продолжување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 31 Oct 2021 18:42:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png продолжување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во делови од Центар, Сарај и Карпош гласањето продолжува за три часа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-delovi-od-centar-saraj-i-karposh-glasanjeto-prodolzuva-za-tri-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-delovi-od-centar-saraj-i-karposh-glasanjeto-prodolzuva-za-tri-chasa/#respond Sun, 31 Oct 2021 18:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=588839

Излезноста до 18:30 часот на вториот круг на локалните избори 2021 е 48,88 проценти. На гласање излегле вкупно 558 .943 граѓани, изјави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Најголема излезност има во Вевчани – 81,2 проценти, потоа во Росоман – 80,81 процент и Демир Капија – 80,37 проценти, додека во останатите општини излезноста е под 78 проценти. Најмала излезност има во Сарај – 28,12 проценти. – Сметам дека сите се уверивме дека имавме успешен и мирен гласачки ден, со изолиран број на инциденти, кои не се организирани. Имавме фер и демократско гласање, каде видовме дека уредите за биометриска идентификација на гласачите работеа беспрекорно, освен некои случаи сабајле, кои се регулираа и веќе не се повтори тоа, изјави Даштевски. Да почекаме, нагласи Даштевски, да се пребројат резултатите и да заклучиме дека денот помина успешно. Тој информираше дека гласањето ќе се продолжи во Центар на избирачко место – 2867/1 за два часа и 55 минути , во избирачкото место 2831 – два часа 55 минути и во избирачкото место 2815 два часа и 55 минути. Во Сарај гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2433 – два часа и 45 минути, на гласачкото место 2435 – два часа и 45 минути, на гласачко место 2438 два часа. Во Карпош гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2652 – два часа и 30 минути, во Чешиново – Облешево на гласачко место 0887 – еден час и 11 минути, во Зелениково на гласачко место 2373 – два часа и 15 минути, во Пробиштип на избирачко место 1566/1 еден час и 55 минути и избирачко место 1572 два часа. Во Долнени гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 1471 еден час и 30 минути. До ДИК, како што информираше Даштевски, пристегнале 739 приговори, од кои 642 се прифатени, 45 одбиени и за 52 е констатирано дека се во избирачки список, гласачите кои ги поднеле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-delovi-od-centar-saraj-i-karposh-glasanjeto-prodolzuva-za-tri-chasa/feed/ 0
Пол Погба го продолжува договорот со Јунајтед и ќе биде најплатен играч во Премиерлигата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pol-pogba-go-prodolzuva-dogovorot-so-junajted-i-kje-bide-najplaten-igrach-vo-premierligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pol-pogba-go-prodolzuva-dogovorot-so-junajted-i-kje-bide-najplaten-igrach-vo-premierligata/#respond Thu, 07 Oct 2021 10:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=574644

Пол Погба во јуни 2022 година му истекува договорот со Манчестер јунајтед, но „Лекип“ објавува дека сака да остане во тимот уште долго време. Французинот наводно им се доверил на блиските пријатели и семејството дека планира да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ во најскоро можно време. Јунајтед е подготвен да му понуди огромен договор, се шпекулира 400.000 фунти неделно, што го би го направило Погба најплатен играч во Премиерлигата. Фудбалерот од средниот ред имаше одличен старт на сезоната, а новите засилувања како Џејдон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо го натерале Погба да се радува на својата иднина во клубот. Тој верува дека Јунајтед сега има доволно квалитетен тим да се натпреварува за трофејот во Премиерлигата и Лигата на шампиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pol-pogba-go-prodolzuva-dogovorot-so-junajted-i-kje-bide-najplaten-igrach-vo-premierligata/feed/ 0
Владата на БиХ ги продолжи мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-bih-gi-prodolzi-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-bih-gi-prodolzi-merkite/#respond Thu, 01 Jul 2021 14:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=530614

Од денес, Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина ја продолжи важноста на постојните епидемиолошки мерки за запирање на ширењето на коронавирусот за уште 14 дена. Според изјавата, одлуката е донесена врз основа на информациите на Кризниот штаб на Сојузното Министерство за здравство за епидемиолошката состојба. Следните 14 дена се сметани од денес, а Кризниот штаб е задолжен да ја разгледа комплетната епидемиолошка состојба пред истекот на овој рок и да направи проценка на ризик, врз основа на која би се измениле препораките. Во информацијата се наведува дека на ниво на Федерацијата БиХ, седумдневната инциденца е 4,8 случаи на 100 000 жители, а во последните седум дена највисока инциденца има во Сараево, Херцеговина-Неретва и кантонот Тузла. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-bih-gi-prodolzi-merkite/feed/ 0
ПРОДОЛЖУВА КРИЗНАТА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА – ќе трае многу подолго од очекуваното! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-kriznata-sostojba-vo-makedonija-kje-trae-mnogu-podolgo-od-ochekuvanoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-kriznata-sostojba-vo-makedonija-kje-trae-mnogu-podolgo-od-ochekuvanoto/#respond Mon, 07 Jun 2021 13:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=520126

