проектили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 18:15:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png проектили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хамас тврди дека испукале 150 проектили кон Тел Авив https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-tvrdi-deka-ispukale-150-proektili-kon-tel-aviv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-tvrdi-deka-ispukale-150-proektili-kon-tel-aviv/#respond Sat, 07 Oct 2023 18:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=886452

Хамас истрела 150 проектили кон Тел Авив, објави вооруженото крило на милитантната група Хамас. Бригадите „Из ас-дин ал-Касам“ соопштија дека нападот бил извршен како одговор на бомбардирањето на кули во центарот на Газа, објавија тие на Телеграм. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-tvrdi-deka-ispukale-150-proektili-kon-tel-aviv/feed/ 0
Украина повторно мета на руски проектили и дронови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-povtorno-meta-na-ruski-proektili-i-dronovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-povtorno-meta-na-ruski-proektili-i-dronovi/#respond Fri, 19 May 2023 06:46:09 +0000 https://kurir.mk/?p=836143

Украинското воено воздухопловство објави дека синоќа руските сили лансирале 28 проектили и дронови, од кои противвоздушната одбрана соборила 19. Портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат тврди дека противвоздушната одбрана соборила три од шест крстосувачки ракети Калибар лансирани од бродови во Црното Море и 16 од 22 беспилотни летала камикази. - Воздушните напади продолжуваат речиси на дневна основа, наведе Ихнат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-povtorno-meta-na-ruski-proektili-i-dronovi/feed/ 0
Бајден: Проектилите во Полска веројатно не се истрелани од Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proektilite-vo-polska-verojatno-ne-se-istrelani-od-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proektilite-vo-polska-verojatno-ne-se-istrelani-od-rusija/#respond Wed, 16 Nov 2022 07:09:11 +0000 https://kurir.mk/?p=761402

Според првичните информации, можно е проектилите да не се истрелани од Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден во врска со експлозијата во Полска, близу границата со Украина, при што загинаа две лица. – Не сакам ништо дефинитивно да кажам, додека не се изврши целосна истрага. Но, поради траекторијата на проектилите, малку е веројатно дека се истрелани од Русија. Но, ќе видиме што ќе донесе истрагата. Иако првите информации ја поврзуваа Русија со ова, прелиминарните истражувања го оспоруваат тоа, истакна Бајден во обраќањето во живо на Си-Ен-Ен. Тој додаде дека Русија со своето дејствување и понатаму ја влошува ситуацијата во Украина. Претседателот на САД моментално се наоѓа на Бали во Индонезија на самитот на Г20, а пред изјавите, имаше итен состанок со останатите лидери од Г7 – Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Канада и Јапонија, а на состанокот присуствуваа и лидерите на Шпанија и Холандија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proektilite-vo-polska-verojatno-ne-se-istrelani-od-rusija/feed/ 0
Одржан состанок на Г7 по падот на проектили во Полска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odrzan-sostanok-na-g7-po-padot-na-proektili-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odrzan-sostanok-na-g7-po-padot-na-proektili-vo-polska/#respond Wed, 16 Nov 2022 06:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=761377

Белата куќа официјално соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден свикал итен состанок на лидерите на Г7 во врска со експлозијата во Полска предизвикана од два проектила. Во моментов во Бали се одржува самит на Г20, а на состанокот на Г7, покрај Бајден, присуствуваа и лидерите на Канада, Европската комисија, Европскиот совет, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Холандија, Шпанија, Велика Британија. Претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен го објави соопштението издадено по состанокот во кое се осудуваат „варварските ракетни напади што Русија ги изврши врз украинските градови и цивилната инфраструктура во вторникот“. „Разговаравме за експлозијата што се случи во источниот дел на Полска во близина на границата со Украина. Ја нудиме нашата целосна поддршка и помош за тековната истрага на Полска. Се согласуваме да останеме во близок контакт за да ги одредиме соодветните следни чекори додека трае истрагата. Ја потврдуваме нашата цврста поддршка за Украина и украинскиот народ во однос на тековната руска агресија, како и нашата континуирана подготвеност да ја сметаме Русија одговорна за нејзините дрски напади врз украинските заедници, дури и кога Г20 се состанува за да се справи со пошироките влијанија на војната. Сите ние изразуваме сочувство до семејствата на жртвите во Полска и Украина“, се вели во соопштението објавено после состанокот. Веднаш по инцидентот, САД и ветија на Полска помош на секој начин, вклучително и во деталната истрага околу експлозијата. Инаку, Полска ноќеска потврди дека ракетите кои паднале во Пржеводов се од руско производство, но и дека нема потврда кој ги истрелал. Американскиот претседател Џо Бајден синоќа телефонски разговараше со својот полски колега Анджеј Дуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odrzan-sostanok-na-g7-po-padot-na-proektili-vo-polska/feed/ 0
Киев нападнат со проектили, воздушна тревога низ цела Украина (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-napadnat-so-proektili-vozdushna-trevoga-niz-cela-ukraina-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-napadnat-so-proektili-vozdushna-trevoga-niz-cela-ukraina-video/#respond Tue, 15 Nov 2022 14:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=761000

