проект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Dec 2022 14:35:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png проект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Универзитетот во Тетово со проект за перцепција на корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/univerzitetot-vo-tetovo-so-proekt-za-percepcija-na-korupcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/univerzitetot-vo-tetovo-so-proekt-za-percepcija-na-korupcijata/#respond Mon, 12 Dec 2022 14:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=774494

Студентите и професорите од Правниот факултет од Универзитетот во Тетово пред колегите го претставија проектот „Мерење на перцепциите за нивото на корупција во јавните институции во Полошкиот регион“, кој е заеднички проект спроведен во соработка со академскиот кадар и студентите од холандскиот Врије Универзитет од Амстердам. Во претставените главни наоди од испитувањето на мислењето на граѓаните на прашањето „Кои се секторите кои се најмногу погодени од корупција“ – испитаниците најмногу ги посочиле судскиот систем (74,3 отсто), политичките партии (72,8 отсто) и образованиот систем (41,5 отсто). Над 75 отсто од испитаниците сметаат дека во последните пет години нивото на корупција е зголемено. Над 46 отсто од луѓето рекле дека во случаи кога не било потребно им било побарано дополнително да платат или да дадат подарок, најмногу при посета на лекар. Од испитаните 90 отсто никогаш не пријавиле корупција. Деканот на Правиот факултет Јусуф Зејнели во изјава за медиумите рече дека со ваквите анализи важно е тоа што како академска заедница даваат придонес во подобрување на состојбите. -Ние знаеме дека ова е една актуелна тема на нивото на нашата држава и поради тоа ние сакаме да дадеме придонес- да се надминат состојбите, но знаеме и од јавноста и од меѓународните организации, дека има малку измени во нивото на перцепција на ова нешто што е лошо за нашата држава. Треба да се промени менталитетот, сите служби да работат постручно, да се почитуваат и сите закони за да функционираме точно таксативно како правна држава и конечно да бидеме дел од ЕУ. Бидејќи како граѓани тоа го заслужуваме, изјави деканот Зејнели. Според него важен дел од промена во перцепцијата е информирањето на младите за корупцијата.Воедно и дека има потреба за промени во институциите за да се избегне сомневањето дека во одредени установи има корупција. -И тоа е една од нашите цели, младите, граѓаните сите да се информираат и да соработуваат и да знаат дека ова е нешто лошо, што треба задолжително да се надмине. Сега чекаме да почнеме преговори со ЕУ и да бидеме дел од ЕУ и да бидеме и економски и како образовен систем поразвиени. Перцепцијата е таква што се мисли дека има сомнителни кај институциите но не кај сите. И тоа значи дека овие заклучоци можат да се користат од јавните институции и тие да гледаат каде треба да се менуваат, како треба да се менуваат политиките, на почитување и спроведување на законите. Знаеме дека не може да се надмине преку еден ден, сите како општество треба да работат и да земат голема одговорност секој да биде еднаков пред законите и да се надмине тоа прашања, рече Зејнели. Студентите со анкети на граѓани пополниле 400 прашалници во деветте општини во Полошкиот регион, вклучително и сите етнички групи кои живеат таму. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/univerzitetot-vo-tetovo-so-proekt-za-percepcija-na-korupcijata/feed/ 0
Нов проект за консолидација на земјиштето финансиран од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-proekt-za-konsolidacija-na-zemjishteto-finansiran-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-proekt-za-konsolidacija-na-zemjishteto-finansiran-od-eu/#respond Thu, 03 Nov 2022 06:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=754862

