процес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jan 2023 10:43:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png процес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Д-р Жан Митрев бара од странските амбасади активно следење на процесот на ОЈО поради несериозниот и површен пристап https://arhiva.kurir.mk/makedonija/d-r-zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/d-r-zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/#respond Tue, 24 Jan 2023 10:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=791079

Д-р Жан Митрев и Клиничката болница Жан Митрев испратија писма до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во државата со кои ги информираа за текот на истрагата во случајот против докторот и Клиниката. Покрај информирањето со писмото се упатува повик за нивното внимание и поголем мониторинг на одвивање на целата истражна постапка и основаноста на обвинението, поради досегашното површно иследување на постапката. “Ви се обраќам со намера да Ве информирам и запознам за случајот што верувам дека може да остави длабоки траги во општественото живеење, во перципирањето на здравствената професија и случај што претендира да воведе лоша пракса во правосудниот систем во државата. Ваквите примери можеби се ретки, но и како такви може да предизвикаат штета со далекусежни последици”, стои во писмото до амбасадите и европското претставништво. Во писмото, д-р Митрев осврнувајќи се на работата на клиниката, со акцент на периодот од Ковид пандемијата за кога се однесува обвинението и кога Клиничката болница Жан Митрев го има највисокиот процент на успех во третманот на пациенти со Ковид-19, со 74,6% излечени од сите случаи, додека пак смртноста е 25% наспроти 51,5% во другите болници, го потенцира општествено значење на клиниката затоа што нуди врвна медицинска нега, максимален професионален ангажман и посветеност на добросостојбата на пациентот и надеж за излекување и за живот, дури и кога тоа не било случај во другите клиники. “И покрај овие резултати, и покрај пожртвуваната работа на целиот тим, денес Клиничката болница Жан Митрев и моето име и дело се предмет на истрага за која имаме основани сомневања дека се спроведува површно без да се навлезе во суштината. Со ваквиот пристап не само што се занемаруваат многу елементи коишто се факти сами по себе, туку и се спречува фактичната вистина што нашите пациенти ја знаат и ја доживеале, што ние како персонал на клиниката сме ја доживеале, да биде докажана и институционално потврдена. Ваквиот површен пристап, само ја гребе површината на приказните за борбата за живот и ја девалвира пожртвуваноста на целосниот персонал на Клиниката Жан Митрев, кој во тие моменти грижата за пациентите со Ковид 19 и последици од коронавирусот ги стави пред себеси и своите семејства”, наведува во писмото д-р Митрев. На крајот од писмото повторно се упатува повик за зголемен мониторинг на процесот заради несериозниот и површен пристап: “Сведоштва за несериозноста и нецелосно иследување пристигнуваат од сите оние што се повикани како сведоци и кои можат најавтентично да посведочат како се боревме за животот и колку животи спасивме. И затоа Ви се обраќам со надеж и желба дека ќе го поттикне Вашиот интерес и ќе го побуди Вашиот фокус на мониторинг на овој случај. Верувам во една вистина, онаа што е поддржана со факти, и онаа што некој ја доживеал, треба само да се создадат услови за истата да ја види светлината на денот и да се толкува таква како што е, недвосмислено и целосно”, го завршува писмото д-р Митрев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/d-r-zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/feed/ 0
Започна процесот за кандидирање за нов генерален секретар на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-procesot-za-kandidiranje-za-nov-generalen-sekretar-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-procesot-za-kandidiranje-za-nov-generalen-sekretar-na-on/#respond Fri, 05 Feb 2021 07:14:57 +0000 https://kurir.mk/?p=464470

Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН почнаа процес за кандидирање генерален секретар на ОН, за периодот од 2022 до 2026 година, за кој сегашниот Антонио Гутереш веќе се кандидираше, додека Хондурас бара кандидатура за жена. Гутереш, (71) поранешен португалски премиер, има силна поддршка во Генералното собрание и во Советот за безбедност меѓу постојаните членки (САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија) за реизбор за генерален секретар со мандат од пет години. Сепак, неколку невладини организации продолжуваат да го критикуваат Гутереш, оценувајќи дека не прави доволно за да ги заштити човековите права во светот. Во заедничкото писмо до членките на ОН, Советот за безбедност и ГС ги повикаа 193 земји да пријават кандидати до мај или јуни, кога Советот за безбедност треба да започне селекција. Според Повелбата на ОН, Советот за безбедност му препорачува кандидат на Генералното собрание и тој официјално го избира со транспарентна постапка во која е предвидено и негово сослушување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-procesot-za-kandidiranje-za-nov-generalen-sekretar-na-on/feed/ 0
Муцунски: Со овој закон кој што го донесе власта за попис, граѓаните нема да веруваат во самиот процес на попишување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-faktot-deka-nie-vleguvame-vo-politichki-a-ne-statistichki-proces-e-dokaz-kade-zamenik-direktorot-na-dzs-ima-pravo-na-veto-na-rezultatite-od-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-faktot-deka-nie-vleguvame-vo-politichki-a-ne-statistichki-proces-e-dokaz-kade-zamenik-direktorot-na-dzs-ima-pravo-na-veto-na-rezultatite-od-popisot/#respond Sun, 24 Jan 2021 18:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=459260

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Тимчо Муцунски вечер-ва при своеото гостување во централниот дневник на Сител телевизија посочи дека претседателот Пендаровски треба доста трензвено и професионално да постапи и да одлучи за прашањето попис. -Мислам дека претседателот ќе го потпише указот за законот. Но ние му препорачавме да се консултира со објективни со независни експерти кои што веруваме ќе ги дадат голем дел од забелешките кои што ние ги дадовме“, појасни Муцунски. Муцунски додаде дека тој како пратеник и ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис но како статистичка операција, а не како политичка како што ја предвидува СДСМ. -Ние мораме да бидеме свесни за два доста значајни фактори. Првиот е повразан со фактот дека ние во моментов имаме пандемија, актуелниов закон предвидува 5.000 попишувачи за два месеци од денес да се пуштат на терен и активно да ги посетуваат домовите на граѓаните. Но, дали со оваа епидемиолошка слика со фактот што нема В од вакцина, ќе се чувствуваме комотни кога луѓе кои што претходно посетувале безброј домови да ги посетат и нашите домови, домовите на нашите родители, при се уште неконтролирана епидемиолошка ситуација? Значи, логично е да направиме нешто, што направија многу поразвиени земји од нашата со многу поквалитетен одговор на здравствената криза, да го одложиме овој попис за следната година, рече Муцунски. Муцунски го посочи и вториот аспект кој што е многу значаен, а тоа е начинот на кој што се предвидува овој попис. Во Македонија постојат соодветни дата бази со кои може да се спроведе електоронски попис. Електронски попис може да биде поверодостоен по резултатите, но и многу ќе е поевтин и поефикасен. -Фактот дека ние сега влегуваме во политички, а не статистички процес е доказ дека законот предвидува за заменик директорот на државниот завод за статистика има практично право на вето на резултатите од пописот. И ајде да си ја поставиме дилемата, ако ова е статистички процес врз што ќе стави вето заменик директорот на ДЗС, запраша Муцунски. Муцунски рече дека потребна е сеопфатна дебата помеѓу сите политички субјекти и во консултација со големиот број на експерти да се дојде до реално одржливо решение. Со овој закон кој што го донесе власта за попис, единствено граѓаните нема да веруваат во самиот процес на попишување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-faktot-deka-nie-vleguvame-vo-politichki-a-ne-statistichki-proces-e-dokaz-kade-zamenik-direktorot-na-dzs-ima-pravo-na-veto-na-rezultatite-od-popisot/feed/ 0