продавници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Mar 2023 09:35:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png продавници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рафтовите останаа празни, нема леб по продавниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raftovite-ostanaa-prazni-nema-leb-po-prodavnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raftovite-ostanaa-prazni-nema-leb-po-prodavnitsite/#respond Wed, 01 Mar 2023 07:53:22 +0000 https://kurir.mk/?p=806427

Нема леб по продавниците во Скопје, рафтовите се празни. Пекарите, иако најавија дека ќе дистрибуираат леб додека во Службен весник не излезе одлуката за замрзнување на цената на 33 денари, денеска не донесоа леб. Во дел од маркетите, на поголемите трговски синџири, денеска пекарите ги известиле дека денес нема да им достават леб и тие ќе ги продаваат старите залихи. Според раководителите на маркетите, тие не знаат како денеска ќе го поминат денот, ниту пак знаат дали треба да прават нарачка за утре. Во маркетите иако се залепени новите замрзнати цени од 33 денари, полиците се празни. Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укинува и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи. Одлуката е донесена вчера на владина седница, а пекарската индустрија, која ден претходно, најави дека ќе прекине со производство на леб доколку биде донесена ваква одлука, ќе чека таа да излезе во Службен весник и ќе ги соопшти натамошните чекори. Ваквите одлуки на Владата следуваат откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажале дека дел од компаниите не ги намалиле соодветно цените на своите производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raftovite-ostanaa-prazni-nema-leb-po-prodavnitsite/feed/ 0
Продавниците во Солун ќе затвораат порано? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodavnicite-vo-solun-kje-zatvoraat-porano/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodavnicite-vo-solun-kje-zatvoraat-porano/#respond Tue, 04 Oct 2022 16:48:08 +0000 https://kurir.mk/?p=741038

Трговското здружение од Солун им предлага на продавниците во градот поради енергетската криза и за заштеда на енергијата, од следниот понеделник да затвораат порано, односно во 19 часот, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретно, предлогот е продавниците во вторник, четврток и петок да работат од 10 до 19 часот, а во понеделник, среда и сабота од 10 до 16 часот. -Поради проблемите создадени од енергетската криза и непредвидените тешкотии на претстојната зима, поради намалувањето на прометот на пазарот и барањето на владата за намалување на потрошувачката на електрична енергија, Управниот одбор на Трговското здружение на Солун одлучи да предложи намалено работно време за продавниците во попладневните/ вечерните часови, пишува во соопштението. Претседателот на здружението Панделис Филипидис за солунскиот портал „Гртајмс“ објаснува дека се усогласуваат со владините упатства за 15 отсто намалување на потрошувачката на електрична енергија и ја спроведуваат во пракса, но истакнува дека кон оваа препорака треба да се придржуваат и големите трговски центри. -Ние даваме предлог согласно тоа што законски го бара владата, но или сите заедно се трудиме или никој. Ќе видиме како ќе се движи пазарот во првата недела, објасни Филипидис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodavnicite-vo-solun-kje-zatvoraat-porano/feed/ 0
Две жртви во неколку вооружени грабежи во познат синџир продавници во Калифорнија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-zrtvi-vo-nekolku-vooruzeni-grabezi-vo-poznat-sindzir-prodavnici-vo-kalifornija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-zrtvi-vo-nekolku-vooruzeni-grabezi-vo-poznat-sindzir-prodavnici-vo-kalifornija/#respond Tue, 12 Jul 2022 06:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=703669

Лос Анџелес, 12 јули 2022 (МИА) – Две лица загинаа, а тројца се ранети во грабежи на шест продавници на американскиот ланец „7-Eleven“ (7-11) во Јужна Калифорнија. Локалните власти соопштија дека трагаат по еден напаѓач. Нападите беа извршени во период од околу пет часа на 11 јули (7-11), денот кога националниот бренд ја слави својата годишнина. Вчера беше 95-годишнината на брендот и продавниците нудеа бесплатни пијалаци. Во тек е истрага за нападите во Онтарио, Апланд, Риверсајд, Санта Ана, Бреа и Ла Хабра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-zrtvi-vo-nekolku-vooruzeni-grabezi-vo-poznat-sindzir-prodavnici-vo-kalifornija/feed/ 0
„Сефора“ ги продава сите свои 88 продавници во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sefora-gi-prodava-site-svoi-88-prodavnici-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sefora-gi-prodava-site-svoi-88-prodavnici-vo-rusija/#respond Tue, 12 Jul 2022 06:19:57 +0000 https://kurir.mk/?p=703654