ЕУ и ФАО денеска во Скопје ќе го промовираат новиот проект „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Македонија“ и ќе ги презентираат  резултатите од проектот „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“ (МАИНЛАНД). Проектот вреден 1,2 милиона евра, ќе се реализира во период од 42 месеца, од август 2022 година до јануари 2026 година. Краток преглед на целите и очекуваните резултати од новиот проект ќе даде Мортен Хартвигсен, службеник за управување со земјиште од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, а за резултатите од МАИНЛАНД ќе зборуваат Кристина Митиќ Арсова, национален тим лидер на проектот и Кирил Георгиевски, раководител на Секторот за консолидација на земјиште при МЗШВ. На настанот ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, евромбасадор Дејвид Гир, како и Набил Ганги, заменик-регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и шеф на канцеларијата на ФАО во Северна Македонија, а ќе присуствуваат претставници од клучните национални институции, агенции и јавни претпријатија, земјоделци и земјоделски организации, земјоделски задруги, граѓанското општество и академска заедница. Во завршниот дел е планирана панел дискусија за предизвиците, иднината и овозможувачката средина за консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија. Учесници на панел дискусијата се претставници од МЗШВ, Националната федерација на фармери, Градежниот факултет, Комората на геодетски компании и тимот на МАИНЛАНД. Новиот проект, финансиран од Европската Унија, ќе се фокусира на подобрување на националната политика, институционалната и регулаторната рамка за консолидација на земјиштето (вклучително и подготовка на нова национална стратегија за консолидација на земјиштето за периодот 2022-2030 година со акциски план) и целосно спроведување на проекти за консолидација на земјиште во две консолидациони подрачја – Дабјани (Општина Долнени) и Чифлик (Општина Чешиново-Облешево), во комбинација со изградба на земјоделска инфраструктура. Надоврзувајќи се директно на резултатите од проектот МАИНЛАНД, овој проект има за цел да го поддржи МЗШВ во унапредување консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија, преку подобрување на националната политика за консолидација на земјиштето, вклучително стратешката, правната и институционалната рамка, како и во понатамошна имплементацијата на Националната Програма за консолидација на земјиштето, преку целосно спроведување на проекти за консолидација во две подрачја, заедно со изградба на земјоделска инфраструктура. Проектот е финансиран со еден милион евра преку ЕУ ИПА 2 Инструментот и со придонес на ФАО од 0,2 милиона евра. Проектот МАИНЛАНД, вреден 2,86 милиони евра, беше финансиран од ЕУ (2.5 милиони евра) и кофинансиран од ФАО (0,36 милиони евра). Се спроведуваше 68 месеци, од март 2017 до ноември 2022 година, во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а главната цел беше да се реши проблемот со расцепканоста на земјоделското земјиште за да се зголеми конкурентноста на производството, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-proekt-za-konsolidacija-na-zemjishteto-finansiran-od-eu/feed/ 0
Ученици од ДУЦОР “Партенија Зографски“ учествуваа во проект во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenici-od-ducor-partenija-zografski-uchestvuvaa-vo-proekt-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenici-od-ducor-partenija-zografski-uchestvuvaa-vo-proekt-vo-hrvatska/#respond Fri, 14 Oct 2022 11:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=745323

Десет ученици од ДУЦОР "Партенија Зографски“ - Скопје, придружувани од две лица и 5 наставници учествуваа во проект во Хрватска кој има европска и мултикултурна димензија и го негува духот на толеранција на различностите и европската култура кај учениците со оштетен слух. Проектот насловен „A new world of skills-make your meal“, се реализира од грант добиен преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, програма Ерасмус+ клучна акција КА1, акредитиран проект во област мобилност на ученици и вработени во стручно образование и обука. Учениците имаа можност да се запознаат и стекнат нови знаења и вештини за: - храна, подготовка на храна и производство на храна - подготовка и сервирање на храна - правилно користење на приборот за подготовка на храна - лична хигиена и нејзиното влијание врз безбедноста на храната - нови рецепти ,нови зачини и начини на сервирање храна Обуката за учениците во партнер училиштето беше спроведена од страна на наставниците заедно со нивните ученици и се состоеше од теоретски наставни часови, каде учениците стекнуваа нови знаења поврзани со храната и работилници на кои учениците подготвуваа разновидни оброци по претходно зададени рецепти. Сето ова кај учениците предизвика поттик на креативни идеи како и размислување за започнување на сопствен бизнис. Овој проект придонесе и кон зголемување на социјалната интеграција на учениците со оштетен слух. Бидејќи се работи за малолетни ученици и ученици со оштетен слух, тие беа придружувани од двајца наставници од редот на вработените во училиштето. Тие имаа задача да се грижат за здравјето и безбедноста на учениците. Помагаа во комуникацијата, бидејќи се работи за ученици со оштетен слух и говор и воедно го пратеа напредокот на учениците за време на мобилноста. Наставниците кои беа на мобилност беа со задача, „Работа во сенка“ (Job shadowing) и се состоеше од посета на наставни часови преку кои разменија искуства за наставните методи и современите техники кои ги користат во наставата. Истовремено, наставниците имаа шанса за соработка и надоградување на своите педагошки и образовни методи преку размена на искуства со тамошните наставници за работа со ученици со оштетен слух.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenici-od-ducor-partenija-zografski-uchestvuvaa-vo-proekt-vo-hrvatska/feed/ 0
Успешно реализиран проектот „Заиграј со нас“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/uspeshno-realiziran-proektot-zaigraj-so-nas/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/uspeshno-realiziran-proektot-zaigraj-so-nas/#respond Thu, 02 Jun 2022 09:19:31 +0000 https://kurir.mk/?p=685440

