привремена болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Mar 2020 19:21:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png привремена болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На терените на US Open во Њујорк се подига привремена болница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-terenite-na-us-open-vo-njujork-se-podiga-privremena-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-terenite-na-us-open-vo-njujork-se-podiga-privremena-bolnica/#respond Tue, 31 Mar 2020 19:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=325174

Дел од Националниот тениски центар каде редовно се одржуваат натпреварите на US Open, ќе биде пренаменет во привремена болница, сe дознава од одлуката на американската Тениска асоцијација (УСТА). -Нема сомнение, спремни сме да помогнеме. Њујорк е наш дом и треба да се обединиме, истакна прес-секретарот на УСТА, Крис Видмаер. Пренаменетиот дел се предвидува да прими 350 болнички метса. Притоа, таму ќе бидат згрижени пациенти без потврден Ковид-19, за да се намали преоптовареноста кај другите инфекциони здравствени установи. Опремувањето на првиот од затворените тенисни кортови ќе започне денеска. Националниот центар за тенис го носи името на американската тениска легенда Били Џин Кинг и го организира US Open од 1978 година. Претходно, Асоцијација на тениските професионалци (АТП), Женската тениска асоцијација (ВТА) и Меѓународата тениска асоцијација (ИТФ) објавија за прекин на сите тениски натпревари до 7 јуни поради пандемијата на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-terenite-na-us-open-vo-njujork-se-podiga-privremena-bolnica/feed/ 0
Белградскиот саем од утре ќе работи како привремена болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgradskiot-saem-od-utre-kje-raboti-kako-privremena-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgradskiot-saem-od-utre-kje-raboti-kako-privremena-bolnica/#respond Thu, 26 Mar 2020 20:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=322793

Пулмологот Бранимир Несторовиќ по завршувањето на седницата на Кризниот штаб, изјави дека утре од 14 часот ќе почне со работа објектот на Саемот, бидејќи доаѓаат авиони со српски државјани кои мора да бидат тестирани, а во таа привремена болница ќе одат и лицата позитивни на коронавирусот, додека оние што се негативни ќе одат дома со задолжителна самоизолација. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Несторовиќ за ТВ Прва додаде дека здравствениот систем во Србија добро се носи со епидемијата. -Ќе се обидеме неколку полесни пациенти од болницата „Драгиша Мишовиќ“ на Дедиње да пренесеме на Саемот, како и да не ја оптоваруваме болницата во Земун, кажа Несторовиќ, кој додаде дека на седницата разговарано е и за прашањето за проширено тестирање бидејќи тоа е напор за здравствениот систем, а целта е да има 5.000 тестови на ден. Директорот на Инфективната клиника во Белград, Горан Стевановиќ, на денешната редовна владина прес конференција изјави дека Белградскиот саем е предвидено да биде „една голема болница“ која би се користела доколку значително се зголеми бројот на заразени од коронавирус. -Саемот е една голема болница, се надевам дека нема да ни треба, но мора да се подготвиме, кажа Стевановиќ. Тој посочи дека Саемот, кој веќе има подготвено 3.000 кревети не бил наменет за колективно сместување, додавајќи дека тој не е наменет за сместување на деца заболени од Ковид 19. Епидемиологот Бранислав Тодоровиќ рече дека и во Ниш се подготвува спортската сала „Чаир“ да биде привремена болница за пациенти со коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgradskiot-saem-od-utre-kje-raboti-kako-privremena-bolnica/feed/ 0