признавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Dec 2020 08:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png признавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-prizna-suverenitetot-na-maroko-nad-zapadna-sahara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-prizna-suverenitetot-na-maroko-nad-zapadna-sahara/#respond Fri, 11 Dec 2020 08:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=441852

Мароко ги призна САД во 1777 година. Соодветно е да го признаеме суверенитет на оваа земја над Западна Сахара, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп. Објавата следеше по склучувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и Мароко со посредство на САД, во чии рамки Трамп го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара. – Денеска потпишав проглас за признавање на суверенитетот на Мароко над Западна Сахара, потврди Трамп на Твитер. – Сериозен, кредибилен и реален предлог за автономија на Мароко (врз територијата) е единствената основа за праведно и долготрајно решение за траен мир и просперитет, додаде Трамп. Тој склучувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Мароко и Израел го оцени како историски чекор напред за постигнување мир на Блискиот исток. Договорот предвидува воспоставување дипломатски и официјални контакти меѓу Мароко и Израел, летови низ воздушниот простор на овие земји, како и директни летови. Како дел од договорот, американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го признае суверенитетот на Мароко над Западна Сахара. Мароко во Западна Сахара со децении се бори со движењето Фронт Полисарио, поддржано од Алжир, кое се обидува да воспостави независна држава на таа територија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-prizna-suverenitetot-na-maroko-nad-zapadna-sahara/feed/ 0
Францускиот Сенат ќе разгледува резолуција за признавање на Нагорно Карабах https://arhiva.kurir.mk/makedonija/francuskiot-senat-kje-razgleduva-rezolucija-za-priznavanje-na-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/francuskiot-senat-kje-razgleduva-rezolucija-za-priznavanje-na-nagorno-karabah/#respond Thu, 19 Nov 2020 07:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=431518

Францускиот Сенат ќе разгледа резолуција во која парламентарците ги повикуваат властите на државата да ја признаат независноста на Нагорно Карабах, објави на Твитер претседателот на републиканците во Сенатот, Бруно Ретајо. „На 25 ноември, Сенатот ќе разгледа резолуција за признавање од страна на Франција на Република Арцах. Само неговата независност може со сигурност да ги гарантира правата и слободите на народот во Нагорно Карабах пред турскиот исламистички експанзионизам”, наведе сенаторот. Резолуциите на францускиот Сенат се од советодавна природа и извршната власт може да ги земе предвид, но не е обврзана да ги почитува. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потсети дека „никој, па дури и Ерменија, не ја призна независноста на Карабах“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/francuskiot-senat-kje-razgleduva-rezolucija-za-priznavanje-na-nagorno-karabah/feed/ 0
Кипарската православна црква ја призна Православната црква на Украина како автокефална https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiparskata-pravoslavna-crkva-ja-prizna-pravoslavnata-crkva-na-ukraina-kako-avtokefalna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiparskata-pravoslavna-crkva-ja-prizna-pravoslavnata-crkva-na-ukraina-kako-avtokefalna/#respond Sun, 25 Oct 2020 11:12:41 +0000 https://kurir.mk/?p=420401

Кипарската православна црква ја призна Православната црква на Украина како автокефална и таа е трета православна црква што го стори тоа, по Грчката црква и Александриската патријаршија. На литургијата вчера, кипарскиот архиепископ Хрисостомос за првпат го спомна името на митрополитот на Киев и цела Украина, Епифаниј, со што, како што се наведува, официјално ја признава православната црква на Украина Украинската црква се заблагодари на Кипарската црква за признанието. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiparskata-pravoslavna-crkva-ja-prizna-pravoslavnata-crkva-na-ukraina-kako-avtokefalna/feed/ 0
Захариева: Неопходно Македонија да ги признае историските реалности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-neophodno-makedonija-da-gi-priznae-istoriskite-realnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-neophodno-makedonija-da-gi-priznae-istoriskite-realnosti/#respond Fri, 09 Oct 2020 12:08:23 +0000 https://kurir.mk/?p=414406

Бугарија на времето прва ја призна независноста на Република Македонија. Бугарија одамна ги препозна модерните политички реалности. Таа секогаш ги поддржувала независноста и државниот суверенитет на Република Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш не им го ускратувала правото на самоидентификација на нејзините граѓани, изјави денеска во Софија министерката за надворешни работи Екатерина Захариева на заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи. – Затоа е несоодветно да се предлагаат работи во спротивна насока, како меѓу граѓаните на нашите две земји, така и на меѓународно ниво. Како што Бугарија ги призна современите политички реалности, сега е потребно Република Македонија да ги приознае историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет, додаде Захариева. Бугарија, според Захариева, не сака ништо повеќе од исполнување на клаузулите во Договорот за добрососедство, како што е јазичната клаузула. – Јазичната клаузула во нашиот договор, ние сакаме да се рефлектира во сите документи меѓу двете страни. Немаме нови барања. Апелирам и се надевам дека проблемите нема да се создаваат онаму каде ги нема, рече Захариева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-neophodno-makedonija-da-gi-priznae-istoriskite-realnosti/feed/ 0
„Србија ќе го признае Косово“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-go-priznae-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-go-priznae-kosovo/#respond Tue, 28 Jul 2020 13:40:34 +0000 https://kurir.mk/?p=382717

