приватни превозници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 May 2023 07:57:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приватни превозници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приватните превозници денеска се враќаат на скопските улици https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-deneska-se-vrakaat-na-skopskite-ulitsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-deneska-se-vrakaat-na-skopskite-ulitsi/#respond Wed, 24 May 2023 07:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=838132

Приватните автобуски превозници, по долгогодишна пауза од денеска повторно започнуваат со сообраќање низ скопските улици откако вчера постигнаа нов договор со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Веста беше објавена на фејсбук страната на ЈСП Скопје каде што се наведува дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и од утре тие повторно ќе почнат да сообраќаат низ улиците на главниот град. Според објавата, договорот е потпишан од страна на новиот в.д. директор на ЈСП Скопје Крсте Петревски и претставниците на приватните превозници и веќе од денеска приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со, како што се вели, 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик. -Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса, се вели во објавата на ЈСП Скопје. Инаку приватните превозници не сообраќаат од ноември минатата година откако им беше раскинат договорот од страна на Град Скопје поради, како што се тврдеше од страна на Градот, неиспорачување на услугите од страна на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“. Превозниците пак бараа да им бидат исплатени долговоите од страна на Град Скопје, бидејќи, како што тврдеа, немаа средства за испорачување на услугата токму поради тој долг и сето тоа резултираше со протести на превозниците кои блокираа неколку важни крстосници во главниот град и околината на бараките на Град Скопје со барање да им бидат исплатени, според нив, заостанати долгови од страна на ЈСП за да почнат повторно со работа. Сето тоа резултираше со конечен договор меѓу превозниците, Град Скопје и ЈСП откако самите превозници се откажаа од поранешните директори и формираа ново раководство, коешто по два последователни јавни повици конечно успеаја да постигнат договор со Градот и ЈСП. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-deneska-se-vrakaat-na-skopskite-ulitsi/feed/ 0
На повидок нормализација на јавниот градски превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/na-povidok-normalizatsija-na-javniot-gradski-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/na-povidok-normalizatsija-na-javniot-gradski-prevoz/#respond Thu, 02 Mar 2023 06:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=806962

Градот Скопје и приватните автобуски превозници вчера постигнаа договор за надминување на неколкумесечниот спор. Претставници на приватните автобуски превозници информираа дека со постигнатиот договор заедно со новите јавни повици за автобуски превоз, ќе почне и исплатата на долгот што Јавното сообраќајно претпријатие „ Скопје“ го има кон нив. Град Скопје, пак, соопшти дека согласно договорот ќе распише нов јавен повик за приватните превозници, со што конечно се очекува нормализирање на јавниот превоз во главниот град. Претставникот на новото координативно тело на приватните превозници, Јовица Зафировски, вчера информираше дека јавните повици за сите линии ќе бидат објават утре или најдоцна в понеделник. - На тој јавен повик ќе се пријавиме сите, нема причина да не се пријавиме, условите ни одговараат. Очекуваме дека до 20 овој месец ќе почнеме со работа, изјави Зафировски, појаснувајќи дека ќе има три јавни повици, односно три пакети и ќе бидат опфатени сите линии, меѓутоа, со нова прераспределба. Тој најави и дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изразила подготвеност да ги субвенционира приватните превозници за замена на некои од застарените автобуси. Градот Скопје потврди дека ќе распише нов повик за вклучување на приватните превозници во јавниот превоз во главниот град, наспоменувајќи дека здруженијата на превозници „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да учествуваат на повикот поради пречките кои произлегуваат од раскинатиот договор, кој предвидува забрана за учество на јавен повик доколку договорот биде раскинат пред истекот и по нивна вина. - Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање, како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе може да аплицира секој превозник кој планира чесно и одговорно да се држи до договорот за јавен превоз, се вели во соопштението на Град Скопје, каде што исто така се информира дека долгот на ЈСП „Скопје“ кон приватните превозници ќе биде исплатен согласно потпишаните договори додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз. Спорот помеѓу Градот Скопје и приватните превозници започна во ноември минатата година кога превозниците од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ престанаа со вршење на своите услуги за превоз со образложение дека не им се исплатени договорените средства од страна на ЈСП и Градот. Потоа следеше еднострано раскинување на договорите од страна на Град Скопје со образложение дека според договорот, ако превозниците не ја испорачуваат услугата, договорот автоматски се раскинува. Како одговор на раскинувањето на договорот, приватните превозници кон крајот на ноември и почетокот на декември, неколку пати протестираа со блокирање со автобуси на неколку клучни крстосници во главниот град, како и во околината на канцелариите на Град Скопје, барајќи да им се подмири долгот, кој, според нив, изнесува преку 90 милиони денари. Тие автобуските блокади ги отстранија на 12 декември, со надеж за средба со претставници на Владата за решавање на проблемот, откако премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да преговара со нив се додека траат блокадите. Во меѓувреме, јавниот градски превоз се реализираше само со автобуси на ЈСП, а Градот Скопје објави два огласи за ангажирање на приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија. Настаните почнаа да се движат кон позитивен исход, откако кон крајот на јануари превозниците соопштија дека се дистанцираат од дотогашните раководства на „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ и дека формирале ново координативно тело, а градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во интервју за МИА изрази подготвеност за надминување на проблемот со превозниците и за изнаоѓање решение со нив. На вчерашниот договор, со којшто се очекува конечно нормализирање на јавниот превоз во Скопје, претходеше средба на новото координативно тело со градоначалничката Арсовска на почетокот на февруари, каде што засегнатите страни успеаја да ги доближат ставовите за решавање на проблемите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/na-povidok-normalizatsija-na-javniot-gradski-prevoz/feed/ 0
Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-i-grad-skopje-postignaa-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-i-grad-skopje-postignaa-dogovor/#respond Wed, 01 Mar 2023 10:16:04 +0000 https://kurir.mk/?p=806514

