привлечност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Jun 2022 06:30:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png привлечност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пет основни вида привлечност кај луѓето https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-osnovni-vida-privlechnost-kaj-lugjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-osnovni-vida-privlechnost-kaj-lugjeto/#respond Mon, 20 Jun 2022 06:30:26 +0000 https://kurir.mk/?p=692948

Најчестото мислење е дека привлечноста е исклучиво физички феномен, но всушност, оваа појава има многу повеќе нивоа. Имено, човечката привлечност може да се сведе на пет основни категории: сексуална, романтична, физичка, емоционална и естетска и секоја има своја улога во меѓучовечките односи. Сексуалната привлечност се манифестира во сексуална желба и страст кон одредена личност. Може да се појави на повеќе нивоа – од желба да се бакне некого до желба за секс. Кога сексуалната привлечност ќе се појави во пријателски однос, тоа може да ги искомплицира работите, особено ако таа привлечност не е взаемна и не се дискутира за неа. Во контекст на романтичната врска, сексуалната привлечност е клучот за повеќето двојки. Сепак, има и такви на кои тоа не им е толку важно. Постојат и врски кои се засноваат исклучиво на сексуална привлечност, но по правило, не траат многу долго. Сепак, доколку партнерите се договорат каков вид врска сакаат, таа може да биде сексуално исполнета. Романтичната привлечност се јавува кога луѓето сакаат да запознаат некого интимно во контекст на љубовниот однос. Романтичните врски можат да траат подолго или пократко, а можат да бидат ексклузивни или отворени. Во платонските врски, романтичната привлечност постои и кај обајцата. Основата на таквата врска е длабокото пријателство, а тоа може да доведе до здрава, долга врска. Физичката привлечност не треба да се меша со сексуалната привлечност. Физичката привлечност може да се појави во секаков тип на врска, а се однесува на желбата за физички контакт, како допирање или гушкање. Тоа е природен човечки инстинкт без кој нашиот вид не би опстанал и е важен дел од секаков вид врска. Клучот кај физичката привлечност е секогаш да имате предвид за тоа што сака другата личност и кои се нејзините граници. Емоционалната привлечност доаѓа од потсвеста и понекогаш прави луѓето да се чувствуваат како „да нашле сродна душа“. Емоционалната привлечност може да се појави во секаков вид односи и е основа за долга врска. Ако се чувствувате емотивно привлечени кон некого, тоа значи дека може да се поврзете длабоко и интимно. Естетска привлечност… Многумина имаат одреден „тип“ луѓе кој им е само визуелно привлечен. Оваа привлечност што не се темели на физичкиот изглед, се нарекува естетска привлечност. Таа е во голема мера инстинктивна, но се учи преку социјализација. Иако е важна за поттикнување сексуален и романтичен интерес, само естетската привлечност не е доволна за долга и стабилна врска. Битно е партнерот да биде барем умерено привлечен, но естетската привлечност, општо земено, не е единствената основа за здрава врска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-osnovni-vida-privlechnost-kaj-lugjeto/feed/ 0
Во кои години жените се чувствуваат најпривлечно? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-koi-godini-zenite-se-chuvstvuvaat-najprivlechno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-koi-godini-zenite-se-chuvstvuvaat-najprivlechno/#respond Thu, 17 Mar 2022 14:33:07 +0000 https://kurir.mk/?p=648963

