приватизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Mar 2022 18:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приватизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За 30 пати се зголемува надоместот за приватизација на градежното земјиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-30-pati-se-zgolemuva-nadomestot-za-privatizacija-na-gradeznoto-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-30-pati-se-zgolemuva-nadomestot-za-privatizacija-na-gradeznoto-zemjishte/#respond Tue, 29 Mar 2022 18:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=655279

Владата на денешната 34-та седница ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, кој се зголемува за 30 пати. Со уредбата се уредува и начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште. -Со Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, чиј преглед за висина на надоместот за приватизација на градежното земјиште, се заменува со нов Преглед, информираат од Владата. Предвиден е повисок износ на надомест (30 пати поголем од досега предвиденото) за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена: предвидено колективно домување со актите за планирање на просторот кое не е реализирано, комерцијални, деловни, стопански, производни и објекти наменети за спорт и рекреација. -Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, велат од Владата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-30-pati-se-zgolemuva-nadomestot-za-privatizacija-na-gradeznoto-zemjishte/feed/ 0
Николов: Нема вакцини, има план за приватизација на рендген дијагностиката и партиски избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-nema-vakcini-ima-plan-za-privatizacija-na-rendgen-dijagnostikata-i-partiski-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-nema-vakcini-ima-plan-za-privatizacija-na-rendgen-dijagnostikata-i-partiski-izbori/#respond Sun, 28 Mar 2021 09:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=488791

Вчерашните слики од вакциналните пунктови во соседна земја, целосно ги разоткрија промашените приоритети на министерот за здравство. Сцените покажаа река народ кој си бараше спас и сопствено решение за сопствениот живот и сопственото здравје. Го покажаа фијаското на Заев и Филипче, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ Игор Николов. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Николов: Во меѓувреме, Филипче манипулира и лаже дека сме биле прва земја во која медицинскиот кадар ќе бил вакциниран. Вчера видовме и медицински лица кои заминаа на вакцинација надвор од земјата. Ваква е состојбата заради тоа што на Заев и Филипче, јавното здравство во минатите години никогаш не им биле приоритет. За нив, единствен приоритет беше и се уште е демонтирањето на јавното здравство, негова распродажба и трансформација во приватно здравство. Додека Заев и Филипче, не се способни да постигнат директни договори и да набават вакцини, тие единствено мислат на договори за физибилити студии за распродавање на јавното здравство. Наместо вакцини, во декември 2020-та година нарачале физибилити студија, со идеја да го приватизираат Рендген институтот и рендген дијагностиката во здравствениот систем да ја стават под капа на приватни сопственици. Не се потпишаа договори за вакцини, ама помина тендер за физибилити студија да се направи проценка за приватизација на Рендген институтот и рендген дијагностиката. Со еден збор, сите преговараа и договараа набавка на вакцини, Филипче и Заев договараа распродажба на сегменти од јавното здравство. Јавно ги прашуваме Заев и Филипче: Што ќе беше сега ако успеевте да ги приватизирате биохемиските лаборатории? Што ќе беше сега ако успеевте да ја приватизирате ГОБ „8-ми Септември"? Што ќе беше сега ако успеевте да ја приватизирате Брзата помош? Така ли планиравте да се борите за јавното здравство и јавното здравје? Здравствениот систем денес е застанат. Зафатени се болничките капацитети на клучните Хирургија, Кардиологија и Интерна во Клинички центар „Мајка Тереза“. Пред една недела организиравте партиски избори каде гласаа 60 илјади луѓе, а неделава бројката на новозаразени надминува 1.400 лица и починати над 30. Доста е Венко оди си! Не мора во чекор да го следиш Зоран Заев во неговите криминални и коруптивни политики. Оди си Венко! Придружи им се и помогни им на здравствените работници и на лекарите!, му порача Николов на Филипче. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-nema-vakcini-ima-plan-za-privatizacija-na-rendgen-dijagnostikata-i-partiski-izbori/feed/ 0
Влегуваме ли во нова матна приватизација? На продажба Македонски пошти, Колска, Железници, ТЕЦ Неготино, уделот во Телеком, целото државно земјиште… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vleguvame-li-vo-nova-matna-privatizacija-na-prodazba-makedonski-poshti-kolska-zeleznici-tec-negotino-udelot-vo-telekom-celoto-drzavno-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vleguvame-li-vo-nova-matna-privatizacija-na-prodazba-makedonski-poshti-kolska-zeleznici-tec-negotino-udelot-vo-telekom-celoto-drzavno-zemjishte/#respond Thu, 15 Oct 2020 11:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=416754

