продуцент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 14:39:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png продуцент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русија нареди апсење на истакнат продуцент и режисер поради критикување на војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-naredi-apsene-na-istaknat-produtsent-i-rezhiser-poradi-kritikuvane-na-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-naredi-apsene-na-istaknat-produtsent-i-rezhiser-poradi-kritikuvane-na-vojnata-vo-ukraina/#respond Wed, 17 May 2023 14:39:51 +0000 https://kurir.mk/?p=835402

Судот во Москва нареди апсење на истакнатиот филмски продуцент Александар Родњански и театарскиот режисер Иван Вирипаев поради „ширење лажни информации“ за руската војска. Првото судско рочиште против Родњански и Вирипајев се одржа на 27 април, но судот тоа до денеска не го објави. Прес-службата на судот објави дека Родњански и Вирипаев, кои се надвор од Русија, ќе бидат приведени кога руските власти ќе успеат да ги приведат или кога ќе бидат екстрадирани. Рускиот министер за внатрешни работи дополнително го стави Вирипаев на сојузната потерница. Роден во Киев, Родњански е меѓу највлијателните личности во руската кинематографија во последните децении. Тој ја напушти Русија по почетокот на нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година и постојано зборуваше против војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-naredi-apsene-na-istaknat-produtsent-i-rezhiser-poradi-kritikuvane-na-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
16 годишниот продуцент „PabloBlessed“ од Македонија кој ја освој американската сцена со неговата уметност https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/16-godishniot-produtsent-pabloblessed-od-makedonija-koj-ja-osvoj-amerikanskata-stsena-so-negovata-umetnost/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/16-godishniot-produtsent-pabloblessed-od-makedonija-koj-ja-osvoj-amerikanskata-stsena-so-negovata-umetnost/#respond Mon, 20 Mar 2023 09:12:39 +0000 https://kurir.mk/?p=814018

16 годишниот продуцент од Македонија Павел Николовски или познат како „PabloBlessed“ во соработка со Американскиот рапер „Exotix“ кој што има преку 600.000 месечно слушатели кој се двои со хитот „Ton1ght” кој што има вкупно 20.000.000+ слушања од сите Streaming платформи. „Се започнува со соништата, но продолжува со голема желба и уште поголема љубов кон тоа што го правиме. До успехот се стига со напорна работа, кога мотивацијата е мала но сепак напорната работа не престанува, кога нема никаква добивка но пак идеме кон целта. Од земја во која хип хопот и трапот се на минимално ниво да се стигне до американската сцена е премногу тешко“, вели Николовски. Кој е „PabloBlessed“ Се започнало на неговите 9 години кога за прв пат дознал за „FL Studio“ и „Virtual DJ“. Павел Николовски или „PabloBlessed“ поминувал саати седејќи пред својот компјутер за да ги усоврши своите вештини. Но сепак на 9 годишна возраст тоа му било само хоби и не знаел дека тоа „хоби” има голема заработка, па затоа не бил толку сериозен со тоа што го правел. „PabloBlessed“ покрај правење битови, цел живот се бави со спорт. Тренирал 8 години фудбал и 2 години карате. Во 2020та година, кога „PabloBlessed“ имал 14 години, за време на карантинот поради ковид вирусот, сфатил дека љубовта кон правењето битови е преголема и дека одлучил да се бави сериозно и да му биде тоа професија. Инспирацијата му доаѓала издавачката куќа „Internet Money“, кои се цела група од познати и успешни продуценти и рапери. Многу непреспиени ноќи, многу предизвици поминале за „PabloBlessed“ да стигне до ова ниво. Иако „PabloBlessed“ се уште е во средно училиште, знаејќи дека треба да станува рано за на училиште, тој сепак ги поминувал ноќите правејќи битови. Денови каде што не сакал да прави битови но сепак правел, денови каде што сите негови другари играле игри заедно, но сепак тој правел битови, иако му било многу тажно и тешко но сепак вредело. Никој не верувал дека ќе успее, но имал голема поддршка од своите родители и другари, но најголема поддршка добил од една посебна личност. Својата опрема „PabloBlessed“ ја купил со своите први заработени пари од продавање битови на неговиот „YouTube“ канал каде што има повеќе од 380 објавени битови за купување. „PabloBlessed“ се совладал сам, научил сам да користи midi (синтисајзер), Mix and Master и многу други работи поврзани со неговата продукција. Покрај другите успеси најголем успех има со соработката со раперот „Exotix“. „PabloBlessed“ успеал својата уметност да ја вметне во неговиот албум наречен „Retribution”, кои што го изработил битот за песната „Iffy”. Следете го и слушајте ја неговата добра музика.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/16-godishniot-produtsent-pabloblessed-od-makedonija-koj-ja-osvoj-amerikanskata-stsena-so-negovata-umetnost/feed/ 0
Почина млад продуцент на Нетфликс, колегата го отрул со чај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-mlad-producent-na-netfliks-kolegata-go-otrul-so-chaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-mlad-producent-na-netfliks-kolegata-go-otrul-so-chaj/#respond Fri, 25 Dec 2020 20:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=448499