Иако многумина би помислиле дека станува збор за дваесеттите години, едно истражување покажува дека жените подоцна добиваат високо ниво на самодоверба и имаат најдобра слика за себе. Според едно британското истражување, жените дури во триесеттите години се чувствуваат најатрактивно и најпосакувано. Според истражувањето во кое учествувале 2.000 жени од Велика Британија, жените се сметаат себе за најпривлечни на 34 години. Клучна улога во убавата слика што ја имаат за себе е самодовербата на која работеле изминатите години. Исто така, повеќето жени потврдиле дека овие години им носат и поквалитетна врска, но и дека расте нивното либидо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-koi-godini-zenite-se-chuvstvuvaat-najprivlechno/feed/ 0
Откријте ги психолошките причини заради кои некој ви е привлечен: Еве што е пресудно кај жените! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrijte-gi-psiholoshkite-prichini-zaradi-koi-nekoj-vi-e-privlechen-eve-shto-e-presudno-kaj-zenite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrijte-gi-psiholoshkite-prichini-zaradi-koi-nekoj-vi-e-privlechen-eve-shto-e-presudno-kaj-zenite/#respond Thu, 17 Mar 2022 11:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=648789

Обично е тешко да се објасни зошто некој не привлекува на прв поглед и зошто можеме да се замислиме во емотивна врска со таа личност на првиот состанок. Што е различно кај неа од личност која не ве привлекува? Психолозите открија дека има несвесни причини за тоа. Стандардите на привлечност се главно дефинирани, но нашите лични преференции играат прилично голема улога во тоа зошто некој ќе ни биде попривлечен од другите луѓе. Има некои универзални работи кои ги сметаме за привлечни за луѓето, а се случува секогаш да се „качуваме“ за луѓе кои ги имаат токму тие квалитети. Според Bright Side, истражувањата покажуваат дека често нè привлекува просечниот изглед, а тоа може да има различни објаснувања: прво, го поврзуваме со биолошки придобивки како што се добрите гени, и второ, нашиот мозок едноставно претпочита потипични лица кои не стојат надвор.. Многу истражувања покажуваат дека повеќето жени изјавиле дека најатрактивните мажи се оние кои имаат брада стара три дена. Како што објаснуваат психолозите, во колективното несвесно на жените низ генерации се пренесува инстинкт дека таквите мажи се посигурни како партнери. Покрај тоа, постои една студија која покажува дека преференциите за храна всушност можат да го направат мажот попривлечен за жената. Природниот мирис на мажите кои неодамна јаделе овошје и зеленчук се сметал за многу попожелен од мажите кои најмногу јаделе храна како леб и тестенини. Очекувано, постои гласот како една од работите што нè привлекува кај другите. Според истражувањата, жените го поврзуваат понискиот глас на мажите со зрелоста, па ги сметаат за попривлечни. Една информација откриена од студиите изненади многумина. Имено, кога се бакнуваме, разменуваме многу бактерии, а тоа има практично значење – ни помага да откриеме дали добро се согласуваме со таа личност. Значи, „вкусот“ на една личност навистина може да ни го направи повеќе или помалку привлечен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrijte-gi-psiholoshkite-prichini-zaradi-koi-nekoj-vi-e-privlechen-eve-shto-e-presudno-kaj-zenite/feed/ 0
Маските ги прават луѓето попривлечни, покажува истражување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/maskite-gi-pravat-lugjeto-poprivlechni-pokazuva-istrazuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/maskite-gi-pravat-lugjeto-poprivlechni-pokazuva-istrazuvanje/#respond Sat, 15 Jan 2022 10:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=619593