Висината на трансакцијата не е објавена, а сумата се проценува на околу осум милијарди евра. „Sephora објави дека потпишала договор за продажба на 100% од својата подружница во Русија на локален извршен директор“, се вели во соопштението. Се забележува дека одлуката е насочена кон „обезбедување континуитет за вработените“. Според SPARK, извршен директор на АД Сефора Рус, руската подружница на Сефора, е Евгениј Дроздов. Во пораката не е објавена сумата на зделката. Според извор на WWD, трансферот ќе се случи „за неколку недели“. Сега Sephora поседува 88 продавници во Русија. По завршувањето на зделката, тие ќе работат под брендот Ile de Beaute, се вели во извештајот. Ile de Beauté е еден од најстарите руски синџири за козметика и парфимерија, основан во 2001 година. Тoj започна да соработува со LVMH во 2008 година, создавајќи заедничко вложување, каде што француската групација доби 45% и опција за дополнително зголемување на својот удел. До 2017 година, LVMH целосно го откупи ланецот Île de Beaute. Во 2020 година беше објавено дека продавниците Île de Beaute ќе работат под брендот Sephora.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sefora-gi-prodava-site-svoi-88-prodavnici-vo-rusija/feed/ 0
Се отвораат продавниците во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-otvoraat-prodavnicite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-otvoraat-prodavnicite-vo-grcija/#respond Mon, 05 Apr 2021 05:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=492357

Под посебни правила и прописи, со задолжителн испратена смс порака и со ограничено време за шопинг на граѓаните, по пауза од два месеци, продавниците во Грција одново се отвораат, јави дописничката на МИА од Атина. Сепак, отворањето нема да биде целосно и на начин на кој малопродажбата функционираше по нормални услови, бидејќи ќе работат само со услугите „click away“ и „click in shop“, односно подигнување на претходно направена нарачка или посета на продавница по закажан термин. Граѓаните за шопинг ќе имаат на располагање најмногу три часа, еднаш дневно, откако претходно ќе испратат смс порака на специјален број со име и презиме и ќе добијат повратен одговор со дозвола за посета на продавница. Продавниците ќе работат според протоколи, односно едно лице на 25 метри квадратни, а трговските центри и моловите ќе останат затворени. Иако беше најавено дека продавниците ќе се отворат во цела Грција, сепак поради лошата епидемиолошка слика, во саботата од Секретаријатот за цивилна заштита соопштија дека малопродажбата во регионалните единици Солун, Ахаиа и Козани нема да отвори. Во изминатите денови, сопствениците интензивно се подготвуваа за повторното отворање, а во разговор со дописничката на МИА од Атина коментираа дека се подготвени за отворање, но не се подготвени повторно да затворат. Малопродажбата во Грција, во изминатите пет месеци, по воведувањето на карантинот на 7 ноември 2020 година помина низ фази на отворање и повторно затворање, со посебни правила за различни делови на земјата, со оглед на тоа дека беше поделена во зони согласно епидемиолошката слика и важеа различни правила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-otvoraat-prodavnicite-vo-grcija/feed/ 0
Од понеделник се отвораат продавниците во Грција, но мора да ги знаете овие СТРОГИ правила https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-ponedelnik-se-otvoraat-prodavnicite-vo-grcija-no-mora-da-gi-znaete-ovie-strogi-pravila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-ponedelnik-se-otvoraat-prodavnicite-vo-grcija-no-mora-da-gi-znaete-ovie-strogi-pravila/#respond Wed, 31 Mar 2021 17:57:46 +0000 https://kurir.mk/?p=490445

