прочка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Feb 2023 08:12:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прочка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска е Прочка, ден за простување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-prochka-den-za-prostuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-prochka-den-za-prostuvane/#respond Sun, 26 Feb 2023 08:12:06 +0000 https://kurir.mk/?p=805089

Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. На тој ден е дозволено внесување на мрсна храна, пити, колачи и алкохол. Тоа е денот кога треба да бараме прошка и да се помириме со сите со кои сме се скарале, па затоа ги нарекуваат и „Проштени поклади“. Обичајот налага целото семејство да вечера заедно пред почетокот на постот, а на крајот на вечерта да си простат се што си згрешиле едни на други. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни. Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција. Овој празник е многу важен во православната култура.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-prochka-den-za-prostuvane/feed/ 0
„Прости ми, Боже“: Кажете си ја оваа молитва за барање прошка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prosti-mi-bozhe-kazhete-si-ja-ovaa-molitva-za-barane-proshka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prosti-mi-bozhe-kazhete-si-ja-ovaa-molitva-za-barane-proshka/#respond Sat, 25 Feb 2023 21:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=805052

Сите понекогаш грешиме, но човечки е да се покаеме и да побараме прошка. Пред утрешниот голем празник Прочка, кажете си ја оваа кратка молитва која ќе ви даде утеха и смирување. Прости ми, Боже, се каам, прости ми, во жалост е срцето мое. Прости ми ги Боже моите салбости и злобни зборови. Прости ми и дарувај ми ја твојата милост. Без твоето простување јас немам мир, моите денови се исполнети со болка. Прости ми ги гревовите, мој Боже. Прости ми го и секое ненамерно направено зло, прости ми што понекогаш јазикот ми е побрз од умот, прости ми што понекогаш заборавам рацете да ги склопам  и да ти се помолам, прости ми што умот ми го заземаат многу други обврски. Барам утеха во зборовите упатени кон тебе и се молам за посреќно утре. Прости ми мене и на моите ближни, прости што во деновите забораваме да те споменеме. Прости ми Боже. Амин. Да не заборавиме и да им простиме на нашите блиски, оние кои ненамерно ни нанеле зло. Со простувањето си дозволуваме себеси да чекориме напред со чисто срце и слободен ум.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prosti-mi-bozhe-kazhete-si-ja-ovaa-molitva-za-barane-proshka/feed/ 0
ВО НЕДЕЛА Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Проштевањето е чистење на душата, направете го ова за Прочка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-nedela-e-golem-praznik-proshtevaneto-e-chistene-na-dushata-napravete-go-ova-za-prochka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-nedela-e-golem-praznik-proshtevaneto-e-chistene-na-dushata-napravete-go-ova-za-prochka/#respond Fri, 24 Feb 2023 14:19:39 +0000 https://kurir.mk/?p=804605

