продавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Apr 2022 11:33:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png продавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Протекоа најновите информации за Брус Вилис: Знаеше што го чека, направи радикален потег https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/protekoa-najnovite-informacii-za-brus-vilis-znaeshe-shto-go-cheka-napravi-radikalen-poteg/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/protekoa-najnovite-informacii-za-brus-vilis-znaeshe-shto-go-cheka-napravi-radikalen-poteg/#respond Sat, 02 Apr 2022 11:33:35 +0000 https://kurir.mk/?p=657362

Брус Вилис долго време се подготвувал неговото здравје се повеќе да се оштетува, па сиот свој недвижен имот во Њујорк и надвор од Калифорнија го продал. Вилис го продал недвижниот имот што го стекнал со години, вреден околу 65 милиони долари, за да помине што е можно повеќе време со семејството во Калифорнија, тврдат неговите пријатели, а пренесува Сикс. Оваа недела семејството на 67-годишниот актер објави дека тој се повлекува од актерството откако му била дијагностицирана афазија, јазично нарушување предизвикано од оштетување на одредена област на мозокот што го контролира изразувањето и разбирањето на јазикот. . Извор кој го познава актерот тврди: - Брус се подготвуваше за ова долго време. Знаеше дека ќе дојде време кога здравјето ќе му биде сериозно загрозено и кога нема да може да заработува за живот. - Покрај тоа, знаеше дека во еден момент нема да му требаат разни куќи и станови меѓу кои ќе патува, туку дека ќе сака да живее во безбедна средина, опкружен со семејството. - Затоа со текот на годините го продаде најголемиот дел од својот недвижен имот. Очигледно, тој се подготвуваше да си го поедностави животот. Во декември 2019 година, Вилис и неговата сопруга Ема Хеминг го продадоа својот имот во Вестчестер, Њујорк, за 7,66 милиони долари, што не беше добра цена, бидејќи тие го купија имотот за 12 милиони само пет години порано. Станува збор за вила која се простира на 836 метри квадратни, се состои од пет спални соби, пет бањи и тоалети.
-Единствената причина поради која се откажуваме од неа е затоа што е толку далеку од нашето семејство во Калифорнија. Затоа решивме да се вратиме на западниот брег - изјави тогаш Вилис и купи нов имот во Брентвуд, Калифорнија за 9,8 милиони. Една година претходно, Вилис продаде прекрасен дуплекс со 6 соби во Западен Централ Парк за 17,75 милиони долари и купи помал стан во близина на Центарот Линколн за околу 7,9 милиони долари. Истата година тој се прости од својата планинарска куќа во Ајдахо за 5,5 милиони долари, а следната година Вилис и Хеминг го продадоа својот импозантен имот на островите Туркс и Каикос за неверојатни 27 милиони. Станува збор за вила од над 1.200 метри квадратни, со пет спални соби, кога павилјон, огромен базен и две „куќи“ за гости, од кои секоја има по три спални соби. Минатата година Вилис го продаде земјиштето на островот Перот Кеј, една од познатите омилени дестинации, за 6 милиони долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/protekoa-najnovite-informacii-za-brus-vilis-znaeshe-shto-go-cheka-napravi-radikalen-poteg/feed/ 0
Покрената истрага против 41. годишник – продавал оружје и муниција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pokrenata-istraga-protiv-41-godishnik-prodaval-oruzje-i-municija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pokrenata-istraga-protiv-41-godishnik-prodaval-oruzje-i-municija/#respond Fri, 14 May 2021 09:57:08 +0000 https://kurir.mk/?p=510231

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Жабени за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 12 мај, во неговиот автомобил држел пиштол марка „Застава“ со калибар 6,35 мм и шест куршуми за тој пиштол. При претрес, пак, во неговиот дом во Жабени биле пронајдени и една автоматска пушка со калибар 7,62 мм и 15 куршуми од тој калибар. Оваа пушка претставува оружје чие набавување и поседување е забрането за граѓаните. Надлежниот јавен обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pokrenata-istraga-protiv-41-godishnik-prodaval-oruzje-i-municija/feed/ 0
Се обиделе илегално да препродадат поголемо количество марихуана – две лица обвинети за повеќе кривични дела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-obidele-ilegalno-da-preprodadat-pogolemo-kolichestvo-marihuana-dve-lica-obvineti-za-povekje-krivichni-dela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-obidele-ilegalno-da-preprodadat-pogolemo-kolichestvo-marihuana-dve-lica-obvineti-za-povekje-krivichni-dela/#respond Sun, 21 Mar 2021 16:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=485736