Приватните превозници во јавниот автобуски превоз и Град Скопје денеска постигнаа договор за исплата на долгот од 1,5 милиони евра, потврди за МИА од членот на приватните превозници Јовица Зафировски. Инаку, приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град. Во меѓувреме градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право. Јавниот градски превоз, во меѓувреме продолжи да сообраќа само со автобусите на ЈСП, а Град Скопје објави два огласи за приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-i-grad-skopje-postignaa-dogovor/feed/ 0
Почна средбата на приватните автобуски превозници во Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochna-sredbata-na-privatnite-avtobuski-prevoznitsi-vo-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochna-sredbata-na-privatnite-avtobuski-prevoznitsi-vo-grad-skopje/#respond Mon, 06 Feb 2023 08:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=796624

Приватните автобуски превозници примени се на средба во Град Скопје откако вчера најавија дека добиле покана за средба од Градот за денеска во 9 часот. Тие минатиот понеделник откако не беа примени во Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, најавија дека повторно ќе почнат со протест преку блокади од денеска ако не бидат примени и не се најде решение за долгот којшто тврдат дека го има Град Скопје кон нив. Додека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во вчерашното интервју за МИА, истакна дека треба да се разговара со приватните превозници и да се најде решение со нив. Средбата не се знае до кога ќе трае, но превозниците се надеваат на добар исход.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochna-sredbata-na-privatnite-avtobuski-prevoznitsi-vo-grad-skopje/feed/ 0
Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavata-nema-nikakvi-ingerentsii-vo-delot-na-javniot-prevoz-veli-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavata-nema-nikakvi-ingerentsii-vo-delot-na-javniot-prevoz-veli-kovachevski/#respond Tue, 31 Jan 2023 11:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=794190

Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз во Скопје или во кој било друг град во државата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“ што се одржува втор ден во Скопје. Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу ситуацијата со приватните превозници и Град Скопје, рече дека се работи за должничко-доверителни односи и оти тие меѓусебно мораат да најдат решение. Приватните автобуски превозници вчера пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ излегоа со барање за средба со директорот за решавање на нивниот проблем со долгот, со цел да можат повторно да почнат со работа, но беа одбиени со образложение дека тој не е присутен и е на друг состанок. Тие кажаа дека ќе побараат прием и кај скопската градоначалничка Данела Арсовска, како и кај премиерот Димитар Ковачевски, и доколку не бидат примени и од Градот Скопје и од Владата, тогаш како единствено излезно решение го гледаат протестот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavata-nema-nikakvi-ingerentsii-vo-delot-na-javniot-prevoz-veli-kovachevski/feed/ 0
Приватните автобуски превозници најавуваат нови блокади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-avtobuski-prevoznitsi-najavuvaat-novi-blokadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-avtobuski-prevoznitsi-najavuvaat-novi-blokadi/#respond Mon, 30 Jan 2023 11:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=793698

Приватните автобуски превозници утрово се собраа пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ со барање за средба со директорот за решавање на нивниот проблем со долгот, со цел да можат повторно да почнат со работа, но беа одбиени со образложение дека тој не е присутен и е на друг состанок. Тие велат дека ќе побараат прием и кај скопската градоначалничка Данела Арсовска, како и кај премиерот Димитар Ковачевски, и доколку не бидат примени и од Градот Скопје и од Владата, тогаш како единствено излезно решение го гледаат протестот. – Финансиски сме исцрпени, веќе не работиме три месеци, но сепак ќе ги сервисираме автобусите и ќе бидат во функција. Најпотребни ни се финансиските средства. Да го договориме начинот на исплата, да ни ги исплатат средствата, автобусите ќе ги активираме повторно, додаде Зафировски. На прашањето што ќе направат доколку нема средба ни со директорот, ни со Град Скопје, ни со Владата, Зафировски одговори дека единствен излез како демократско право е протестот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-avtobuski-prevoznitsi-najavuvaat-novi-blokadi/feed/ 0
Дел од приватните превозници на протест пред ЈСП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-privatnite-prevoznitsi-na-protest-pred-jsp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-privatnite-prevoznitsi-na-protest-pred-jsp/#respond Mon, 30 Jan 2023 06:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=793475