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле. Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто. На 26 февруари, во недела ни доаѓа големиот празник Прочка. На Прочка, според традицијата, се бара прошка. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот. Таа глетка е многу мила. Полнота на љубов и радост. Колку е благопријатно тоа чувство на проштевање и прегратка. Тоа ја облагородува душата и го поттикнува добродетелството. Тоа е рајска сцена и блажена состојба од душевната радост. Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден. Сите тие обичаи се добра семејна радост. Тоа го прави семејниот амбиент топол и мил. Другите, пак, забави по повод Прочка, кои претставуваат јавен настап и посебни претстави (маски и карневали), немаат црковна или верска порака. Тие содржат повеќе хумор и смеа кои се овосветски и земни, материјални димензии на човечкото празнување или испразнување. Тие го празнат човечкиот дух, а не го полнат. Тоа се пагански остатоци од претхристијанското време, со некои нови примеси за забава. Убаво е и тоа и добра е таа традиција, ама не такваа каква што е, туку, ако претставува парада и промоција на нашата кутура, музика, уметност и вера. Таа да биде јавен настап на улиците и плоштадите, со претставување на делата полни со мотиви од нашата вера и култура. Да се види тој израз во нашата преубава македонска носија, во уметничките ракотворби, во постигнатите дела, во преубавата песна и во нашето оро со народната инструменталност. Да биде тоа претстава на градската музика и облека, платформа за убавите костими и тоалети, подиум со делата на македонскиот гениј и сето исполнето со богатството на убавината. Таквата полнота на амбиентот ја облагородува душата и го полни духот со убавина и со добрина. Ете, тоа ни треба и тоа е манифестација на Прочка. Тоа е што го издигнува човекот повисоко, а не што го валка и што го урива надолу. Тоа треба да претставуваат тие излегувања на Прочка пред очите на луѓето и пред очите на Бога. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-nedela-e-golem-praznik-proshtevaneto-e-chistene-na-dushata-napravete-go-ova-za-prochka/feed/ 0
Кадаиф: Шербет десерт, традиционален за Прочка – еве како да го подготвите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kadaif-sherbet-desert-traditsionalen-za-prochka-eve-kako-da-go-podgotvite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kadaif-sherbet-desert-traditsionalen-za-prochka-eve-kako-da-go-podgotvite/#respond Fri, 24 Feb 2023 13:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=804623

Според народните обичаи кадаифот е слатка која што се прави за Прочка. Се пра­ви лес­но и бр­зо, а ма­ри­фе­тот е да ја по­го­ди­те топлината на шер­бе­тот ко­га се исту­ра врз ка­да­и­фот. Ако сте љубители на десерти топени со шербет, ова е вистинската слатка за вас, Кадаифот има убав мирис и вкус, особено кога ќе се додадат рендана кора од лимон, сок од лимон и сецкани ореви. И секако не е потребен посебен момент за да се најде на семејната трпеза, но сепак е поврзан со празникот Прочка. Ссостојки: 
  • 500 грама кадаиф
  • 800 грама шеќер
  • 1 л и 200 мл вода
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 150 грама путер (стопен)
  • 150 грама сецкани ореви
  • 80 грама суво грозје
  • 1 лимон
  • 1 портокал
Подготовка:  Содржината на кадаифот изронете ја и поделете ја на два дела. Премачкајте го дното на тавчето со путер и нанесете го првиот дел од кадаифот, врз него се става фил од ореви, суво грозје по желба, а можете да ставите и ф’стаци. Потоа се нанесува и вториот дел од кадаифот. Се прелива со растопениот путер. Се пече на 250 степени околу 10 минути, потоа се намалува рерната на 180 степени и се пече додека не се добие бакарна боја. Шербетот се подготвува во 900 мл. вода се раствора 1,1 до 1,3 кг шеќер (не препорачувам многу шеќер околу 900 грама се доволни) на одредена температура по растопувањето на шеќерот се вари 3-5 минути и се додава сок од половина лимон. Се остава 1-2 минути само да здивне и потоа се прелива кадаифот, при што кадаифот да биде ладен додека шербетот топол. Се остава да впие од шербетот, а потоа се сече и сервира. Уживајте во вкусот!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kadaif-sherbet-desert-traditsionalen-za-prochka-eve-kako-da-go-podgotvite/feed/ 0
ВО НЕДЕЛА Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: На Прочка никако не заборавајте ова да го имате на трпезата за радост и добро расположение во домот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-nedela-e-golem-praznik-na-prochka-nikako-ne-zaboravajte-ova-da-go-imate-na-trpezata-za-radost-i-dobro-raspolozhenie-vo-domot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-nedela-e-golem-praznik-na-prochka-nikako-ne-zaboravajte-ova-da-go-imate-na-trpezata-za-radost-i-dobro-raspolozhenie-vo-domot/#respond Thu, 23 Feb 2023 14:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=804187

