притвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 15:27:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png притвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжен за два месеци притворот на осомничените за нападот во северно Косово на 24 септември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhen-za-dva-mesetsi-pritvorot-na-osomnichenite-za-napadot-vo-severno-kosovo-na-24-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhen-za-dva-mesetsi-pritvorot-na-osomnichenite-za-napadot-vo-severno-kosovo-na-24-septemvri/#respond Tue, 24 Oct 2023 15:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=892614

Основниот суд во Приштина им го продолжи притворот за уште два месеци на тројцата косовски Срби осомничени за нападот врз косовската полиција во Бањска во северно Косово, на 24 септември, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за невладината организација која го следи косовското правосудство, „Заклетва за правда“, ја потврди портпаролката на приштинскиот Основен суд, Мирлинда Гаши. - Во врска со вашето барање за информација, ве известуваме дека... Основниот суд во Приштина – Специјално одделение го прифати барањето на Специјалното обвинителство на Република Косово, со што на обвинетите В.Т., Б.С. и Д.М. им е продолжена мерката притвор во траење од два месеци, за секој поединечно, се наведува во одговорот на судот. Во Бањска кај Звечане во раните утрински часови на 24 септември годинава беше убиен наредникот Африм Буњаку, а двајца полицајци беа ранети. Тројца од напаѓачите потоа беа убиени, додека другите избегаа по неколкучасовно криење во манастирот Бањска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhen-za-dva-mesetsi-pritvorot-na-osomnichenite-za-napadot-vo-severno-kosovo-na-24-septemvri/feed/ 0
Предложен притвор за 81-годишен скопјанец за полови дејствија спрема дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-81-godishen-skopjanets-za-polovi-dejstvija-sprema-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-81-godishen-skopjanets-za-polovi-dejstvija-sprema-dete/#respond Sat, 07 Oct 2023 09:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=886318

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години. Осомничениот, искористил прилика во која 9-годишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз жртвата или да го повтори делото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-81-godishen-skopjanets-za-polovi-dejstvija-sprema-dete/feed/ 0
Предложен притвор за скопјанец: Пред 2-годишната ќерка ја претепал сопругата со која е во бракоразводна постапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-skopjanets-pred-2-godishnata-kerka-ja-pretepal-soprugata-so-koja-e-vo-brakorazvodna-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-skopjanets-pred-2-godishnata-kerka-ja-pretepal-soprugata-so-koja-e-vo-brakorazvodna-postapka/#respond Thu, 05 Oct 2023 09:23:24 +0000 https://kurir.mk/?p=885486

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела- Телесна повреда по член 130 став 2 и Неизвршување на судска одлука по член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ во Кисела Вода, и најпрво со висок тон се обратил кон оштетената со која се во бракоразводна постапка. Пред нивната заедничка двегодишна ќерка грубо ја навредувал жената, а потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот. На оштетената и нанел видливи повреди и продолжил да и се заканува, одземајќи и го телефонот. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во зградата отспротива додека случајна минувачка не повикала полиција. Исто така, осомничениот, со судска одлука од Основен граѓански суд Скопје, имал изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство спрема неговата сопруга– забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, забрана да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да и се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место кое го посетува жртвата. Иако и претходно од надлежните институции му било укажано на ваквите забрани, тој не ги почитувал и ги прекршувал, за што оштетената во неколку наврати пријавувала во полиција. Особено имајќи предвид дека осомничениот во континуитет претходно физички и психички ја малтретирал оштетената, јавниот обвинител оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело или ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува. Со такво образложение, обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-skopjanets-pred-2-godishnata-kerka-ja-pretepal-soprugata-so-koja-e-vo-brakorazvodna-postapka/feed/ 0
Маж направил грубо насилство во Битола – обвинителството откри детали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-napravil-grubo-nasilstvo-vo-bitola-obvinitelstvoto-otkri-detali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-napravil-grubo-nasilstvo-vo-bitola-obvinitelstvoto-otkri-detali/#respond Wed, 04 Oct 2023 11:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=885065

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 30 септември, во кафе бар на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице. Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина започнал да го удира со тупаници по главата, нанесувајќи му телесни повреди. Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај останатите присутни гости во објектот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор спрема осомничениот. Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое определи притвор во траење од осум дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-napravil-grubo-nasilstvo-vo-bitola-obvinitelstvoto-otkri-detali/feed/ 0
Притвор за насилник од Битола, еве што направил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-nasilnik-od-bitola-eve-shto-napravil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-nasilnik-od-bitola-eve-shto-napravil/#respond Mon, 02 Oct 2023 08:05:08 +0000 https://kurir.mk/?p=884059

