приватни лекари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 12:56:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приватни лекари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здружението на приватни лекари бара покачување на платите за приближно 10 % https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenieto-na-privatni-lekari-bara-pokachuvane-na-platite-za-priblizhno-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenieto-na-privatni-lekari-bara-pokachuvane-na-platite-za-priblizhno-10/#respond Fri, 13 Oct 2023 12:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=888553

Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛРМ) го поздравува покачувањето на платите на здравствените работници во јавното здравство, но истовремено изразува разочарување што тие се заборавени, истакна на денешната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружението. Тие од надлежнaта централна бараат покачување на платите. Барањето се однесува за 1400 приватни лекари од примарното здравство, кои имаат склучено договори со Фондот за здравство, како и за 120 специјалисти интернисти и 124 специјалисти гинеколози. Сите тие се сопственици на амбуланти во кои се вработени и по две медицински сестри. -Ние не бараме покачување од 78 проценти, но бараме покачување од приближно 10 проценти, што е во согласно инфлацијата на ММФ. За да можеме да го следиме чекорот на просечна плата сметаме дека не треба да бидеме изоставени во зголемување на каптациониот бод, потенцира д-р Чолакова Дервишова. Таа информира дека ЗПЛРМ денеска со ова нивно барање до надлежните се обратиле преку медиумите затоа што сметаат дека на овој начин досега голем број нивни иницијативи и предлози до надлежните биле попродуктивни во споредба со оние барања испратени со писмо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenieto-na-privatni-lekari-bara-pokachuvane-na-platite-za-priblizhno-10/feed/ 0
Грција: Мобилизира 206 приватни лекари во борбата против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-mobilizira-206-privatni-lekari-vo-borbata-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-mobilizira-206-privatni-lekari-vo-borbata-protiv-koronavirusot/#respond Mon, 22 Mar 2021 08:33:41 +0000 https://kurir.mk/?p=485934

Откако многу мал број приватни лекари доброволно се пријавија да го зајакнат националниот здравствен систем во Грција и да помогнат во битката со Ковид-19, Министерството за здравство одлучи да мобилизира 206 приватни пулмолози, патолози и општи лекари во областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство Василис Кикиљас и претседателот на Лекарската комора од Атина Јоргос Патулис на 10 март упатија повик до приватните лекари да се вклучат во битката, една седмица подоцна, односно во средата, Кикиљас им даде рок од 48 часа доброволно да се пријават, но откако немаше доволен интерес, утрово беше соопштена мобилизацијата. -Земајќи ги предвид вонредните околности и итната потреба за лекување на нашите сограѓани, Министерството за здравство презема мобилизација на лични услуги на лекарите специјалисти, односно патолози, пулмолози и општите лекари во Атика, рече Кикиљас рано утрово. Мобилизацијата се однесува на 206 приватни лекари, под 60 години, еден месец ќе работат во државните болници, ќе добијат месечен надомест, а доколку имаат приватни ординации нема да биде потребно да ги затворат. Во Атина има 1.331 приватен патолог, 469 приватни пулмолози и 340 општи лекари. Здравствениот систем во Грција, особено во областа Атика, поширокиот регион на Атина е под најголем притисок од почетокот на пандемијата во земјата, а секој ден се хоспитализираат околу 500 пациенти со Ковид-19, од кои над 200 се во Атика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-mobilizira-206-privatni-lekari-vo-borbata-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Протестираат матичните лекари од приватна пракса од Виница и Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestiraat-matichnite-lekari-od-privatna-praksa-od-vinica-i-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestiraat-matichnite-lekari-od-privatna-praksa-od-vinica-i-kochani/#respond Wed, 13 Mar 2019 15:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=174382

Неисплаќањето на капитацијата од страна на Фондот за здравство на приватна здравствена ординација во Виница беше причина матичните лекари од приватна пракса од Виница и Кочани да организираат мирен протест. Парите не биле исплатени затоа што ординацијата, согласно законските прописи, немала комплетиран здравствен тим, односно подолго од 35 дена не вработила медицинска сестра. -Бидејќи колешката веќе нема медицинска сестра, од Фондот не ѝ пуштаат пари. Докторката го исполни условот кој е пропишан во Правилникот и не два, колку што се бара, туку четири пати преку оглас бараше здравствен работник. За жал, во тој регион на источна Македонија медицински сестри нема, кажа д-р Лилјана Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари. Тие побараа под итно да ѝ се пушти капитација на Петковска за да може таа да функционира, а пациентите да бидат згрижени. -Крајно нехумано е доктор кој извршил стотици прегледи да остане без здравствено осигурување. Таа сега не може да плати концесија и комуналии за амбулантата и да ја врши редовната работа. Освен недостигот на доктори, уште поголем одлив има на медицински сестри, додаде д-р Чолакова Дервишова. Од протестот беше упатено барање до надлежните државни институции да се направат извесни законски измени, за да им се овозможи на матичните лекари да продолжат со работа. -Многу тешко можеме да обезбедиме медицински лица, односно сестри, па и лекари, со оглед што во источниот регион од државата подолг период нив ги нема. Протестот е еден вид апел до надлежните институции да размислат како ќе го решат проблемот, при што очекуваме флексибилност на законот со кој нè обврзуваат да имаме медицински тим. Сметаме дека треба да се дозволи вработување и на немедицинско лице, кое ќе ги врши административните работи. Ние, лекарите, ќе ги извршуваме нашите обврски, па во одреден случај и задолженијата на медицинските сестри, сè додека не се најде соодветен кадар за да се комплетира тимот, истакна Виолета Петковска, претседател на Општинскиот одбор на лекарската комора од Виница. Матичните лекари од двете општини нагласија дека скоро сите ординации во регионот веќе се соочиле или наскоро ќе се соочат со истиот проблем, па ако не ги добиваат средствата за капитација, не ќе можат да ја извршуваат функцијата. Веќе доставиле известување до Фондот и до Министерството за здравство дека подолг период во евиденцијата на Агенцијата за вработување во Виница нема невработени медицински сестри. Како заклучок од протестот, лекарите рекоа дека не бараат привилегии, туку поголема толеранција од надлежните институции, затоа што ќе станат неконкурентни во однос на јавните здравствени организации и ќе бидат приморани да ги затворат своите ординации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestiraat-matichnite-lekari-od-privatna-praksa-od-vinica-i-kochani/feed/ 0
Приватните лекари си го бараат ветеното од Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-lekari-si-go-baraat-vetenoto-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-lekari-si-go-baraat-vetenoto-od-vladata/#respond Sun, 26 Aug 2018 09:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=92263

Здружението на приватни лекари на Република Македонија на последниот состанок на Управен одбор одржан на ден 25.08.2018 година ги разгледуваше актуелните состојби во здравството-во примарното и секундарното приватно здравство кои имаат договор со ФЗОМ. -ЗПЛРМ го поздравува трендот на покачување на капитациониот бод кај колегите гинеколози и кај колегите од терциерно и секундарно јавно здравство, но апелира да ваквите парцијални решенија доведуваат до огромно незадоволство кај матичните доктори.  Апелираме овој тренд на покачување на платите во здравството се примени и во приватните здравствени установи кои се врзани со  договри со ФЗОМ, се наведува во соопштението. -Да потсетиме: оваа Влада во својата програма има зацртано 90 денари капитационен бод, пациенти на ПЗУ и 100.000 денари плата за специјалисти, велат од приватните лекари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-lekari-si-go-baraat-vetenoto-od-vladata/feed/ 0