пристапни рампи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 Aug 2022 11:19:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пристапни рампи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изградени пристапните рампи кон пешачкиот мост во Сарај за лицата со потешкотии во движењето https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradeni-pristapnite-rampi-kon-peshachkiot-most-vo-saraj-za-licata-so-poteshkotii-vo-dvizenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradeni-pristapnite-rampi-kon-peshachkiot-most-vo-saraj-za-licata-so-poteshkotii-vo-dvizenjeto/#respond Sun, 28 Aug 2022 11:19:15 +0000 https://kurir.mk/?p=725054

По налог на Град Скопје, екипите на ЈП „Улици и патишта“, во текот на изминатите месеци интензивно работеа на изградба на пристапни рампи за лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај. Двете пристапни рампи се поставени паралелно со скалите што водат до мостот. Првата рампа, што се наоѓа на северната страна и го поврзува кејот на река Вардар со постојниот мост е целосно изработена од челична конструкција во должина од 12 метри. Втората рампа е на јужниот дел и го поврзува мостот Сарај со пешачката патека во самиот парк. Пристапната рампа е изградена од бетонски дел и од челична конструкција во должина од 34 метри. Пристапната рампа е проектирана и изведена според сите стандарди и нормативи за проектирање на овој вид рампи. На двете пристапни рампи се поставени заштитни огради во должина во 155 метри. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на градежните работи ги санираа и оштетувањата на скалилата на мостот и ја санираа оградата на целиот мост. Пристапните рампи ќе им овозможат полесен пристап до мостот во Сарај на лицата коишто имаат потешкотии во движењето, на родителите со мали деца, повозрасните граѓани, како и велосипедистите и на сите коишто се рекреираат во тој дел од градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradeni-pristapnite-rampi-kon-peshachkiot-most-vo-saraj-za-licata-so-poteshkotii-vo-dvizenjeto/feed/ 0
Две плажи во Охрид добија пристапни рампи за лица со инвалидитет, први во државата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dve-plazi-vo-ohrid-dobija-pristapni-rampi-za-lica-so-invaliditet-prvi-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dve-plazi-vo-ohrid-dobija-pristapni-rampi-za-lica-so-invaliditet-prvi-vo-drzavata/#respond Mon, 11 Jul 2022 12:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=703294

Охридските плажи „Љубаништа“ и „Горица 3“ од денеска добија пристапни рампи за лица со инвалидитет, донација од невладината организација СОС Балкан Медија во соработка со Општина Охрид. Покрај пристапни рампи, градоначалникот Кирил Пецаков информира дека за инвалидизираните лица, на двете плажи достапни се и електрична количка, која ќе ги вози до рампата. – Прв пат во Македонија, во Охрид се поставуваат пристапни рампи за инвалидизирани лица. Станува збор за проект кој беше во мојата предизборна програма и ова лето почнува да се релаизира. Не планираме да застанеме тука. Спремаме уште една плажа, а ќе продолжиме најмалку со уште две. Со вкупно пет сакаме да ја покриеме територијата на општина Охрид, изјави Пецаков по промоцијата на рампата на плажата во Љубаништа. Изрази надеж дека иницијативата ќе ја следат и хотелиерите, но и да не го направат тоа, Локалната самоуправа рече дека е подготвена во наредните години да помогне во изградба на пристапни рампи за инвалидизираните лица и охридските плажи да ги приближи кон европските и светските стандарди. – Се надевам дека на овој позитивне пример ќе се приклучат сите сопственици на хотели на охридската ривиера. Посветивме доста време и внимание на овие групи, а ќе продолжиме да функционираме на овој начин, да се приближуваме кон европските и светските стандарди, рече Пецаков. Претседателот на СОС Балкан медија, Сашо Денесоски најави дека во соработка со Општина Охрид работат на пилот проект за изградба на пристапна стаза за лицата со оштетен слух и вид. – Тие се специјални звучни и светлосни плочки, кои ќе бидат поставени од Охридското пристаниште до влезот на Охридската чаршија. Се надевам дека ќе биде добар повод не само Општината, туку и државата да се грижи за лицата со посебни потреби. Министерството за транспорт и врски стопанисува со плажите низ охридското крајбрежје и ќе мора малку повеќе заедно со Општина Охрид и НВО сектор да придонесат за подобро живеење на овие луѓе, истакна Денесоски. Концесионерот на автокампот „Љубаништа“ Никола Бакалоски посочи дека како туристички субјект водат грижа за лицата со посебни потреби бидејќи и тие се нивни гости. – Покрај денешната рампа за пристап во вода на лицата со посебни потреби, ги имаме приспособено сите наши тоалети, пристап во маркет, до рецепција, во ресторан со инвалидски рампи за да можеме и на тие лица да им овозможиме непречено уживање во летните одмори, нагласи Бакалоски. Пристапните рампи за лица со инвалидитет што се поставени на плажите „Љубаништа и „Горица 3“ се монтажни, а невладината СОС Балкан медиа ги даде во сопственост на јавното претпријатие „Комуналец“ кој ќе се грижи за нив. На крај од летната сезона ќе ги отстрани, а во текот на наредното лето повторно ќе ги постави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dve-plazi-vo-ohrid-dobija-pristapni-rampi-za-lica-so-invaliditet-prvi-vo-drzavata/feed/ 0