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја одржа 17-та седница на која беше донесена одлука за продолжување на кризната состојба во земјава. Практично, Комисијата ја проследи одлуката до Собранието, кое, како што е најавено, утре ќе одржи пленарна седница. Кризната состојба, со претходна одлука на Собранието, е до 30 јуни 2021 година. Сега таа се продолжува за наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули 2021 до 31 декември 2021 година. Претседателот на Комисијата Миле Талевски за МИА изјави дека на седницата присуствувале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директоторот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Од нивна страна, како што рече, беше изнесена она што било дискутирано на Владата и ја пренеле одлуката на Владата до Комисијата. – Комисијата отвори дебата. Се разгледаа можности и предлози и се донесе одлука да се проследи до Собранието, на пленарна седница што ќе се одржи утре, изјави Талевски. Тој појасни дека собраниската Комисија за одбрана и безбедност има само обврска да ја проследи и да отвори дебата по нејзината работа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-kriznata-sostojba-vo-makedonija-kje-trae-mnogu-podolgo-od-ochekuvanoto/feed/ 0
Европратениците предлагаат продолжување на преодниот период по Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-predlagaat-prodolzuvanje-na-preodniot-period-po-bregzit-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-predlagaat-prodolzuvanje-na-preodniot-period-po-bregzit-2/#respond Tue, 22 Dec 2020 09:29:12 +0000 https://kurir.mk/?p=446562

Високопозиционирани претставници на Европскиот парламент ја повикаа Велика Британија да прифати продолжување на рокот на важење на привремениот договор со ЕУ за трговските прашања. Дојче Веле јави дека потпретседателката на ЕП, Катарина Барли, истакна дека Лондон се судрува со двојно оптоварување, прво поради Брегзит, а потоа и поради новиот вид на коронавирус, па затоа смета дека преодниот рок треба да се продолжи. Според Барли, Европската унија „подава рака“ со предлогот за продолжување на преодниот рок. Одлуката сега е во рацете на британскиот премиер Борис Џонсон, кој треба да го прифати предлогот. Преодниот период за време на кој Велика Британија ужива во трговските преференции на членка на ЕУ истекува на 31 декември 2020 година. И европратеникот Дејвид Мекалистер изрази загриженост за критичната состојба предизвикана од новиот вид на коронавирус. Претседателот на трговскиот комитет на ЕП, Бернд Ланге го поддржа предлогот, но истакна дека Лондон веројатно нема да го прифати. Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за односите по Брегзит продолжија и вчера, без разлика што истече крајниот рок. Европскиот парламент сега и нема да може да го ратификува идниот договор до крајот на годината по брза постапка, доколку тој и биде постигнат. Брисел и Лондон не успеаја да се договорат за правото на компаниите од ЕУ да рибарат во британските води. Покрај тоа, другите спорни прашања вклучуваат еднакви услови и санкции за кршење на идниот договор за Брегзит. Доколку договорот не се постигне двете земји од 1 јануари воведуваат меѓусебни царини, што според експертите ќе има сериозни негативни последици и за економијата на ЕУ и на Велика Британија. На крајот на минатата недела, ЕП почна со подготовките за ваквото сценарио, а европратениците изгласаа голем број итни мерки во областите риболов, безбедност на летовите и воздушен и копнен транспорт во случај да не се постигне договорот за трговија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-predlagaat-prodolzuvanje-na-preodniot-period-po-bregzit-2/feed/ 0
Чешкиот Парламент одобри продолжување на вонредната состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-parlament-odobri-prodolzuvanje-na-vonrednata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-parlament-odobri-prodolzuvanje-na-vonrednata-sostojba/#respond Wed, 09 Dec 2020 21:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=441184

Долниот дом на чешкиот Парламент денеска одобри продолжување на вонредната состојба до 23 декември, што е пократко отколку што побара кабинетот на премиерот Андреј Бабиќ. Некои мерки воведени од чешката Влада со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, како на пример ограничување на јавни собири или привремено прекинување на работатат на некои компании, може да се применат само доколку се законски засновани во вонредна состојба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-parlament-odobri-prodolzuvanje-na-vonrednata-sostojba/feed/ 0
Реал Мадрид веќе нема да објавува продолжување на договорите со играчите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-vekje-nema-da-objavuva-prodolzuvanje-na-dogovorite-so-igrachite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-vekje-nema-da-objavuva-prodolzuvanje-na-dogovorite-so-igrachite/#respond Wed, 27 May 2020 12:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=350708