Под строги правила и протоколи, од понеделник се отвораат продавниците во Грција, со исклучок на трговските центри и моловите, јави дописничката на МИА од Атина. По препораките од Комисијата на епидемиолози, која денеска одржа маратонски состанок, вечерва беа соопштени владините одлуки за олабавување на мерките, односно, како што рече заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, одлуки за „прилагодување на постоечките мерки, за да постојат подобри резултати“. Граѓаните имаат право само еднаш дневно да посетат продавница, откако претходно ќе испратат смс порака на специјален број, за шопинг на располагање ќе имаат најмногу три часа, а малопродажбата ќе работи со услугите „click away“ (подигнување на претходно направена нарачка) и „click in shop“ (посета на продавница по закажан термин). Продавниците ќе работат според протоколи, односно едно лице на 25 метри квадратни. Втората одлука се однесува на олабавување на правилата поврзани со физичката активност, односно употребата на смс порака со кодот шест (една од шесте опции за движење), која досега важеше само пеш или со велосипед, а не и за автомобил. За време на викендите, дозволено ќе биде оваа опција да се користи и со автомобил до најмногу три лица или едно семејство. Хардаљас истакна дека оваа мерка се воведува пилот проба следниот викенд и во секој случај треба да се избегнуваат собирања на повеќе лица. Во однос на училиштата, заменик-министерот за цивилна заштита на Грција рече дека следната седмица ќе се оцени ситуацијата. На прес конференцијата, министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, упати апел до граѓаните да бидат особено внимателни, да ги почитуваат мерките, за како што рече, националниот систем да го издржи третиот и најсилен бран. Соопшти дека од следниот четврток, општа државна болница во Атина, целосно се претвора во ковид болница, а случаите што не се поврзани со коронавирусот ќе се упатуваат во приватни клиники. Истакна дека процесот на имунизација во земјата се одвива регуларно, досега се спроведени 1.691.000 вакцинации и работат 1.042 центри за вакцинација. Во изминатите 24 часа во Грција беа регистрирани 3.616 нови случаи на Ковид-19, а починаа 76 лица, што е највисок број од почетокот на годинава.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-ponedelnik-se-otvoraat-prodavnicite-vo-grcija-no-mora-da-gi-znaete-ovie-strogi-pravila/feed/ 0
По олабавувањето на здравствените мерки во Австрија, фризерниците и продавницит неконтролирано се полнат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-olabavuvanjeto-na-zdravstvenite-merki-vo-avstrija-frizernicite-i-prodavnicit-nekontrolirano-se-polnat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-olabavuvanjeto-na-zdravstvenite-merki-vo-avstrija-frizernicite-i-prodavnicit-nekontrolirano-se-polnat/#respond Tue, 09 Feb 2021 11:11:04 +0000 https://kurir.mk/?p=466188

Австриските фризерски салони повторно ги отворија вратите откако владата делумно го олесни својот трет „локдаун“, но предуслов да добиете нова фризура е да имате негативен тест на коронавирус. По 1,5 месец од последното затворање во Австрија повторно се отворија продавниците, музеите и училишта. Студентите мора да бидат тестирани двапати неделно доколку сакаат да присуствуваат на часови. Се создаваат големи редици пред продавниците и фризерниците. Зголемената побарувачка за тестирање е видлива на контролните пунктови во Виена. Дури и неодамна отворениот Центар за тестирање во познатата палата Шонбрун воведе нови боксови за тестирање, предвидувајќи ја навалицата. Поздравувајќи ги првите клиенти по неколку недели, виенската фризерка Сузана Шрајбер изјави дека од една страна чувствува олеснување што може повторно да работи, но „истовремено своевидан пречка претставуваат задолжителните тестови, што некои наши клиенти не ги прифаќаат добро” Поплаки од фризерите за новите правила се појавија во некои од австриските весници, со посебен осврт на тешкотиите за тестирањата во руралните области. Првата клиентка на фризерката Сузана Шрајбер се појави пред вратата на салонот точно во девет часот. Таа се претстави само како Мартина. -Многу, многу сум среќна што можам да дојдам повторно на фризер, рече 49-годишната жена и додаде дека задолжителниот тест не и пречи. „Моите родители се изложени на ризик и морам да се тестирам секој пат пред да одам да ги посетам“, додаде таа. И соседна Словенија го воведе истото правило, но тоа не е широко прифатено во другите европски земји. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-olabavuvanjeto-na-zdravstvenite-merki-vo-avstrija-frizernicite-i-prodavnicit-nekontrolirano-se-polnat/feed/ 0
Словенија: Отворени продавниците, со обврска вработените да се тестираат еднаш неделно https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-otvoreni-prodavnicite-so-obvrska-vrabotenite-da-se-testiraat-ednash-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-otvoreni-prodavnicite-so-obvrska-vrabotenite-da-se-testiraat-ednash-nedelno/#respond Sat, 06 Feb 2021 14:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=465154

