приватни авиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Jan 2023 15:25:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приватни авиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гринпис бара од ЕУ забрана за приватни авиони пред состанокот во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-bara-od-eu-zabrana-za-privatni-avioni-pred-sostanokot-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-bara-od-eu-zabrana-za-privatni-avioni-pred-sostanokot-vo-davos/#respond Fri, 13 Jan 2023 15:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=787005

Гринпис повика на забрана за летови со приватни авиони кои емитуваат јаглерод непосредно пред годишниот Светски економски форум во Давос, на кој се собира светската деловна и политичка елита. Комисијата на ЕУ треба да го отвори патот за таква регулатива во сегашната ревизија на Регулативата за воздушниот сообраќај, соопшти денеска еколошката организација. Бројот на летови на кратки релации со приватни авиони се очекува повторно нагло да се зголеми во пресрет на Светскиот економски форум во швајцарското планинско одморалиште следната недела, пренесе ДПА. Според студијата на консултантската фирма CE Delft нарачана од Гринпис, 1.040 приватни авиони слетале или полетале од седумте аеродроми во близина на Давос за време на годишниот состанок минатата година. Спротивно на тоа, бројот на просечни летови е обично 540. – Богатите и моќните се собираат во Давос за да разговараат за климата и нееднаквоста. Во тој процес, тие го користат најштетното транспортно средство за животната средина во светот: приватниот авион, истакна Клара Марија Шенк од Гринпис. Голем дел од регистрираните летови биле исто така многу кратки, а повеќе од половина биле долги помалку од 750 километри. Светскиот економски форум тврди дека ја унапредува меѓународната климатска политика. Не само што има бројни настани на оваа тема, годишната конференција треба да биде и климатски неутрална. Затоа форумот препорачува неговите учесници да патуваат со воз и ги советува да избегнуваат летови на кратки релации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-bara-od-eu-zabrana-za-privatni-avioni-pred-sostanokot-vo-davos/feed/ 0
Коронавирусот ги полни џебовите на сопствениците на приватни авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-gi-polni-dzebovite-na-sopstvenicite-na-privatni-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-gi-polni-dzebovite-na-sopstvenicite-na-privatni-avioni/#respond Tue, 18 Feb 2020 07:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=305308

Богати сопственици на приватни авиони добиваат голем број на барања за превоз на луѓе во Кина, јави Би-Би-Си. Авиокомпаниите откажуваат редовни летови заради карантинот во Хубеи и другите провинции. Ова ги тера многу луѓе подготвени да платат за чартер лет, и покрај значително повисоката цена. Од Парамаунт бизнис џет, базирана во Австралија, велат дека тие пријавиле „значително зголемување“ на барањата за нивните услуги уште од почетокот на кризата со вирусот. И оваа компанија и другите компании кои обично нудат луксуз, малите авиони за изнајмување не можат да одговорат на зголемен интерес заради недостаток на доволно екипажи. „Многу компании не сакаат да го испратат својот тим во Кина затоа што сметаат дека постои ризик. Тие исто така стравуваат дека дури и ако болеста ги одмине екипажите, тие нема да бидат достапни, бидејќи може да бидат ставени во дво-неделен карантин по враќањето од Кина“, вели Дарин Воилс од Парамаунт. Друга луксузна компанија за изнајмување авиони со седиште во Сингапур, МајЏет Азија, вели дека во изминатиот месец зголемувањето на барањата за услуги е помеѓу 80 и 90 проценти. Тие нагласуваат дека имаат барања од лица во провинцијата Хубеи која е под карантин да платат огромни суми само за да заминат оттаму. Мал авион може да пренесе до четири патници и чини околу 2.400 долари за еден час, средно голем авион може да пренезе до 10 патници и чини околу 6.000 долари за час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-gi-polni-dzebovite-na-sopstvenicite-na-privatni-avioni/feed/ 0