Реал Мадрид одлучи да не го објавува официјално продолжувањето на договорите со играчите на првиот тим, информира „Марка“. Во веста на шпанскиот весник се наведува дека клубот веќе имал продолжено договор со играчот од средниот ред Каземиро. Договорот е дизајниран до летото 2023 година. Но, официјално ова не беше објавено. Се известува дека раководството на клубот донело таква одлука со цел да се избегне откривањето на деталите за договорот во печатот. Ваквата политика на Реал не е наведена во официјалните документи, но челниците на клубот се согласија дека вестите за договорите нема да бидат достапни за медиумите. Сезоната во Шпанија е прекината поради пандемијата на коронавирус. Ла Лига треба да продолжи во јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-vekje-nema-da-objavuva-prodolzuvanje-na-dogovorite-so-igrachite/feed/ 0
Владата достави предлог до Пендаровски за продолжување на вонредната состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dostavi-predlog-do-pendarovski-za-prodolzuvanje-na-vonrednata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dostavi-predlog-do-pendarovski-za-prodolzuvanje-na-vonrednata-sostojba/#respond Fri, 15 May 2020 14:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=346321

На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба, службените патувања на носителите на јавни функции ќе се остваруваат исклучиво со одобрување на Главниот координативен кризен штаб на Владата и само ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја, се дел од заклучоците од денешната 53-та владина седница. – Владата на Република Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста. На оваа седница, Владата го дополнила и усвоила протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница на Република Македонија за избрани функционери вработени во Влада на Република Македонија и министерствата, државјани на Република Македонија, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dostavi-predlog-do-pendarovski-za-prodolzuvanje-na-vonrednata-sostojba/feed/ 0
Еве што мисли “специјалниот“ за продолжување на сезоната во англиската Премиер лига https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-shto-misli-specijalniot-za-prodolzuvanje-na-sezonata-vo-angliskata-premier-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-shto-misli-specijalniot-za-prodolzuvanje-na-sezonata-vo-angliskata-premier-liga/#respond Thu, 14 May 2020 14:08:51 +0000 https://kurir.mk/?p=345899

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо издаде изјава во која го објаснува неговиот став за продолжување на сезоната во Премиер лигата. Вчера, менторите на сите елитни клубови одржаа конференциски повик организиран од Здружението на менаџерите. Синоќа некои медиуми објавија дека Португалецот се залага за одложување на рестартирањето. Денес, меѓутоа, „Мирор“ откри дека ставот на Мурињо е точно спротивен и тој беше еден од менаџерите кој најитно сакал првенството да се обнови. Ова е точно она што го потврди самиот Португалецот. – Мислам дека мојата позиција за време на средбата не беше одразена во некои извештаи. Не сакав никакво одложување. Сакам да тренираме и очајно сакам Премиер лигата да продолжи што е можно поскоро кога ќе биде безбедно. Особено кога гледаме други првенства, кои се подготвуваат да се вратат во акција, рече Мурињо во изјавата испратена до медиумите на Островот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-shto-misli-specijalniot-za-prodolzuvanje-na-sezonata-vo-angliskata-premier-liga/feed/ 0
Продолжувањето на Премиер лигата се планира на 13 јуни https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prodolzuvanjeto-na-premier-ligata-se-planira-na-13-juni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prodolzuvanjeto-na-premier-ligata-se-planira-na-13-juni/#respond Wed, 29 Apr 2020 07:07:28 +0000 https://kurir.mk/?p=339101

Обновувањето на сезоната во најквалитетната фудбалска лига на Англија е закажано за 13 јуни, објави „Мирор“. Клубовите веќе се известени за овој датум. Сепак, сезоната ќе започне доколку владата на Велика Британија тоа го дозволи. Британската влада воведе карантински мерки за спречување на епидемијата на коронавирус најмалку до 7 мај. Во исто време, фудбалерите на англиските клубови се загрижени дека натпреварите може да се продолжат пред да бидат целосно безбедни, пренесе „Телеграф“. Тие мислат дека ризикот од инфекција со коронавирус е сè уште голем, така што тие не сакаат да го ризикуваат нивното здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prodolzuvanjeto-na-premier-ligata-se-planira-na-13-juni/feed/ 0