приватни специјализанти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Jun 2022 20:01:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приватни специјализанти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приватните специјализанти најавуваат штрајк и протест, останале без исплата на дежурства и здравствено осигурување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-specijalizanti-najavuvaat-shtrajk-i-protest-ostanale-bez-isplata-na-dezurstva-i-zdravstveno-osiguruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-specijalizanti-najavuvaat-shtrajk-i-protest-ostanale-bez-isplata-na-dezurstva-i-zdravstveno-osiguruvanje/#respond Fri, 10 Jun 2022 20:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=689364

Лекарите кои се на приватна специјализација најавија дека ќе престанат да лекуваат пациенти на матичните Клиники и протест пред Владата доколку не им бидат исплатени заостанатите дежурства од февруари и не добијат здравствено осигурување. Над 400 лекари, од кои половината специјализираат, работат и дежураат на Клинички преку отворено писмо бараат помош од Премиерот Ковачевски да се вклучи во решавање на нивните проблеми со Фондот за здравство. -Ноќното дежурство како и дневната работа претставува пружање на здравствени услуги за кои Фондот е обврзан преку договор кој го имаме потпишано да не исплаќа. Така да првиот чекор би било престанок на пружање на здравствени услуѓи кои реално и потенцијално би довело до колапс на здравствениот систем и матичните клиники, бидејќи ќе се соочат со акутен недостаток на лекари. Доколку и тоа биде игнорирано од страна на Фондот и Владата на штета на здравјето на граѓаните следниот чекор кој како ЗЛС и со подршка на нашите колеги е протест пред Владата на РСМ, изјави д-р Александра Георгиева, претседател на Здружението на лекари специјализанти. Од Фондот за здравство велат дека тие не ги исплаќале дежурствата на специјализантите, тоа било обврска на здравствените установи каде специјализираат , а тие им доделување годишни буџети. -Ние ги контактиравме директорите на Клиниките и нивното обрзаложение е дека пари од Фондот за здравствено осигурување за таа ставка не пристигнуваат , односно неофицијално Фондот усно ги информирал сметководителите на Клиниките да престанат да го исплаќаат ночниот труд, бидејќи Фондот едноставно нема да дава пари за таа ставка, вели д-р Георгиева, претседател на ЗЛС. Инаку во отвореното писмо до Премиерот специјализантите посочуваат дека ваквиот однос и не плаќањето за тоа што го сработеле дополнително ќе го зголеми егзодусот на лекарите во странство, а дел од нив ќе морале да ја прекинат специјализацијата која чини и до 12.000 евра, а тоа ќе довело до недостаток на медицински кадар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-specijalizanti-najavuvaat-shtrajk-i-protest-ostanale-bez-isplata-na-dezurstva-i-zdravstveno-osiguruvanje/feed/ 0
Приватните специјализанти излегуваат на протест – незадоволни од условите и договорот по кои работат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-specijalizanti-izleguvaat-na-protest-nezadovolni-od-uslovite-i-dogovorot-po-koi-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-specijalizanti-izleguvaat-na-protest-nezadovolni-od-uslovite-i-dogovorot-po-koi-rabotat/#respond Fri, 15 Nov 2019 18:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=264641

Кофинансираните приватни специјализанти во понеделник излегуваат на протест пред Министерството за здравство. Како што објавија на својата официјална страна Здружение на лекари специјализанти –ЗЛС, приватните специјализанти излегуваат на протест да го искажат своето незадоволство од условите и договорите по кои работат. Според објавените информации кофинансираните приватните специјализанти не се вклучени во законот за здравствена заштита бидејќи содржат елементи и од приватните и од државните и не се целосно дефиниран. Како што се наведува,  висината на нивната плата изнесува колку просечната плата на ниво на Република Македонија која пак е пониска од минималната плата на лекарите по општа медицина со 360 кредити образование и таа не смее да биде пониска од минималната лекарска плата. Односно, како што пишува во нивното соопштение и договорот за вработување во клиниките на неопределено време, после завршување на специјализацијата има огромни правни празнини.
Понатаму,  наведуваат дека и покрај законот за здравствена заштита обврската била да им се исплаќаат сите надоместоци, додатоци за плати и сите трошоци поврзани со работа според колективниот договор, но како што посочуваат се уште немаат исплата за одвоен живот, патни трошоци, дежурства, минат труд, како и ризична работа во сала и инфективен додаток.
 
Приватните специјализанти бараат да се направат посебни ставки во законот кои би ги опфаќал и нив а кои би биле различни од државните специјализанти со помали обврски кон државата, стои во известувањето.
Протестот ќе се одржи во понеделник, 18-ти ноември од 10 до 12 часот, а изјава за медиуми е предвидено да биде дадена во 10:30 часот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-specijalizanti-izleguvaat-na-protest-nezadovolni-od-uslovite-i-dogovorot-po-koi-rabotat/feed/ 0
Приватните специјализанти до Заев: Оставате 92 млади доктори без никаков паричен надоместок во највулнерабилниот период од нивните животи! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-specijalizanti-do-zaev-ostavate-92-mladi-doktori-bez-nikakov-parichen-nadomestok-vo-najvulnerabilniot-period-od-nivnite-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-specijalizanti-do-zaev-ostavate-92-mladi-doktori-bez-nikakov-parichen-nadomestok-vo-najvulnerabilniot-period-od-nivnite-zivoti/#respond Wed, 15 Aug 2018 09:57:08 +0000 https://kurir.mk/?p=88100

