проценка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Mar 2022 06:59:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png проценка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американски проценки за пад на борбената моќ на руските сили во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-procenki-za-pad-na-borbenata-mokj-na-ruskite-sili-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-procenki-za-pad-na-borbenata-mokj-na-ruskite-sili-vo-ukraina/#respond Wed, 23 Mar 2022 06:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=651739

Американските експерти сметаат дека опаднала борбената моќ на руските трупи во Украина, 90 отсто под нивото пред почетокот на инвазијата. Неименуван високопоставен официјален претставник на американската армија посочува на големи загуби во техника и растечки број жртви кај руската армија, која за инвазијата ангажирала повеќе од 150 илјади војници. „За прв пат тие би можеле да бидат нешто помалку од 90 отсто. Речиси еден месец од почетокот на војната руските трупи не успеаја да заземат ниту еден поголем град, а украинските сили го запреа нивното напредување на речиси сите фронтови. Наместо тоа, Москва се сврте кон бомбардирање на градовите со артилерија и проектили“, пренесуваат медиумите изјава на претставникот на Пентагон кој инсистирал на анонимност. Руската страна ги отфрла тврдењата дека на мета се цивилни објекти и населението. Најинтензивините напади руските сили ги насочија кон градот Мариупол, во југоисточниот дел на земјата. Американскиот армиски претставник вели дека руски поморски сили последните 24 часа најверојатнопочнале и со напади врз градот со оган од бродови лоцирани во Азовското Море Руската страна засега не ги има ажурирано загубите во своите редови, од последниот извештај од 2 март кога соопшти за 498 загинати и 1.597 ранети војници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-procenki-za-pad-na-borbenata-mokj-na-ruskite-sili-vo-ukraina/feed/ 0
Почнува проценката за обновување на опожарените пасишта во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-procenkata-za-obnovuvanje-na-opozarenite-pasishta-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-procenkata-za-obnovuvanje-na-opozarenite-pasishta-vo-drzavata/#respond Mon, 16 Aug 2021 11:35:58 +0000 https://kurir.mk/?p=551175

Претставници од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта денеска од атарот на кочанското село Тркање го почнаа увидот на опожарените подрачја во целата држава, по што ќе се направи проценка на штетата и пресметка за потребните средства за обновување на тревните површини. Паралелно со оваа активност, ќе се инвестираат 30 милиони денари за изградба на нови поила за стоката, за набавка на опрема за довод на водата и за поставување куќички за овчарите. – По завршувањето на увидот ќе доставиме детален извештај до Владата за вкупната штета и за количините семенски материјал што е потребен за да се обноват пасиштата. Се работи за обемна задача што ќе трае до почетокот на есента, а во истиот период ќе го реализираме пилот-проектот за обезбедување нови водопоила за стоката и друга инфраструктура, а за кој тендерската постапка е во тек. Целта е да им помогнеме на сточарите во надминувањето на проблемот со недостиг од пасишта што беа оштетени од пожарите, како и од долготрајниот сушен период, истакна Виолета Илиевска, заменик директорка на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. Сточарите од селата Тркање и Бања се пожалија дека по опожарувањето на пасиштата се соочуваат со голем проблем за прехранување на своите стада. -Имам 400 овци чие напасување ова лето е посебно проблематично поради долготрајниот сушен период и намалената вегетација, а огнената стихија го доуништи и оној мал дел од ливадите на кои ги изнесувавме стадата. Почнавме со складирање храна за презимување на стоката, но сега се најдовме во уште потешка ситуација како на дневна основа да ги прехраниме грлата. Апелираме за каква било помош од државата за да можеме да го надминеме овој кризен период од два-три месеци, истакна Илија Стојков, сточар од село Бања. Увидот на оштетените пасишата од пожарите ќе трае до крајот на овој месец, а стручна екипа од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта ќе направи анализа за тоа на кој терен каков вид трева треба да се засее. По завршувањето на тендерската постапка се очекува изградбата на инфраструктурата за напојување на стоката и за заштита на овчарите да се реализира во октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-procenkata-za-obnovuvanje-na-opozarenite-pasishta-vo-drzavata/feed/ 0
Општина Куманово почна со проценка на штети од пожарите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-kumanovo-pochna-so-procenka-na-shteti-od-pozarite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-kumanovo-pochna-so-procenka-na-shteti-od-pozarite/#respond Mon, 09 Aug 2021 13:19:44 +0000 https://kurir.mk/?p=548402