Британските научници открија позитивна страна на пандемијата – луѓето изгледаат поатрактивни носејќи заштитни маски, пренесува „Гардијан“. Истражувачите од Универзитетот Кардиф, се изненадиле кога откриле дека и мажите и жените изгледаат попривлечно носејќи маски кои го покриваат долниот дел од нивното лице. Имено, научниците откриле дека заштитните маски за еднократна употреба, оние сините, изгледаат ги прават луѓето да изгледаат најпривлечно. Доктор Мајкл Левис, дел од одделот за психологија на Универзитетот Кардиф, посочил дека истражувањето на темата почнало пред пандемијата, а добиените резултати покажале дека носењето на медицинските маски ја намалувале привлечноста бидејќи биле асоцирани со болест. Тие го повториле истражувањето за време на пандемијата бидејќи маските станале дел од секојдневието, па сакале да откријат и дали типот на маските може да влијае дополнително. „Нашето истражување сугерира дека луѓето се најпривлечни кога носат сини медицински маски. Ова е најверојатно бидејќи тие маски ги асоцираме со медицински работници,односно со нега и професии во медицината. Во време кога сме ранливи, носењето на маските нè прави сигурни и се чувствуваме привлечени од лицето кое ги носи“, изјавил Левис. Првиот дел од истражувањето бил спроведен во 2011 година. Од 43 жени било побарано да оценат фотографии од мажи според атрактивност, а на фотографиите имало прикажано мажи кои не носат маски, мажи кои носат сини медицински маски, обични платнени маски и мажи кои го покривале половина од лицето со книга. Жените за најпривлечни ги изгласале фотографиите од мажи кои носат сини медицински маски. По нив, за најатрактивни биле оценети мажите со обични платнени маски. „Резултатите од истражувањето пред пандемијата покажува дека маските се асоцираат со болест и дека лицето кое ги носи треба да се избегнува. Но, пандемијата ја промени нашата психологија и начинот на кои ги перцепираме луѓето кои носат маски. Ова е поврзано со еволутивна психологија и објаснува зошто ги одбираме партнерите. Болеста или доказот за боледување игра голема улога во избирањето на партнери – претходно, сите навестувања за болест би биле непривлечни. Сега набљудуваме психолошка промена со која маските веќе не се асоцираат со болести“, објаснил Левис. Тој додал дека е можно маските да ги прават луѓето поатрактивни бидејќи го насочуваат вниманието кон очите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/maskite-gi-pravat-lugjeto-poprivlechni-pokazuva-istrazuvanje/feed/ 0
Tри јасни знаци дека сте привлечни мажи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tri-jasni-znaci-deka-ste-privlechni-mazi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tri-jasni-znaci-deka-ste-privlechni-mazi/#respond Mon, 03 May 2021 20:48:11 +0000 https://kurir.mk/?p=505042

Читањето на мислите на мажот може да биде доста тешко, особено ако момчето е срамежливо. Значи, ако сакате да знаете дали некое момче ве привлекува тајно, тогаш гледајте го говорот на телото. Значи, вие двајца сте пријатели долго време и не можете да не забележите ненадејна промена во неговото однесување кон вас. Се сомневате дека оваа смена е затоа што тајно го привлекувате, но не сте сигурни. Обидот да се прочита умот на една личност може да биде доста фрустрирачки и тежок! Тешко можете да се обидете да ги откриете неговите намери и чувства. Покрај тоа, ако момчето е срамежливо, тогаш тоа може да биде вистинска загатка за решавање. Значи, за да ставите крај на вашата фрустрација и незнаење, имаме за вас 3 знаци на говор на тело на кои треба да внимавате за да знаете дали ве привлекува тајно. Се сцрвенуваат во ваше присуство Момците обично не се оние кои се сцрвенуваат. Тие обично се премногу зафатени со обидот да изгледаат мачо и мажествено. Значи, ако момче поцрвене околу вас и стане малку нервозен, тоа е затоа што вие го привлекувате и тој станува самосвесен пред вас. Се напнува кога се дружите со други момци Кога и да разговарате со други момци, тој одеднаш станува напнат и непријатен. Тој станува љубоморен и не сака да обрнувате внимание на другите момци. Дечкото ќе го стори тоа само кога има чувства кон вас и потајно ве посакува. Секогаш ја поправа косата кога сте во близина Момчињата исто така стануваат свесни за својот изглед, исто како и девојчињата. Кога сакаат девојка и сакаат да ја импресионираат, прават дополнителни напори да изгледаат најдобро. Значи, ако момче ја поправи косата околу вас, тоа е дефинитивен знак дека ве привлекува и тој сака да изгледа што е можно попривлечно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tri-jasni-znaci-deka-ste-privlechni-mazi/feed/ 0
