Проф. д-р Аце Миленковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 08:18:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Проф. д-р Аце Миленковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Универзитетската диплома е пасош за светла иднина на младите https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetskata-diploma-e-pasosh-za-svetla-idnina-na-mladite/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetskata-diploma-e-pasosh-za-svetla-idnina-na-mladite/#respond Mon, 09 Oct 2023 08:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=886771

Во присуство на претставници од дипломатскиот кор, бизнис-заедницата, локалната самоуправа, медиуми и јавни личности, во Националната опера и балет се одржа Свечената промоција на дипломци и магистри за 2023 година на Универзитетот Скопје. Ректорот проф. д-р Аце Миленковски на дипломците и магистрите им порача дека Универзитетот Скопје ги исполнува желбите и соништата на младите луѓе, а дипломата која ја добиваат е нивен пасош за светла иднина. -Имаме надеж затоа што вечерва тука се нашите чеда, вашите деца и нашите студенти, мојата, нашата Македонија.Клучот драги студенти е во ваши раце, ако продолжите да учите ќе постигнете големи успеси" порача Ректорот проф. д-р Аце Миленковски, пред присутните во преполната сала на Националната опера и балет. Свечената промоција стартуваше со балетот „Simply the best" во кореографија на Олга Панго, чија изведба низ музика и игра ги доловија сите важни мигови во образованието на една личност. Бура од емоции предизвика и изведбата на дел од групата Меморија на песната Заветна. Најдобрата студентка на генерација дипломци 2023 порача дека со дипломирањето го добиле она за што мечтаеле и упорно работеле од моментот на запишување на Универзитетот Скопје. „Секој студент размислува за денот кога ќе ја добие дипломата за завршено високо образование. Тој пат бара упорност, работа, посветеност и квалитетни професори.Благодарение на академскиот кадар и нивната професионалност ние сме денес тука со вас“'-порача Мартина Нанева, најдобрата студентка на генерацијата. Најдобрата студенкта која е дел од магистрите на Универзитетот Скопје рече дека тие се бренд амбасадори, кои знаењето што го стекнале ќе го носат сегде со себе. Универзитетот Скопје кој е бренд во високото образование вчера свечено ги промовираше петнаесетата генерација дипломирани студенти и тринаесетата генерација магистри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/univerzitetskata-diploma-e-pasosh-za-svetla-idnina-na-mladite/feed/ 0
Миленковски: Спојувањето на предметите е бришење на географијата и на историјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milenkovski-spojuvaneto-na-predmetite-e-brishene-na-geografijata-i-na-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milenkovski-spojuvaneto-na-predmetite-e-brishene-na-geografijata-i-na-istorijata/#respond Mon, 17 Jul 2023 10:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=857362

