продолжен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 18:19:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png продолжен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жиру го продолжи договорот со Милан https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zhiru-go-prodolzhi-dogovorot-so-milan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zhiru-go-prodolzhi-dogovorot-so-milan/#respond Wed, 19 Apr 2023 18:19:40 +0000 https://kurir.mk/?p=825622

Францускиот напаѓач Оливие Жиру (36) го продолжи договорот со актуелниот италијански првак Милан, соопшти вечерва клубот од „Сан Сиро“.

„Милан со гордост објавува дека Оливие Жиру го обнови договорот со клубот. Оливие е важна алка во напаѓачката линија на Росонерите, постигнувајќи 27 голови на 76 натпревари“, се наведува во клупското соопштение.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Жиру потпишал договор со важност до јуни 2024 година, вреден 3.5 милиони евра.

„Среќен сум, ова е најдобриот начин да го прославам пласманот во полуфиналето на Лигата на шампиони“, порача Жиру, кој во септември ќе го прослави својот 37 роденден.

Французинот го продолжи договорот ден откако беше еден од најзаслужните играчи на Милан во ремито против Наполи (1-1) со што клубот од Милано ја зачува предноста од првиот натпревар и обезбеди пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zhiru-go-prodolzhi-dogovorot-so-milan/feed/ 0
Барселона ќе му го продолжи договорот со Араухо до 2026 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-kje-mu-go-prodolzi-dogovorot-so-arauho-do-2026-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-kje-mu-go-prodolzi-dogovorot-so-arauho-do-2026-godina/#respond Tue, 26 Apr 2022 12:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=668018

Барселона се договори со Роналд Араухо за нов договор. Важноста на новиот договор се пресметува до 30 јуни 2026 година. Договорот предвидува клаузула за предвремен раскин во износ од една милијарда евра – како кај Ансу Фати и Педри. Официјалното потпишување на новиот договор ќе се одржи во петок на 29 април на стадионот „Камп Ноу“. Претходниот договор на Уругваецот со клубот беше со важност до летото 2023 година. Дваесет и тригодишниот централен бек оваа сезона забележа 39 настапи за каталонскиот клуб во сите натпреварувања и постигна четири гола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-kje-mu-go-prodolzi-dogovorot-so-arauho-do-2026-godina/feed/ 0
Јунајтед го продолжи договорот со Погба https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/junajted-go-prodolzi-dogovorot-so-pogba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/junajted-go-prodolzi-dogovorot-so-pogba/#respond Fri, 16 Oct 2020 18:33:38 +0000 https://kurir.mk/?p=417382

Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата во договорот на Пол Погба, со која може да биде продолжен за уште 12 месеци – до летото 2022 година, според „Манчестер ивнинг њуз“. Во принцип, договорот истече по крајот на оваа сезона, но клубот ја активираше оваа опција минатата недела. Во врска со ова, претходно денес менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер изјави дека Погба сигурно ќе биде дел од неговиот тим за оваа и следната сезона. Францускиот играч за врска се врати на „Олд Трафорд“ во 2013 година, откако клубот плати рекордни 105 милиони евра на Јувентус. Неодамна, тој повторно ја сподели својата желба еден ден да се пресели во Реал Мадрид, што најверојатно ја наведе управата да ја активира клаузулата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/junajted-go-prodolzi-dogovorot-so-pogba/feed/ 0