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.Ј.(37) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. На 30.09.2023, во угостителски објект во комплекс „Нов пазар" во Битола, пријавениот физички го нападнал И.В.(38) од Битола, при што употребил дрвен предмет. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот. Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-nasilnik-od-bitola-eve-shto-napravil/feed/ 0
Притвор за мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-majka-osomnichena-za-predizvikuvane-pozhar-so-tsel-da-se-prikrie-svirepo-ubistvo-storeno-od-sinot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-majka-osomnichena-za-predizvikuvane-pozhar-so-tsel-da-se-prikrie-svirepo-ubistvo-storeno-od-sinot/#respond Sun, 01 Oct 2023 11:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=883822

Триесетдневен притвор за мајката на осомничениот за убиство во скопската населба Хром, која предизвикала пожар во станот на 36-годишниот И.Ј. откако нејзиниот 39-годишен син го извршил убиството. Мајката е лишена од слобода, а нејзиниот син е во бегство. ЈО информира дека Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство. – Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство на свиреп начин. Осомничениот го сторил делото по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото, известуваат од ЈО. По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. – Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите коишто живеат во зградата, велат од ЈО. Против осомничениот, кој е недостапен на органите на прогонот, ќе биде поведена истрага за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1, како и за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството за него ќе предложи притвор како мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. – За неговата 59-годишна мајка, како соизвршител, поведена е истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Таа е лишена од слобода и по предлог на јавен обвинител, определен и е притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги скрие или уништи трагите од делото или дека ќе влијае врз сведоците, известуваат од ЈО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-majka-osomnichena-za-predizvikuvane-pozhar-so-tsel-da-se-prikrie-svirepo-ubistvo-storeno-od-sinot/feed/ 0
Азербејџан го притвори поранешниот премиер на Нагорно Карабах, Ереван тврди дека апсењето е незаконско https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-pritvori-poraneshniot-premier-na-nagorno-karabah-erevan-tvrdi-deka-apseneto-e-nezakonsko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-pritvori-poraneshniot-premier-na-nagorno-karabah-erevan-tvrdi-deka-apseneto-e-nezakonsko/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=882687

Азербејџанските власти го приведоа поранешниот премиер на Нагорно-Карабах, Рубен Варданијан, обвинувајќи го за финансирање тероризам и други злосторства. Судот одлучи да примени „превентивна мерка за апсење“ на бизнисменот кој од ноември 2022 година до февруари минатата година водеше сецесионистички регион со ерменско мнозинство, објави азербејџанската безбедносна служба. Ерменија го обвини Азербејџан дека спроведува „незаконски апсења“ на цивили кои во колони бегаат од Нагорно Карабах. „Азербејџан врши незаконски апсења на луѓе на контролниот пункт, што е многу загрижувачко за нас“, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан по веста за апсењето на Варданјан. Повеќе од 65.000 Ерменци веќе избегаа од Нагорно Карабах во Ерменија. Тоа е повеќе од половина од населението на енклавата што Азербејџан ја зазеде минатата недела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-pritvori-poraneshniot-premier-na-nagorno-karabah-erevan-tvrdi-deka-apseneto-e-nezakonsko/feed/ 0
Притворени капетанот и член на екипажот на траектот за смртта на патникот на пристаништето во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvoreni-kapetanot-i-chlen-na-ekipazhot-na-traektot-za-smrtta-na-patnikot-na-pristanishteto-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvoreni-kapetanot-i-chlen-na-ekipazhot-na-traektot-za-smrtta-na-patnikot-na-pristanishteto-vo-atina/#respond Mon, 11 Sep 2023 09:48:50 +0000 https://kurir.mk/?p=876873