Дел од приватните превозници најавија протест за денеска од девет часот пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА вели дека викендов се одржал состанок на лица од двете компании, на кој е одлучено да се протестира во текот на денешниот ден. Како што нагласи Халили, целата работа околу решавањето на нивниот проблем се одоговлекува, а тие се без работа и имаат трошоци. На протестот ќе се бара средба со директорот на ЈСП, а се подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата. И Милоград Димитриевски, еден од сопствениците на „Макеспрес“ потврди дека таков состанок е одржан. – Превозници од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ сами одржале состанок и се договориле утре од девет часот да одржат протест пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Јас не бев присутен на тој состанок, но ја добив информацијата од колегите кои биле присутни, дека така е договорено. Има информации во јавноста дека 5.000 денари биле исплатени на „Слобода превоз“, по кој основ, не знам. Кај нас немаат префрлено ништо од 2 ноември наваму, вели Димитриевски за МИА. МИА го контактираше и Ленин Јовановски од „Слобода превоз“, кој кажа дека тој лично не е информиран за протест што ќе се одржи пред седиштето на ЈСП во Автокоманда.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-privatnite-prevoznitsi-na-protest-pred-jsp/feed/ 0
Протест на приватните превозници утре во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-privatnite-prevoznitsi-utre-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-privatnite-prevoznitsi-utre-vo-skopje/#respond Sun, 29 Jan 2023 13:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=793370

Дел од приватните превозници најавуваат протест за утре од девет часот пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА вели дека вчера се одржал состанок на лица од двете компании, на кој е одлучено да се протестира во текот на утрешниот ден. Како што нагласи Халили, целата работа околу решавањето на нивниот проблем се одоговлекува, а тие се без работа и имаат трошоци. На протестот ќе се бара средба со директорот на ЈСП, а се подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата. И Милоград Димитриевски, еден од сопствениците на „Макеспрес“ потврди дека таков состанок е одржан. – Превозници од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ сами одржале состанок и се договориле утре од девет часот да одржат протест пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Јас не бев присутен на тој состанок, но ја добив информацијата од колегите кои биле присутни, дека така е договорено. Има информации во јавноста дека 5.000 денари биле исплатени на „Слобода превоз“, по кој основ, не знам. Кај нас немаат префрлено ништо од 2 ноември наваму, вели Димитриевски за МИА. МИА го контактираше и Ленин Јовановски од „Слобода превоз“, кој кажа дека тој лично не е информиран за протест што ќе се одржи утре пред седиштето на ЈСП во Автокоманда.(МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-privatnite-prevoznitsi-utre-vo-skopje/feed/ 0
Приватните превозници во понеделник на протест пред ЈСП, компанијата им префрлила само 5.000 денари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-vo-ponedelnik-na-protest-pred-jsp-kompanijata-im-prefrlila-samo-5-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-vo-ponedelnik-na-protest-pred-jsp-kompanijata-im-prefrlila-samo-5-000-denari/#respond Sat, 28 Jan 2023 20:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=793281

Приватните превозници во понеделник најавуваат протест пред седиштето на ЈСП Скопје во Автокоманда. Како што објави телевизија Телма, тие ќе протестираат пред управната зграда на компанија и ќе си ги бараат парите, бидејќи, како што велат, им префрлиле само 5.000 денари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-vo-ponedelnik-na-protest-pred-jsp-kompanijata-im-prefrlila-samo-5-000-denari/feed/ 0
Извештајот на УЈП за приватните превозници се уште не е стигнат во Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ujp-za-privatnite-prevoznici-se-ushte-ne-e-stignat-vo-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ujp-za-privatnite-prevoznici-se-ushte-ne-e-stignat-vo-vladata/#respond Mon, 26 Dec 2022 11:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=780544

Извештајот на Управата за јавни приходи (УЈП) се уште не е пристигнат во Владата и по неговото добивање се очекува министрите од економските ресори да одржат состаноци со приватните автобуски превозници и со Град Скопје. Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата потврди дека извештајот на УЈП не е пристигнат во Владата. – УЈП во рамки на своите надлежности прави контрола. Уште немаат завршено со извештај којшто е доставен до Владата. Кога тоа ќе биде направено, тогаш ќе можат министрите од економските ресори да се информираат за деталите и потоа задолжените министри ќе можат да одржат состаноци со Град Скопје и со приватните превозници, рече Ковачевски. Тој посочи дека се работи за деловни односи меѓу приватните превозници, ЈСП и Град Скопје. – Повторувам уште еднаш – тоа се исклучиво деловни односи меѓу приватните превозници, ЈСП и Град Скопје и дополнително деловни односи меѓу приватните превозници, затоа што ако ги видите видеата како држат состаноци меѓу себе, тоа и не е баш некое највисоко ниво од аспект на начин на одржување на состаноци, рече Ковачевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ujp-za-privatnite-prevoznici-se-ushte-ne-e-stignat-vo-vladata/feed/ 0