25 сурови вистини за љубовта и за привлечноста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/25-surovi-vistini-za-ljubovta-i-za-privlechnosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/25-surovi-vistini-za-ljubovta-i-za-privlechnosta/#respond Fri, 07 Aug 2020 16:25:00 +0000 https://kurir.mk/?p=387833

Овие сериозни вистини ќе ви ги отворат очите и ќе ви помогнат да сфатите дека љубовта не е бајка. 1. Најтажната работа во врската е кога сте со некоја личност затоа што ѝ се допаѓате. Тоа е како да сакате да си кажете дека не сте доволно добри, па затоа одбирате да останете со таа личност. 2. Затворањето во себе нема да направи да исчезнат чувствата. 3. Љубовта не значи дека секогаш ќе се согласувате еден со друг и никогаш нема да имате расправии. 4. Вашиот партнер ќе го привлекуваат и други личности, но сè додека ве почитува, не мора да бидете заплашени поради тоа. 5. Без разлика колку сте интелигентни или рационални, сето тоа исчезнува кога ќе се заљубите. Понекогаш ќе се однесувате ирационално и глупаво. Ќе правите работи што не можете да ги објасните, а потоа ќе се прашувате што сте мислеле во моментот кога сте го правеле тоа. 6. Љубовта е избор што го правите секој ден. Не следете ги пеперутките во стомакот, тие се појавуваат и исчезнуваат. Пронајдете некој за кој сметате дека ќе биде сигурен и чесен партнер. 7. Само затоа што сакате некого, нема апсолутно никаква гаранција дека и тој некогаш ќе ве сака вас. 8. Секогаш ќе имате сомнежи, тоа е неизбежно. 9. Нека не ве залажуваат изгледот и добриот секс. Заштитете го срцето од нанесување болка. 10. Никогаш не бркајте никого. Ако некој не е заинтересиран за вас, вие не можете да направите ништо. Ниту една шема, стратегија или гест нема да го натера да ве сака и не треба да се промените за некој да ве сака. Покрај тоа, сигурно не сакате да бидете со некој што не ве сака такви какви што сте. 11. Привлечноста доаѓа и си оди, но рутината е најголемиот непријател. Ако сте во долга врска или во брак, треба активно да се борите против рутината. Ќе можете да го правите тоа само ако го сакате партнерот и ако се сакате самите себе. Тоа е постојана борба. 12. Сè уште може да сакате некого, но да не бидете заљубени во таа личност. 13. „Љубовта е сè што ви треба“ е бесмислена изјава. Љубовта е важна во една врска, но луѓето може многу да се сакаат еден со друг, а да се чувствуваат мизерно. За успешна врска се важни многу работи, а не само љубовта. 14. Повеќето луѓе се однесуваат прекрасно во фазата на меден месец, но откако ќе ве освојат, си го покажуваат вистинскиот карактер. 15. Колку и да сакате некого, колку и да имате заеднички работи, колку и да мислите дека сте совршени еден за друг, ништо од тоа не е важно ако немате исти чувства еден кон друг. Не постои совршена комбинација на зборови или дела што ќе ви помогнат да освоите некој што не е заинтересиран за вас. Таквиот обид може само да направи да изгледате очајно и непосакувано. 16. Никогаш нема да бидете 100% сигурни дека вашиот партнер нема да ве изневери и не можете да направите ништо за да го спречите тоа. 17. Љубовта и страста се две многу различни работи. Страста исчезнува со текот на времето, па добро е да имате со што да ја пополните празнината или вашата врска е осудена на пропаст. 18. Секогаш едниот партнер ќе сака повеќе. 19. Изгледот е важен. Тоа не е единствената работа што е важна, но луѓето што велат дека изгледот не е важен, или лажат или се обидуваат да ги смират вашите чувства. 20. Необичните карактеристики што ќе ве натераат да се заљубите во некоја личност, честопати се и причината поради која ќе престанете да ја сакате таа личност. 