Голем број продавници во Словенија се отворија денеска, кои претходно беа затворени за клиенти со месеци, по одлуката на Владата да даде зелено светло за отворање на повеќето деловни активности. Според владината одлука, сите продавници и компании под 400 квадратни метри можат да се отворат без оглед на тоа што продаваат или каква услуга даваат, а исто така се отворени и агенции за недвижнини, кои не работат со месеци. Услов за отворање компанија е да се изврши задолжително редовно тестирање на вработените. Во некои компании, како што се козметички салони, агенции за недвижнини, продавници за миленичиња, покрај вработените, и клиентите ќе мора да имаат негативен тест. Агенцијата СТА посочува дека постои загриженост во врска со тестирањето, со оглед на тоа што вработените во многу компании ќе бидат тестирани за коронавирус еднаш неделно. Отворањето на економијата беше поздравено од словенечките бизнисмени, но сепак постои претпазливост за тоа како ќе се организира тестирање за вработените и дали клиентите исто така мора да бидат тестирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-otvoreni-prodavnicite-so-obvrska-vrabotenite-da-se-testiraat-ednash-nedelno/feed/ 0
Сите продавници на Епл во Британија се времено затворени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-prodavnici-na-epl-vo-britanija-se-vremeno-zatvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-prodavnici-na-epl-vo-britanija-se-vremeno-zatvoreni/#respond Tue, 05 Jan 2021 15:31:38 +0000 https://kurir.mk/?p=452221

Американскиот технолошки гигант Епл времено ги затвора сите свои продавници во Велика Британија, вклучувајќи ги и оние во Шкотска, бидејќи земјата воведува дополнителни рестриктивни мерки во борбата против Ковид-19. Епл има 38 продавници во Британија, од кои 20 биле затворени од 22 декември минатата година до почетокот на овој месец, пишува весникот „Индепендент“. Компанијата денеска „стави клуч“ на уште 18 малопродажни објекти во земјата, меѓу кои и во Кембриџ, Плимут, Глазгов и други места. Пред воведувањето на новите ограничувања, продавниците работеа по принципот онлајн нарачки. Во јуни минатата година Епл повторно ги отвори своите 32 продавници во Англија и една во Северна Ирска, почитувајќи ги епидемиолошките мерки за продавниците и купувачите, со задолжително носење маски и држење дистанца од два метра. Велика Британија не е единствената земја, каде Епл мораше да ги затвори продавниците. Компанијата во САД има 271 продавница, од кои моментно се затворени една третина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-prodavnici-na-epl-vo-britanija-se-vremeno-zatvoreni/feed/ 0
Данска и Словачка за време на божикните празници ќе ги затворат продавниците и моловите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-slovachka-za-vreme-na-boziknite-praznici-kje-gi-zatvorat-prodavnicite-i-molovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-slovachka-za-vreme-na-boziknite-praznici-kje-gi-zatvorat-prodavnicite-i-molovite/#respond Wed, 16 Dec 2020 19:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=444267

Данска и Словачка ќе ги затворат трговските центри и продавници во пресрет на Божик за да спречат ширење на коронавирусот. Данската Влада ќе го стори тоа од утре, а другите продавници ќе бидат затворени од Божик па натаму, објави весникот Екстра Бладет, без да наведува извори. Супермаркетите и другите продавници за храна ќе останат отворени, пренесува Хина. Словачка, пак, ќе го ограничи движењето на луѓето од сабота наутро до 10 јануари, освен во неизбежни ситуации, за работа и престој во природа. Повеќето продавници, исто така, ќе бидат затворени. – Ситуацијата е посериозна од кога било, предупреди министерот за здравство Марек Крајчи. Владата го повика населението за време на празниците да се дружат со само уште едно семејство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-slovachka-za-vreme-na-boziknite-praznici-kje-gi-zatvorat-prodavnicite-i-molovite/feed/ 0