Успешно заврши проектот „Заиграј со нас“ наменет за дечиња со атипичен развој, во организација на Општина Аеродром и Здружението за иновации и подобар живот „Ареола“. Повеќе од 60 дечиња со аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа и дијабетес интензивно работеа со тренери и лекар по што е забележано подобрување на нивната фина и груба моторика, на аеробниот и анаеробниот развој, мускулниот развој на горните и долните екстремитети, како и на психофизичкиот развој. Проектот се реализира во ОУ „Александар Македонски“, а е планирано „Заиграј со нас“ да продолжи и во наредната учебна година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/uspeshno-realiziran-proektot-zaigraj-so-nas/feed/ 0
Едукативен проект за електрична енергија преку програмата „ЕВН Волонтира“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edukativen-proekt-za-elektrichna-energija-preku-programata-evn-volontira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edukativen-proekt-za-elektrichna-energija-preku-programata-evn-volontira/#respond Fri, 26 Nov 2021 13:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=600191

Во рамки на програмата „ЕВН Волонтира“, вработени од ЕВН Македонија спроведoa волонтерски проект за едукација на млади во врска со историјата на развојот на електрична енергија. Проектот се реализираше во просториите на изложбениот центар на ЕВН „Матка“, а групата од дваесеттина млади се штитеници на Дневниот центар за деца при Здружението за заштита на правата на детето. Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“ овозможува поголема едукација и преку интерактивни експонати ја раскажува историјата на електричната енергија во земјата, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено, преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите нудат уникатна можност за едукација и интеракција. ЕВН Македонија со оваа волонтерска акција се приклучи кон иницијативата на здружението „Сошл Фрајдеј“ која има за цел да ги претвори петочните попладневни часови во општествено одговорни практики, со тоа што вработени кои работат во канцеларии излегуваат на терен и реализираат волонтерски акции за доброто на локалните заедници. „ЕВН Волонтира“ е проект на ЕВН Македонија кој официјално започна во јули 2017г. како дел од долгорочната стратегија за општествена одговорност на компанијата. Вкупно се реализирани 52 акции во големи групи низ целата земја, а учествувале над 500 вработени. Една од главните цели на овој проект кој е се уште во тек, е да се подигне свеста кај поединци и компании дека сите имаме посебни квалификации и способности кои може да ги искористиме за да направиме добро во заедниците во коишто живееме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edukativen-proekt-za-elektrichna-energija-preku-programata-evn-volontira/feed/ 0
„Петре Шилегов продолжува да се фали со проекти на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/petre-shilegov-prodolzuva-da-se-fali-so-proekti-na-prethodniot-gradonachalnik-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/petre-shilegov-prodolzuva-da-se-fali-so-proekti-na-prethodniot-gradonachalnik-od-vmro-dpmne/#respond Mon, 11 Oct 2021 15:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=577217

Петре Шилегов продолжува да се фали со проекти на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Пешачкиот мост кој денеска Шилегов го пушти во употреба беше спремен за користење уште кога ја презема власта. Се прашуваме дали не му е срам ма Шилегов да промовира проекти на кои едно штрафче нема ставено. Шилегов нема реализирано ниту едно свое ветување. Каде му се тунелите под Кале, каде му е продолжувањето на булевар Илинден со мост преку Вардар? Каде е Зип лајнот од Кале до градски парк? До каде се ветувањата за повеќе зеленило? Секој ден гледаме како се сече некое ново дрво. Шилегов нема направено ништо, и мизерно се слика и прави спотови со проектите на ВМРО-ДПМНЕ по кои дехидрира од плукање, се вели од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/petre-shilegov-prodolzuva-da-se-fali-so-proekti-na-prethodniot-gradonachalnik-od-vmro-dpmne/feed/ 0
„Благодариме што Шилегов макар делумно го поддржа проектот на Данела, но сепак Данела ќе спроведе целосен јавен превоз“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodarime-shto-shilegov-makar-delumno-go-poddrza-proektot-na-danela-no-sepak-danela-kje-sprovede-celosen-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodarime-shto-shilegov-makar-delumno-go-poddrza-proektot-na-danela-no-sepak-danela-kje-sprovede-celosen-javen-prevoz/#respond Tue, 05 Oct 2021 12:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=573310