21. Ништо не може да го победи времето. Најсилните чувства што ги имате сега може да исчезнат за неколку години. Кога ќе кажете „ќе те сакам засекогаш“ можеби навистина го мислите тоа, но времето ќе ви покаже дека не сте биле во право. 22. Да се биде заљубен во себична личност може да биде болна стапица. Ако не го откриете навреме вистинското лице на таа личност и не си заминете, ќе бидете вечно врзани за неа и ќе се плашите да ја напуштите. Колку подолго ќе останете заедно, толку поудобно ви станува во таа врска. 23. Во ред е да бидете малку површни при изборот на партнер. Привлечноста е важен дел од врската. Не останувајте со многу добар човек ако тој не ве привлекува. 24. Недостатокот на комуникација во почетокот на врската може да биде причината за крајот. 25. Љубовта не е бајка. Две личности може да се сакаат еден со друг, но тоа не значи дека врската ќе функционира. Љубовта не е доволна, потребно е да вложите многу труд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/25-surovi-vistini-za-ljubovta-i-za-privlechnosta/feed/ 0
Хороскопски знаци меѓу кои постои фатална сексуална привлечност https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopski-znaci-megju-koi-postoi-fatalna-seksualna-privlechnost/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopski-znaci-megju-koi-postoi-fatalna-seksualna-privlechnost/#respond Thu, 21 Feb 2019 14:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=166524

Помеѓу некои знаци постои неодолива привлечност и хемија на прв поглед. Некои хороскопски знаци едноставно се компатибилни во кревет, но и надвор од него. Еве за кои парови станува збор: 1. Овен и Близнаци На темпераментните Овени совршено им одговараат Близнаците. Овенот сака акција и предизвици, а кај Близнаците секогаш во доволно количини го има ова, така што лесно можат да ги возбудат и доведат до лудило. Близнаците сакаат да експериментираат и со тоа ќе го воодушеват Овенот, кој пак секогаш е спремен за акција. 2. Бик и Скорпија Меѓу нив има такви искри што би ги забележал и некој од страна. Тоа се две спротивставености кои ненормално се привлекуваат. Страста и таинственоста на Скорпијата е тоа што магнетски го привлекува еден сензуален Бик, кој секогаш ќе сака да истражува што се крие во длабочината на Скорпијата. Од друга страна, за Скорпијата ќе биде неодолива смиреноста на Бикот, ќе сака да го освои и да ја почувствува неговата страсна страна. Хемијата меѓу овие два знаци гарантира жешка страст. 3. Лав и Вага На убавата и шармантна Вага Лавот би ѝ приредил незаборавно искуство во кревет. Возбудата во сексот за неа би била за паметење. Вагата исто така точно знае што да направи и како да ја подгрее страста за да пружи секс полн со романтика и страст. Лавот обожава кога некој му дава внимание и му угодува, а Вагата е таква. Во него ќе ги пробуди најубавите емоции и нивниот однос за двајцата ќе претставува совршенство. 4. Девица и Риби Рибите знаат како да ја релаксираат Девицата, која е многу ситничава и воздржана. Тие добро знаат како да го свртат вниманието од небитни работи и да ја насочат целосно да се препушти на сексот. За возврат, Девицата ќе сака да пружи апсолутно задоволство, а Рибата ќе биде воодушевена од нејзините страсти. Рибите имаат богата фантазија, а Девицата за тоа возвраќа со својата енергија. 5. Стрелец и Водолија Необичната Водолија сака иновации и во кревет, а со оглед на тоа што Стрелецот е секогаш иновативен, ќе знае како да го изненади со своите вештини. На Стрелецот му е многу интересен поинаквиот начин на кој Водолијата го доживува сексот, па и љубовта. Сексот меѓу овие два знаци секогаш би бил различен и секогаш подеднакво добар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopski-znaci-megju-koi-postoi-fatalna-seksualna-privlechnost/feed/ 0
