приватност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Jun 2021 08:27:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приватност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Експерт по сајбер безбедност открива зошто не би требало да користите Месинџер https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ekspert-po-sajber-bezbednost-otkriva-zoshto-ne-bi-trebalo-da-koristite-mesindzer/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ekspert-po-sajber-bezbednost-otkriva-zoshto-ne-bi-trebalo-da-koristite-mesindzer/#respond Thu, 10 Jun 2021 08:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=521373

Корисниците на Фејсбук Месинџер можеби треба да размислат да се откажат од популарната апликација по советот на експертот за сајбер безбедност Зака Дофман, кој вели дека користењето на услугите во моментов на апликацијата може сериозно да го ризикува пресретнувањето на испратените пораки. -Треба да се префрлите на лична комуникација и разговор или што и да сакате да е безбедно, најмалку на ВатсАт или уште подобро на Сигнал, ги предупредува Дофман корисниците во својот текст објавен на Форбс. Ова можеби звучи драматично, но има добра поента. За оние кои не се свесни, Месинџер допрва треба да воведее end-to-end енкрипција во својот сервис. Бес дополнувања до подесувањата, започнувањето на нов разговор - вашите пораки повеќе нема да бидат заштитени од љубопитните погледи. Ова всушност значи дека се што се испраќа мешу еден до друг уред може да биде пресретнато и испратено на трета страна. Додека ВатсАп, освен Сигнал, е една од оние апликации кои ја имаат воведено оваа некрипција, Месинџер заостанува. Компанијата е свесна дека очигледно не успева да ги исполни овие мерки на безбедност, па во неодамнешната објава се вели: „Работиме напорно на тоа да воведеме end-to-end енкрипција во сите наши услуги за разменување на пораки.“. Месинџер се подобрува и со фактот што Фејсбук неодамна претстави бројни алатки за приватност и сигурност, вклучително и повеќе опции за приватност, заклучување на апликации, ограничувања за проследување пораки и уште многу други. Сепак, Дофман нагласува дека енкрипцијата која е могу значајна ја нема, па додека не биде воведена во 2022 година, ви советува дека можеби попаметно е да пронајдете друг начин на комуникација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ekspert-po-sajber-bezbednost-otkriva-zoshto-ne-bi-trebalo-da-koristite-mesindzer/feed/ 0
Нов скандал со Фејсбук: База од над 400 милиони приватни податоци била достапна за сите https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nov-skandal-so-fejsbuk-baza-od-nad-400-milioni-privatni-podatoci-bila-dostapna-za-site/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nov-skandal-so-fejsbuk-baza-od-nad-400-milioni-privatni-podatoci-bila-dostapna-za-site/#respond Tue, 10 Sep 2019 10:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=238983

Експертите за безбедност пронајдоа интернет база на податоци, зачувана во обичен текст, која вклучува милиони записи-  имиња и телефонски броеви на корисниците на Фејсбук. Фејсбук по којзнае кој пат се најде во скандал околу безбедноста и приватноста на податоците. Овој пат, повторно станува збор за протекување на податоци кои би требало да бидат заштитени, а чувани се во обичен текст, и работата да биде уште полоша биле достапни на сите. Истражувачот Сануам Џаин од непрофитната организација GDI Foundation пронајде интернет база на податоци која вклучува околу 419 милиони записи на корисници на Фејсбук. Оваа база на податоци не е криптирана ниту е заштитена со лозинка. Секоја од стотиците милиони записи вклучува кориснички информации како што се име, единствен кориснички ID, земја и град на потекло, датум на раѓање, пол и можеби најважно, телефонски број поврзан со сметката на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nov-skandal-so-fejsbuk-baza-od-nad-400-milioni-privatni-podatoci-bila-dostapna-za-site/feed/ 0
Стапуваат на сила новите европски правила за заштита на приватноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapuvaat-na-sila-novite-evropski-pravila-za-zashtita-na-privatnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapuvaat-na-sila-novite-evropski-pravila-za-zashtita-na-privatnosta/#respond Fri, 25 May 2018 07:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=58157