Во недела ни доаѓа големиот празник Прочка. На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-nedela-e-golem-praznik-na-prochka-nikako-ne-zaboravajte-ova-da-go-imate-na-trpezata-za-radost-i-dobro-raspolozhenie-vo-domot/feed/ 0
ПРОСТЕТЕ И ЌЕ ВИ ПРОСТАТ: Проштевањето е чистење на душата- направете го ова во недела за Прочка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prostete-i-ke-vi-prostat-proshtevaneto-e-chistene-na-dushata-napravete-go-ova-vo-nedela-za-prochka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prostete-i-ke-vi-prostat-proshtevaneto-e-chistene-na-dushata-napravete-go-ova-vo-nedela-za-prochka/#respond Wed, 22 Feb 2023 21:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=803899

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле. Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто. На 26 февруари, во недела ни доаѓа големиот празник Прочка. На Прочка, според традицијата, се бара прошка. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот. Таа глетка е многу мила. Полнота на љубов и радост. Колку е благопријатно тоа чувство на проштевање и прегратка. Тоа ја облагородува душата и го поттикнува добродетелството. Тоа е рајска сцена и блажена состојба од душевната радост. Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден. Сите тие обичаи се добра семејна радост. Тоа го прави семејниот амбиент топол и мил. Другите, пак, забави по повод Прочка, кои претставуваат јавен настап и посебни претстави (маски и карневали), немаат црковна или верска порака. Тие содржат повеќе хумор и смеа кои се овосветски и земни, материјални димензии на човечкото празнување или испразнување. Тие го празнат човечкиот дух, а не го полнат. Тоа се пагански остатоци од претхристијанското време, со некои нови примеси за забава. Убаво е и тоа и добра е таа традиција, ама не такваа каква што е, туку, ако претставува парада и промоција на нашата кутура, музика, уметност и вера. Таа да биде јавен настап на улиците и плоштадите, со претставување на делата полни со мотиви од нашата вера и култура. Да се види тој израз во нашата преубава македонска носија, во уметничките ракотворби, во постигнатите дела, во преубавата песна и во нашето оро со народната инструменталност. Да биде тоа претстава на градската музика и облека, платформа за убавите костими и тоалети, подиум со делата на македонскиот гениј и сето исполнето со богатството на убавината. Таквата полнота на амбиентот ја облагородува душата и го полни духот со убавина и со добрина. Ете, тоа ни треба и тоа е манифестација на Прочка. Тоа е што го издигнува човекот повисоко, а не што го валка и што го урива надолу. Тоа треба да претставуваат тие излегувања на Прочка пред очите на луѓето и пред очите на Бога. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prostete-i-ke-vi-prostat-proshtevaneto-e-chistene-na-dushata-napravete-go-ova-vo-nedela-za-prochka/feed/ 0
Оваа е сирна недела, седмицата пред Прочка – ова се обичаите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-e-sirna-nedela-sedmitsata-pred-prochka-ova-se-obichaite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-e-sirna-nedela-sedmitsata-pred-prochka-ova-se-obichaite/#respond Mon, 20 Feb 2023 07:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=802488