Кои се навиките на привлечните луѓе? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koi-se-navikite-na-privlechnite-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koi-se-navikite-na-privlechnite-lugje/#respond Mon, 01 Oct 2018 07:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=108784

Постојат луѓе кои се навистина привлечни. Понекогаш едноставно физички се привлечни, а понекогаш во себе носат некој магнетизам кој не е поврзан со изгледот. Некои го викаат шарм, некои харизма, но она што е сигурно дека ова се тип на луѓе кои ги привлекуваат луѓето околу себе. Луѓе покрај кои секој сака да стои, да се дружи и да биде со нив. Луѓето фрлаат толку многу пари за да бидат привлечни, барем однадвор, но во што сушност се состои привлечноста? Подолу можете да прочитате неколку едноставни навики кои можат да ја зголемат вашата харизма, самодоверба и самопочит. 1. Охрабрете се себеси Законот на привлечноста вели дека го привлекуваме исходот кој највеќе го очекуваме. Секако, ова не е секогаш така, но има нешто вистинито. Кога самоуверено ги вршиме работите и другите веруваат во нас. На крајот на краиштата, ако не веруваме дека го заслужуваме тоа што го посакуваме, зошто во тоа би верувале останатите? Фокусирањето на причините за остварување на нашите соништа не става во попријатна и посамоуверена состојба на умот и искрената самодоверба е привлечна карактеристика. Воедно ни помага да бидеме најдобри што можеме. Добар начин да се охрабрите себеси пред важни настани е да запишете 10 причини зошто треба работите да одат во ваша полза. Откако ќе самите ќе се уверите во тоа, дури и да не ви успее планот, ќе ви биде полесно да го прифатите сето тоа. Кога самите ќе почнете да се гледате како прекрасна и привлечна личност и другите ќе ве гледаат така. 2. Медитирајте Повеќето луѓе постојано се под стрес и се несигурни во себе кога треба да се справат со нешто. Иако ова е природно и разбирливо, сепак тоа е далеку од состојбата на умот која треба да ја имате кога сакате да постигнете нешто. Едноставен трик против стресот е медитирањето. Медитирањето се покажало дека е одлична активност за намалување на стресот, анксиозноста, импулсивноста, грижата и слично. Исто така ја зацврстува вашата умствена сила и фокус, креативноста и помнењето, квалитети кои се клучни за успех во нашето општество. А и потребни ви се само 20 минути дневно. 3.  Познавајте се себеси, бидете свои Луѓето генерално се обидуваат да се прилагодат на општеството во коешто живеат и на луѓето со кои се опкружени. Но, дали е тоа здрав начин на живеење? Колку и да се трудите, повторно ќе има луѓе кои нема да ве сакаат. Затоа треба да знаете точно кои сте и да бидете секогаш она што сте. Оние кои највеќе не сакаат го виделе и најлошото од нас и сепак не сакаат. Оние другите, не се ни толку важни. А и секогаш ќе бидете попривлечни ако сте оригинални и свои. 4. Следете ги вашите желби и соништа Правете го тоа што го сакате. Кога човек искрено го сака она што го прави, тогаш е најпривлечен. Нема ништо попривлечно од човек кој со страст и сјај во очите зборува за работите кои му се важни и за идеите кои сака да ги оствари. Присетете се на последниот харизматичен човек кој го запознавте и ви се допаднал. Дали тој имал потреба да ви се допаѓа? Не! Тој едноставно бил тоа што е и тоа го правело толку привлечен. 5. Слушајте ги луѓето Сите зборуваат, но малкумина знаат да слушаат. Повеќето луѓе сакаат да зборуваат затоа што мислат дека така полесно ќе се поврзат со луѓето. Но, всушност со  слушањето најдобро можете да разберете некого. И затоа луѓето се привлечени од луѓе кои знаат да слушаат, бидејќи луѓето имаат потреба да бидат разбрани и слушнати, а ретко тоа можат да го најдат. Слушањето го отвора вашиот ум, ја зацврстува вашата смисла за емпатија и ја развива вашата способност да се поврзете со луѓето!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koi-se-navikite-na-privlechnite-lugje/feed/ 0