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 23 и 41 година. За првиот, жител на струшкото село Ливада, постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Вториот, жител на кичевско Зајас, е осомничен дека ги сторил кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22, Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1, како и Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, во текот на месецов двајцата заедно неовластено набавиле наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од околу 180 килограми, спакувана во 7 торби во кои имало 180 најлонски пакувања. Дрогата наменета за продажба неовластено ја држеле на неутврдено место, па на 20 март, со автомобил со струшки регистарски ознаки ја пренеле од Скопје во селото Манастирец, Росоман каде биле откриени од полициски службеници. Откако полицајците му дале јасни и недвосмислени светлосни и звучни знаци да застане со автомобилот, првиот осомничен не ја почитувал наредбата и продолжил да се движи, оштетил три службени возила на МВР и значително го загрозил животот на полициските службеници кои ги издавале наредбите за застанување. Вториот осомничен, пак, без дозвола набавил и кај себе држел огнено оружје – пиштол марка „Парабелум“ со калибар од 9 мм, како и рамка со 10 куршуми за тој пиштол. Исто така, вториот осомничен преправил вистинска јавна исправа – полициска службена легитимација на друго име, на која ставил своја фотографија со намера да ја прикаже како вистинска. На критичниот ден, на полициските службеници кои ги запреле тој лажно им се претставил како полициски инспектор, при што ја употребил фалсификуваната службена легитимација. Поради опасност од бегство, можност да влијаат врз постапката и да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-obidele-ilegalno-da-preprodadat-pogolemo-kolichestvo-marihuana-dve-lica-obvineti-za-povekje-krivichni-dela/feed/ 0
Разбиена група што продавала лажни ковид тестови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-grupa-shto-prodavala-lazni-kovid-testovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-grupa-shto-prodavala-lazni-kovid-testovi/#respond Sat, 26 Dec 2020 18:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=448840

Одделот за криминалистичка полиција и Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово во координација со Агенцијата за национална безбедност во текот на денов (26.12.2020) изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови. При претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативно пцр тестови, печати, факсимил од австриски нотари друга документација. По документирање на случајот,до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-grupa-shto-prodavala-lazni-kovid-testovi/feed/ 0
Затвореник во Штип внел прашкаста материја за да ја продава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvorenik-vo-shtip-vnel-prashkasta-materija-za-da-ja-prodava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvorenik-vo-shtip-vnel-prashkasta-materija-za-da-ja-prodava/#respond Mon, 30 Nov 2020 15:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=436414

Затвореник во затворот во Штип бил фатен со кокаин. Од МВР информираат дека станува збор за 40-годишно лице од Свети Николе кое неовластено набавило кокаин заради понатамошна продажба. Кокаинот бил пронајден при извршен преглед кај пријавениот од страна на затворските надзорници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvorenik-vo-shtip-vnel-prashkasta-materija-za-da-ja-prodava/feed/ 0
Кривични пријава за 24-годишник поради поседување и продавање на наркотичи средства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichni-prijava-za-24-godishnik-poradi-poseduvanje-i-prodavanje-na-narkotichi-sredstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichni-prijava-za-24-godishnik-poradi-poseduvanje-i-prodavanje-na-narkotichi-sredstva/#respond Thu, 20 Aug 2020 15:28:23 +0000 https://kurir.mk/?p=393167

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(24) од с.Гарани, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 04.04.2020 на регионален пат Кичево-Осломеј, кај крстосница за с.Црвивци-с.Гарани, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichni-prijava-za-24-godishnik-poradi-poseduvanje-i-prodavanje-na-narkotichi-sredstva/feed/ 0