привилегии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Sep 2022 16:39:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png привилегии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еве кои привилегии ги добива новиот британски Крал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koi-privilegii-gi-dobiva-noviot-britanski-kral/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koi-privilegii-gi-dobiva-noviot-britanski-kral/#respond Fri, 09 Sep 2022 16:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=730870

На новиот крал Чарлс III. нема да му треба ниту пасош ниту возачка дозвола, но затоа ќе ги добие во сопственост на сите лебеди и есетри на територијата на Обединетото Кралство, една од малку невообичаените привилегии што ги ужива британскиот суверен. Кралот патува без документи за идентификација. За разлика од другите членови на кралското семејство, нему не му треба ниту пасош бидејќи тој документ на граѓаните им се издава од негово име. Од истите причини и шефот на британската монархија е привилегиран во управувањето со возила и е единствениот државјанин на таа земја кој нема возачка дозвола. Кралот никогаш не го дава својот глас на гласачките места: тој мора да биде целосно неутрален во политиката. Затоа, тој не може ниту да гласа, ниту да се кандидира на избори. Од друга страна, монархот е тој што ги отвора свикувањата на парламентот и го потврдува премиерот со кој редовно разговара. Мајката на новиот крал Елизабета Втора двапати годишно ги дувала свеќите на роденденската торта: првиот пат на роденденот на 21 април во кругот на семејството, а вториот пат на официјалната прослава што традиционално се одржува во втората сабота во јуни, што не е случајно, бидејќи прославата е поместена речиси на почетокот на летото, во обид да се избегнат несреќите од непредвидливите временски услови во Британија. Двојната прослава на роденденот не е ништо невообичаено во кралското семејство: прославите обично се организираат на друг ден од вистинскиот датум на раѓање, особено кога не е лето, а таков е случајот со новиот крал Чарлс III. кој е роден на 14 ноември 1948 година. Кралот не владее само со Британците. Веќе неколку векови, лебедите низ неговата татковина всушност се сопственост на британскиот монарх. Секоја година стручните служби внимателно ги бројат лебедите на Темза, а тоа е традиција која ќе биде заштитена. Британскиот монарх поседува и риби есетри, делфини и китови во водите околу Обединетото Кралство. Кралот има и свој поет. На секои десет години оваа чест да се биде кралски поет му се доделува на поет, а монархот го наградува со буре шери. Така, во 2019 година, Сајмон Армитаж, кој сега има 59 години, беше прогласен за „поет лауреат“. Тој ја наследи Керол Ен Дафи (66 години), првата жена што ја доби титулата од почетокот на традицијата која датира од 17 век, на таа почесна позиција. Дафи напишала песна за свадбата на принцот Вилијам во 2011 година, потоа за 60 години од владеењето на кралицата во 2013 година и за свадбата на принцот Хари и Меган во 2018 година. Тоа е чест, но и исклучителен маркетиншки профит во кој уживаат, на пример, францускиот шампањ и безалкохолниот пијалок Schweppes и голем број мали британски занаетчии чии брендови имаат привилегија да го испечатат кралскиот грб на нивните производи. Burberry, Jaguar, Land Rover и Samsung се некои од познатите светски брендови кои исто така ја уживаат привилегијата на кралскиот печат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koi-privilegii-gi-dobiva-noviot-britanski-kral/feed/ 0
Бундестагот му укина дел од привилегиите на Герхард Шредер, ЕП побара санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundestagot-mu-ukina-del-od-privilegiite-na-gerhard-shreder-ep-pobara-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundestagot-mu-ukina-del-od-privilegiite-na-gerhard-shreder-ep-pobara-sankcii/#respond Thu, 19 May 2022 14:27:22 +0000 https://kurir.mk/?p=679087

Германскиот парламент (Бундестаг) укина дел од привилегиите кои Герхард Шредер ги уживаше како поранешен канцелар, јавија денеска германските медиуми. И Европскиот парламент денеска повика на санкции против Шредер поради неговите деловни и политички врски со Русија. Потегот на Европскиот парламент во голема мера е симболичен бидејќи моќта да воведува санкции ја има Европскиот совет. Членовите на Одборот за буџет на германскиот Парламент го прекинаа финансирањето на канцеларијата, со персоналот, на која Герхард Шредер има право како поранешен канцелар. Укинувањето на привилегиите доаѓа откако партиите во владејачката коалиција, вклучувајќи ја и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), чиј претседател Шредер беше со години, поднесоа барање до Одборот. Герхард Шредер сè уште има право на повластена „пензионерска плата“ и лична заштита. Демохристијанскиот пратенички клуб сакаше да му ги одземе овие привилегии на поранешниот канцелар поради неговите сè уште блиски врски со режимот на Владимир Путин. Таканаречната плата во пензија изнесува 35 отсто од сегашната плата на германскиот канцелар, што во овој случај изнесува 8.300 евра месечно. Покрај тоа, Шредер добива надомест за времето поминато во владата на Долна Саксонија и како пратеник во Бундестагот. Шредер, кој беше канцелар од 1998 до 2005 година, во последните месеци беше на удар на пошироката германска јавност затоа што и покрај нападот на Русија врз Украина тој продолжи да ги штити постапките на Владимир Путин. Шредер со години е на врвот на руската енергетска индустрија и како член на управниот одбор на Роснефт добивал годишна плата од шест милиони евра, јавуваат германските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundestagot-mu-ukina-del-od-privilegiite-na-gerhard-shreder-ep-pobara-sankcii/feed/ 0