Хороскопските знаци откриваат зошто сте му привлечни на спротивниот пол https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopskite-znaci-otkrivaat-zoshto-ste-mu-privlechni-na-sprotivniot-pol/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopskite-znaci-otkrivaat-zoshto-ste-mu-privlechni-na-sprotivniot-pol/#respond Sat, 08 Sep 2018 12:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=98119

Изненадени сте? Немојте да бидете. Ќе забележите дека ве привлекуваат одредени особини на некои знаци од зодијакот. Во продолжение дознајте зошто сте му привлечни на спротивниот пол врз основа на вашиот хороскопски знак… Овен Овните се екстровертни, шармантни и романтични. Тие опиваат со нивното друштво. Повеќето жени родени во овој знак имаат необјаснив мирис што ги прави многу привлечни. Бик Ако ги повредите нивните сакани или зборувате лошо за нив, подгответе се за нивните рогови. Биковите се многу заштитнички настроени и сакаат да им угодуваат на партнерот. Токму тука лежи нивната огромна привлечност. Близнаци Шармантните Близнаци се како магнети. Со оглед на тоа што тие се одлични говорници, имаат пријатен глас и изглед, Близнаците го имаат сето потребно оружје за да ве остават без здив. Рак Раковите се слатки, романтични души, но и многу непредвидливи. Во еден момент планираат да направат нешто, а во следниот прават нешто сосема друго. Ќе ве остават да испиете вино, да вечерате и да се опуштите, а кога најмалку ќе очекувате, ќе ве изненадат со нешто многу секси. Ако тоа не е привлечно, не знаеме што е! Лав Лавовите се екстровертни и разиграни. Ќе ве заведуваат со музика, гитара и нивните вокални способности. Тие исто така знаат да раскажуваат смешни вицови кои ќе ве смеат до солзи. Пред да бидете свесни за тоа, ќе се вљубите во Лавот и во неговиот кревет. Да, Лавовите обожаваат да водат љубов на удобни кревети. Девица Ако постои некој кој може да заврши комплицирана задача без да се фали, тоа е Девицата. Нивната привлечност лежи во фактот што стојат цврсто на земја. Никој не смее ни да им упати лош поглед на нивните сакани. Нивниот заштитнички став е многу привлечен. Вага Урамнотежените Ваги се промислени и убави. Тие можат да ве ослободат од сите ваши сомнежи со нивните единствени перспективи. Ако ве привлекува жена која зрачи со нејзината насмевка и може да ви го осветли светот со нејзините зборови, бидете уверени дека се работи за Вага. Скорпија Скорпијата важи за најпривлечниот знак во зодијакот. Тие не само што се физички привлечни со својот интензивен поглед и секси раце, нивниот вроден страстен интензитет во сè што прават предизвикува луѓето да гравитираат кон нив. Тие исто така се и многу мистериозни и не ги откриваат сите свои адути. Сета таа мистерија ги прави многу привлечни. Стрелец Прекрасните Стрелци имаат авантуристички дух. Тие се и неверојатни емпати. Нивната емпатична природа и љубов кон дивината е многу привлечна комбинација. Партнерот може да ги одведе на импровизиран одмор на остров без никакви известување, а од друга страна, може и да плаче на нивното рамо и да разговара со нив без никакво осудување. Овие два екстрема ги прави многу привлечни, а помага и нивниот фантастичен изглед. Јарец Јарецот е дисциплиниран што и да прави. Нивната дисциплина им помага да бидат многу трпеливи. Ако можете да ја прифатите таа трпеливост, ќе имате партнер за цел живот. Водолија Водолиите се интелектуалци. Тие имаат слободен дух и тешко е човек да ги разбере, но знаат да управуваат со зборовите, а тоа знаење произлегува од разните искуства што ги доживеале во животот. Нивните зборови се полни со мудрост, а мудроста секогаш е многу привлечна. Риби Рибите се сочувствителни и интелигентни. Ако тоа не е доволно за да ве привлечат, додајте ги на листата и нивните прекрасни очи. Жените родени во овој знак ќе ве освојат со нивните прекрасни очи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopskite-znaci-otkrivaat-zoshto-ste-mu-privlechni-na-sprotivniot-pol/feed/ 0