прочистувачи на воздух – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Dec 2018 13:11:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прочистувачи на воздух – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Основните училишта во Кавадарци ги добија прочистувачите на воздух, донација од фондацијата “Никола Јанчев” https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/osnovnite-uchilishta-vo-kavadarci-gi-dobija-prochistuvachite-na-vozduh-donacija-od-fondacijata-nikola-janchev/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/osnovnite-uchilishta-vo-kavadarci-gi-dobija-prochistuvachite-na-vozduh-donacija-od-fondacijata-nikola-janchev/#respond Wed, 19 Dec 2018 10:37:21 +0000 https://kurir.mk/?p=142316

Основните училишта во Кавадарци ги добија прочистувачите на воздух, донација од фондацијата “Никола Јанчев”. Се работи за 120 апарати во вредност од 36 илјади евра. Тие ќе бидат сместени во шест училишта, во кои учат 3.500 ученици. Градоначалникот на Кавадарци и основач на фондацијата која го носи името на неговиот покоен татко, Митко Јанчев појасни дека буџетот на фондацијата месечно се зголемува од градоначалничката плата и донации од семејната компанија на Јанчеви, “Кожувчанка”. Заблагодарувајќи се на повеќе субјекти за соработката, тој се заблагодари и на советниците во градскиот Совет и политичките партии, за сплотеноста во Кавадарци која придонесува за подобар живот. Директорката на Фондацијата, Јанинка Чупаркоска, рече дека целта им е хуманоста. Таа потсети дека претходно, фондацијата додели 36 стипендии за успешни ученици и студенти, во вредност од 10 илјади евра. Со вакви и слични иницијативи ќе продолжат и понатаму. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/osnovnite-uchilishta-vo-kavadarci-gi-dobija-prochistuvachite-na-vozduh-donacija-od-fondacijata-nikola-janchev/feed/ 0
Шилегов ќе набавува прочистувачи на воздух за дел од училиштата, одржувањето ќе го плаќаат родителите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-kje-nabavuva-prochistuvachi-na-vozduh-za-del-od-uchilishtata-odrzuvanjeto-kje-go-plakjaat-roditelite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-kje-nabavuva-prochistuvachi-na-vozduh-za-del-od-uchilishtata-odrzuvanjeto-kje-go-plakjaat-roditelite/#respond Thu, 01 Mar 2018 12:42:15 +0000 http://kurir.mk/?p=26237

Градот Скопје преку донација од АД МЕПСО ќе набавува прочистувачи на воздух за само дел од училиштата во град Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница рече дека една од опциите е средствата за нивното да бидат платени од родителите на учениците. Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ посочи дека станува збор за исклучителна популистичка мерка со која никако не се решава проблемот со загадувањето. -Нема ниту било каква студија за квалитет на воздух во затворени простории со која се докажува какво е влијанието и ефектот од прочистувањето на воздухот. МЕПСО како потенцијален загадувач е подобро да вложи повеќе средства во еден фонд кој би се формирал и користел за вакви еколошки мерки и цели, истакна Колариќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-kje-nabavuva-prochistuvachi-na-vozduh-za-del-od-uchilishtata-odrzuvanjeto-kje-go-plakjaat-roditelite/feed/ 0
Децата во градинката „Рада Поцева“во Кавадарци од денеска ќе дишат чист воздух https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/decata-vo-gradinkata-rada-poceva-vo-kavadarci-od-deneska-kje-dishat-chist-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/decata-vo-gradinkata-rada-poceva-vo-kavadarci-od-deneska-kje-dishat-chist-vozduh/#respond Wed, 17 Jan 2018 20:55:34 +0000 http://kurir.mk/?p=12549

33 прочистувачи на воздух од брендот „Блу ер“ од денеска се во функција во сите клонови на детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци. Станува збор за донација од компанијата “Екотип“ од Скопје, вредна 10 илјади евра. Централниот објект на градинката „Гроздоберче“ денеска го посетија градоначалникот Митко Јанчев и претставници на фирмата што ги донираше прочистувачите. Јанчев ја нагласи позитивната улога на овие прочистувачи во секојдневието на децата кои се згрижени во градинка. -Донацијата е на наша иницијатива по нашата долгогодишна соработка со Еко тип а е наменета за најмалите жители на општина Кавадарци, рече Јанчев. Со поставувањето на овие електрични уреди воздухот во сите занимални на градинката ќе биде прочистен од полен, мувла, прашина, прашински грини, чад, мириси од готвење како и опасните ПМ2,5 и Пм10 честичките. Директорката на градинката Цанка Добринова се заблагодари за донацијата која е од големо значење за сите деца кои се згрижени во градинка. Најмалите исто така искажаа благодарност за донацијата. На градоначалникот и на претставниците на донаторот им подарија цртежи со теми од екологијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/decata-vo-gradinkata-rada-poceva-vo-kavadarci-od-deneska-kje-dishat-chist-vozduh/feed/ 0