Приватните специјализанти преку отворено писмо се обраќаат до премиерот Зоран Заев кој им ветил дека ќе земаат плата, но повеќе од два месеци не добиле никаков надоместок. Специјализанитите прашуваат: Кој е вашиот план г-дин премиере?! Како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина? Тие потенцираат и дека плата мора да има за сите приватни специјализанти. Во продолжение Ви го пренесуваме целото писмо од приватните специјализанти. „Отворено Писмо Заев (15.08.2018 година) Почитуван премиер г-дин Зоран Заев, Ви се обраќаме ние приватните специјализанти преку отворено писмо до јавноста, бидејќи вистината треба да има што повеќе сведоци. На панел дискусијата организирана од повеќе асоцијации на специјализанти, како и од министерството за здравство и Владата на Република Македонија на ден 11 јуни 2018 година, Вие, го ветивте следното: “Oд овој месец плата ќе добиваат и оние од вас кои се пријавиле на конкурсот во јануари годинава”. Истото беше ветено и на ден 11 мај 2018 година од страна на министерот за здравство, по одржната прес конференција, кога нашата генерација на приватни специјализанти со голема доверба пристапи кон ветеното. Тогаш министерот изјави:“Вие сте најкреативниот дел од нашето општество, Вие мора да останете во оваа земја, Вие сте иднината и на нашето здравство и на медицината. Од месец јуни ќе се исплати мајската плата како што земаат и другите специјализанти, а дополнително работиме и на решавање на другите Ваши барања”. Од првата организирана прес конференција на 11 мај 2018 година поминаа речиси три месеци, а од дебатата на која присуствуваа повеќе десетици млади доктори и пред сé, приватни специјализанти, речиси два месеци, ни трага од платите нема! Во меѓувреме се остварија повеќе работни средби со работната група на министерството, по што целата документација и процедура за подготовка на списоците на приватните специјализанти беа конечно комплетирани. Сé беше подготвено за да се испрати до фондот за здравствено осигурување од каде беше потребно да се одобрат средствата и истите да се распределат на соодветните клиники и институти. Подоцна на наше инсистирање добивме информација дека буџетот за исплата на нашите веќе ветени плати всушност не постои! Односно истиот допрва треба да биде разгледуван на седница на Влада. Исто така да напоменеме дека постарите генерации на приватни специјализанти веќе добиваат плата за истиот труд и со истите потпишани договори. Сето ова ни говори дека процесот е сé уште на самиот почеток, а се добива впечаток дека една цела генерација на млади доктори е подлегната на дискриминација и тотално изиграна. Денес кога се почесто среќаваме наслови од типот: дури 86% од дипломираните студенти-лекари сакаат да заминат од Македонија, како и речиси секој студент на медицински науки паралелно со студиите изучува и германски јазик, кои секојдневно се пласираат во јавноста се прашуваме зошто Владата на Република Македонија, а пред се Вие како премиер оставате 92 млади доктори на медицина без никаков паричен надоместок во највулнерабилниот период од нивните животи! Со максимална девалвација на трудот кои го вложуваат секојдневно на клиниките и институтите каде што ја извршуваат својата дејност! Кој е вашиот план г-дин премиере?!Како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина? Во името на добрата и квалитетна иднина на македонското здравство Ве замолуваме најодговорно да се држите до она што го ветивте пред целата јавност, а тоа е да ги исплатите заостанатите плати од месец мај 2018 година за приватните специјализанти од јанурскиот конкурс годинава и тоа најдоцна до крајот на месец август 2018! Напоменуваме дека пред нас претстои тежок финансиски период. Имено, за веќе две недели нé очекуваат трошоци поврзани со уписот на новиот семестар во висина од 67,500 до 80,000 денари поединечно. Не сакаме да веруваме дека ентузијазмот со кој пристапивме и довербата која ја посветивме кон вашето ветување всушност биле залудни. Затоа уште еднаш Ве замолуваме, да ја искористите Вашата позиција и да овозможите правичност и еднаквост за сите доктори на приватна специјализација. Сѐ што бараме е уште една можност за да се исправат грешките и да ставите крај на деградацијата на докторската фела. Молиме за итно решавање и актуелизирање на овој проблем! Денес, кога миграцијата станува сé полесна, важно е да напоменеме – младите не бегаат од државава, младите се принудени да си одат! Не предизвикувајте нé на смели чекори кон светот во кој ќе бидеме вистински ценети и почитувани и каде нема да се лицитира со вложениот труд и нашето трпение. Плата мора да има за сите приватни специјализанти. Друга опција не прифаќаме! Ви благодариме, Со почит, Генерацијата приватни специјализанти 2018“. Ова се потписите на приватни специјализанти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-specijalizanti-do-zaev-ostavate-92-mladi-doktori-bez-nikakov-parichen-nadomestok-vo-najvulnerabilniot-period-od-nivnite-zivoti/feed/ 0