Во ЕУ од денеска стапува во сила новата европска регулатива за заштита на личните податоци, позната како ГДПР, која и им дава на корисниците поголема контрола врз сопстените податоци. Ревидираната регулатива за заштита на податоците од денеска ќе донесе повеќе промени за европските онлајн корисници. Меѓу најважните се тоа што од сега компаниите ќе мораат со „јасен и прецизен“ речник да им ги објаснат правилата за приватност на корисниците, за разлика од досегашните долги и комплексни упатства, на кои најчесто корисници кликаат „прифаќам“ без да ги прочитаат. Дополнително, корисниците ќе треба да дадат „афирмативна“ согласност“ за споделување на нивните лични податоци, додека до сега беше дозволено молкот да се смета за согласност, или пак условите за споделување на податоците да бидат скриени во долгите упатства за употреба на веб сајтовите. Компаниите исто така ќе имаат обврска да ги информираат граѓаните кога нивните лични податоци се трансферираат надвор од ЕУ, но и да образложат за кои цели тие се трансферираат како и да му дадат можност на корисникот да одбие. Корисниците се здобиваат со поголеми права пред моќта на технолошките гиганти на интернет. Па така, компаниите ќе мораат веднаш да ги информираат корисниците доколку била нарушена нивната приватност онлајн, а корисниците ќе имаат право и да ги побараат сите информации кои фирмата ги поседува за нив. Со новата регулатива и националните тела за заштита на личните податоци добиваат засилена моќ. Додека досега тие имаат само ограничени можности за соработка на ниво на ЕУ, од сега нивните надлежности се хармонизираат, а нивните одлуки ќе стануваат обврзувачки за случаи кога повеќе европски земји се засеганти од некое нарушување или злоупотреба. За крај, овие тела ќе имаат дозвола и да изрекуваат казни за фирмите кои ги прекршуваат правилата на новата регулатива. Казните можат да достигнат 20 милиони евра или пак 4 отсто од глобалниот обрт на фирмата. Повеќе компании како „Фејсбук“ и „Мајкрософт“, ги поздравија новите европски правила, а некои од нив планираат да ја прошират истата заштита и за корисниците надвор од Европската Унија. Потпретседателката на „Мајкрософт“ вчера изјави дека новата регулатива воспоставува „важни принципи кои се релевантни на глобално ниво“ и планира да им овозможи иста контрола врз сопствените лични податоци на сите корисници на интернет во светот. Основачот на „Фејсбук“, Марк Зукерберг, по избивањето на скандалот со „Кембриџ Аналитика“, исто така во повеќе наврати ја поздрави новата регулатива, и изрази надеж дека ќе може да се прошири глобално, иако прецизираше дека тоа не е возможно секаде поради различните законски рамки во различни делови од светот. Но, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не сите компании успеваат да се снајдат со новите правила. Додека европските корисници во последните денови постојано добиваат електронски известувања од разни платформи и апликации за промените во правилата за приватност, некои компании одлучија пак да ги исклучат европските корисници, бидејќи не успеваат да ги променат правилата во согласност со новата регулатива. Таков е случајот со „Инстапејпер“, кој е дел од платформата „Пинтерест“. „Инстапејпер“ најави дека корисниците во ЕУ од денеска нема повеќе да имаат пристап до сајтот но дека мерката е привремена. - Го потценив обемот на работа и не беше можно да се усогласиме до дадениот рок, ова беше задолжителната алтернатива, изјави Брајан Донахју кој раководи со сервисот. „Стардаст“, апликација за оценување на филмови и серии, не само што ќе ги блокира корисниците, туку и целосно ги избриша сите нивни податоци, од страв дека и тоа би можело да претставува нарушување на законската рамка во ЕУ. Други компании пак целосно планираат да се повлечат од ЕУ и воопшто да не ги нудат повеќе своите услуги на корисниците на овој дел од светот. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapuvaat-na-sila-novite-evropski-pravila-za-zashtita-na-privatnosta/feed/ 0