Имиња на празникот Недела сиропусна – Седмицата пред Прочка се нарекува сирна недела, затоа што во тие денови не се јаде месо, туку се јадат млеко и јајца и продукти што ги содржат нив. Со месо се запостува претходната недела навечер, кога последно се јаде месо и потоа, дури на Велигден. Бела недела – е затоа што во текот на целата седмица, дури и во среда и во петок, се јаде млеко и млечни производи во сите видови и производи со млеко и јајца. Проштална недела или Недела на проштевањето – Седмицата завршува со неделата во која луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста. Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната метла со која ја метеме нашата душа од гревовите. Велики поклади – Неделата навечер се поклади. Неделната вечера е богата со млечни производи, пита со сирење и јајца. Сето ова се збива во еден ден – во последениот ден пред почетокот на Велигденскиот пост. Денес и небото и простува на земјата, а човекот му простува на човекот. Денешната порака е: Проштевајте! – Бог да прости, лесни пости! Ако не простиме, залудно ќе постиме. Лицемерно е да јадеш леб и вода, а да не проштеваш и да не се каеш. Датирање Прочка секогаш е во недела. Денот не го менува, но датумот го менува. Тоа е празник со непостојан датум – подвижен празник. Таа не се врзува со календарот, со конкретен датум, туку е поврзана со Велигден. Кога ќе се празнува Прочка зависи од тоа кога се празнува Велигден. И Велигден и Прочка се секогаш во недела. Седмата недела по Прочка е Велигден. Прочка е предпочеток на Велигденскиот пост. Црквата го поставила како силен потсетник на духовниот карактер на постот. Постењето треба да започне со проштевањето и со покајанието, инаку значи дека не ни започнало или започнало само формално. Без каење и проштевање се губи суштината на личносните односи на луѓето кон луѓето и на луѓето кон Бога. Преку тоа се искажува и се покажува љубовта кон Бога и кон луѓето. Откако ќе прости, човекот ќе има кротост, трпение, смирение и човекољубие низ добродетелноста на постот и молитвата. Цел и смисла Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење. Проштевањето е резулататот на љубовта. Тоа е израз на љубовта, а љубовта „сè извинува“ (1. Кор. 13,7). Кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога и Бог е во него, бидејќи „Бог е љубов“ (1. Јов. 4,8). Ако, таква проштална љубов покажуваат христијаните на Прочка, тогаш се добри како светиите и праведниците, како Христос и Богородица. Проштевањето е безгранично и безусловно. Прочка е празник колку на проштевањето, толку и на покајанието. А покајанието и проштевањето се почеток на Евангелието. Таков е почеток на христијанското живеење. Првите зборови на Господ Исус Христос биле повик на покајание, проштевање и љубов. Проштевањето е духовен пост, кој треба да му претходи на телесниот пост. Духовниот треба да биде пред телесниот, како што е душата пред телото. „Затоа, прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји“, вели свети апостол Павле (1. Кор. 6,20). Целта на празникот е со чиста душа да се започне велигденскиот пост. Уште денеска треба да започне чистењето на душата што ќе биде главна задача во постот. Утре нека почне и телесниот пост, за скротување на телото и воздржување од сластите и страстите. Чистењето и подготовката е како што чистиме и подготвуваме за доаѓањето на важен гостин кај нас, а тоа е приемот на Господа Исуса Христа преку светата Причест. Богослужба Богослужбено Прочка е посветена на првиот човек Адам – на оној што прв згреши. А првиот грев на човекот во светов е гревот со храна. Светот горко нека заплаче со оној што прв падна во грев поради слатката храна и отпадна од Бога, заедно со паднатите ангели. Денеска, пред почетокот на Постост, се сеќаваме на тоа дека, поради лакомоста и невоздржувањето од храна, Адам го изгуби рајот. Поради јадењето на Адам, Христос постеше 40 дена. Сегашниов пост е запазување на она што Адам не го запази и повторно стекнување на она што тој го изгуби. Богослужбата ни кажува колку и е потребен постот на човечката природа, како средство за лекување. Текстот од Евангелието на денешната Литургија говори за проштевањето, за постот и за богатството – за нивната смисла, за значењето и постапувањето (Матеј 6,14-21). Тоа е цела програма за Велигденскиот пост: да простиме – да постиме и душата да ја гостиме. На Прочка попладне, за Вечерната богослужба, се прави едноцрквие, што значи сите свештеници и верници се собираат на заедничка богослужба во централниот – Соборниот храм, со цел, во домот Божји, по молитвата, секој секому да му пружи рака за покајание и прошка и христијански да се прегрнат. Со целивот на евангелската љубов да си ги простиме грешките, навредите, омразата, пакоста, измамата, непочитта и лошото што сме го сториле едни на други. Да му простиш некому, па тоа е вистинското дело на љубовта. Да ги избришеш сите навреди, лаги и клевети на другиот кон тебе е духовен херојство. Тоа е растоварување на двете души – и твојата и неговата, од голема тежина. Традиција Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле. Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто. На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот. Таа глетка е многу мила. Полнота на љубов и радост. Колку е благопријатно тоа чувство на проштевање и прегратка. Тоа ја облагородува душата и го поттикнува добродетелството. Тоа е рајска сцена и блажена состојба од душевната радост. Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден. Сите тие обичаи се добра семејна радост. Тоа го прави семејниот амбиент топол и мил. Другите, пак, забави по повод Прочка, кои претставуваат јавен настап и посебни претстави (маски и карневали), немаат црковна или верска порака. Тие содржат повеќе хумор и смеа кои се овосветски и земни, материјални димензии на човечкото празнување или испразнување. Тие го празнат човечкиот дух, а не го полнат. Тоа се пагански остатоци од претхристијанското време, со некои нови примеси за забава. Убаво е и тоа и добра е таа традиција, ама не такваа каква што е, туку, ако претставува парада и промоција на нашата кутура, музика, уметност и вера. Таа да биде јавен настап на улиците и плоштадите, со претставување на делата полни со мотиви од нашата вера и култура. Да се види тој израз во нашата преубава македонска носија, во уметничките ракотворби, во постигнатите дела, во преубавата песна и во нашето оро со народната инструменталност. Да биде тоа претстава на градската музика и облека, платформа за убавите костими и тоалети, подиум со делата на македонскиот гениј и сето исполнето со богатството на убавината. Таквата полнота на амбиентот ја облагородува душата и го полни духот со убавина и со добрина. Ете, тоа ни треба и тоа е манифестација на Прочка. Тоа е што го издигнува човекот повисоко, а не што го валка и што го урива надолу. Тоа треба да претставуваат тие излегувања на Прочка пред очите на луѓето и пред очите на Бога. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно. Како да простуваме Простувањето не треба да биде формално, само со обични зборови, само изговорен збор, туку вистинско, кое ќе се случи прво во нас, во срцето и во душата, а потоа и во устата, низ зборовите: „прости ми“ – „простено ти е“. Простувањето е завршено кога сме преминале од простување во љубов. Тогаш вистински сме простиле или вистински ни простиле. Тоа не е лесно, а не е ни тешко, бидејќи љубовта прави чуда. Простувањето е дело на љубовта. Простувањето е слобода. Тоа ослободува. Силно е чувството на слобода што доаѓа со простувањето. Тоа е духовно миење, чистење на душата и ослободување од гревот со сите негови отрови. Покајанието и простувањето значи менување на своето мислење и постапување. Кога ќе престанеш да мислиш како што си мислел претходно, кога ќе почнеш да говориш поинаку од претходното и кога ќе го правиш она што требало да го правиш – тогаш си се покајал и си простил. Проштевањето е решеност повеќе да не се греши. Што, ако речеме: Ете, му простив и готово! Ми грешеше и ме навредуваше и сè ми правеше – и пак му простив, толку е, крај! Не, не. Тоа не е проштевање. Тоа е формалност. Гневот ти останал. Гревот те гризе. Ти не си се очистил, ниту него си го ослободил. Треба љубов да ви се всели во душата. А таа зрачи низ нашите мисли, зборови, чувства и дела. Тие што не простуваат, не го разбирале Христа и Евангелието. Тие немаат право да се нарекуваат христијани, зашто не се христијани. Кому да простуваме На сите да им простиме сè. Дури и на непријателите. Така Господ направил. Бог бара од нас да не бидеме никогаш во непријателство со луѓето и да немаме злопамтливост (Матеј 5,23-24). Да простиш, значи да не дозволиш веќе во срцето да ти влезе лоша желба или да ти падне лоша мисла на ум. Да ти исчезнат лошите намери и планови. Очистеното срце да го наполниш со љубов. Ако е до грешност и до казна, сите сме грешни и сите сме за казна. Но, Бог не нè повикал да судиме и да казнуваме, туку да простуваме. И поставила правило: Бог ќе ни ги прости нам гревовите, доколку и ние им простуваме на оние што ни згрешиле (Матеј 6,14-15;18,35). И рекол: „Проштевајте и ќе ви биде простено“ (Лука 6,37). Колку да простуваме Прости му целосно и сè. Ако не му простиш ти, ќе му прости Бог. Така ти си си наштетил себе си, а не нему. Колкупати да му простиме? Вака прашал и апостол Петар, а Христос му одговорил: „До седумдесет пати по седум“ (Матеј 18,22), што значи безброј пати. Откако ќе си простиме и ќе се измириме, во мир ќе го почнеме постот. Така започнуваат и богослужбите, со повикот: – Во мир да се помолиме на Господа! (За МИА подготви Проф. д-р Ратомир Грозданоски)