Општина Куманово ќе определи локации за нови бушотини за вода кои ќе им користат на пожарникарите, најави денеска градоначалникот Максим Димитриевски по завршување на 88-та седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Штабот предложил да се формира тричлена комисија од претставници од ТППЕ Куманово, ЈП „Водовод“ и „Чистота и зеленило“, да извршат увид и да одредат потенцијални локации на територија на општина Куманово за изведба на бушотини за снабдување со вода, кои би се користеле за полнење на возила на ТППЕ за гасење на пожари и изградба на хидранти. Штабот му препорачал и на градоначалникот да спроведе итна постапка за изведба и опремување на бушотините. Димитриевски информираше дека минатата недела во Куманово се регистрирани 60 пожари, во четвртокот имало 15 интервенции во еден ден, помош била побарана од централниот штаб, при што помош пристигнала и од Кавадарци и Велес. Тој се заблагодари на овие општини на пожарникарите, припадниците на армијата, на доброволците, вработените од претпријатијата кои помагаа за спарување со пожарите. Сега, нагласи, во кумановско нема ниту еден пожар и општината може да им помогне на соседните, но и на другите општини во државата. Во моментов и општинска комисија за проценска на штети е на терен каде ја дефинира состојбата. Проценката на штетите од пожарите, појасни кумановскиот градоначалник, се спроведува со поддршка на ТППЕ Куманово, кои даваат информации за пожарите, се оди на лице место, се фотодокументира. – Откако ќе ги направиме тие проценки ќе ги упатиме сите записници до Владата каде што треба да се донесе одлука за обесштетување на граѓаните, бидејќи факт е дека имаме веќе дефинирана кризна состојба. Согласно законот Владата тоа може да го стори, а во другиот случај сите оние лица коишто се опожарени имаат можност да поднесат барање до Советот на Општина Куманово за добивање на финансиска помош при опожарување, потребно е да обезбедат потврда од територијална противпожарна единица за опожарување на нивниот дом и дополнително уредба потврда од МВР и истата да ја комплетираат документација и ја достават до Советот на општината, информира Димитриевски. На совет на седницата ќе се донесе одлука за обесштетување на жителите кои имаат штети од пожарите. Димитриевски укажа дека имаат проблем со лица кои бараат помош, иако нивните објекти веќе со децении се напуштени, немаат статус на семејни домови. – Имаме реален проблем и тоа при опожарување на оние напуштени куќи, каде не живеел никој, немаат статус на домови, кои не ги посетувале со години и се создава проблем при самата проценка на имотот, бидејќи најголем дел од граѓаните кога се случи пожарот, додека траеше, ниту сакаа ниту пак дојдоа и сега се појавуваат како баратели за помош. Да апелираме дека комисијата ќе се држи согласно нејзините законски овластувања, нема да прави пропусти и да обештетуваме лица кои не сакале да се грижат за нивниот дом во најкритичните моменти. Во село Мургаш имавме голем број на жители кои учествуваа во гасење на пожарот ама имавме и лица кои таму имаат напуштени објекти, поранешни домаќинства кои не се отповикаа на никаков апел ниту од сограѓаните, ниту од ТППЕ и мислам дека е некоректно сега тие лица бараат помош, изјави Димитриевски. Од штабот апелираа до граѓаните да се воздржат од палење на стрништа и отпаден материјал во дворови и на отворен простор, со цел да се спречи настанување на пожари, а повикаа и да пријават на надлежни институции, сомнителни движења на лица и возила, можни причинители на пожари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-kumanovo-pochna-so-procenka-na-shteti-od-pozarite/feed/ 0
Проценка: До 2025 роботите ќе згаснат 85 милиони работни места https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/procenka-do-2025-robotite-kje-zgasnat-85-milioni-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/procenka-do-2025-robotite-kje-zgasnat-85-milioni-rabotni-mesta/#respond Wed, 21 Oct 2020 07:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=418771