39-годишникот, кој воедно бил претседател на кинеската компанија „Јоузо груп“, наводно бил отруен од негов соработник. „ The Sun “ пренесува дека локалната полиција соопштила дека еден од колегите на Лин е главниот осомничен за неговата смрт. Полицијата го објави само презимето на осомничениот, Ксу и потврди дека тој останува во притвор. „Кинескиот продуцент беше итно пренесен во болница пред неколку дена под сомнение за обид за убиство, а вчера неговата состојба беше опишана како стабилна, но денес, за жал, почина“, наведува Caixin Global. Отровот наводно бил во шолја чај што му ја дал соработник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-mlad-producent-na-netfliks-kolegata-go-otrul-so-chaj/feed/ 0
Холивудски процент изврши самоубиство, паднал од 27 кат https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/holivudski-procent-izvrshi-samoubistvo-padnal-od-27-kat/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/holivudski-procent-izvrshi-samoubistvo-padnal-od-27-kat/#respond Tue, 23 Jun 2020 07:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=361252

Холивудскиот продуцент Стив Бинг почина на 56 годишна возраст по пад од 27 кат од зграда во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми. Според нивните пишувања, Бинг извршил самоубиство, а страдал од депресија. Полицијата и блиските на Бинг не ја потврдиле оваа информација. Продуцентот имал дете со британската актерка Елизабет Харли и поранешната тенисерка Лиза Бондер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/holivudski-procent-izvrshi-samoubistvo-padnal-od-27-kat/feed/ 0
Осудениот продуцент Вајнштајн пренесен во болница поради влошено здравје https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/osudeniot-producent-vajnshtajn-prenesen-vo-bolnica-poradi-vlosheno-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/osudeniot-producent-vajnshtajn-prenesen-vo-bolnica-poradi-vlosheno-zdravje/#respond Thu, 12 Mar 2020 09:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=315497

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн, кој вчера беше осуден на 23  години затвор поради сексуални напади и силување, е пренесен во болница поради болки во градите. Вајнштајн се пожалил на болка во градите и е пренесен од њујоркшкиот затвор Рикерс во болницата Белуве, за да се лекува од срцеви проблеми, истакна портпаролот на Вајнштајн во електронска порака. На 24 февруари судот го прогласи Вајнштајн, некогаш највлијателниот холивудски маж виновен за сексуален напад на асистентката Мими Халеј и за силување на поранешната актерка Џесика Ман, но е ослободен од најтешкото обвинение, дека е сексуален предатор, за што може да добие доживотен затвор. Движењето МиТу (#MeToo) што настана како платформа против злоупотребите на Вајнштајн ја поздрави изречената казна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/osudeniot-producent-vajnshtajn-prenesen-vo-bolnica-poradi-vlosheno-zdravje/feed/ 0
Продуцентот Џефри бил убиен во затворската ќелија? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/producentot-dzefri-bil-ubien-vo-zatvorskata-kjelija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/producentot-dzefri-bil-ubien-vo-zatvorskata-kjelija/#respond Thu, 31 Oct 2019 08:24:00 +0000 https://kurir.mk/?p=258146

Причина за смртта на продуцентот Џефри Епстин наверојатно е убиство, а не самоубиство, смета патологот форензичар Мајкл Бејден. – Некои од повредите на Епстин имаат повеќе знаци на убиство со задавување, отколку на самоубиство, гласи неговото мислење. Бејден, кој 1970-тите накусо беше прв форензичар одговорен за Њујорк, сега е приватен вештак. Учествувал и во неколку случаи каде свој удел имаа славни личности, како оној на О.Џ. Симпсон. Неговото стручно мислење противречи со официјалните наоди што укажуваат дека тој се самоубил во неговата затворска ќелија, објавени од официјалните лица во август. Тој е приватно најмен од семејството на Епстин. Самоубиството првично го оспори братот на Епстин – Марк, кој и го најми Бејден за второ мислење. Мултимилионерот Џефри Епстин беше осуден за трговија со малолетни девојчиња и престапи од сексуална природа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/producentot-dzefri-bil-ubien-vo-zatvorskata-kjelija/feed/ 0