Додека светските лидери ја осудуваат руската инвазија на Украина на самитот на Г20, Русите го нападнаа Киев со нови проектили, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на изјавата на градоначалникот. Најмалку два проектила погодија станбена зона во главниот град на Украина во последниот час, потврди градоначалникот на Киев, пишува Скај Њуз. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека противвоздушната одбрана соборила неколку проектили над Киев. Засега не се знае дали има жртви, но Кличко изјави дека лекарите се на местото на ракетните напади. Во меѓувреме, сирените за воздушен напад повторно се огласуваат низ Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-napadnat-so-proektili-vozdushna-trevoga-niz-cela-ukraina-video/feed/ 0
Волас: Велика Британија размислува за испраќање дополнителни противбродски проектили во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-velika-britanija-razmisluva-za-isprakjanje-dopolnitelni-protivbrodski-proektili-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-velika-britanija-razmisluva-za-isprakjanje-dopolnitelni-protivbrodski-proektili-vo-ukraina/#respond Wed, 15 Jun 2022 13:53:24 +0000 https://kurir.mk/?p=691269

Велика Британија размислува да испрати дополнителни противбродски ракети во Украина, покрај оружјето што веќе го вети, изјави денеска во Осло британскиот министер за одбрана, Бен Валас. Британските медиуми пренесуваат дека за време на посетата на Норвешка, Валас изјави дека испораката на повеќенаменски ракетни системи (MLRS), што Велика Британија и ги вети на Украина, ќе биде неизбежна и дека Лондон размислува да испрати повеќе оружје. -Обуката на украинскиот воен персонал станува исто толку важна како и испраќањето оружје, а треба да се направи повеќе во однос на обуката, рече Валас. Тој посочи дека украинските сили на истокот од земјата се на тој фронт веќе 90 дена и дека се исцрпени. -Важно е да и помогнеме на Украина во нејзината способност да ги замени луѓето на линијата на фронтот, изјави британскиот министер за одбрана. Тој најави дека следната недела ќе оди во Турција за да разговара за Исламска држава и Сирија, за барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО, на што Анкара се противи, како и за извозот на житарки од Украина. Во однос на барањето на Шведска и Финска за влез во НАТО, Валас оцени дека е важно да се слушне загриженоста на Турција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-velika-britanija-razmisluva-za-isprakjanje-dopolnitelni-protivbrodski-proektili-vo-ukraina/feed/ 0
Форбс: Русија досега истрела врз Украина проектили вредни 7,5 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-rusija-dosega-istrela-vrz-ukraina-proektili-vredni-7-5-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-rusija-dosega-istrela-vrz-ukraina-proektili-vredni-7-5-milijardi-dolari/#respond Sat, 30 Apr 2022 14:07:42 +0000 https://kurir.mk/?p=670180