Но, и да се „утврди цената“ која Приштина ќе ја плати во замена за признавањето, како и дека е важно јавноста во двете општества да сфати што се случува во дијалогот. Професорот на Факултетот за политички науки на Универзитетот ААБ од Приштина Неџмедин Спахиу кажа дека искуството со БиХ покажало како ќе се решава и судирот на Косово и Србија. Смета, меѓутоа, дека односите ќе бидат проблематични и по конечното решение, а тврдењето го поткрепува со односите на Србија и Црна Гора. „Србија ја призна Црна Гора, но и понатаму е потребен дијалог за решавање на отворените прашања. Така ќе биде и со Косово“, смета Спахиу. Во таа смисла вели дека улогата на ЕУ ќе биде важна и по конечното решение и смета дека е време за тоа решение, бидејќи поради односите на Косово и Србија „губи“ целиот регион. Новинарката на Радио-телевизија Косово Анамари Репиќ вели дека во дијалогот на Белград и Приштина е важно јавноста и општеството да сфатат што се случува и да учествуваат во тоа, бидејќи, како што оценува, на тој начин ќе биде избегната манипулација. „Битно е да им се испрати порака на граѓаните и да се види што сѐ е договорено по паузата од две години“, кажа Репиќ. Вели дека е охрабрувачко тоа што Европската Унија е вклучена како главен покровител, но и САД во улога на посредник и поддршка на ЕУ што, според неа, е клучно за напредок. Оценува дека е клучно да се дојде до решение како Белград и Приштина ќе ги регулираат односите и дека Србите и Албанците треба да отворат дијалог во Косово за тоа како понатаму заеднички ќе живеат и како ќе се искористи потенцијалот за подобар живот и развој. Заклучува дека е важно и лидерите да преземат одговорност и да ја разберат поддршката која ја пружаат најразвиените земји во светот и Западот, а со цел да им се помогне на луѓето нормално да живеат. За да стане членка на ЕУ, Србија ќе мора да постигне договор за нормализација со Косово, потсетува новинарката и додава дека поглавјето 35 е едно од клучните во преговорите на Србија со ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-go-priznae-kosovo/feed/ 0
Хоти: Приштина од преговорите со Белград очекува единствено меѓусебно признавање https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-prishtina-od-pregovorite-so-belgrad-ochekuva-edinstveno-megjusebno-priznavanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-prishtina-od-pregovorite-so-belgrad-ochekuva-edinstveno-megjusebno-priznavanje/#respond Sun, 12 Jul 2020 21:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=374813

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека идниот четврток во Брисел ќе ги продолжи разговорите со претседателот на Србија Александар Вучиќ за изнаоѓање решение за споровите меѓ двете земји, но нагласи дека Приштина во преговарачкиот процес со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање и целосна нормализација на односите, јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференција по денешниот видео-самит со Вучиќ и со претставниците на Европската Унија, шефот на дипломатијата Жозеп Борел и специјалниот пратеник за дијалогот, Мирослав Лајчак, Хоти информира дека е постигната начелна согласност за продолжување на дијалогот со официјален Белград, на 16 јули во престолнината на ЕУ. – Дијалогот нема алтернатива и само преку дијалог можеме да ги решиме прашањата со Србија. Јас ја предложив платформата за дијалогот и ние во овој процес влегуваме единствено за меѓусебно признавање и целосна нормализација на односите меѓу двете земји, изјави Хоти, најавувајќи ја првата официјална средба меѓу челниците на двете држави по 20-месечен прекин, кој настапи по воведувањето, во ноември 2018 година, на таксата од 100 отсто на српскиот увоз во Косово. Теми на денешниот виртуелен состанок, според косовскиот премиер, биле компензацијата на штетите од војната во 1998-99 година, регулирањето на катастарските документи, нормализацијата на економските и трговските односи и други прашања. – Ги претставивме нашите државни ставови и подготвени сме да седнеме на секоја преговарачка маса за бранење на државноста на Косово и за барање за нормализација на односите, која може да настапи единствено по меѓусебното признавање на двете држави, порача Хоти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-prishtina-od-pregovorite-so-belgrad-ochekuva-edinstveno-megjusebno-priznavanje/feed/ 0