Мерка притвор им е одредена на двајца од четворицата уапсени за смртта на патникот на траектот, кој минатиот вторник беше турнат во морето на атинското пристаниште во обид да се качи на бродот за Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Притворени се капетанот и членот на екипажот кој е обвинет дека го истурка 36-годишен маж во морето. Според грчките медиуми, членот на екипажот во исказот ја презел одговорноста за тоа што се случило, но не ја прифатил правната карактеристика на делото како убиство со можна умисла. Рекол дека 36-годишниот стапнал на работ. се лизнал и паднал, сакал да скокне да му помогне, но бродот веќе се оддалечил и додал дека кога се вратил да земе средство за спасување, човекот веќе се удавил. Капетанот на траектот, според истите информации, кој се товари за опасност во морскиот сообраќај и за изложување на смртна опасност, во исказот рекол дека постапил правилно согласно прописите кога бил информиран дека има лице во морето и ја известил крајбрежната стража. Во вторникот вечерта 36-годишниот Андонис Кариотис го загуби животот откако во обид да се качи на траектот за Крит, на атинското пристаниште беше спречен од двајца членови од екипажот, а едниот од нив го истурка од бродот, при што падна во морето и се удави. Целиот случај беше обелоденет по објавеното видео од „Прото тема“, со оглед на тоа дека првично информациите беа дека маж го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траектот во движење на атинското пристаниште Пиреа. На видеото се гледа дека мажот трча на траектот успева да се качи, но е спречен од двајца членови од екипажот, едниот од нив го турка од бродот и паѓа во морето, а траектот отпловува без да му се пружи никаква помош на 36-годишниот. Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давање во морска вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvoreni-kapetanot-i-chlen-na-ekipazhot-na-traektot-za-smrtta-na-patnikot-na-pristanishteto-vo-atina/feed/ 0
Предложен притвор за двајца осомничени за изнуда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-dvajtsa-osomnicheni-za-iznuda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-dvajtsa-osomnicheni-za-iznuda/#respond Mon, 04 Sep 2023 13:41:11 +0000 https://kurir.mk/?p=874427

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 22 од Kривичниот законик. Двајцата браќа од скопско Ржаничино, на возраст од 27 и 22 години, како соизвршители, во временскиот период од 5 јуни до 31 август, на различни локации во Скопје со употреба на сериозна закана по живот кон еден оштетен и неговото семејство му изнудувале парични средства за наводен долг. Заканувајќи се, тие кај оштетениот предизвикале чувство на несигурност и страв и го принудиле да им даде дел од бараните пари. Јавниот обвинител за двајцата осомничени достави прeдлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека постојат законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и соучесниците и можност да го повторат делото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-dvajtsa-osomnicheni-za-iznuda/feed/ 0
Тинејџер од Скопје доби притвор: Обвинителството откри какви кривични дела направил, списокот е долг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdher-od-skopje-dobi-pritvor-obvinitelstvoto-otkri-kakvi-krivichni-dela-napravil-spisokot-e-dolg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdher-od-skopje-dobi-pritvor-obvinitelstvoto-otkri-kakvi-krivichni-dela-napravil-spisokot-e-dolg/#respond Sat, 02 Sep 2023 07:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=873621

Против 19-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка, бидејќи постои основано сомнение дека сторил две тешки кражби, една кражба, еден обид за тешка кражба и едно одземање моторно возило. Согласно доказите обезбедени до овој момент, осомничениот на 14 јуни, од ресторан на булеварот „Словенија“ одзел 700 евра и 11.000 денари. Искористувајќи ја околноста што ресторанот бил привремено затворен за работа, со физичка сила ги отворил вратите, влегол внатре и од една од работните простории ги одзел парите. На 7 август повторно насилно влегол во истиот ресторан со намера да одземе туѓи подвижни предмети, но бил забележан од една вработена и побегнал. На 27 август, на дрзок начин, преку отворен прозорец во спалната соба влегол во стан на улицата „Благој Давков“ и додека сопственичката спиела, одзел ранец во кој имало мобилен телефон, слушалки, мини звучник и други предмети во вкупна вредност од околу 20.000 денари. Потоа, на 29 август, од паркинг простор на улицата „Максим Горки“, осомничениот противправно одзел туѓо моторно возило – комбе „Мерцедес вито“. Возилото било незаклучено, а клучот бил оставен во контакт-бравата за погон, па осомничениот го стартувал и заминал со него во непознат правец. На 31 август, тој влегол во печатница на улицата „Анкарска“ и од една од работните простории одзел чанта во која имало мобилен телефон, паричник со 500 денари, документи, банкарски картички и други предмети во вкупна вредност од 36.000 денари. Поради опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdher-od-skopje-dobi-pritvor-obvinitelstvoto-otkri-kakvi-krivichni-dela-napravil-spisokot-e-dolg/feed/ 0