Руските сили испукале 1.300 проектили врз Украина, и тоа неа ја чини најмалку 7,5 милијарди долари, објави магазинот Форбс. Москва истрела 235 ракети „Калибар“ кон Украина. Тешко е да се пресмета точниот број на други видови ракети лансирани во Украина, но според Министерството за одбрана на 24 март, нивниот сооднос е следниов: 62 отсто од проектилите се „Искандер“, 30 отсто се проектили од класа X, а 8 отсто се „Точка-U“. Цената на ракетите може значително да варира. Точка-У, според веб-страницата Military Russia, вреди 300.000 американски долари, а Калибар е 6,5 милиони долари според договорот за извоз со Индија од 2006 година. Ракетите X-101 се помодерни и пософистицирани од Калибар, поради што, според експерти, тие се многу поскапи. Така, според сите проценки, вкупната вредност на проектилите истрелани против Украина достигнува 7,5 милијарди долари. Оваа сума надминува 82 од 85-те годишни локални буџети на руските региони – сите освен Москва, Московскиот регион и Санкт Петербург.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-rusija-dosega-istrela-vrz-ukraina-proektili-vredni-7-5-milijardi-dolari/feed/ 0
САД тврдат дека Русија од Кина побарала проектили, дронови, оклопни возила… https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-tvrdat-deka-rusija-od-kina-pobarala-proektili-dronovi-oklopni-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-tvrdat-deka-rusija-od-kina-pobarala-proektili-dronovi-oklopni-vozila/#respond Tue, 15 Mar 2022 07:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=647283

САД ги информираа своите сојузници дека Русија побарала од Кина воена опрема, вклучувајќи ракети, беспилотни летала и оклопни возила, и дека Кина „одговорила позитивно” на барањето, пишува „Фајненшл тајмс”. Од дипломатската депеша што ја испратила САД не е јасно дали Кина веќе ја испратила помошта или едноставно се обврзала да го стори тоа, додава Фајненшл тајмс. Меѓу барањата на Русија се и готовите воени оброци, изјавија претходно два извори за Си-Ен-Ен. Еден од нив сугерираше дека храната би можела да биде барањето на кое Кина би можела да се согласи бидејќи тоа не е дел од помошта на која Западот би можел да реагира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-tvrdat-deka-rusija-od-kina-pobarala-proektili-dronovi-oklopni-vozila/feed/ 0
Проектили истрелани кон Центар за меѓународен мир и безбедност во близина на Лавов, воен центар за обука https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proektili-istrelani-kon-centar-za-megjunaroden-mir-i-bezbednost-vo-blizina-na-lavov-voen-centar-za-obuka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proektili-istrelani-kon-centar-za-megjunaroden-mir-i-bezbednost-vo-blizina-na-lavov-voen-centar-za-obuka/#respond Sun, 13 Mar 2022 08:03:07 +0000 https://kurir.mk/?p=646172

Осум проектили се истрелани кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност, соопшти регионалната воена управа на Лавов. Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри. Нападот на воената база во близина на Полска дојде откако заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков вчера предупреди дека западните конвои со оружје и воена опрема за Украина Русија ги третира како „легитимни цели за напад“. Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, го потврди рускиот напад врз украинскиот меѓународен центар за мир и безбедност. Тој ги повика луѓето да не објавуваат фотографии и видеа од местото на настанот. Садовји рече дека се собираат информации за жртви и дека деталите ќе бидат објавени подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proektili-istrelani-kon-centar-za-megjunaroden-mir-i-bezbednost-vo-blizina-na-lavov-voen-centar-za-obuka/feed/ 0
Саудиска Арабија уништила проектили и дронови лансирани од јеменските бунтовници Хути https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-unishtila-proektili-i-dronovi-lansirani-od-jemenskite-buntovnici-huti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-unishtila-proektili-i-dronovi-lansirani-od-jemenskite-buntovnici-huti/#respond Mon, 13 Jul 2020 10:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=375077

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска соопшти дека пресретнала и уништила четири проектили и седум беспилотни летала, кои врз кралството биле лансирани од јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран. Ракетите и дроновите биле лансирани од главниот град на Јемен, Сана, и биле насочени кон цивилни цели, изјави портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малки, пренесен од официјалната Саудиска агенција за печат. Воениот портпарол на Хутиите, Јехија Сера, во изјава потврди дека бунтовничката група извршила напади врз саудиски воени локации. Тој дополни дека балистичките проектили и беспилотните летала уништиле голем број воени авиони и други воени цели на аеродромите во Абха, Јизан и Најран, во близина на границата со Јемен. Саудиска Арабија ја предводи Алијансата за борба против Хутите во Јемен од март 2015 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-unishtila-proektili-i-dronovi-lansirani-od-jemenskite-buntovnici-huti/feed/ 0