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-e-sirna-nedela-sedmitsata-pred-prochka-ova-se-obichaite/feed/ 0
ДОАЃА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК ПРОЧКА – еве што мора да направите на тој ден https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doaga-golemiot-praznik-prochka-eve-shto-mora-da-napravite-na-toj-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doaga-golemiot-praznik-prochka-eve-shto-mora-da-napravite-na-toj-den/#respond Sat, 18 Feb 2023 19:57:11 +0000 https://kurir.mk/?p=801880

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божиќ и Велигден. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос. Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што ѝ погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата. Вистинската смисла на овој обичај е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога големиот велигденски пост веќе почнал. Така е именуван затоа што почнува нашето очистување со постот – духовно и телесно.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doaga-golemiot-praznik-prochka-eve-shto-mora-da-napravite-na-toj-den/feed/ 0
Во сабота е задушница, секогаш е една недела пред овој голем празник – голем грев е ако го направите ова на гробот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-sabota-e-zadushnitsa-sekogash-e-edna-nedela-pred-ovoj-golem-praznik-golem-grev-e-ako-go-napravite-ova-na-grobot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-sabota-e-zadushnitsa-sekogash-e-edna-nedela-pred-ovoj-golem-praznik-golem-grev-e-ako-go-napravite-ova-na-grobot/#respond Thu, 16 Feb 2023 21:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=801486

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на оние кои не напуштиле. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за душите на оние кои не се помеѓу нас. Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат вечните домови каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен. На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на оние кои не напуштиле. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на некој вечен дом одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од истиот. Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела. Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи. Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово – Велигден.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-sabota-e-zadushnitsa-sekogash-e-edna-nedela-pred-ovoj-golem-praznik-golem-grev-e-ako-go-napravite-ova-na-grobot/feed/ 0
Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца – знаете ли што значи овој обичај? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prochka-vo-semejstvoto-se-odbelezuva-so-bogat-ruchek-koj-zavrshuva-so-amkanje-jajca-znaete-li-shto-znachi-ovoj-obichaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prochka-vo-semejstvoto-se-odbelezuva-so-bogat-ruchek-koj-zavrshuva-so-amkanje-jajca-znaete-li-shto-znachi-ovoj-obichaj/#respond Sun, 06 Mar 2022 09:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=641869

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, по што и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесуваат од колено на колено меѓу генерациите. Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Амкањето е интересен обичај, кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец (некаде конопен, во други места памучен), кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот (урката и сл.) и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без притоа да се послужат со рацете. Само на помалите деца им се дозволувало да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prochka-vo-semejstvoto-se-odbelezuva-so-bogat-ruchek-koj-zavrshuva-so-amkanje-jajca-znaete-li-shto-znachi-ovoj-obichaj/feed/ 0