„На македонското образование му треба целосен ресет почнувајќи од високото, потоа средното и на крај на основното образование. Тие се тесно поврзани, особено во делот каде што универзитетското образование се однесува на образованието на наставникот. На оваа тема сум зборувал многупати досега и секогаш сум тврдел дека образованието и здравството се столбовите на секое општество. Здраво образование е гаранција за здрав и силен развој на секое општеството. Не можете да реформирате нешто оддолу ако не создадете услови за тоа, а наведениот концепт е токму тоа. Се прави промена со воведување нови предмети за кои нема кадар и нема студиски програми за оспособување таков кадар“, вели ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски во интервју за Магазинот за туризам и менаџмент. Според него, спојувањето повеќе предмети во еден е невидена небулоза во образованието, кое со години сѐ повеќе тоне и колабира. Владата не отстапува од воведување на новиот концепт во образованието, според кој е најавено дека ќе има спојување на предметите историја и географија. Како ректор на Универзитетот Скопје, но и како претседател на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, како го оценувате овој нов концепт што сака актуелната владејачка гарнитура му да го наметне на македонското образование? Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје како субјект во културното, научното и граѓанското делување на македонскиот простор постои речиси девет години. На иницијатива на група професори по географија од Република Македонија, на крајот на 2014 година беше потврдена потребата и воедно поддржана иницијативата за основањето на ова Здружение, сѐ со цел да ги актуализира проблемите на професорскиот кадар по географија, како и напредокот на географијата во процесот на наставата. Со својот одговорен, организиран и посветен пристап, константно ги зајакнува угледот и влијанието на професорите по географија во целокупното образовно и културно живеење во државата и презема решителни чекори во правец на отворање можности за враќање на географијата на нивото што е соодветно на нејзината улога и значење во општественото. Денес, никој не може да разбере ниту да се помири со тоа дека се враќаме во минатото, но не само децении, туку векови наназад, токму со оваа концепција во која нема место за географијата и која ни ја пласираат надлежните институции. Тоа што многу доцниме со квалитетна реформа во образованието, не ни дава за право да се реформираме по секоја цена, односно набрзина, без издржан концепт и без сериозна подготовка за негова реализација. Самата идеја за изготвување нов концепт за сите нивоа на образованието е добра, но начинот и пристапот на кој е изготвена е вештачки, избрзан, нетранспарентен и целосно погрешен, а со тоа не води до поквалитетно образование за кое се залагаме сите. На сите ни е јасно дека концепцијата е нарачана од еден центар, а дека е изготвена од нестручен и некомпетентен тим. Последиците од избрзаното и недоволно подготвеното имплементирање на концепцијата, преку наставната програма за V одделение, имавме можност да ги воочиме уште на самиот почеток со предметот Историја и општество, за што е јавноста добро информирана. Нерешените дилеми и прашања во однос на концепцијата и целосното игнорирање на мислењето на стручната фела, ни дава за право да се сомневаме дека овој нов концепт е последниот удар на и онака хаотичното македонско образование. Наставните програмите се изготвуваат од година во година, така што сѐ уште не можеме да знаеме како ќе изгледаат и какви комбинаторики ќе се прават во однос на изборот на теми и модули во новите предмети. Ова е доказ дека децениската практика на несериозен пристап во реформирање на нашето образование продолжува, а со оваа концепција само се потврдува дека ниту е пристапено со доволно внимание, доволно време, можност за подготвителен период, ниту, пак, се водело сметка за интересите на учениците, како што милуваат да кажат надлежните. И покрај сите укажувања од наша страна и од страна на стручната фела, за жал, актуелната политика и понатаму го турка и му го наметнува овој штетен концепт на македонскиот образовен систем. Затоа, ќе се бориме понатамошната реализација на овој концепт целосно да се сопре и да му се пристапи сериозно на реформирањето на образованието, за што сите ќе се сложат дека ни е насушна потреба. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milenkovski-spojuvaneto-na-predmetite-e-brishene-na-geografijata-i-na-istorijata/feed/ 0
Проф. д-р Аце Миленковски, ректор на УТМС: „Граѓаните заслужуваат да живеат во модерни општини!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-d-r-ace-milenkovski-rektor-na-utms-gragjanite-zasluzuvaat-da-ziveat-vo-moderni-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-d-r-ace-milenkovski-rektor-na-utms-gragjanite-zasluzuvaat-da-ziveat-vo-moderni-opshtini/#respond Wed, 01 Jun 2022 14:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=685066

Како до модерна општина? Кои се светските искуства применливи дома? На овие теми се дебатираше на Меѓународниот Форум на градоначалници што денеска се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, порача дека е неопходна децентрализација на општините, со зголемување на нивните овластувања и степен на одговорност. „Можеби ние нема да можеме нешто веднаш да смениме, но за мене е значајно дека од некаде ќе почнеме. Да почнеме со гласно зборување, со барање решение и со покажување на реалните состојби во кои се наоѓаат нашите општини и нашите градоначалници“, порача ректорот Миленковски. Форумот на едно место ги собра домашните градоначалници, експертската јавност и првите луѓе на европските и светски метрополи. Најмладиот градоначалник на израелскиот град Бат Јам, Цвика Брот, кој бил и советник на поранешниот претседател Доналд Трамп, појасни дека општините во Израел одлично функционираат, без разлика од која партија доаѓа градоначалникот. „Јас направив широка коалиција на локално ниво. Во таа коалиција се речиси сите партии, без разлика на политичката ориентација. Соработката со Владата оди одлично иако доаѓам од опозицијата, зашто како новинар лично ги познавав сите министри, па на тој начин доаѓам до решенија“, вели Брот. Претставникот од Франција, д-р Жан-Ив Ками, рече дека во Париз, за големите и значајни објекти што се сметаат за историски, ингеренциите ги има Владата. Тој порача дека Скопје и другите градови во Македонија треба да бидат дел од Унијата на европски градови. Унијата има големи фондови, кои можат да помогнат во предизвиците со екологијата. „Повеќето пари од фондовите на ЕУ одат во државите, а тие пари не стигнуваат до општините. Затоа треба да се лобира, како претендент за членка на Европската Унија, македонските градови да бидат дел од таа мрежа“, рече Ками. Универзитетот за туризам и менаџмент беше домаќин на овој престижен настан, на кој присуствуваа ескперти, амбасадори и градоначалници, како од земјата, така и од многу европски метрополи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-d-r-ace-milenkovski-rektor-na-utms-gragjanite-zasluzuvaat-da-ziveat-vo-moderni-opshtini/feed/ 0