присуство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Aug 2022 09:06:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png присуство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КФОР го зголеми присуството и патролирањето на косовско-српската граница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kfor-go-zgolemi-prisustvoto-i-patroliranjeto-na-kosovsko-srpskata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kfor-go-zgolemi-prisustvoto-i-patroliranjeto-na-kosovsko-srpskata-granica/#respond Wed, 17 Aug 2022 09:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=719732

Меѓународната воена мисија во Косово, КФОР, го зголеми присуството и патролирањето во северно Косово, на граничните премини со Србија, Јариње и Брњак, со цел да ја зајакне свеста за ситуацијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во писмениот одговор на канцеларијата за односи со јавност на КФОР, упатен до порталот на српски јазик „Косово онлајн“, се наведува дека мерките се преземени со цел да му се овозможи на КФОР брзо да реагира на сите безбедносни предизвици. – Сакаме секого да увериме дека КФОР е подготвен да интервенира ако биде потребно, се вели во одговорот на прашањето на порталот упатено по повод забележителното зголемување на присуството на КФОР на граница и доаѓањето на два џипа на Косовските безбедносни сили на преминот Јариње. КФОР исто така напоменува дека неговиот мандат, кој произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, е да обезбеди сигурно и безбедно окружување и слобода на движењето за сите луѓе во Косово. – За да ги изврши своите задачи, КФОР одржува видлив и подвижен став на теренот, наведува прес-службата на мисијата. Раздвиженоста на КФОР на косовско-српската граница се случува во пресрет на 1 септември, кога треба да почне да се спроведуваат одлуките на косовските власти за промена на српските со косовски регистерски таблички и за реципроцитет кон Србија во однос на патните документи при влез на граѓаните од едната во другата држава. Одлуките требаше да почнат да се спроведуваат на 1 август, меѓутоа Владата на Албин Курти, на барање и на западните дипломати, пред сé на американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер, ги одложи за еден месец, откако на 31 јули од страна на косовските Срби беа организирани протести и блокади на патиштата во близина на границата со Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kfor-go-zgolemi-prisustvoto-i-patroliranjeto-na-kosovsko-srpskata-granica/feed/ 0
УСС на УКИМ: Комбиниран модел на предавања во зимскиот семестар од 2021/2022 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uss-na-ukim-kombiniran-model-na-predavanja-vo-zimskiot-semestar-od-2021-2022/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uss-na-ukim-kombiniran-model-na-predavanja-vo-zimskiot-semestar-od-2021-2022/#respond Tue, 24 Aug 2021 13:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=554498

Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објави дека за предавањата во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 гоидна ќе се применува комбиниран модел на настава (онлајн и со физичко присуство). Испитната сесија која е во тек исто така продолжува комбинирано, посочува УСС, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19. УСС на УКИМ на фејсбук-страницата информира дека е донесен заклучок да се овозможи отворање вакцинален пункт на на Универзитетот за да се олесни процесот на вакцинација на студентите и кадарот на Скопскиот универзитет. – Од Владата ќе се бара изготвување протоколи за високо образование и допрецизирање на Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за превентивни препораки, привремени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување и заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД 19, соопшти УСС на УКИМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uss-na-ukim-kombiniran-model-na-predavanja-vo-zimskiot-semestar-od-2021-2022/feed/ 0