Роботите ќе доведат до згаснување на 85 милиони работни места во средните и големите компании во наредните пет години, бидејќи пандемијата со коронавирусот ќе ги забрза промените на пазарот на трудот и ќе ја зголеми нееднаквоста, оценува во извештајот Светскиот економски форум (WEF). Како што пренесува Ројтерс, истражувањето спроведено во 300 компании во светот покажало дека во четири од пет управи се забразуваат плановите за дигитализација на работата во примена на нови технологии. -Ковид-19 го забрзува доаѓањето на иднината во работењето, изјавил директорот на WEF, Садиј Захиди. Работниците за да ја задржат работата ќе мораат во наредните пет години да учат нови вештини, бидејќи до 2025 година работата подеднакво ќе биде поделена меѓу луѓето и машините, се наведува во студијата. Општо, се проценува дека создавањето работни места забавува, а затворањето се забрзува, бидејќи компаниите ширум светот сè повеќе ја користат технологијата наместо луѓе. Добрата вест е дека 97 милиони нови работни места ќе бидат отворени во некои области и дека човекот ќе ја задржи својата компаративна предност на нивоата на управување и донесување одлуки, на пр. во областа на зелената економија или вештачката интелигенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/procenka-do-2025-robotite-kje-zgasnat-85-milioni-rabotni-mesta/feed/ 0
До крајот на неделава ќе заврши проценката на штетите во прилепско од 23 јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-nedelava-kje-zavrshi-procenkata-na-shtetite-vo-prilepsko-od-23-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-nedelava-kje-zavrshi-procenkata-na-shtetite-vo-prilepsko-od-23-juli/#respond Tue, 21 Aug 2018 12:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=90368

До крајот на неделава комисија од локалната самоуправа ќе ги процени сите 1.315 барања за надомест на штетите од невремето што прилепскиот регион го зафати на 23 јули. Тогаш речиси 100 отсто беа уништени насадите на околу 600 хектари, главно со тутун, пиперки и житни култури, а најпогодени беа реоните на Мало и Големо Кољари и прилепската населба Варош. Според Жарко Северкоски, претседател на Комисијата, досега се процесуирани 1.100 барања. - Ја завршивме процената на 1.100 од 1.315-те барања на земјоделците. Во 80 отсто од случаите станува збор за уништен род на тутунот, а 20 отсто се површини со пиперки и житни култури. Само мал дел барања се одбиени каде нема документација и не може по ниту еден основ да се докаже сопственоста. Очекуваме до крајот на оваа недела да ги процениме сите барања на земјоделците, вели Северкоски. Се очекува до крајот на месецов да биде изготвен и елаборатот од проценката на штетата. - Имаме барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ни бидат доставени просечните цени на земјоделските производи во последниве три години што е битно за изготвувањето на елаборатот. Сметаме дека елаборатот може да биде готов до крајот на август за потоа да го доставиме до советот на општина Прилеп, а и до второстепената владина комисија за процена на штети, објаснува Северкоски. Инаку, комисијата ја заврши процената на штетите од првото невреме што ги зафати овие реони на 9 јули. Тогаш беа поднесени 105 барања за штети на 300 хектари. Елаборатот ќе биде доставен до прилепскиот совет заедно со оној за процена на штетите од 23 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-nedelava-kje-zavrshi-procenkata-na-shtetite-vo-prilepsko-od-23-juli/feed/ 0