приватни автобуси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Nov 2022 06:21:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приватни автобуси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И автобусите на „Слобода превоз“ нема да сообраќаат: Скопјани без линиите 9, 12, 22, 23 и 45 https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-avtobusite-na-sloboda-prevoz-nema-da-soobrakjaat-skopjani-bez-liniite-9-12-22-23-i-45/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-avtobusite-na-sloboda-prevoz-nema-da-soobrakjaat-skopjani-bez-liniite-9-12-22-23-i-45/#respond Mon, 21 Nov 2022 06:24:32 +0000 https://kurir.mk/?p=763948

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, денеска нема да сообраќаат поради немање средства за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата. – Со крајни напори ќе се обезбеди редовен превоз на линиите: 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73,  кои како приградски линии делумно се финансираат и од општините кои не се во состав на Град Скопје, за да не се случи поради неизвршување на тој превоз да имаат причина да престанат да ги уплаќаат средствата во ЈСП, соопшти „Слобода превоз“. Најавија дека претставници на превозниците од сите линии во 9:00 часот ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием кај секретарот на Град Скопје кому ќе ги пренесат проблемите со кои се соочуваат, а кои се поврзани со големиот долг на ЈСП кон нив. Исто така, ќе побараат одговори на повеќе прашања, меѓу кои и за тоа зошто и каде завршуваат прибраните средства во ЈСП од продадени билети, како и за превоз на ученици од кои приватните превозници треба да бидат исплатени. Во зависност од исходот на таа средба, добиените одговори и предлог решенија, ќе зависи понатамошното вршење на превозот и делување на превозниците. Пред еден месец автобусите на ЈСП „Скопје“ не возеа еден ден кога вработените стапија во колективен штрајк зашто немаа земено плата. Потоа, поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП односно од Град Скопје, престанаа да сообраќаат автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-avtobusite-na-sloboda-prevoz-nema-da-soobrakjaat-skopjani-bez-liniite-9-12-22-23-i-45/feed/ 0
Јовановски од Здружението на приватни автобуси „Слободен превоз“: ЈСП не го применува возниот ред како секој 1 сепември, тоа ќе доведе до нови заразени! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jovanovski-od-zdruzenieto-na-privatni-avtobusi-sloboden-prevoz-jsp-ne-go-primenuva-vozniot-red-kako-sekoj-1-sepemvri-toa-kje-dovede-do-novi-zarazeni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jovanovski-od-zdruzenieto-na-privatni-avtobusi-sloboden-prevoz-jsp-ne-go-primenuva-vozniot-red-kako-sekoj-1-sepemvri-toa-kje-dovede-do-novi-zarazeni/#respond Tue, 31 Aug 2021 13:58:59 +0000 https://kurir.mk/?p=557333

Директорот на Здружението на приватни автобуси „Слободен превоз“ Ленин Јовановски во изјава за КУРИР вели дека новата одлука на ЈСП да се применува летниот возен ред од утре во градскиот превоз со тоа што само ќе се зголеми бројот на автобуси е парадоксално и ќе доведе до зголемен број на заразени лица во автобусите. -Соопштението на ЈСП кое излезе денеска да кажам во некоја смисла е направено така да остави впечаток дека се става нормалниот возен ред во функција и дека нема да биде редуциран со тоа што многу мудро кажуваат не дека нема да се применува регуларниот возен ред од први септември, туку дека постојниот возен ред што е сега во моментов ќе се надополни некаде со повеќе возила. Тоа значи дека возниот ред од први септември ќе биде летниот редуциран возен ред што се користи кога се летните одмори и учениците се на годишен распуст, истиот е со драстично намален капацитет заради тоа што учениците не се во училиштата. Значи тие го применуваат возниот ред од први септември како учениците да не се во школите, вели Јовановски. Тој додава дека воопшто не се применува редовниот возен ред кој секоја година се применува со самиот старт на учебната година. -Ние предупредуваме дека од утре ќе биде многу опасно да се возат граѓаните во автобусите бидејќи ќе бидат преполни особено во часовите кога учениците и граѓаните се враќаат од работа и одат до работа. Сметаме дека ова ќе биде многу полошо од секоја свадба и секој ресторан и забава, заради тоа што во еден момент бројка од 200 автобуси на секој пет минути ќе возат можеби и до 100 луѓе во еден момент, истакнува Јовановски. Тој додава и дека во овој момент е парадоксално да се вози со овој возен ред бидејќи нема ниту една редукција, ниту луѓето одат преку еден ден на работа, учениците не учат онлајн настава, туку наеднаш се ќе се одвива како во нормални услови. -Нема логика да биде летен возен ред, тоа се прави само заради заштеда на пари и штета на граѓаните. Дополнително е тоа што превозниците се оштетуваат поради помалиот обем на работа, тоа ајде да го ставиме како второстепено бидејќи ние тоа веќе две години го трпиме. Меѓутоа ова утре е стварно работа која ја сметам за сериозна и страшна. Доколку не се смени ништо, јас мислам дека ќе имаме многу заразени во автобусите, многу наскоро тврди за КУРИР Јовановски. Во нашата изјава тој истакнува дека иако се зголемува обемот на автобуси утре од страна на ЈСП истото ќе биде со бројка до редуцираниот возен ред, а тврди дека имало и помалку од редуцираниот возен ред, бидејќи некои автобуси возеа и по саботен возен ред што е многу големо намалување. -Ако зборуваме дека сме во пандемија, возниот ред на автобусите треба да се зголеми повеќе од редовниот возен ред, а не да се намалува. Ова треба некој да се повика на одговорност, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jovanovski-od-zdruzenieto-na-privatni-avtobusi-sloboden-prevoz-jsp-ne-go-primenuva-vozniot-red-kako-sekoj-1-sepemvri-toa-kje-dovede-do-novi-zarazeni/feed/ 0