Призрен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Apr 2023 11:53:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Призрен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обид за палење српска црква во Призрен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obid-za-palene-srpska-tsrkva-vo-prizren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obid-za-palene-srpska-tsrkva-vo-prizren/#respond Tue, 18 Apr 2023 11:53:11 +0000 https://kurir.mk/?p=824946

Непознати сторители во понеделникот вечерта се обиделе да ја запалат црквата „Свети Пантелејмон“ во Призрен, која беше опожарена за време на погромот на Србите на Косово во 2004 година, но, за среќа, успеале да ја оштетат само вратата од црквата, пренесува српски „Телеграф“. Според трагите од предизвиканата штета, очигледно е дека врз вратата од црквата бил фрлен „молотов коктел“, но, за среќа, сè поминало без посериозни последици. Инцидентот го пријавил случаен минувач, кој успеал да го изгасне огнот пред тој да предизвика поголема штета. По пријавата од граѓанинот, пристигнала патрола на косовската полиција, која потврдила дека се чувствува мирис на бензин и дека станува збор за пластично шише, кое изгорело. Косовската полиција го потврди инцидентот кај српската црква „Свети Пантелејмон“ во Призрен. За случајот е известен и јавниот обвинител, кој препорачал да се отвори предмет за предизвикување општа опасност. Црквата „Свети Пантелејмон“ од 14 век била запалена за време на погромот против Србите во март 2004 година, во кој беа запалени сите српски цркви во тој град, а потоа била повторно изградена. Пред конфликтот во 1999 година, во Призрен живееле околу 10.000 Срби, а денес во градот живеат само околу 20 Срби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obid-za-palene-srpska-tsrkva-vo-prizren/feed/ 0
Месиќ прогласен за почесен граѓанин на Призрен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mesikj-proglasen-za-pochesen-gragjanin-na-prizren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mesikj-proglasen-za-pochesen-gragjanin-na-prizren/#respond Tue, 19 Jul 2022 17:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=707520

Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ е прогласен за почесен граѓанин на косовскиот град Призрен, поради тоа што, како што се наведува во одлуката на тамошното општинско собрание, е докажан пријател и поддржувач на независно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на службата за информирање на општина Призрен, се наведува дека Месиќ е „незаменлив пријател, беспримерен придонесувач, извонредна личност и политичар кој остави трага во историјата на Балканот и во поддршката на албанскиот народ“. – Затоа денеска се собравме сите заедно за да одадеме почести на една извонредна личност каква што е претседателот Стјепан Месиќ и уште еднаш да му одадеме признание во името на нашиот народ, за сето она што тој го направи за Албанците, секаде каде што се тие, изјави по тој повод призренскиот градоначалник, Шаќир Тотај. Месиќ, се наведува во соопштението, се заблагодарил на Тотај и на граѓаните на Призрен за честа која му е укажана и порачал дека со ова уште повеќе ќе се зајакнат неговите врски со косовските граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mesikj-proglasen-za-pochesen-gragjanin-na-prizren/feed/ 0