Благодариме што Шилегов макар делумно го поддржа проектот на Данела, но сепак Данела ќе спроведе целосен јавен превоз. 10 дена ја напаѓа Данела дека е невозможно, а сега, во среде кампања и тој го ветува истото. Неискрено и потценувачки за граѓаните. Знаеме дека Шилегов нема идеи, и не знае што да прави, но лицемерие е прво да се напаѓа нешто, а после да се предлага половично како свое, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Градска организација на СДСМ. Од партијата велат дека Шилегов веќе е свесен дека напразно ги потроши четири години мандат. Тој ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник на Скопје, а неговиот тунел под Кале сите ќе не потсеќа на времето кога од ракав се тресеа ветувања без реално да се размислат. - Колку и да ги краде и копира ветувањата на Данела, на скопјани им е јасно со Шилегов нема иднина, со Шилегов нема проекти. Данела има визија и конкретна програма, Петре има само арогантна желба да остане политичар. Но тој е само мафијаш кој мести тендери, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodarime-shto-shilegov-makar-delumno-go-poddrza-proektot-na-danela-no-sepak-danela-kje-sprovede-celosen-javen-prevoz/feed/ 0
Проектот „Патиштата на хероите“ на МНТ доби 395 илјади евра од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proektot-patishtata-na-heroite-na-mnt-dobi-395-iljadi-evra-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proektot-patishtata-na-heroite-na-mnt-dobi-395-iljadi-evra-od-eu/#respond Fri, 31 Jul 2020 10:23:48 +0000 https://kurir.mk/?p=384253

Проектот „Патиштата на хероите“ на Македонскиот народен театар (МНТ) е поддржан од Програмата Креативна Европа, во рамки на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан со вкупно 395.183 евра. Oва е првпат театар од државава да добие средства од Програмата Креативна Европа од Европската Унија. Како што соопшти денеска МНТ, проектот се занимава со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени. Се работи за комплексен проект со времетраење од две и пол години, чиј почеток се очекува во февруари следната година. Покрај МНТ како главен партнер, во проектот се вклучени уште шест организации од кои една од земјава (Издавачка куќа Гаврош) и пет од другите партнерски земји Италија (Ла Драматурџи), Грција (Лооп Амке), Босна и Херцеговина (Студио Театар), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија (Ехо Анимато). Секоја од организациите се занимава доминантно со производство, промоција и истражување на театарски и сценски форми. Финален производ на проектот во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ. – Инспирирано од текстот на Ибзен, претставата ќе се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот независно кој е во право, стои во соопштението од МНТ. Премиерата на претставата ќе се случи во Македонскиот народен театар, а потоа ќе биде изведена во сите партнерски земји, како и на фестивали во Европа и регионот. Во рамките на проектот се предвидени и други бројни програми (професионални работилници под водство на Томи Јанежиќ, изложба под водство на Џан Мариа Черво, креативни истражувања под водство на Ана Константиновиќ, издавачка дејност за деца под водство на Ника Гавровска, како и работилници од областа на современиот танц и гостувања на театарски фестивали итн). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proektot-patishtata-na-heroite-na-mnt-dobi-395-iljadi-evra-od-eu/feed/ 0
Мерка од програмата за „Обнова на Македонија“ – 0% персонален данок за млади до 29 години. https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merka-od-programata-za-obnova-na-makedonija-0-personalen-danok-za-mladi-do-29-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merka-od-programata-za-obnova-na-makedonija-0-personalen-danok-za-mladi-do-29-godini/#respond Thu, 25 Jun 2020 10:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=362679

-Кога во 2016 водеа кампања, а во 2017 дојдоа на власт едно од главните ветувања на СДСМ, кое уште го паметиме, е дека ќе ги вратат младите во Република Македонија. Денес, три години подоцна гледаме дека цели градови во источна Македонија, се градови на пензионери, цели градови во западна Македонија живеат луѓе на кои им испраќаат пари синови и ќерки распрскани низ светот, велат од УМС на ВМРО-ДПМЕ Ѓорче Петров. За овие три години, велат од младите од Ѓорче Македонија е сведок на невиден егзодус на младите. -Сведоци сме дека над 200.000 во изминатите три години ја напуштија Македонија. Ние се решивме да подготвиме пакет мерки за младите. Една од нив е 0% персонален данок за младите до 29 години. Со ова ќе се овозможи младите кои ќе се решат да заработуваат во Македонија да не плаќаат персонален данок до својата 29 година, а тие средства да ги користат за себеунапредување, истакнаа младите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merka-od-programata-za-obnova-na-makedonija-0-personalen-danok-za-mladi-do-29-godini/feed/ 0
Летово нема бесплатни одмори за децата од социјално загрозени семејства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovo-nema-besplatni-odmori-za-decata-od-socijalno-zagrozeni-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovo-nema-besplatni-odmori-za-decata-od-socijalno-zagrozeni-semejstva/#respond Fri, 08 May 2020 19:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=343742

Владата на денешната седница донесе одлука годинава да не се реализира проектот за користење бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик и корисници на посебен додаток. -На денешната седница Владата ја прифати информацијата на Министерството за труд и социјална политика со предлог реализацијата и спроведувањето на Проектот за користење бесплатна услуга одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток да се одложи, односно проектот да не се реализира за лето 2020 година, се наведува во соопштението на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovo-nema-besplatni-odmori-za-decata-od-socijalno-zagrozeni-semejstva/feed/ 0