Мајк Блумберг. Твитер минатата сабота соопшти дека сторителите „манипулирале со мал број вработени и ги користеле нивните строго доверливи податоци“ со цел да се најават и да користат внатрешни алатки на 45 туѓи профили. Во средата, компанијата соопшти дека хакерите можеле да читаат директни пораки од 36 профили, но не ги идентификуваа корисниците погодени од овој инцидент. Поранешни вработени во Твитер, запознаени со безбедносните политики и практики на компанијата, тврдат дека премногу луѓе би можеле да сторат такво нешто – над илјада само годинава, вклучително и вработени во некои други компании со коишто Твитер соработува, како што е „Когнизант“. Оттаму, како и Твитер, одбија да ги коментираат овие наводи. Твитер објави дека компанијата бара нов директор на безбедносниот сектор, со цел подобри и побезбедни системи за заштита, како и обука на своите вработени за тоа како да одолеат на манипулациите што доаѓаат однадвор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nad-1-000-vraboteni-vo-tviter-navodno-imale-pristap-do-tugji-profili/feed/ 0