проект обнова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Jul 2020 09:54:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png проект обнова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски и носителите на ВМРО-ДПМНЕ: Мораме да се избориме „Обновата“ да победи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-i-nositelite-na-vmro-dpmne-morame-da-se-izborime-obnovata-da-pobedi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-i-nositelite-na-vmro-dpmne-morame-da-se-izborime-obnovata-da-pobedi/#respond Thu, 02 Jul 2020 09:54:25 +0000 https://kurir.mk/?p=367263

Проектот „Обнова“ не е обичен проект. Од него буквално зависат стотици илјади животи на нашите сограѓани. Вие сте луѓе со интегритет, знаење и силна волја да се вложите за Македонија, им укажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на носителите на шесте изборни единици. Тој вели дека мора да се изборат „Обновата“ да победи. Мицкоски нагласи дека автопатот Скопје-Велес-Прилеп-Битола е стратешка артерија за нашата држава, на што носителите се сложија. Покрај тоа, тие ветија и 1000 километри регионални, магистрални и локални патишта. -Ќе работиме многу во инфраструктурата и во економијата.Тоа е нашиот стил за работа, истакна носителот во втората изборна единица Владо Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-i-nositelite-na-vmro-dpmne-morame-da-se-izborime-obnovata-da-pobedi/feed/ 0
Силјановска: Проект Обнова има многу добри проекти за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-proekt-obnova-ima-mnogu-dobri-proekti-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-proekt-obnova-ima-mnogu-dobri-proekti-za-gragjanite/#respond Fri, 26 Jun 2020 19:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=363767

Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1 денеска беше на средби во Кисела Вода. Таа се осврна на низата проекти во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Проект-Обнова. „Она што ми се допаѓа се ваучерите за компјутери, ваучерите за театар, за културни настани, за спортски настани, исто така мобилното образование, можноста со практичната димзензија да се занимавате, враќање на стручните училишта кои ги имавме, понатаму ослободувањето на младите до 29 години од било каков данок, бидејќи тоа е политика која ќе ги задржи овде. А да не зборувам за нешто што мене најмногу ме болело, а сега тоа е внесено во програмата дека 500 - те најдобри студенти веднаш ќе добијат понуда за вработувања во администрацијата и во институциите. Да се потсетиме кого примаа во институциите, дали најдобрите студенти - не, тие си заминуваа. За жал помнам многу студенти кои не само што биле брилијантни, туку и магистрирале надвор на области кои се важни потоа не ги вработувале, немало место од списоците на нивните“, рече Силјановска. Професорката Силјановска се осврна и на темата кандидат Албанец за премиер која беше промовирана од ДУИ. „Деновиве се зборува за премиер Албанец, одма видовте кој е главен во делот јавно здравство, неговиот внук. Така не се гради натпревар и држава. Држава бара конкурс, ние мора да се вратиме на конкурсот и сите што конкурирале да ги истакнеме да ги прочитаат со нивните имиња како што на факултетите кога имаше примен, па битката беше да влезат тие со петки’, рече Силјановска. Професорката посочи и дека има два начини на вработувања. Едниот е со конкурс, рече Силјановска и додаде „но нема крај бројката на оние кои биле најгоре, а не биле примени, и оние кои биле на дното, а влегле во администрација сите имаат некоја таква прикажана“. Професорката кажа дека секаде во светот се вели дека една од најпочитуваните професии е онаа на белите крагни, тоа е администрацијата тие покажуваат посветеност на право, устав и тие се таму за граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-proekt-obnova-ima-mnogu-dobri-proekti-za-gragjanite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе ја промовира програмата Проект обнова со која се обврзува на економски бум и повеќе пари за секого https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-bitola-kje-ja-promovira-programata-proekt-obnova-so-koja-se-obvrzuva-na-ekonomski-bum-i-povekje-pari-za-sekogo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-bitola-kje-ja-promovira-programata-proekt-obnova-so-koja-se-obvrzuva-na-ekonomski-bum-i-povekje-pari-za-sekogo/#respond Mon, 22 Jun 2020 15:14:28 +0000 https://kurir.mk/?p=361021

Утре околу 13 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата насловена Проект “Обнова”- се обврзуваме! Промоцијата ќе биде во Битола, (пред Домот на културата), а на нејзе ќе бидат презентирани најважните делови и поенти од планот за обнова. Програмата содржи над 1000 проекти, а главниот фокус ќе биде економијата и подигнување на животниот стандард. Економски бум за повеќе пари и подобар живот, влевање на надеж дека може поинаку и подобро. Над 340 страници материјал со прецизни рокови кон кои се обврзува ВМРО-ДПМНЕ за обнова која ќе ја исправи Македонија. Програмата е плод на многу работа на експертските тимови на партијата кои ги користеше при составување на истата, а во најголем дел се земени во предвид барањата на граѓаните кои беа прибирани во пред кампањата “разговори за обнова на Македонија”. Повисоки плати за 25%, повисоки пензии, поддршка за стопанството, повеќе пари за народот, огромен инфраструктурен инвестициски потфат, поддршка на земјоделието, револуција во културата, војна против корупцијата и криминалот се дел од зацртаните проекти на кои работеа еминентни стручњаци од областите. Користена е помош и од странски експерти, а е направена и ре-проценка на фискалните импликации согласно најновите кризни текови. ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе и со документ, преодна стратегија за реализација и делување во првите сто дена од превземањето на владата. Тоа ќе биде план кој ќе опфати прецизни детали на тоа што се планира да се реализира во првите неколку месеци. Утре на промоцијата ќе говорат експерти од различни сфери а акцентот ќе биде даден на економијата и здравството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-bitola-kje-ja-promovira-programata-proekt-obnova-so-koja-se-obvrzuva-na-ekonomski-bum-i-povekje-pari-za-sekogo/feed/ 0