Владата влегува во нов циклус на приватизација како излез од економската криза во која западна државата во време на епидемијата со коронавирусот. Премиерот Зоран Заев веќе најави дека прва на листата компании за приватизација е Македонски Пошти. -Верувам дека ќе направиме некое успешно менаџирање со Словенија, Австрија, Германија, Полска… за да имаме перспективи за „Македонски пошти“. Целта е да имаме квалитетен поштенски собраќај и услуги за граѓаните. Јавното-приватно партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на сите економски политики во следниот перирод, заради обидот да ги максимализираме сите ефекти за рестарт, односно за еконоски раст и развој, што верувам ќе биде пример во следните четири години, истакна Заев, а Владата веќе го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, што ќе биде доставен на усвојување до Собранието. Но Владата на Заев не застанува тука. Приватизација се предвидува и за неколку други државни капацитети. На листата можни компании за приватизација се наоѓаат и ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници – Транспорт“, „Еврокомпзит“, „Колска“ од Велес. Телевизија 21 неофицијално најави дека државниот дел од акциите во Македонски Телеком можe да одат на продажба. Продажбата на акциите ќе зависи од тоа колку ќе потрае пандемијата. Парите од продажбата на државниот дел во Македонски телеком, кој изнесува 34,8 отсто би се употребиле за пополнување на буџетските дупки и ублажување на финансиските последици од коронакризата. Дополнително премиерот Зоран Заев во интервју во емисијата Економски магазин посочи дека се размислува за целосна приватизација на државното земјиште во Македонија, во комбинација со легализирање на капиталот изнесен во транзицијата и приватизацијата во деведесетите. -Ние сме земја која помина низ транзиција, претпоставката е дека има најмалку милијарда и петстотини евра коишто се надвор од тековите, рече Заев. Македонија помина низ мрачна транзиција и приватизација, па оттука се поставува прашањето дали новата приватизација која ја најави премиерот Заев е втор бран на таа од деведесетите?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vleguvame-li-vo-nova-matna-privatizacija-na-prodazba-makedonski-poshti-kolska-zeleznici-tec-negotino-udelot-vo-telekom-celoto-drzavno-zemjishte/feed/ 0
Македонија нема абер, но Бугарија ќе прави целосна проверка на приватизацијата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-nema-aber-no-bugarija-kje-pravi-celosna-proverka-na-privatizacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-nema-aber-no-bugarija-kje-pravi-celosna-proverka-na-privatizacijata/#respond Wed, 12 Feb 2020 09:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=302766

Додека Македонија поништува лустрација и ги наградува кодошите, а од проверка на криминалната транзиција во 90-те години на минатиот век нема ни абер, соседна Бугарија најави чистка и одговорност за начинот на кој државата ги ставила јавните добра во приватни раце. Главниот обвинител на Република Бугарија, Иван Гешев,  побара од Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) да направи целосна проверка на процесот на приватизација и на контролата на овој процес од одговорните министерства, агенции и други државни органи, сооопшти Обвинителството. Проверката треба да ги опфати сите договори за приватизација, како биле исплаќани, независно од видот на платежните средства, како и сите преземени активности за спроведување на постприватизацискиот надзор. ДАНС треба да утврди дали се собрани предвидените средства според приватизациските договори, камати, отштети и банкарски  гаранции, во случај на нивно делумно или целосно неисполнување. Во врска со ова треба да се утврди дали се извршени активностите за раскинување на приватизациските договори, во случај на нивно  неисполнување. Државната безбедност треба да утврди како била водена целата документација за актуелната постприватизациска контрола, дали биле извршени проверки за реализацијата на приватизациските договори и дали навремено била впишана таа информација во јавните регистри. Во опфатот на проверката треба да се изврши и анализа на ревизорските извештаи на Државниот завод за ревизија и какви дејствија биле преземени за исполнувањето на дадените наоди и препораки]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-nema-aber-no-bugarija-kje-pravi-celosna-proverka-na-privatizacijata/feed/ 0